You are on page 1of 5

Лековитата моќ на медот

Сеедно дали во стара Кина, во Египет или во античка Грција, медот


спаѓа во лековитите средства со најдолга медицинска традиција. Еден
нов прирачник наведува бројни примени кај различни тегоби. BILD дава
објаснување на најважните.

Aстмa

• „Исландски меден гел“: 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 чајна лажичка тимијан, 4
супени лажици исландски лишај, 400 ml вода и 200 g мед. Овие додатоци да се исецкаат,
односно да се пресуваат ситно, кратко да се зовријат во вода, да се остават малку да
оладат, па дури потоа да се измешаат со медот. Да се зема повеќепати на ден по една
полна супена алажица – има релаксирачко дејство!

Кашлица

• „Чист мед“: Медот голтајте го сосема полека низ грлото. Доволни се една до две чајни
лажички. Најдобро е да користите мед од тимијан, елка, еукалиптус, планински цвет,
анасон, липа или шумски мед.

1
• Мед со анасон и млеко: 1/4 l млеко, 3 чајни лажички семе од анасон, 2 супени лажици
мед. Mлекото со анасонот завријте ги кратко, а откако ќе се олади на отприлика 40°C,
додајте го медот. Да се пие повеќепати на ден, особено е практично да се пие навечер,
бидејќи е и одличен пијалак за спиење.

Кивање

• Купка со мед: 100 g мед ставете во еден литар врела вода. Најдобри за инхалација се
медот од еукалиптус, елка, тимијан или жалфија. Евтиниот цветен мед не содржи толку
многу етерични масла, меѓутоа сепак ослободува скапоцени материи. Внимание:
вдишувајте пет минути преку нос, а издишувајте преку уста, а потоа пет минути
обратно.

Рeумa

• Облоги од мед: Медот нанесете го изобилно директно на болното место. Покријте со


волнена или ленена крпа и прицврстете го облогот. Го спречува воспалението.

Гихт (костобол)

• Прилог од гавез и мед: 2 супени лажици изрендан корен од гавез, 1 супена лажица мед,
1 чајна лажичка маслиново масло, жешка вода. Од додатоците и жешката вода направете
каша и нанесете ја директно на болниот зглоб. По можност, оставете да делува преку
ноќ. Ги ублажува болките.

Воспаление на мочниот меур

• Мед со ананас: 1 дебело, зрело и свежо тркалце од ананас и 1 супена лажица мед и вода.
Ананасот варете го десет минути во малку вода, оставете го да се олади и измешајте го
медот под врелиот ананас. Земајте на голтки и правете гаргара на секои две минути, а
потоа проголтајте. Ова повторувајте го повеќепати дневно во текот на цела седмица.
Го спречува воспалението.

Aкни

• Емулзија од мед: 100 ml млеко, 100 g шумски мед, сок од еден лимон. Малку загреаниот
лимон турете го во празна тегла од мед, додајте го медот и свежо исцедениот лимонов сок,
затворете го капачето и силно протресете. Емулзијата нанесувајте ја навечер на
кожата, наутро измијте со млака вода.

Изгореници

• Прва помош со мед: Доволна количина од студена, чиста вода, мед, стерилен облог за
рана: Прво оладете го местото со водата, а потоа намачкајте го со доволно мед, без да го
допирате. Делува антимикробно!

2
Главоболки

• Мед од лаванда, липа, тимијан или мелиса: Редовно земајте од ова, или медот (може
да е и било кој друг пчелин мед) измешајте го во разладен чај од соодветни билки. Може
да се измеша и со други лековити билки како балдријан, кантарион или црвен
кантарион.

Слаб имунитет

• Терапија со чај за отпорност: 1 супена лажица камилица, 1 чајна лажичка ајдучка


трева, вода (за 1 чајник), мед. Билките да се полеат со жешка вода, оставете да се лади
десет минути и процедете. Оставете малку да се олади, засладете со мед и пијте од ова по
една мала шолја пред секој оброк. Ако целата терапија трае десет седмици, количината на
медот во првите шест седмици да се зголеми од половина чајна лажичка на три лажички, а
потоа повторно да се намали.

