You are on page 1of 54

РЕЦЕПТИ СО ОРИЗ,

ЛЕЌА И ГРАВ
од Сончева долина

Подготвени од членовите на Мои Рецепти


Грав од Сончева Долина
Белиот грав е вистинска супер храна. Освен
што нуди извонредни здравствени
придобивки и содржи големи количини на
магнезиум, гравот претставува и добар извор
на растителни влакна и протеини. Гравот има
исклучителна енергетска вредност, а ги
содржи и скоро сите есенцијални
аминокиселини.

Македонската трпеза не може да се замисли


без вкусно гравче без разлика дали е
приготвен како манџа, тавче гравче или како
салата.

Ориз од Сончева Долина


Оризот е основна храна на повеќе од
половина жители во светот, изворедно
хранлив и богат со минерали и витамини.
Поради биолошкиот состав, има важна улога
во диеталната исхрана. Брендот Сончева
Долина на пакувани зрнести - земјоделски
производи има неколку вида на ориз:
Интегрален, Домашен, Кочански, Сан Андреа и
мелен ориз.

Оризот е извор на енергија, одличен


антиоксиданс и поволно делува на целиот
метаболизам. Како хранлива, лесно сварлива
храна, оризот корисно делува на цревната
флора и не предизвикува алергиски реакции.
Од витамини, најмногу содржи витамин Е и
витамини од групата Б.

2
Црвена леќа од Сончева Долина
Црвената леќа е еден од најдобрите извори на
растителни протеини и растителни влакна, а тоа ја
прави важна намирница која треба да биде
застапена во вашата исхрана. Таа е богат извор на:
минерали, витамини, сложени јаглехидрати, а
притоа содржи мало количество на масти и е
нискококалорична храна.

Во 100 грама црвена леќа има 26 грама протеини,


што ја прави вистинско протеинско богатство.
Изобилува со железо, магнезиум и молибден, а од
витамини е исклучително богата со фолна
киселина.

За разлика од зелената леќа, црвената леќа се вари


пократко односно околу 20-30 минути. Идеална е
за подготовка на чорба, пире, ќофтиња но и како
додаток на разни салати.

Зелена леќа од Сончева Долина


Зелената леќа како билка од фамилијата на
мешунките е одличен извор на белковини и е
нутритивно вредна храна. Од витамини, леќата е
богата со витамин Б1 и Б9, а од минералите содржи
големи количини на железо, магнезиум, фосфор,
манган, цинк и калиум.

Потекнува од Блискиот исток, а во исхраната се


користи од камено доба. Леќата е најдобро да се
комбинира со оризот. Кога се подготвува со месо,
добро оди со свинско или пилешко месо. Во салата
се комбинира со сецкана свеќа црвена пиперка и
свежо зачински билки.

Леќата може да се додаде во разни свежи салати, во


супи или чорби од зеленчук.

3
Пурпурен сутлијаш колач (со слатка павлака и аронија)
од teofanija

Состојки

450 мл млеко
70 гр ориз Сончева долина
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
200 мл слатка павлака
шеќер во прав (по потреба)
15 гр желатин
50 гр свежа аронија
неколку бисквити
За прелив
100 гр аронија
3 лажици шеќер
50 гр бело чоколадо
30 мл слатка павлака
1 лажица сок од лимон

Ова е една интересна варијанта на сутлијаш колач кој има особено интересен вкус, а
мислам дека на љубителите на сутлијаш баш ќе им се допадне и ќе го засакаат. Може да
се направи и со друго овошје, на пример јагоди, боровинки или малини.

Подготовка
1. Го ставаме оризот да се вари во млекото, заедно со солта и шеќерите. Ќе му треба
околу половина час, а затоа повремено промешувајте и варете го на пониска
температура. Откако оризот ќе омекне тргнете го на страна и почекајте малку да излади
и го впие остатокот од млекото(ако има).
2. Желатинот го растопуваме во околу 50 мл вода.
3. Го додаваме кон топлиот ориз да се растопи. Енергично промешуваме да се соедини.
Оставаме да се излади (ама не сосема, за да не се желира).
4. Слатката павлака ја матиме со миксер, ако има потреба додадете шеќер во прав во
неа, се разбира ако сакате посладок колач.
5. Соединете ја павлаката со варениот сутлијаш. Дел од смесата истурете ја во
правоаголен калап, па ставете аронија, дел ориз, дел аронија за да се распореди
овошјето убаво. Измазнете ја смесата за да нема воздух во неа.
6. Наредете ги бисквитите и убаво втиснете ги во смесата. Ставете го колачот во
ладилник или замрзнувач.
Додека се зацврстува можете да го подготвите преливот за да може и тој да се излади.
7. Шеќерот, аронијата и 1 лажица вода ставете ги во тенџере да се растопи и малку
поврие шеќерот. При крај на варењето додадете 1 лажичка сок од лимон. Потоа додадете
слатка павлака и бело чоколадо да се соединат со варената аронија.

4
8. Превртете го колачот од калапот. Прелијте го со пурпурниот прелив од аронија.

Забелешка
Кога го подготвуваме преливот аронијата ја извадив од замрзнувач и не ја варев долго
време за да ми останат цели зрната.
Е сега да ви кажам дека многу брзав за да го фотнам овој сутлијаш колач па не дочекав
баш да ми се стегне преливот иако беше скоро изладен.
Секако беше вкусно.
Ако го држите во замрзнувач извадете го барем 20 минути пред служење.
Бидејќи беше смрзнат ама и во силиконски калап јас многу лесно го извадив од калап.
Ако имате поинаков калап најдобро е да си ставите најлонска фолија пред да го редите
колачот.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

5
Интегрален ориз со спанаќ (посно, без запршка)
од Klara

Состојки

1 помал кромид
1 морков
1 зелена пиперка
400-500 гр спанаќ
1 чаша интегрален ориз
околу 1 чаша (можи и
помалце) доматен сос
1 лажиче чаден црвен пипер
1 лажица мешан сув зачин
по желба и вкус - куркума,
босилек, шарен или црн
бибер

Се запржува кромидчето, се додава 1 рендан морков, 1 зелена пиперка сечкана,


спанаќот, па на крај на кратко оризот. Откако ќе испари течноста се додава чадена
црвена пипер и се налева вода. Се вари на помала температура со покриен капак и
повремено мешање.

Потоа се зачинува (јас ставив куркума, босилек, шарен пипер и вегета), се посолува ако е
потребно и се налева доматна паста. Се вари уште кратко со почесто мешање до
посакуваната густина.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

6
Сутлијаш со јагоди
од anzelika_nenchuk

Состојки

2 чаши ориз
4 чаши вода
4 чаши млеко
1 ванила
50 гр путер
300гр јагоди
100 гр шеќер

Многу вкусен и убав десерт сутлијаш со јагоди.


