You are on page 1of 65

Домашни јуфки

Состојки
1. 10 јајца
2. 1 кг. и 650 гр. брашно
3. 330 мл. млеко
4. 1 лажица сол

1. Сите тие состојки ги соединуваме со рака во длабок сад. Кога тестото


ќе биде тврдо го делиме на 3 еднакви дела, кои потоа ќе ги намачкаме со
зејтин и ќе ги покриеме со најлон кеса. Тестото се остава да стои 3 - 4
часа.
2. Од еден дел се сечат 5 - 6 ленти, кои секои од лентите првo ќе
поминат на машината за јуфки со број 2, потоа со број 4 и со број 6, но
сето тоа ќе го направите без да оставате лентите да се сушат.
3. Кога ќе завршите со лентите истите ги оставате да се исушат, откако
ќе се исушат собирате по неколку ленти и ги сечете рачно, но за да не се
мачите може јуфките да ги исечете и на машината со број 7.

Пилешко со домашни кори (јуфки)


Состојки
1. 200гр пилешки стек
2. 200гр домашни кори (јуфки)
3. 1 зелена пиперка
4. 1 кромид
5. 1 лажиче зачин,сол и црн бибер

Прво го сечкаме месото на парчиња и го ставаме малку да се обари.


Кромидот и пиперката ги сецкаме и ги ставаме во тенџере со загреано
масло да се запржат.
Го додаваме и месото да се запржи. Потоа додаваме околу 300мл вода и
ги додаваме и корите (или јуфки, не знам кој како ги вика, ние кори ги
викаме ). Зачинуваме и оставаме да се вари се додека водата не изврие.
Врз нив може ситно да исецкате парчиња домат.

Домашни кори ( јуфки )


Состојки
1. 30 јајца
2. 4, 5 кг брашно
3. ½ литар млеко
4. 2 лајчина сол

1. Јајцата, млекото и солта се маткаат со маткалка 5 минути. Во


поголемо вангличе се ставаат 4 килограми брашно и постепено се
додаваат од смесата со јајцата( јас користев брашно сентела) . Доколку
има потреба се додава уште брашно за да се добие средно тесто. За
полесно да се работи, тестото се дели на 2 дела. Убаво се меси и се
остава да стои половина час. За да не се исуси се покрива со најлонска
фолија.
2. Потоа се зема дел од тестото се прави како ролат и се сечи на
парчина со дебелина од 3-4 сантиметри. Од пошироката страна се
потсплескуваат со дланката и се брбелаат во брашно.
3. Се поминуваат на машина за кори со соодветна промена на бројките
за да добиете што е можно потанки ленти ( на мојата машина јас ги
вртев на 2, 4, 5 и 7) . се редат на сушалка под која има поставено
чаршав, бидејќи се сушат и почнуваат да паѓаат. Се собираат корите и се
оставаат да се сушат на собна температура неколку дена. Од време на
време се промешуваат и се кршат. Се собираат во соодветни торбина и
се спремни за припремање на вкусен оброк, особено во зимскиот
период.

Совет- за полесно и побрзо да ги направите најпрвин вртете на една


бројка и ставете ги на маса на која има посипано брашно, а потоа на
следна бројка, се додека не ги извртите на последната и не ги ставите да
се сушат. Ова е со цел за секоја лента да не ги менувате бројките.

Јуфки на машинка
Состојки
1. 20 јајца
2. 1 рака сол
3. 5 кг брашно
4. 1 литар млеко

Во длабок сад се ставаат јајцата и се матат со вилушка. Се додава солта


и млекото.
Постепено се додава брашното се меси долго додека не се добие убаво
мазно тврдо тесто. 
Потоа се дели тестото на 4 топки.
Се сучи едното тесто и се сечат коцки. Секоја коцка се поминува низ
машинка бр 3.
Се прават така сите теста. Потоа се поминува низ бр 1 и се оставаат на
Сонце да се исушат. Се собираат јуфките и во чист чаршав се сушат на
промаја.

Маринирани пиперки и модар патлиџан


Состојки
1. вкупно 3 кгр. исчистени од семето пиперките и модриот
патлиџан
2. 1 чаша од 200 мл. шекер
3. 1 чаша од 250 мл. алкохолен оцет
4. 1 чаша масло
5. 3 рамно полни лажици сол
6. по една ракатка целерови листови и магдонос
7. по ваша оцена crn бибер во зрна
8. 2 главици лук

Веднаш да кажам дека вкупната количина на пиперот и модриот


патлиџан треба да е 3 кгр. па вие сами прилагодете си дали пола - пола,
дали ќе ставите повеќе пипер или модар патлиџан - важно да е 3 кгр.
Пиперот ќе го мерите откако сте го исчистиле од семето.

