You are on page 1of 2

Кранијални нерви (мозочни или церебрални)

Nervi cranialis

Постојат 12 пара нерви кој го сочинуваат мозочното стебло и имаат значајна


улога во дијагнозата на оштетување на централниот нервен систем.
Постојат 12 нерви од кои неколку се моторни, други се сензорни а додека
некој се мешани нерви.
Чисти моторни нерви се третиот, четвртиот, шестиот, единаестиот и
дванаесетиот.
Мешани моторни нерви се петтиот, седмиот, деветиот и десетиот.
Сензорни или сетилни моторни нерви се првиот вториот и осмиот.

Првиот нерв - n.olfactori или олфакториус. Тоа е првиот кранијален


нерв – мирисен нерв. Овој нерв се состои од 20 снопчиња. Тргнува
од мирисната регија на носната лигавица и служи за пренесување
на импулси од мирисните рецептори кои се наоѓаат во носната
слузокожа до центрите за мирис.
Осетот за мирис може да биде нарушен поради воспалителни
процеси во носната слузокожа или оштетувањето на патиштата на
овој нерв предизвикани од трауми или интоксикации, воспаленије
тумори кој се развиваат врз базата на черепот.
Намалување на мирисот го дефинираме како хипосомија.
Потполно губење на мирисот го дефинираме како аносомија.
Зголемената осетливост за мирис ја дефинираме како хиперосмија.
Очен нерв или n.optic ни претставува втор кранијален нерв. Овој
нерв влегува во состав на сетлото за вид и служи за видните
функции. Започнува од ретината и се протега од задниот крај од
задниот крај на очното јаболко.

You might also like