Во тенџере ставете го оризот со вода и варете додека не изврие водата. Додадете го
млекото и варете на тивко додека не се свари. На крај додадете шеќер, ванила и путер.
Јагодите изблендирајте ги со шеќер.
Во чаша редете еден ред ориз, еден ред блендирани јагодки, и така до крајот на чаша,
украсете со Јагодки.

Добар апетит.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

7
Пита од готови кори и грав
од Klara

Состојки

500 гр готови кори


500 гр грав Сончева долина
1 кромид
3-4 лажици маслиново масло
1 лажица мешан сув зачин
сол, нане или оригано,
буковец и црн бибер по вкус
За премачкување
2 јајца
1 чаша газирана вода
1 чаша масло
2 лажици саморастечко
брашно
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче сол

Со жица за матење убаво се мешаат состојките за премачкување. Гравот заедно со


кромидот цел и маслиновото масло се вари. Пред крај се додаваат зачините.

Тавата за печење убаво се намастува и се ставаат по 3-4 кори и секоја се премачкува со


смесата за премачкување. На 3та или 4та кора (зависно колку имате на број за да
направите 3 слоја со фил од грав) се става, распоредува од варениот грав. Гравот се зема
со лажица црпалка и благо се одцедува од водата (малку вода можи да останува, не мора
да се само зрната). Таа кора не се премачкува со смесата за премачкување.

Се завршува со последните 3-4 кори после последниот фил од грав и најгоре


последната кора се премачкува со останатата смеса за премачување. Се печи во
загреана рерна од 180-200С, некој половина час или малку повеќе, зависно од рерната,
т.е. додека не порумени убаво одозгора.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

8
Пилешки срца со ориз
од liljanailieva

Состојки

500 гр. пилешки срца


1 помала главица кромид
1 помала пиперка
1 стракче млад кромид
1 морков
1 чаша ориз
малку за вкус лукче
на вкус сол, бибер, сув
зеленчук, магоднос

- Во тавата во која ќе го приготвувате ручекот ставете да се пржи кромидот и сецканата


пиперка. Kога ќе застакли додадете го ситно сецканиот морков и на коцки исечената
тиквичка, едно младо кромитче- нека се пржи заедно. Потоа додадете ги пилешките
срца и заедно пржете додека остане на масло. Додадете го сецканото лукче и оризот,
пржете да се застакли оризот, залијте со 3 чаши вода, овкусете на сол, додадете го
магодносот, ставете во веќе загреана рерна нека се потпече.
Извадете и сервирајте во тањир, посипете со ситно сецкан млад кромид и магдонос.
Одличен прилог е кисело млеко или кисела павлака.
Чашата е од 200 мл.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

9
Крем салата со ориз и грашок
од dalis

Состојки

1 чаша ориз Сончева долина


100гр грашок
100гр пченка
4 лажици павлака
4 лажици мајонез
неколку зрна капари

Многу вкусна кремаста салата која е едноставна за подготовка.

1. Оризот се вари на стандареден начин околу 12 минути во посолена вода. Се цеди и се


остава да се излади.
2. Грашокот и пченката се варат и се додаваат во оризот.
3. Се додаваат мајонезот и павлаката и се убаво се меша.
4. Салатата се декорира со неколку зрна капари.

Салатата е многу повкусна кога е добро изладена, барем еден час во фрижидер.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

10
Тава со спанаќ, зелје, ориз и јајца
од Гордана Аџиева-Михајловска

Состојки

500 г мешавина спанаќ и


зелје -исчистени и исецкани
6 млади кромиди само
перцата исецкани
150 г ориз Сончева Долина
1 исецкан морков
1/2 лажица мешан зачин
маслиново масло по потреба
1/2 лажица црвена пипер
3-4 јајца

Прекрасна, здрава и вкусна тава која е убаво барем 2 пати месечно да биди застапена на
трпезата. Комбинирајте спанаќ со блитва, со зелје, штавељ или со коприви. Во оваа тава
е направена комбинација од спанаќ и зелје, набрани од градината во Буково, а и јајцата
се селски.

Запржете го кромидот во тавата со малку маслиново масло, додадете го исчистениот


спанаќ со зелје и запржете ги додека не омекнат. Најдобро е да се покрие тавата со
капак или фолија додека не омекнат. Додадете го морковот и оризот, продолжете да
пржете додека оризо не стане малку проѕирен.
Додадете врела вода за да го покриете спанаќот, додадете зачини и сол, измешајте и
ставете ја тавата во рерната. Печете околу 30 минути на 200Ц. Пред крајот, додадете ги
јајцата на врвот и вратете ја тавата во рерната за да печете уште 5 минути.
Се сервира топло со кисела павлака или со кисело млеко.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

11
Шарен сутлијаш со јаготки
од Klara

Состојки

За сутлијаш
1 чаша ориз
4 чаши вода
2 чаши млеко
6-8 лажици шеќер
За крем од јагоди
350 гр замрзнати јаготки
3-4 лажици шеќер
1 пакетче прашок за пудинг
од ванила
1/2 чаша млеко

Ставете го оризот со водата да се вари на умерена тепература. Кога ќе згусти додадете


го млекото и за кратко време со почесто мешање сварете го сутлијашот до посакуваната
густина. Пред крај додадете го шеќерот.

Во друго тенџерче ставете ги јагодите со шеќерот да се сварат, па испасирајте ги и во


нив додадете го прашокот за пудинг растворен претходно во млекото и сварете крем.

Моите јагоди беа замрзнати и со одмрзнувањето сами си испуштија сок. Доколку се


користат свежи, се додава малку вода или млеко колку да ги покрие.

Во мали длабоки чинивчиња претходно исплакнати со ладна вода се редат слоевито


сутлијашот и кремот од јаготки.
Одозгора украсете со цимет, ливчиња нане и јаготки.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

12
Состојки
Црвена сос леќа 1,1/2 чаша црвена леќа
од liljanailieva
1 кромид
3-4 чешниња лук
2 лажици куркума
по 2 лажици коријандер
листови и магдонос
1/2 лажичка кумин
по 1 лажичка ѓумбир и црвен
пипер
1/3 лажичка цимет
250 гр. сецкани домати -
пелати
1 лажица мед
1 лажица доматен концетрат
неколку лажици маслиново
масло
на вкус сол, сув зеленчук и
бибер

Во подлабоко тенџере ставете го маслиновото масло и пропржете го сецканиот кромид