- Исчистените пиперки исечете на поедри коцки. Тргнете ги на страна


засебно.
- Исечете го и модриот патлиџан, тргнете на страна исто така засебно.
- Ставете да проврие маринадата и тоа во тенџеrе ставете ги шеќерот,
солта, маслото и оцетот, додадете го биберот и целеровите листови.
Ставете да проврие, почнете да додавате прво од пиперките да се
обарат и тоа кратко. Кога лесно ќе ја промени бојата тргнете. Јас ги
ставам во неколку наврати. Извадете на страна. Потоа маринирајте го
модриот патлиџан. Кога е готов извадете и со пиперот измешајте.
- Магдоносот исецкајте, додадете во него сецканиот лук.
Малку нека олади, ставајте во теглите, налегнувајте малку и при самото
ставање во теглата ставајте и од магдоност и лукот, додадете во секоја
тегла од онаа маринада која останала и е сосема малку...да не ве збуни
тоа.
- Пастеризирајте ги мерејки го времето од 10 мин. откако водата почнала
да врие, односно толку колку што е потребно да се затворат капачките.
(сепак нели зависи времето и на колку јак или тивок оган се
пастеризираат.
Кој го сакате ловоровиот лист, слободно ставете кај маринадата заедно
со останатите состојки.

2015

Мусака од компир, модар патлиџан и


пиперки
Состојки
1. 500 гр мелено месо
2. 1 средна главица кромид
3. 1 кг компир
4. 1 среден модар патлиџан
5. 3 средни црвени пиперки
6. 3 средни зелени пиперки
7. 1 кесичка фант за шпагети болоњезе
8. 500 мл млака вода
9. 200 мл неутрална павлака
10. 200 мл ладна вода
11. 1 нецела лажица сол
12. 1 нецела лажица мешан зачин
13. по вкус мелен црн бибер
14. 8 лажици зејтин

1.Кромидот исечкајте го на ситни коцки и ставте го да се динста на


среден оган со еден филџан вода и 5 лажици зејтин. Откако ќе испари
течноста додајте го меленото месо и мешајте постојано дедека да се
испржи месото.
2.Во еден сад ставте 500 мл млака вода и додајте го фантот и
промешајте да се соединат.Смесата додајте ја во меленото месо и
оставте да се приготвува 10 мин.
3.Компирот и модриот патлиџан излупете ги исечкајте го на тенки ленти.
4.Пиперките исчистете ги од семесто и исечете ги на кругови.
5.Оделно посолете ги сите со солта и мешаниот зачин.Значи солта и
мешаниот зачин е за сите три зеленчуци но оделно посолени.
6.Во плех за печење ставете ги половина од лентите компири поредени
подеднакво на целата површина.(слика 2-2).
7.Над компирот ставете ги лентите модар патлиџан.(слика 2-3).
8.Над модриот патлиџан ставте ги круговите пиперки.(слика 2-4).
9.Смесата од меленото месо и сосот од фантот распоредете ја
подеднакво над пиперките (слика 3-1).
10.На крај ставте го над целата површина преостанатиот компир
(слика3-2).
11.Неутралната павлака промешајте ја со 200мл вода и налејте ја над
комприте.
12.Накапете со преостанатите 3 лажици зејтин и ставте ги во претходно
загрена рерна на 200С 1 час (додека да добите златно кафеава боја).
13.Откако ќе бидат готови оставте ги малку да оладат па сервирајте по
желба.Добар апетит.

Совет-Може наместо модар патлиџан да искоритите и тиквичка тоа е по


ваша желба а се вклопува одлично и со тиквичка.Зачините се по желба
може да додадете и некој друг зачин.За сервирајте искористите и кисела
павлака одличен е вкусот...

Залучени пиперки,модар патлиџан и


тиквица
Состојки
1. 1кг пиперки(пола лут пола благ)
2. 2 модри патлиџани
3. 2 тиквици
4. зејтин за пржење,малку јаболков оцет и сол
5. 1 врзло магданос
6. 5-6 чешниња лук

Салата омилена во нашиот дом. Најчесто ја подготвувам преку викендот


ја ставам во пластичен сад во фрижидер. Ја јадеме преку недела,
одлично мезе и за ненајавени гости.
Подготовка
Модриот патлиџан и тиквицата ги лупам и ги сечам на кришки. Во
загренато масло се пржат од двете страни. Пиперките ги ставаме во тава
обложена со хартија и печеме на 200 степени половина час. Откако ќе се
испечат ставете ги во кесе и покријте ги да се изладат.
Пиперките изладени се лупат и почнуваме да ги редиме во пластичен
сад. Предходно исечете го магдоносот и излупете го лукот. Во
пластичниот сад редиме пипер, посолуваме ставаме магданос и лук
закиселуваме, редиме модар патлиџан, посолуваме, ставаме лук и
закиселуваме. На крај ставаме тиквички посолуваме ставаме лук и
закиселуваме. Не додаваме зејтин затоа што е доволен оној кој го
впиваат тиквичките и модриот патлиџан додека се пржат.
Добар апетит!!!