Пролив

• Сол, мед и вода: 1 литар вода, 1 рамна чајна лажичка сол, 2 супени лажици мед. Водата
зовријте ја и додајте ја солта да се растопи. Откако ќе се олади, додајте го медот. Земајте
од ова сè додека не стивне проливот.

Како се препознава добриот мед?


Германски, француски или новозеландски – постојат стотици видови од речиси сите
делови на Земјината топка. Но, всушност, како се препознава добриот мед?

• Во принцип важи: Медот подлежи на државна контрола на прехранбените производи.


Сеедно дали станува збор за стока од супермаркет или од странство – таа подлежи на
строги прописи. Пример: на медот не смее ништо да му се одзема и ништо да му се
додава.
• Кој сака висококвалитетен мед, купува директно кај пчеларите или на пазарче. Предлог:
Обрнете внимание на печатот „Германско здружение на пчелари“ – тој е гаранција за уште
построги барања, како на пр. во поглед на содржината на вода или складирањето на медот.
• Ознаката „ладно цеден“ залажува. Во принцип, тоа е мед и не кажува ништо за
квалитетот!

3
„Die Heilkraft des Honigs“, Detlef Mix, Herbig
Hausapotheke, 190 страници, Цена: 14,95 евра.

12 здрави видови на мед

Медот како лек - освен класиците како што се мед од липов цвет, постојат и бројни
други помалку познати видови со необичен вкус. BILD Ви ја претставува големата
разновидност од медови.

ПИТОМ КОСТЕН. Со темнокафеава боја, изразено горчлив вкус. Го јакне крвотокот, ја


подобрува циркулацијата на крвта. Цена: од 1,20 евра/100 гр.
ЛАВАНДА. Светложолта боја, благ вкус на лаванда. Делува релаксирачки, ја ублажува
главоболката. Цена: од 2,80 евра/100 гр.
ГЛОГ. Темнопортокалова боја, сладуњаво-цветен вкус. Ја потпомага работата на срцето,
неопходна е подолга употреба. Цена: од 1,00 евро/100 гр.
ХЕЛДА: Темна боја,смолест вкус. Содржи многу минерални материи, траги од елементи.
Добар е за проблеми со варењето. Цена: од 0,80 евра/100 гр.
ЖАЛФИЈА: Светла, портокалова боја, со благо сладуњав вкус. При заболувања на
дишните патишта, болки во вратот, сува кашлица. Цена: од 1,80 евра/100 гр.
ГЛУВАРЧЕ: Силен горчлив вкус, со златно-жолта боја. При нарушувања во варењето,
тегоби со црниот дроб и со жолчката. Цена: од 0,90 евра/100 гр.

4
ЦВЕТ ОД ЈАБОЛКО: Светло-кремаста боја, со цветно-овошна арома. Содржи многу
минерални материи, витамини, помага при недостиг на витамини. Цена: од 1,40 евра/100
гр.
РЕПКА: Бело-жолта боја, има сладуњаво-ароматичен вкус. Содржи висок процент на
гроздов шеќер, добар извор на енергија. Цена: од 1,20 евра/100 гр.
ВРЕС: Црвеникаво-жолта до кафеава боја, силен горчлив вкус. Висока содржина на
железо, добар за циркулација на крвта. Цена: од 1,50 евра/100 гр.
ДЕТЕЛИНА: Светложолта боја, мошне благ вкус, омилен кај децата. Смирувачко дејство.
Цена: од 1 евро/100 гр.
ЕЛКА: Зеленикаво-темна боја, горчлив вкус. Против настинки и шлајмови (зачепување на
мембраната на слузокожата). Цена: од 1,50 евра/100 гр.
ЕУКАЛИПТУС: Жолта до кафеавкаста боја, со вкус на еукалиптус. При заболувања на
дишните патишта. Цена: од 1,60 евра/100 гр.



You might also like