заедно со половина од магдоносот и коријандерот. Нека се пропржи, потоа додадете ги
сите останати зачинки да се кратко пропржат сите заедно - околу минута доста е, како
би се испуштиле сите мириси и вкусови од зачинките. Додадете вода и изминета леќа.
Леќата нека биде повеќе залиена за да може истата да се развари, но истовремено да
остане густа. Варете ја околу 20 мин, по што ќе ги ставите исецканите домати (пелати),
доматниот концетрат и медот, нека се вари така заедно уште околу 10 мин. Значи треба
да биде разварена и густа. Пред самиот крај додадете ја другата половина на сецканите
листови коријандер и магдонос. - Тргнете од огнот, можете да додадете мали пржени
кофтиња, но и не мора бидејки и вака засебно е добро. При служењето правам една мала
измена ако не сум ставила некое ќофте, во тањирот си додавам малку сок од лимон и
лажица кисела павлака, одлична е!
Мој предлог за припрема на црвена леќа по Марокански начин која изобилува со зачинки
- за чудо, сите ги сакам. Кој не го сака циметот слободно нека го изостави.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

13
Тава ориз од Сончева долина со сос
од зеленчук и парчиња месо
од Elena Atanasovska

Состојки

Подготовка на тавата со ориз


Сончева долина
500 гр ориз Сончева долина
1 главица кромид
2 млади кромидчиња
20 мл масло
Потребни состојки за
подготовка на сосот од
зеленчук
500 гр мешан зеленчук
(карфиол, брокула, морков и
пченка)
10 мл масло
100 мл ладна вода
Потребни состојки за
подготовка на месото
Најпрво оризот Сончева долина се треби, но е толку 500 гр парчиња свинско месо
чист што оваа постапка слободно може да се скокне. или останата мешана скара
Се мие во цедалка под млаз ладна вода и се цеди. Во 150 мл млеко
Делимано тава загреваме малку масло и ја додаваме 2 мали лажички сенф
претходно исецканата главица кромид и две млади
кромидчиња, а може и само обичен кромид. Се динста
на тивко и кога ќе омекне му се додава исцедениот ориз и тој да се запржи. Во друго
тенџере топлиме вода. Мојот сооднос е на еден филџан ориз - три филџани зовриена
вода. Така оризот нема да се лепи и ќе биде секое зрнце посебно. И оризот и водата се
соединуваат и се претура во длабока тава за печење. Се пече на 250С додека да испари
водата и благо да порумени. Ова е некоја класична рецепта за подготовка на тава ориз.

За преливот од зеленчук потребно е една ќеса мешавина од карфиол, брокула, морков и


малку пченка која се динста со малку сол, бибер и 1 мала лажичка кари. Кога ќе омекне
скроз се блендира во Нутрибулет, во кој претходно сме додале 100 мл ладна вода. На тој
начин се добива сосот од зеленчук.

14
Како прилог на ова јадење додадов парчиња свинско месо кое што ми беше останато од
предходниот ден, а сакав да го искомбинирам со оризот. Тајната за сенфот секогаш ја
добивам од другарка ми. Месото исецкано на коцки, се загрева во Делимано тава во
него се додаваат исецкани две млади кромидчиња и 2 исецкани зелени пиперки и се
остава да се динста. Кога ќе биде готово се додава една мала шоља од кафе (150мл)
млеко, во која сме додале 2 мали лажички сенф и сето тоа се соединува со месото и се
остава да покрчка. Месото добива свеж и феноменален вкус.

Оризот на Сончева долина се сервира во длабока чинија, се прелива од сосот од


зеленчук и од страна се додава месото во сос од млеко и сенф. По желба можете да
декорирате со зрна пченка. Лесно и вкусно и за млади и за стари.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

15
Леќа со праз, кромид, домати и морков (посно)
од liljanailieva

Состојки

околу 200 гр. леќа


по 1/2 праз и кромид
1 поголем морков
1 пиперка
околу 150-200 гр. пелати
домати или поголем домат
2 полни лажици магдонос
на вкус црвен пипер, бибер,
сув зеленчук, сол, лук
според ваша оценка масло и
вода

Во тенџере ставете малку масло, ставете во него да се пропржи малку исецканиот


кромид, потоа додадете го исецканиот праз (белиот дел и малку од зелениот). Нека се
пропржат заедно. Потоа додадете го изренданиот морков, заедно се пржи или на тивко
динста додека омекне морковот. Потоа се додава измиената леќа и нека се динста околу
5 минутки. Се додаваат доматите (значи може рендан домат, сос од домат), пиперката,
црениот пипер, биберот, сувиот зеленчук и сол, малку од магдоносот, лукот, се меша, се
залива со топла вода зависно колку сакате да биде густа леќата. Поклопете со капак -
оставете да се вари на тивко. Тргнете и додадете го останатиот магдонос.
Ние ја сакаме густа леќата и така ја приготвувам со помалку вода, а вие прилагодете
според ваш вкус - ако е поретка - одлична чорба е. Лук ставете според ваш вкус. Можете
наместо сувиот зеленчук да ставите коцка зеленчуков бујон.
Оваа леќа може да се приготвува и само на вода - без да користите масло. Тогаш
постапката е така што ќе го ставите прво кромидот и ќе додадете малку вода, се динста
некое време, потоа редоследно како што е погоре напишано повремено подлевајки со
вода за да на крај додадете толку колку што сакате и нека се довари.
Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

16
Бел ориз со рукола
од dijanatalevski

Состојки

200 гр. бел ориз од брендот


Сончева долина
200 гр. чадено пилешко филе
100 гр. рукола
3 млади кромитчиња
1 црвен патлиџан
малку масло
малку путер-колку една
голема лажица
по вкус мешан сув зеленчук,
сол, мелен црн пипер,
3 чаши од по 200 гр. вода - за
варење на оризот

Еве еден рецепт за македонското бело злато од Сончевата долина подготвено на малку
поинаков начин. Мошне вкусно и топло го препорачувам... :)

Најпрво го чистиме и миеме бисерниот ориз, а можи да се користи и интегрален.


Го ставаме во зовриена, посолена вода, во која имаме додадено и масло, да се вари на
умерен оган. За да не се превари оризот, тенџерето се покрива со две хартиени
салфетки. Тие ќе ја впијат пареата и нема да дојде до преварување.
Штом е сварен оризот го оставаме на исклучена рингла, да се впие целосно течноста.

Во меѓувреме на плитка мрснотија во тава што не лепи,како што е на Делимано, го


пропржуваме сецканиот млад кромид со малку сол.
Потоа го додаваме пилешкото филе сецкано и кратко пропржуваме.
Го додаваме сецканиот патлиџан и претходно измиената, исчистената и исецканата
рукола. Сето тоа кратко се динста во сокот од патлиџанот.
На ред е оризот. Го додаваме и убаво мешаме да се изедначи целата смеса.
Зачинуваме по вкус со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер. По желба уште во
варењето на оризот може да се додаде и малку шафран.

17
На крај го додаваме путерот и мешаме додека целосно се растопи и добие компактна
смеса.Тргаме од оган и сервираме....