2018

Лотки од модар патлиџан


Состојки
1. 2 модри патлиџани
2. 1 тиквичка
3. 2 пиперки
4. 2 домати
5. 100 гр сирење
6. 1 јајце
7. 50 гр презла

По неколку години повторно се враќам на оваа прекрасна страна и тоа со


многу лесен, но вкусен рецепт.

Најпрво модрите патлиџани ги сечеме на половина. Од секој половина го


вадиме средишниот дел кој го сечеме на ситни коцки.
Празните половинки ги ставаме во плех на хартија за печење. Ги
полниме со смеса од сечкани модри патлиџани, сечкан домат, сечкана
лута или блага пиперка, сечкана тиквичка.
Печеме на 180 степени 20 минути.
Правиме смеса од 1 матено јајце, сирење и презла и ги полеваме
половинкте модар патлиџан. Печеме уште 10тина минути.

Лесно и вкусно.

Полнет модар патлиџан


Состојки
1. 5-6 модри патлиџани поголемки
2. 4-5 главици кромид
3. 1 чаша сецкани или толчени ореви
4. 200 гр. нарендана шунка или содржината од домашни колбаси
5. 2 рендани моркова
6. 4-5лажици масло
7. на вкус сув зеленчук, магдонос, бибер, сол
8. Бешамеп
9. 2 лажици брашно
10. 3-4 лажици масло
11. 400 мл. млеко
12. 2 јајца

- Исечете ги модрите патлиџани на половина, издлабете ги, посолете и


оставете да се цедат.
- Додека се цедат патлиџаните, изрендајте го кромидот и морковот,
ставете да се пржи. Кога веќе се запржило, додадете ја средината од
патлиџанот која сте ја извадиле. Нека се пржи, при крај додадете ја
смесата од домашните колбаси или ситно сецкана шунка. Нека се
изпржи, тргнете настрана, зачинете, додајте го магдоносот.
- Измијте ги модрите патлиџани, потсушете со салфета и полнети ги со
смесата. Наредете во намастено тавче. Ставете да се печи. Лесно ке
забележите кога е печено. Извадете го тавчето за кратко - со лажица
ставете од оладениот бешамел или едноставно залијте, вратете во
рерната да се потпечи.
Бешамел
- Нека се загрее маслото и ставете го брашното да се пржи стално
промешувајки го за да не потемни. Доддете млекото и нека вари се до
згуснување. Тргнете настрана да се потполно олади. Кога е оладено - во
него додавате добро сматените јајца. Измешајте.
Напомена,
- Немав кашкавал и така произволно ставив пармезан. ова што е
напишано е оригиналог од рецептот, ама јас нема да сум - ЈАС - ако не
сменам нешто, па затоа многу сакам кога ставам кашкавал и за кратко
вратам во рерната додека кашкавалот се стопи.
- Полнев со домашни пилешки колбаси спремани со сецкан стек. Доколку
полните и вие со домашни колбаси, тогаш внимавајте на зачинките и
солта, да не стане пресолено - затоа едноставно пробајте.
Нека ви е слатко, подеднакво вкусно и топло и ладно.

Намаз од модар патлиџан


Состојки
1. 2 поголеми модри патлиџани
2. 450 гр изварка/урда
3. 2-3 лажици мајонез
4. 1 лажиче сенф
5. 4 лажици кисела павлака
6. 100 гр мелени ореви
7. 2 лажички буковец
8. 2-3 чешниња толчен лук или лук во прав
9. малку црн бибер и сол по потреба
10. околу 70 мл загреано масло

Патлиџаните испечете ги, оставете малку да подоладат и излупете ги.


Потоа се се работи во сецко. Почнувајќи од патлиџаните, па сите
состојки по ред.
Во зависност од тоа колку е солена урдата се додава сол по потреба, а
бибер по вкус.
Секако дека и состојките можат да варираат во зависност едни од
други... на пример, урдата ако е поводеста, можи да се зголемат
мелените ореви и слично. Во ист контекст се додава на самиот крај и
маслото. Маслото го прави намазот да ја добие таа убава кремаста
структура. Модрите патлиџани знаат убаво да го впијат, па додавајте
постапно и пробувајте додека ве задоволи вкусот и кремастиот изглед.

Соодносот на состојките можи лесно да се прилагодува спрема вкусот на


конзументите, одземајќи и додавајќи на грамажата.

Намаз од модар патлиџан и кикирики


Состојки
1. 2,5 кг модар патлиџан
2. 250 мл масло
3. 200гр мелени пржени кикирики
4. 1кесичка сенф
5. 4-5 чешниња лук
6. 10 црвени пиперки(1кг)

Модрите патлиџани се мијат и се печат во рерна заедно со пиперките. Во


поголем плех се редат и се печат во загреана рерна околу 30 минути. Од
како ќе се испечат се лупат и се мелат на машина за мелење месо.
Во поголем лонец се налева зејтинот и се додаваат доматите и
пиперките. Кон нив се додаваат и мелените кикирики. Најдобро е да се
сомелат во машинче за мелење ореви или блендер за да бидат ситно
мелени.Смесата се пржи околу 1 час на умерена температура и пред крај
се додава лукчето изгмечено и сенфот. Се посолува по вкус и се собира
во врели теглички или се остава да се излади и се собира во кутии па во
фрижидер.
Намазот има многу интересен вкус. Јас благодарение на Делимано го
подготвив овој рецепт во Гурметот и сум презадоволна. Намазот одлично
оди во секоја комбинација самостојно со сиренце за појадок, како прилог
со печење, како дополнителен сос за тестенини....

Лути пиперки (феферонки) во тегла


(зимница)
Состојки

1. 200мл бел оцет


2. 200мл вода
3. 1кг феферонки

Феферонките измијте ги и извадете им ги рачките.


Јас не ги вадам, само им ги кратам.
Наредете ги во тегли исправени, полијте ги со пресолта која ја
приготвувате на следниот начин.
Водата, оцетот, солта и биберот ги ставаме на оган да зовријат.
Веднаш тргаме на страна и чекаме да излади.
Така ладна ја дополнуваме во теглите со пиперчињата.
Затвараме убаво и редиме на сталажите за зимница.
Овие пиперчиња се омилени на моите дома, па не можеме да ја
замислиме зимата без нив.
Одличен додаток на питите пастрмајлии и на секое домашно месенко.
На здравје!

Лепче со крцкава коричка


Состојки
1. 600 гр брашно
2. 1 свеж квасец
3. 430 мл топла вода
4. 2 лажички шеќер
5. 2 лажички сол
6. 3 лажици масло

Во вангла ставете го брашното и во средината направете мала дупка во


која ќе го изроните квасецот, ставете го шеќерот и малку вода. Оставете
го така да скисни квасецот. Потоа додајте сол и постепено додавајќи
вода измесете меко тесто. (десетина минути месете, да се појават
меурчиња) Оставете го тестото на топло да се дуплира.
Потоа поделете го на 7 топчиња, користејќи плус брашно. Наредете ги
топчињата во тепсијата во која ќе гопечете лебот, на средината едно, а
другите 6 одоколу.  Оставете ги и нив да се одморат половина час. За
тоа време загрејте ја рерната на 220 степени. Кога ќе биде загреана
ставете го лебот да се пече, а во исто време истурете на дното од
рерната едно ракиено чаше вода и одма затворете ја рерната, пареата
да остане внатре. Ќе се добие крцкава коричка. Печете дваесетина
минути.

Мафини со боровинки и крцкава кора


Состојки
1. 125г путер
2. За крцкава кора
3. 65г брашно
4. 40г кафеав шеќер
5. 1/2 лажичка цимет
6. 3-4 лажици стопен путер
7. 250г брашно
8. 2 лажички пециво
9. Прстофат сол
10. 200г шеќер
11. 2 големи јајца
12. 115мл млеко
13. 1 лажичка ванила
14. 300г тазе или замрзнати боровинки
15. две лажици брашно

Пригответе ги состојките по следниот редослед и ќе биде се' лесно,


перфектно и превкусно
*Извадете две јајца од фрижидер сега, треба да бидат на собна
температура за после*
*загрејте ја рерната на 205°С*
Кафеав Путер
》125г путер
Ставете го путерот во мало длабоко тавче на средно висок оган. Овој
чекор е најбитен бидекји намногу вкус дава, но многу брзо може да се
утне. Промешувајте често со жица. Ќе почне путерот да си прави
балончиња. Како што мешате, константно веќе, ќе забележите како
менува боја путерот. Од како ќе смени боја, продолжете со мешање и
кога ќе почувствувате неверојатен јаткаст мирис. Тргнете го путерот од
рингла. Веднаш префрлете го во мал длабок сад за да се прекине
процесот и да почне да се лади. Ќе ни треба после за смесата.
За крцкавата кора:
》65г брашно
》40г кафеав шеќер
》пола лажичка цимет
》3-4 лажици стопен путер
Ставете ги сите суви состојки во мал длабок сад, промешајте, па
додадете го путерот. Со виљушка ќе ја измешате смесата да се соедини
потоа со прсти ќе си помогнете да направите грутки. Покријте ја смесата
и ставете ја во фрижидер да се зацврсне дури не сте спремни за печење.
Сувите Состојки
》250г брашно
》2 лажички пециво
》Прстофат сол
Измешајте ги во длабок сад
Мокрите Состојки
》кафеавиот путер (125г)
》200г шеќер
》2 големи јајца, на собна температура (ако не се, ставете ги под жешка
вода малце)
》115мл млеко
》1 лажичка ванила
Оладениот кафеав путер ставете го во длабок сад, додадете го шеќерот
и почнете да мешате со миксер. Кога ќе се соединат, додадете ги јајцата,
едно по едно. Следно додадете млеко и ванила. Кога е убаво измешана
смесата, земете дрвена лажица и постепено додавајте ја сувата смеса.
Подгответе ги боровинките како што пишува на следниот чекор и нежно
промешајте.
Боровинките
》300г тазе или замрзнати боровинки (јас користев замрзнати)
》две лажици брашно
Во длабок сад измешајте ги боровинките со брашното (брашното помага
да не паднат боровинките до доле)
Додадете ги во смесата на крај. (Бидекји се замрзнати, смесата ќе
изгледа виолетова, но не се секирајте, после печење бојата скроз
избледува).
Во плех за 12 големи мафини подготвена со корпички, поделете ја
смесата и наполнете ги калапите до горе. Сега извадете ја смесата што
ви стој во фрижидер и наросете ги мафините со грутките. (Може ќе ви
остане вишок смеса но таман зачувајте за втора тура)
Се печат одприлика 25 минути, но проверувајте ги од кај 23 минути.
*никогаш не ја отварајте рерната во првите 10 до 15 минути бидекји ќе
паднат мафините)
Извадете и уживајте
Ве чекам да ги пробате и да кажете дали сте пробале поубав мафин. 