На здравје!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

18
Црвен ориз со копани и златна мешавина
од Klara

Состојки

1 чаша ориз
4 чаши вода
1 главица кромид
1 зелена пиперка
1 чаша златна мешавина
зеленчук
1 полно лажиче чаден црвен
пипер
1 лажица мешан сув зеленчук
1/4 лажиче пимент или црн
бибер
1/2 лажиче оригано
2-3 ловорови ливчиња
4 парчиња копан со надкопан

Класичен ручек, обогатен со додатоци од зеленчук во пресрет на актуелната тема.

Копаните се варат.
Ситно сечканиот кромид и пиперка се запржуваат на масло, потоа се додава оризот
кратко да запржи и мешавината зеленчук.
Се додава црвениот пипер и се налева водата во која се вареле копаните.
Потоа се додаваат зачините и се редат копаните, па исклучува ринглата.
Тавата се пренесува во загреана рерна од 220С и се печи додека испари течноста.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

19
Салата од грав
од liljanailieva

Состојки

За основата
150 гр. бел покрупен грав
1 главица средна по големина
- кромид
1-2 чешниња лук
2 тврдо варени јајца
1 лажица лажица сецкан
магдонос
За прелив
по 4 лажици јаболков оцет и
маслиново масло
1/2 лажичка сол
1/4 лажичка бибер

- Сварете го гравот (но да не е преварен) и прецедете.


- Исецкајте ги кромидот, лукот и магдоносот.
- Во сад измешајте ги сите состојки за преливот, залијте го гравот- измешајте.
- Оставете најмалку 1 час да одстои во фрижидер, потоа сервирајте декорирајки со
сварените јајца.
Салатата ке биде посна ако го изоставите јајцето.
Напомена
- Гравот секако дека е добар со миродија (нане), па дури и пожелно е да се токму овде
користи поради нејзините својства. Јас ја обожавам, но не и во оваа салата, која по
рецептот впрочем покрај магдоносот се додава и сува миродија. Вие слободно ставете
доколку ја сакате во салатите.
Доколку сакате за повеке порции- зголемувајте ги состојки во соодвете сооднос.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

20
Кремасто зеленчуково рижото со наут
од liljanailieva

Состојки

300 гр. ориз


100 гр. наут
1 кромид
2 моркова
1 тиквичка
1 литар вода
на вкус сув зеленчук, сол,
бибер
1 лажица путер
по желба пармезан или
кашкавал

- На малку масло пропржете го кромидот, морковот и тиквичката на коцки исечени или


форма која ја сакате вие. Нека се пржат. Додадете го и измиениот ориз, пржете заедно
додека се застакли. Посолете и зачинете на вкус, додадете го наутот и нека се вари во
садот во кој ќе го приготвувате без да го поклопувате. Повремено и промешувајте. Пред
самиот крај ставете го путерот и промешајте. Кога се соединил путерот тргнете на
страна.
- Сервирајте го топло посипувајки со магдонос, пармезан или рендан кашкавал доколку
сакате вие.
Напомена
- Јас користам наут во лименки, а доколку сакате вие во домашната работилница да го
приготвите тогаш од вечер ставете го во тенџере, залијте со вода и нека одстои до
наредниот ден. Ставете да го варите додавајки малку кромид (еден исечен круг од
кромидот) нека се вари зависно од квалитетот на самиот наут најмалку 2 часа. Кога е
варен процедете го.

21
Ова е кремасто рижото. Ако цените дека состојките ви одговараат освен тоа што ќе
сакате да не е кремасто, тогаш постапката околу пржењето на зеленчукот ќе ја
направите, а потоа во него измешајте го веке сварениот ориз кој сте го залиле со ладна
вода и прецеден, нека се заедно пржат околу 1-2 минутки и тргнете. Понатаму вие сами
ке знаете како да го послужите.
Наместо вода, можете да го заливате оризот со пилешки бујон.
Оваа количина е доволна за 6 особи.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

22
Полнети тиквички со мелено месо и ориз во доматен сос
од Гордана Аџиева-Михајловска

Состојки

4-5 пошироки тиквички


500 г мелено мешано месо
1 главица кромид
5-6 чешниња лук
150 г ориз Сончева долина
500 мл доматен сос
1 лажичка црвена пипер
1 рамна лажица мешан зачин
магдонос, црн пипер, масло
по потреба

Ова е традиционално македонско јадење кое во оваа форма ретко е застапено на мојата
трпеза заради времето кое е потребно за да се приготви. Обично правам мусака од
тиквички со мелено месо и со ориз. Но, иако на тиквичката во оваа форма и треба
повеќе време за да се испечи, дефинитивно вреди чекањето. Тавата кога ќе ја извадите
од рерна ќе ги задоволи сите ваши сетила. Времето за подготовка е околу 30-40 минути,
а времето за печење е малку подолго, околу 2 часа, а можда и повеќе, така што ќе треба
да започнете порано со ручек. Искористив 4 поголеми тиквиња сечени на 3 дела и 1
модар патлиџан. Можете слободно да направите комбинација од тиквички и модри
патлиџани.

Подготовка

Запржете го половина ситно исецканиот кромид со исецканото лукче.


Додадете го меленото месо и испржете го.
Додадете околу 150 мл сок од домати нека поварат некоја минута заедно.
Кога сè ќе запржи, додадете црвен пипер, мешан сув зачин и црн пипер и зачини по
желба (јас додавам и оригано). Додадете го оризот и ставете ја тавата на страна.
Тиквичките излупете ги и сечете ги на 3 дела. Отстранете ја внатрешноста на тиквичките
и наполнете ги со мешавината на месо и ориз и покријте ги со парчиња свеж домат или
оставете ги отворени.

23
Ставете го полнетите тиквички во тава за печење.
Остатоците од тиквичките ставете ги во нутрибулет заедно со останатата половина
кромид и 2-3 чешниња лук, додадете доматен сос и измиксирајте.
Потоа ставете го овој микс во истото тавче каде што го пржевте месото, додадете малку
масло и остатокот од доматниот сок и нека зовријат заедно.
Истурете ја оваа мешавина над тиквичките.
Додадете малку масло врз тиквичките и протресете ја тавата така што доматниот сос ќе
навлези насекаде.
Се пече во рерна на 250 степени околу 2 часа, се додека не се запечат тиквичките и
доматниот сос не се згусни.
Декорирајте со свеж магдонос после печење и сервирајте топло.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

24
Индиска салата (ориз, авокадо, индиски ореви
и козјо сирење)
од teofanija

Состојки

1 авокадо
1 чаша ориз
2 чаши вода
прстофат сол
100 гр козјо сирење
50 гр индиски ореви
(непечени)
50 гр мајонез
100 гр кисела павлака
бибер и куркума по вкус
1 лажица потпечен сусам
2-3 лукчиња или по вкус

Вистински деликатес за непце, е таква е оваа салата.