Мафини со слатко од боровинки (посно)


Состојки
1. 2 чаши брашно
2. 1 чаша шеќер
3. 1 лажичка сода бикарбона
4. 1 чаша вода
5. 1/2 чаша масло
6. 1 ванилин шеќер
7. 1/2 лажичка рогач
8. 3 лажици слатко од боровинки

Мафини кои се лесни и вкусни, погодни за заблажување во посни


денови.

Подготовка
1. Ги мериме состојките, ги соединуваме со лажица во еден сад.
2. Ги редиме хартиените корпи за мафини во калапите за мафини.
3. Секое го полниме 3/4 од висината. Ги печеме на 200 степени.
4. Откако ќе се испечат можете да ги посипете со шеќер во прав.

Забелешка
Чашата е од 250 мл.Можете да си ставите и друг вид на мармалад или
слатко, ако немате вакво. Ги печев околу 15 минути во рерна со вклучен
вентилатор. Пробајте со чепкалка дали се готови. Во некои од нив за да
бидат посочни и побогати додавав и по една лажичка дополнително во
средината од слаткото од боровинки, пред печење.

Мафини со боровинки со прелив од путер


и цимет
Состојки

1. 1 1/2 шоља (190 гр) сенаменско брашно


2. 3/4 шоља (150 гр) шеќер
3. 1/4 лажичка сол
4. 2 лажички прашок за пециво
5. 1/3 шоља (80 мл) масло
6. 1 јајце
7. 1 кесичка ванилин шеќер
8. 1/3 шоља (80 мл) млеко
9. 1 шоља (150 гр) боровинки
10. За посипување
11. 1/2 шоља (100 гр) шеќер
12. 1/3 шоља (40 гр) брашно
13. 1/4 шиља (55 гр) ладен путер
14. 1 1/2 лажичка цимет

Загрејте ја рерната на 190 Ц.


Во отворите на калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
Во еден сад измешајте ги брашното, двете врсти шеќер, солта и
прашокот за пециво. Во мал сад разматете ги млекото со јајцето и
маслото и додајте ги во сувите состојки. Измешајте со жица, сосема
лесно, само да се навлажни смесата, додајте ги боровинките и
промешајте. Долгото мешање на смесата за мафини ќе ги направи густи
по структура. За ровки мафини, мешајте што е можно помалку.
Распоредете ја смесата во калапчината, полнејки ги скоро до горе.
За посипот измешајте ги во мал сад брашното, шеќерот и циметот. Со
прсти втријте го ладниот путер, па ронливата смеса распоредете ја врз
мафините.
Печете ги 20 - 25 мин. или додека не добијат убава боја,  а површината
не стане еластична на допир.

Путер колач со боровинки и локум


Состојки
1. 150 гр путер
2. 150 гр шеќер
3. 10 гр ванилин шеќер
4. 3 Jајца
5. 1 банана
6. сок од 1/2 лимон
7. 250 гр брашно
8. 12 гр пециво
9. прстофат сол
10. кора од лимон
11. 100 гр локум Дониа
12. 200 гр боровинки

Слаткотијава плени со вкус, боровинки со локум и доза на лимон во


колачов, навистина добра и вкусна комбинација.
Јас ги сакам колачите со овошја, ама дома баш и не ги сакаат, т.е. имаат
повремен отпор кон нив.
Имавме „ситуација“ со колачов. Имено, најмалиот син кога го виде баш
бурно реагираше со изјавите дека „,само за мене сум си правела.. еве
пак со овие боровинкиве... да престанам да правам со овошје...“итн. Исто
и малечката моја, нема шанси да проба, особено ако овошјето се гледа...
Арно ама некако се убедивме да се проба колачов... Малиот од желба да
касне нешто благо, а малата ја убедив дека ќе и дадам парче без
боровинки на него. Е сега кога го пробаа...ама само кога го пробааа...се
поништи секој муабет за овошните колачи и неколку парчиња отидоа за
час, во сласт беа изедени....
И падна договор, да не се коментира пред да се проба. Се надевам дека
ќе го почитуваат =)
И на гостинката од последната дополнителна фотка и се допадна
рецептот=)

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 170 степени да се загрее. Тавчето го
намрсуваме со путер и го набрашнуваме.
2. Бананата заедно со сокот од лимон ја пасираме во Нутрибулет.
3. Путерот кој ни бил на собна температура го матиме 2-3 минути, па
постепено му ги додаваме шеќерите (јас веднаш со шеќери го матев).
4. Матиме и потоа додаваме едно по едно јајце. Значи матиме со јајце,
па додаваме следно, пак матиме итн.
5. Ја додаваме бананата, па постепено ги додаваме соединетите пециво
и брашно.
6. На крај од матењето го додаваме сечканиот локум и лимон кората.
Соединуваме и целата смеса ја ставаме во подмачканото тавче.
7. Ги распоредуваме боровинките и нежно ги притискаме да влезат во
смесата.
8. Печеме до поцрвенување околу 20 минути, а пробуваме со чепкалка
дали колачот ни е готов.

Забелешка
Чепкалката треба да ни е сува кога ќе излезе, ако е печен колачот, со
што треба да внимаваме да не ја забодеме во локум, па да мислиме
дека не ни е печено тестото.
Лимон колач со локум (без јајца)
Состојки
1. 400 гр кисело млеко
2. 1 полно лажиче сода бикарбона
3. 1,5 чаша шеќер
4. 1,5 чаша масло
5. 1 лажица ванила екстракт или 1 пак ванилин шеќер
6. 1 лимон рендана кора
7. 1 пакетче лимон шеќер
8. 150 гр локум Дониа со вкус на лимон
9. по желба ореви, суво грозје

Се раствора, меша содата и шеќерот во киселото млеко.


Постепено се додава маслото и брашното и на крај лимоновата кора,
шеќер и ванилата.

Смесата се истура во намастен и набрашнет калап (26) и одогора се


реди со ситно сечканиот локум извалкан во брашно. Низ локумот можат
да се додадат и ситно сечкани ореви, суво грозје, а како јас немав при
рака ставив чоколадни трошки.

Се печи на 180С додека се оддели од страниците. Околу половина час.

Оладен, се сервира посипан со шеќер во прав одозгора.

Имам едни периоди хаотични во кујна (добро, не се само во кујна хаха).


Така овде колачот мина со една лажица масло наместо чаша и пол.
Мислев дека нема да го биди баш...Верувајте, од цела палета благо
најфален беше. Сакав да кажам, ете можело и така, а и вака како налага
рецептот да го приготвите.

Колач со локум, јаболка и брусница (посно)


Состојки
1. 300 гр шеќер
2. 250 мл масло
3. 400 гр јаболка
4. 2 ванилин шеќери
5. 150 гр локум Дониа
6. 50 гр брусница
7. кора од 1 лимон
8. 2 лажици мед
9. 12 гр пециво
10. 350 гр брашно
11. 50 гр мелени бадеми

Ова е еден брзински подготвен колач кој е сладок, сочен и особено


вкусен, што се гледа и по состојките што ги содржи. Подготовка 1.
Јаболката ги лупиме и рендаме. Ги соединуваме со шеќерите и маслото.
2. Рендаме кора од лимон, ги додаваме сечканиот локум и брусница,
промешуваме. 3. Пецивото го соединуваме со брашното и мелените
бадеми и ги додаваме кон влажната смеса. 4. Промешуваме со лажица и
целата смеса ја распоредуваме на намрсено и набрашнето тавче. 5.
Печеме на 180-200 степени додека да ни поцрвени или пробуваме со
чепкалка дали ни е готов колачот(треба да е сува). 6. Го ладиме и потоа
го сечеме.

Куглоф со ореви, локум и брусница


(посно)
Состојки
1. 50 гр брусница
2. 50 гр локум
3. 50 гр ореви
4. 100 гр бадеми
5. 1 лажичка сода бикарбона
6. 250 гр брашно
7. 250 гр шеќер
8. 250 мл оризово млеко
9. 200 мл масло
10. кора од 1 портокал
11. За премачкување
12. 2-3 лажици мармалад од кајсии
13. За посип
14. крокант од лешници

Ех, колку ми се услади колачов! Морав да го споделам со вас!


Колачот/куглофот е вкусен, сочен, а воедно и крцкав.
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 180 степени.
2. Ги мелеме бадемите и ги ставаме во еден сад.
3. Овде додаваме брусница, несечкани ореви, сечкан локум, брашно и
сода бикарбона.
Ги промешуваме сувите состојки па ги додаваме влажните.
4. Додаваме масло, шеќер и оризовото млеко.
5. Промешуваме и на крајот ја ставаме ренданата кора од портокал.
6. Калапот за куглоф го намрсуваме и набрашнуваме, па ја
распоредуваме смесата.
7. Печеме во загреана рерна на 180 степени.