1. Ја загреваме водата до вриење. Додаваме ориз и прстофат сол и оставаме на ниска


температура на рингла да се вари оризот со покриен капак. Повремено промешувамe.
На крајот нема да ни остане воопшто течност и оризот го промешуваме со вилушка, за
да не ни се залепат зрната помеѓу себе. Го ладиме.
2. Авокадото го сечкаме на коцки, го додаваме кон изладениот ориз. Ги додаваме
исечканите индиски ореви и ренданото козјо сирење.
3. Ставаме сусам, бибер и ситно насекано или изрендано лукче.
4. Сето ова го соединуваме со кисела павлака и мајонез. Салатата ја оставаме неколку
часа во фрижидер за да се спојат вкусовите.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

25
Печени полпети со тиквички и ориз
од teofanija

Состојки

1 тиквичка
1/2 шоља ориз
1 шоља вода
прстофат сол
1 јајце
100 гр сирење
1 лажица брашно
3-4 лажици лебни трошки
прстофат бибер
1/2 лажичка куркума
сусам за посип

Ова е еден интересен, а сепак едноставен рецепт. Полпетиве може да ги направите како
предјадење, прилог или пак главно јадење. За што ќе се одлучите оставам на вас.

Подготовка
1. Оризот го вариме. Јас обично го ставам во зовриена вода чија количина е два пати
поголема од количината на оризот. Го промешуваме за да не се зафати за тенџерето.
Варам на тивко и потоа го промешувам, па го ладам. Со ваквото дозирање, оризот не се
преварува ниту пак останува премногу сув, а зрната се целосни.
2. Тиквичката ја лупиме, ја рендаме, посолуваме и оставаме да ја испушти вишокот вода
што ја содржи. Ја процедуваме, јас со притисок во дланката, а ако сакате може и низ
цедалка. Ја додаваме кон оризот.
3. Ставаме едно јајце, рендано сирење и зачини по желба и вкус, кај мене куркума и
бибер.
4. Целата смеса ја соединуваме и во подмачкано тавче со масло или на хартија за
печење ставаме по една лажица од неа. Со лажицата формираме полпети.
5. Ги наросуваме со сусам.
6. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени.

26
Забелешка
Во зависност од влажноста на тиквичката, додаваме лебни трошки. Смесата не треба да
е премногу густа ниту пак премногу ретка. Треба да може да се црпи со лажица, а не во
раце да се формираат полпети.
Имаат поубав вкус ако додадете свеж магдонос.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

27
Сутлијаш со ванила пудинг и прелив од вишни
од liljanailieva

Состојки

1 чаша ориз
1 л. млеко
1 чаша шеќер
2 ванили
1 ванила пудинг
2 чаши вода
Сос
300 гр. вишни
6 лажици шеќер
2 неполни лажици густин
на вкус цимет

Чашата е од 200 мл.


- Во тенџере ставете да проврие водата во која ќе го додадете измиениот ориз, нека
вари. Во друго тенџере ставете го млекото и тоа 750 мл. да зоврие, во него додадете го
оризот и нека заедно се вари околу 15 мин., пред самиот крај додадете го шеќерот и
ванилата и постојано промешувајте да не ви загори. Значи не треба да стане многу густ
бидејки во останатите 250 мл. млеко ќе го растворите пудингот, додадете кај оризот.
Нека целото тоа заедно проврие кратко (на пудингот не му е потрено многу варење)
тргнете го. Распоредете во садовите во кои сакате да го послужите, нека се олади.

Сос
- Во тенџере ставете ги искостените вишни заедно со шеќерот и циметот да се варат. Во
меѓвреме растворете во малку вода густинот. Кога се варени вишните додадете го
густинот, кратко да се вари и тргнете. Нека подолади малку и излијте го одозгора.
Прекрасен спој на вкусови.

НАПОМЕНА
- Јас најчесто го правам сутлијашот во кој додавам пудинг од ванила или пак ако во
моментот немам - густинот исто така е добра замена. Наместо во вода најпрвин да го
варам, едноставно ја зголемувам количината на млекото и го варам веднаш во млеко, а
пудингот го растварам според упатството за количината на млекото.

28
- Секоја година го спремам компотот од вишни во сопствениот сок без вода, за вакви
сосеви е одличен и готов за 2-3 мин, истурам од теглата, оставам да проврие, додавам
веднаш од густинот, да проврие и го трам на страна притоа додавајки цимет кој го
ставам во поголема колична бидејки го обожавам. Можете да користите вишни од
компот спремен на ваш начин, ако е со вода и со семки, само исчистете ги семките,
додадете од водата на компотот, сигурно ќе е потребно и маку шеќерче, потоа густинот
и сосот за прелевање е готов.
- Сакав овој сутлијаш да го приготвам со оризот од Сончева долина бидејки тоа е наш
бренд, се наоѓа во мојот град, горда сум на него и секогаш со квалитена понуда, па на
овој начин ја изразувам мојата благодарност за нивната грижлива работа.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

29
Паштета од грав со ајвар и млад кромид
од dijanatalevski

Состојки

250гр. варен бел грав


по вкус сол
малку масло
3 млади кромитчиња
100 гр. бело сирење
50 гр. јатки орев
1 лажица лут ајвар

На плитка мрснотија се пропржува сецканиот кромид со малку сол.


Се додава варениот и исцеден грав, оревите и сирењето-рендано. Се меша додека
сирењето не почни да се топи. Се трга од оган и се остава да се излади.

Се додава ајварот и се става во блендер да се испасира.


По потреба, за саканата густина на паштетата се додава вода во која се вареше гравот.

На здравје!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

30
Сутлијаш со чоколаден крем од авокадо (посно)
од teofanija

Состојки

1/2 чаша ориз


1 чаша вода
прстофат сол
1 ванилин шеќер
2-3 лажици шеќер
1 лажица оризово млеко во
прав
За чоколаден крем
1 авокадо
1 банана
4 лажички какао
2 лажици мед

Со оваа несекојдневна комбинација на вкусови си го засладивме и направивме денот


поубав. Ви го препорачувам на сите овој сладок, посен десерт во чаша.

Подготовка
1. Оризот го ставаме во зовриена вода со прстофат сол и го вариме на тивко. При крајот
на варењето додаваме шеќер, ванилин шеќер и оризовото млеко во прав растворено во
малку вода. Го распоредуваме во чаши.
2. Авокадото, бананата, какаото и медот ги блендираме до измазнување на смесата.
3. Откако се изладил сутлијашот го прелеваме со чококремот.
4. Декорираме по желба.

Забелешка
Се разбира доколку не постите можете да си го направите и со нерастително млеко.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

31
Батаци во тава ориз со млад кромид и морков
од teofanija

Состојки

1 кг пилешки батаци
1 чаша ориз
2-3 млади кромидчиња
3-4 моркова
1 свежа пиперка
1/2 лажичка бибер
1 лажица мешан сув зачин
маслиново масло по потреба
сол по вкус

Старински македонски ручек подготвен со ориз од Сончева долина.