Забелешка

За да не ви се залепат парченцата локум, сите на едно место,потребно е


кога ќе ги соедините сувите состојки, да проверите дали секое парченце
е набрашнето. Или пак пред да ги промешате сите суви состојки, локумот
извалкајте го во брашно. Бидејќи рерната ми беше зафатена, смесата ја
оставив околу ½ час да стои пред да се пече. Пробуваме со чепкалка
дали е готов колачот, ако е сува чепкалката колачот е печен.

Куглоф со тиква, портокал и ореви (посно,


без миксер)
Состојки
1. 400 гр брашно
2. 1/2 прашок за пециво
3. 1/2 лажичка сода бикарбона
4. рендана кора од 1/2 портокал
5. 100 гр сечкани ореви
6. 100 гр рендана тиква
7. 200 гр шеќер
8. 2 ванилин шеќери
9. 200 мл вода
10. 100 мл масло
11. сок од 1/2 портокал
12. 5 лажици мармалад од кајсии
13. За декорација
14. портокал, мелени ореви, шеќер во прав или по желба и вкус

Подготовка
1. Брашното, пецивото, сода бикарбоната ги соединуваме.
2. Во сувите состојки ги додаваме оревите, ренданата кора од портокал и
ренданата тиква, промешуваме.
3. Маслото, водата, шеќерите, мармаладот и сокот од портокал ги
соединуваме посебно во друг сад.
4. Влажните состојки ги додаваме кон сувите, промешуваме и смесата ни
е подготвена за печење.
5. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф (или друга тава за печење),
може и на хартија за печење, ја распоредуваме смесата.
6. Печеме на 200 степени околу 40 минути.

Го декорираме по желба и најдобро е да излади за да го служиме.


На здравје!

Забелешка
Можете да си ставите мармалад по желба.

Портокал коцки со кокос (посно, без


миксер)
Состојки
1. 200 гр шеќер
2. 100 мл масло
3. 350 мл сок од портокал
4. 1 ванила
5. 100гр кокос
6. 300 гр брашно
7. 1 пециво
8. прелив
9. 300мл сок од портокал
10. 5-6 лажици шеќер
11. За премаз
12. 200 гр мармалад од кајсии или портокал
13. 100 гр кокос

Во сад ставете го шеќерот и маслото, промешајте и додајте ја ванилата


и сокот од портокал.
На страна помешајте брашно и пециво, полека преку цедалка пресејте ги
во садот.
Додајте го и кокосот.
Промешајте убаво и така приготвената смеса префрлете ја во сад за
печење.
Плехот треба да е претходно премачкан со маргарин.
Печете во загреана рерна околу 30 минути на 180 степени.
Кога е печен колачот оставете да излади, а потоа прелејте го со сируп
кој го приготвите на следниот начин.
Во касерола на оган ставете 300 мл.сок од портокал,а потоа помешајте
го со 5 до 6 лажици шеќер.
Оставете нека повари 5 до 6 минути и кога ќе бидат двете смеси ладни,
прелијте го колачот.
Површината премачкајтеја со мармалад од кајсии, а потоа наросете
кокос.
Оставете нека излади и сечете на коцки.
Нека ви е на здравје со овој преубав оранж колач.

Морков торта со мусли и портокал (посно,


без миксер)
Состојки

1. 250 гр моркови
2. 100 гр Натура мусли со тропско овошје
3. 300 гр брашно
4. 200 гр шеќер
5. 1/2 лажичка цимет
6. 1 пециво
7. 1 ванилин шеќер
8. 150 мл цеден сок од портокал
9. 100 мл вода
10. 250 мл масло
11. кора од портокал
12. За фил
13. 1 лупен портокал
14. 100 гр моркови
15. 2 пудинга од ванила
16. кора од 1 портокал
17. 6 лажици кафеав шеќер Натура
18. 500 мл вода
19. 1 лажичка ванила екстракт

Вреди да се проба оваа посна и особено вкусна торта.

Подготовка
1. Морковите ги сечкаме и заедно со сокот од портокал ги ставаме во
блендер/Нутрибулет да се сомелат до каша.
2. Ги мелеме и муслите во Нутрибулет па сите суви состојки ги ставаме во
еден сад.
3. Ги додаваме течните состојки, мелениот морков и соединуваме со
лажица.
4. Во намрсено и набрашнето тавче бр.26 ја распоредуваме смесата.
5. Ја печеме на 180 степени околу 25 минути.
6. Откако ќе се испече, ја ладиме, па ја филуваме со топол фил.

За подготовка на филот
1. Лупиме еден цел портокал и заедно со морковот го блендираме.
2. Во дел од водата раствораме пудинг и кафеав шеќер.
3. Остатокот вода заедно со кората и блендираната смеса од портокал и
морков во тенџере да почне да врие.
4. Го додаваме растворениот прашок за пудинг и мешаме до згуснување.
5. Додаваме ванила екстракт и го оставаме филот да се подизлади, па со
него ја премачкуваме тортата.
Декорираме со рендано посно чоколадо или по желба.