Подготовка
Ги вариме батаците. На масло во тавче, на средна температура на рингла, го запржуваме
сецканото кромитче, пиперката и сецканите моркови. Го додаваме измиениот ориз,
пропржуваме кратко па целата смеса ја распоредуваме во тавата во која ќе се печат.
Зачинуваме и посолуваме.
Ги распоредуваме варените батаци врз оризот и потоа додаваме вода во која се вареа
батаците.
Печеме на 200 степени додека да се свари оризот и да се испечат батачињата.

Забелешка
Користам маслиново масло, ама можете да си ставите од кое вие си користите.
За да се задржи вкусот на батаците обично ги ставам во врела вода, а ако сакам да
наравам мрсна и богата супа тогаш било и кое пилешко месо што го варам, го ставам во
ладна вода.

32
Финтава со варењето е дека ако месото се стави во врела вода веднаш се стега и прави
опна, така да соковите од него и маснотиите не излегуваат така лесно. А кога ќе се стави
во ладна вода да се вари, додрека водата да се загрее соковите и масното, полека
полека излегуваат од месото.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

33
Вкусна црвена леќа
од eli4ka

Состојки

1 чаша црвена леќа -Сончева


долина
1 главица кромид
1 морков
1 лажица брашно
2 лажици масло
1 лажица доматно пире
1200 мл вода

Подготовка
1. Во тенџере ставаме масло и кромид и пржиме на умерен оган. Се додава 1 лажица
брашно, доматното пире и мешаме. Потоа ја додаваме леќата, морковот и мешаме малку
да се пропржи. Ја додаваме целата вода и вариме додека не омекнат леќата и морковот.
Зачинуваме со сол, мешан зачин и црн бибер.
2. На крајот целата смеса ја ставаме во блендер и ја матиме во кремава целина.
По вкус сервираме со лимон.
ПС-Многу брзо се приготува леќата, а за вкус и да не зборувам ВКУСОТИЈА.

Пробајте!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

34
Супа од зелена леќа и макарони
од Emily Zdravkovska

Состојки

300 грама крупна зелена


леќа на Сончева Долина
300мл сос од домати
3 чешниња лук
3 сецкани стебленца целер
2 големи лажици сецкан
магдонос
1 1/2 голема лажица
маслиново масло
300 грама ситни макарони
по вкус сол, бибер, мешан
сув зачин

Превкусна густа супа за љубителите на зелена леќа. Лесно јадење што сите го сакаат.
Убаво се мие и чисти леќата. Големо тенџере се полни две третини со вода. Се додава
леќа, сос од дома, целер, магдонос и маслиново масло и се става на силен оган да
зоврие. Откако ќе зоврие се намалува на тивко и се вари околу 45 минути.
Супата е прилично густа. Се додаваат макарони сол и бибер и се вари се заедно околу
10 минути, потоа се трга тенџерето од оган, се покрива со капак и се остава 10 минути
да се добие убава смеса.
Леќата се служи топла наросена со бибер.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

35
Мини Шепардови пити
од Klara

Состојки

За тесто
150 гр брашно
100 гр остро брашно
1 лажиче прашок за печење
1/2 лажиче сол
125 гр маргарин
1 јајце
За фил
500 гр мелено месо
1 главица кромид
1 морков
пола конзерва од 400 гр
грашак (или отприлика 4
лажици)
1 лажиче соја сос
Подотовкана на тестото 200 мл доматен сос или пире
Измешајте ги сувите состојки, па додадете го 1 лажица мешан сув зачин
маргаринот исечкан на листови и измесете, на крај 1рамно лажиче оригано
додадете го и јајцето и измесете се во глатко тесто. 1/3 лажиче пимент
Тестото расплескајте го и ставете го на рамна чинија За пире
завиткано со најлон во фрижидер. 1 пакетче пире Сончева
долина
Подготовка на филот 500 мл вода
Кромидот ситно исечкајте го, а морковот изрендајте го, 250 мл млеко
па ставете ги со малку масло заедно со меленото месо 1 лажиче сол
да се пржат додека им испари течноста. Потоа 50-70 гр маргарин
додадете ги и останатите состојки редоследно од кои 1 лажица рендан пармезан
грашакот на крај и мешајте додека се убаво не се спои
отприлика 5-10 минути, па тргнете од рингла.

Подгответе го и пирето со состојките спрема


упатството на кесичката. Доколку сакате да направите
поубави форми од течностите намалете по 50 мл.

36
Расучете го тестото тенко и со поширока чаша или кружен калап вадете форми.
Формите распоредете ги во подмачкан калап за мафини убаво по ѕидовите.
Во секоја ставете од филот со месо до ниво на работ на тестото, потоа одозгора ставете
од пирето.
Можи да го ставате со лажица, со помош на кесичка со отсечен раб или пак со калап за
тулумби.
Одозгора наросете рендан пармезан.
Печете во загреана рерна на 200С околу 35 минути.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

37
Брз десерт со малини, ориз и пудинг
од radmiladani

Состојки

500мл млеко
3 супени лажици шеќер
70гр мелен ориз или
изблендиран во нутрибулет
1 пудинг ванила
1 ванилин шеќер
малини по потреба

Млекото ставете го на оган заедно со шеќерот да врие. Кога ќе почне да врие додадете
го оризот, мешајте убаво за да не ви загори и постепено додавајте го пудингот од
ванила. Варете додека се згусне, а при крајот додадете ја ванилата .
Во мали филџани во кој сте ставиле најлонска фолија или во калапчња ставајте по 2
супени лажици од филот во средина вметнете малини и оставете да се стегне потоа
извалкајте ги во мелени ореви и послужете.
На здравје !!!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

38
Чококрем со ориз, лешници и авокадо(посно)
од teofanija

Состојки

1/2 чаша ориз


1 чаша вода
прстофат сол
2 лажици оризово млеко во
прав
2 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 банана
1 авокадо
2 лажици путер од
кикирики
2-3 лажици мед
3 лажици какао
2 лажици кокосов путер
50 гр лешници

Екстра чоколаден крем....

Подготовка
1. Лешниците кратко ги потпекуваме, ги ладиме и мелеме.

2. Оризот го ставаме во зовриена вода со прстофат сол и го вариме на тивко. При крајот
на варењето додаваме шеќер, ванилин шеќер и оризовото млеко во прав растворено во
малку вода.

3. Сутлијашот го оставаме да подизлади па го ставаме во чашката во која ќе ја


блендираме смесата.

4. Бананата, авокадото, путерот од кикирики, медот и какаото ги додаваме кон оризот,па


соединуваме во блендер или Нутрибулет.

5. Откако ќе ни се измазни смесата додаваме кокосов путер и мелените лешници.


Повторни блендираме и кремот ни е готов.

6. Го ставаме во тегличка и спремен е за конзумирање.

39
Забелешка
Состојки си додавате по потреба и вкус, а за да ја добиете посакуваната густина исто
калкулирајте со нив. Ако не ви е доволно чоколаден, што зависи од какаото што ќе го
користите, ќе треба да си додадете...

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

40
Топчиња од ориз со моцарела и кашкавал
од anzelika_nenchuk

Состојки

200 гр ориз
75 гр моцарела
100 гр кашкавал
1 лаж оригано
2 јајца
100 гр презла
100 гр брашно

Оризот убаво измијте го и ставете го да се вари.


Сварениот ориз оставете го да истине.
Во изладениот ориз додајте оригано, 1 јајце, посолете, додајте црн пипер, сув зеленчук,
малку магдонос. Со навлажнети раце направете топчиња.
Моцарелата исечете ја на коцки.
Во топчињата ставете по едно парче моцарела.
Секое топче валкајте го во брашно, јајце и презла со сусам.
Топчињата пржете ги во загреано масло. Послужете со кечап
Многу се убави. Пробајте.
Добар апетит!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

41
Ориз во сос од кајсии
од marijagane

Состојки

100гр ориз
350мл вода
200гр кајсии
50гр мелени ореви
30мл ликер од кајсии
2 супени лажици мед
за послужување
2 лажици мармалад од кајсии
1 супена лажица сецкани
ореви

Дојде сезона на кајси, па еве еден убав несекојдневен и многу вкусен десерт...
Во блендер се ставаат кајсиите и водата и се блендираат убаво. Потоа се ставаат во
длабок сад на оган заедно со медот.
Откога ќе почне да врие се додава оризот и се вари 15 минути на тивко со повремено
мешање додека се свари оризот и изврие течноста.
Пред да биде целосно варен оризот се додава ликерот од кајсии и мелените ореви.
Во длабока чинија се става на дното мармаладот од кајсии и сецканите ореви врз тоа се
става варениот ориз се наросува со малку сецкани ореви.
Овој десерт е вистинско задоволство особено кога на дното ќе добиете изненадување
од мармаладот со ореви ...
На здравје !!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

42
Крем чорба со леќа
од aleksovska

Состојки

1 чаша (200 мл) леќа


1 главица кромид
1 морков
1 компир
3 чешчиња лук
половина чаша масло
5 чаши вода
2 чаши пилешка супа
по потреба сол, бибер ,зачин
мешан

Во тенџере во кое ќе го вариме зеленчукот ја ставаме леќата и другиот зеленчук исецкан


на покрупни парчиња.
Ја додаваме водата, маслото и супата.
Го ставаме зеленчукот да се вари и кога е готов го блендираме.
Доколку е многу густо додаваме уште вода или супа до саканата густина.
Зачинете по вкус и чорбата ставете ја повторно на оган 4-5 минути, ќе проврие и за тоа
време промешувајте ја.
Тргнете на страна малку да се излади и послужете ја. Може да се служи и топла и ладна.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

43
Рижото со златна мешавина и печурки (посно)
од ikidiki

Состојки

1 чаша ориз (сончева долина)


2 чаши вода
по потреба масло, сол
1 чаша сечкани шампињони
(свежи)
1 мало кромидче
1 чаша златна мешавина
(замрзната)
1/2 лажица сув зачин
малку црн пипер
1 лажица путер/маргарин

1. Оризот го миеме, го ставаме во тенџере со водата и малку сол, го вариме на тивок


оган додека да се впие сета вода.
2. Сварениот ориз го миеме со ладна вода и го оставаме во сито да се цеди.
3. Потоа во едно тавче го ставаме ситно сечканиот кромид и сечканите свежи печурки,
ставаме малку масло, сол и почнуваме да пржиме.
4. Потоа ја ставаме замрзнатата златна мешавина (грашок, морков, пченка) и
продолжуваме со пржење.
5. Ставаме сув зачин и црн пипер, пржиме додека да испари водата.
6. На крај во тавчето со зеленчукот и печурките го ставаме исцедениот ориз, по потреба
зачинуваме по вкус, го ставаме путерот и промешуваме да се соединат состојките.
7. Сервираме по желба (во слободна форма или јас овде употребив лимен цилиндар за
оваа форма).
Одличен оброк за време на пости или за вегетаријанци, или едноставно како прилог со
некое месо.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

44
Суши од ориз со туна и кашкавал
од anzelika_nenchuk

Состојки

2 чаши ориз
1 лажица оцет
1 лажица шеќер
1 лажица вода
пола лаж сол
180 гр туна на парчиња
1 краставица
100 гр кашкавал

Ќерка ми сакаше да направиме суши, но не сака листови од морски алги. Решивме да


направиме суши без морски алги.
Оризот убаво измијте го. Додадете 2 чаши вода и оставете 15 минути да одстои. Ставете
да се вари со истата вода на силен оган додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете на
многу тивко, затворете со капаче и оставете 15 минути да се вари. После 15 минути
исклучете и покријте со натопена крпа додека не истине.
Во едно ѓезве стоплете една лажица вода со една лажица оцет, додадете шеќер, сол и
измешајте додека не се растопат. Истурете во изладениот ориз и промешајте.
Краставицата и морковот исечете ги на ленти. Исто и кашкавалот.
На бамбусова подлога (ако немате може и на фолија) ставете ориз, распоредете во еден
правоаголник, на него наредете туна, краставица, морков и кашкавал и завиткајте во
ролат. Ролатот исечете го на 6 парчиња. Одозгора наросете со ленено семе и сусам.
Забелешка
Кога го сечете ролатот ножот треба да се топи во вода затоа што оризот лепи.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

45
Грав со мелено месо и бешамел сос
од aleksovska

Состојки

потребно
200 гр претходно сварен грав
150 гр мелено месо
половина главица кромид
1 домат
50 гр кашкавал
За бешамел
1 лажица брашно
1 лажица путер
200 мл млеко
по потреба сол, бибер ,зачин
мешан

Во тава со малко масло попржуваме ситно сецкан кромид и го додаваме меленото месо
и го попржуваме.
Доматот го рендаме и додаваме кај меленото месо го додаваме и сварениот грав
промешуваме да се соединат и зачинуваме.
Готовата смеса ја ставаме во сад за печење, убаво е да користите земјена тава.
И го подготвуваме бешамелот.
Во тава го ставаме путерот и брашното, мешаме постојано да се попржи брашното и
постепено го додаваме млекото со постојано мешање.
Мешаме да се згусти сосот го посолуваме и побиберуваме кога е готов го тргаме на
страна.
Врз гравот го рендаме кашкавалот, врз него го распоредуваме бешамелот.
Вака подготвено го ставаме во рерна околу 15-20 минути.
Состојките се за мала количина за повеќе дуплирајте ги состојките.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

46
Сутлијаш на поинаков начин
од Mena Karafiloska

Состојки

100 гр ориз сончева долина


300 мл млеко
4 лажици шеќер
50 гр, мелени лешници
по потреба готов карамел

Се става млекото на оган, се додава оризот се вари убаво на тивко додека не се свари.
Се става во земјено тањирче и се остава да олади. Се премачкува со карамел и се става
во рерна да се направи кора. Од горе се наросува со сецкани лешници.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

47
Плескавица од грав и ориз со печурки (посно)
од anzelika_nenchuk

Состојки

100 гр грав
100 гр ориз
75 гр шампињони
150 гр презла
1 лукче
1 кромидче
зачини по вкус сол, бибер,
магдонос

Гравот и оризот убаво сварете ги, изгмечете ги со вилушка. Во смесата додајте презла,
зачини, лукче и кромидче ситно изрендано.
Печурките испржете ги.
Половина од смесата ставете ја на чинија или калапче, врз смесата ставете ги печурките
и покријте со другиот дел од смесата. Така ќе добиете една голема плескавица полнета
со печурки.
Плескавицата извалкајте ја во презла и пржете во загреано масло.
Послужете со кечап.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

48
Колач/колачиња од грав со кокос и мајчина душичка
(без брашно)
од LUDO

Состојки

250 гр грав
4 јајца
100 гр кокос
200 гр шеќер
3 големи лажици масло
2 големи лажици какао
1 голема лажица сода
бикарбона (рамна)
малку мајчина душичка
За прелив
100 гр бело чоколадо (може и
повеќе ако сакате подебел
слој)
3 големи лажици масло
За наросување
крупно мелени лешници,
Ако не им кажете дека има грав, нема да забележат! бадеми или крокант по ваша
Шшшшш ;) желба

Сите состојки се ставаат во блендер, се блендираат смесата да стане еднолична, се сипа


во калапи за мафини или форма по ваш избор и се пече 20 мин на 200 степени во
загреана рерна.

Од кога ќе се олади, на тивко (1 од 6 на рингла) во ѓезве растопете го чоколадото со


маслото и прелејте го колачот. Наросете со јаткасти плодови за декорација.

Во оргиналниот рецепт се прелеваше со темно чоколадо, но добар избор е и бело


чоколадо и за око и за вкус. Ова бело чоколадо има интензивен вукс и мирис на ванила,
преубаво беше.

49
Гравот јас секогаш го варам во три води. Се става во сад, се става вода колку да го
прелее и се става на оган да зоврие. Се остава да проврие минутка две и се истура таа
вода. Ова се прави три пати, се остава да се вари во четвртата вода со голема количина
на вода. Кога ќе се свари убаво, се истура врелата вода, се прелева и плакне со ладна
вода да се олади и се блендира.
Маслото може да е и кокосово.
Не ја одбегнувајте мајчината душичка. Дава многу нежен интересен шмек. Јас ставив
едно мало купче колку што фатив со прсти.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

50
Солен кекс со црвена леќа
од ikidiki

Состојки

1 чаша црвена леќа (сончева


долина)
3 чаши вода
2 поголеми моркови (ситно
рендани)
100 гр. бело сирење (ситно
рендано)
1 мало кромидче (изрендано)
2 матени јајца
5 лажици масло
5 лажици брашно
1/4 лажичка пециво
1 лажичка црвен пипер
2 лажици сусам
малку црн пипер и сув зачин
1. Црвената леќа се вари околу 20-тина минути на малку оригано (за
среден оган, се мие и се цеди, се става во вангличка. наросување)
2. Се додаваат ренданите моркови, сирење и кромид.
3. Јајцата се матат со вилушка и се тураат во вангличето, се додава маслото и се меша со
лажица.
4. Потоа се додаваат сите други состојки, се меша до убаво изедначување на смесата и
се става во мало правоаголно тавче (зависно од тавчето по потреба се намрсува и се
набрашнува), а во малата ростер тава ова не е задолжително.
Одозгора се наросува со малку оригано.
5. Се пече на 190 степени околу 1 час бидејќи смесата е влажна и треба да се испече во
внатрешноста. Изладен, солениот кекс се сече во форма по желба.

Овој кекс има доста интересен вкус, а посебен шмек му дава кромидчето.
Сол не ставив бидејќи сирењето и сувиот зачин беа доволни.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

51
Ќофтиња од ориз со сос од патлиџан
од anzelika_nenchuk

Состојки

200 гр ориз
50 гр колбас
50 гр печурки
1 јајце
за сос
2 патлиџани
50 гр печурки
50 гр колбас

Ако ви остане ориз и не знаете што да му направите еве една идеја. Но може и посебно
да сварите ориз за овој рецепт.
Оризот сварете го. Измешајте го со вилушка, додајте едно јајце, додајте печурки, ситно
сечен колбас, посолете додајте црн пипер, сув зеленчук, ставете малку презла. Се
промешајте да добиете една смеса за ќофтиња.
Ќофтињата ставете ги во загреано масло да се пржат.

За сос
2 патлиџани изблендирајте во нутрибулет.
Колбасот исечете го на кругчиња и испржете го. Додајте печурки, блендиран патлиџан и
една лажичка густин. Измешајте го сосот и оставете да зоврие.
Ќофтињата послужете ги со сос и павлака.
Добар апетит!

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

52
Кинеска салата со кочански ориз
од ikidiki

Состојки

1 чаша ориз (кочански од


сончева долина)
3 чаши вода
1/2 лажичка хималајска сол
1 чаша кисели крставички
(сечкани на коцки)
2 поголеми моркови обарени
(сечкани на коцки)
1 чаша пилешка салама
(посебна) сечкана на коцки
6 лажици кисела павлака со
поголем % на густина
1 лажичка ѕаѕики микс
по потреба кисела павлака за
декорација
1. Во тенџере се става оризот, водата и солта, се вари на тивко со промешување. Потоа
во ситна цедалка се мие со ладна вода да се одлепат зрната ориз и се остава убаво да се
исцеди.
2. На коцки се сечкаат киселите крставички, саламата и обарениот морков. Јас обично
користам кисели моркови од туршија, но бидејќи во овој период ги немам, користев
свеж обарен морков.
3. Оризот и претходниве состојки се ставаат во вангличе, се става киселата павлака и
ѕаѕики зачинот, се меша до убаво изедначување на состојките.
4. Се декорира со кисела павлака или со нешто друго по желба.
Во оригиналниот рецепт кој го имам запишано се ставаат и 3 ситно сечкани чешниња
лук, но јас не ставив. Самиот ѕаѕики микс зачин содржи лук во прав, а и така салатата ја
маскирав за да ја јадат и тие што не сакаат лук. Користам посебна пилешка салама
бидејќи е вкусна и не испушта вода како некои други.
Се мери со иста чаша од 220 мл.

Користени производи од Делимано и Сончева Долина:

53

You might also like