Колач со мармалад и ореви (посно) (без


миксер) moze ova dobro
Состојки
1. 2 филџана( од 120мл)масло
2. 4 лажици мармалад
3. 2 филџана ореви
4. 1 пециво
5. 5 филџана брашно
6. 4 филџана шеќер
7. 5 филџана млака вода
8. 2 филџана гриз
9. 1 рендана јаболка
10. 1/2 лимон(сок)
Во млака вода се раствара шеќерот, се додава маслото, лимонот, џемот
и се додаваат сите суви состојки брашното, гриз, пециво, јаболкото и на
крај оревите. Се меша со лажица и се сипува во подмачкано тавче бр. 30
посолено со брашно.
Се остава да отстои 1 час и потоа се пече на 150 степени околу 45 мин.
Кога колачот ќе ни се испече го наросуваме со шеќер во прав.
Добар апетит!!!

Брз колач со мармалад од кајсии и какао


(без јајца, без миксер)
Состојки
1. 3-4 лажици мармалад од кајсии
2. 150 гр шеќер
3. 150 мл масло
4. 200 гр брашно
5. 2 ванилин шеќери
6. 1 лажичка пециво
7. 1 лажичка сода бикарбона
8. 50 гр какао
9. 200 мл јогурт
10. 50 мл млеко
11. За посип
12. 50 гр бело чоколадо
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
2. Шеќерот, ванилите, маслото и мармаладот ги соединуваме со лажица.
3. Ги додаваме јогуртот и млекото. Мешаме за да се подрастопи
шеќерот.
4. Ги содинуваме сувите состојки (брашно, какао, пециво, сода
бикарбона) и ги додаваме кон влажните. Промешуваме со лажица да се
соедини смесата.
5. Калапот во кој ќе го печеме колачот го намрсуваме и набрашнуваме.
Ја истураме смесата, и рендаме бело чоколадо врз него.
6. Печеме на 180 степени околу 40 минути.
7. За да видиме дали е печен најдобро е со дрвена чепкалка, ако е сува
кога ќе ја извадиме од колачот, значи печен е.
8. Го ладиме и сервираме.

Забелешка
Јас го подготвив со 150 гр шеќер, ама сметам дека не беше баш благ, за
да ме засити со едно парче. Затоа мој предлог е да си ја зголемите
дозата на шеќер барем за 50 грама. А кој не сака многу благи колачи,
горенапишаната доза е таман. И да ви кажам на сите што го пробаа им
се допадна.

Банана колач со аронија и ореви (посно,


без миксер)
Состојки
1. 300 гр банани
2. 300 гр брашно
3. 200 гр кафеав шеќер
4. 2 ванилин шеќер
5. 100 гр сечкани ореви
6. 1 прашок за пециво
7. 1 лажичка цимет
8. 1 лажичка ситен шеќер со портокал и ѓумбир
9. Прстофат сол
10. 150 мл масло
11. 100 мл вода

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
2. Бананите ги блендираме.
3. Во еден сад ги ставаме брашното и пецивото, соединуваме.
4. Потоа ги доставаме сите останати состојки шеќерите, зачините,
оревите.
5. Промешуваме па ги додаваме маслото, бананите и водата.
Соединуваме со мешање, и откако ќе се направи една средно густа
смеса додаваме 100 гр аронија. Нежно со мешање ја соединуваме.
6. Во намрсено и набрашнето тавче ја распоредуваме смесата и врз неа
ги додаваме остатокот од аронијата и наросуваме кафеав шеќер.
7. Печеме околу 25-30 минути.

Забелешка
Бананите излупени треба да ни бидат со оваа грамажа.
Користев од ситниот шеќер со ѓумбир во прав и портокал, ама како
замена можете да си ставите рендана кора од портокал и 1/4 лажичка
ѓумбир во прав.
Во колачот ставив смрзната аронија.
Дали е печен колачот проверуваме со чепкалка, ако е сува печен ни е
колачот.

Пита со јаболка, ореви и мусли (посно, без


месење, без миксер)
Состојки
1. 135 гр мусли натура
2. 100 гр брашно
3. 100 гр шеќер
4. 1 ванила
5. 100 мл маргарин
6. За фил
7. 200 гр ореви
8. 5 јаболка
9. 100 гр шеќер

Овој колач е сув, а многу вкусен.


Муслите, брашното и шеќерот измешајте ги заедно. Изрендајте маргарин
и измешајте ја смесата. Смесата ќе биде сува. Поделете ја на три дела.
Јаболката изрендајте ги, додајте шеќер и ванила.
Оревите изблендирајте ги.
Во формата за печење ставете смеса од тесто, врз него ореви, врз
оревите јаболка. Ставете втор дел од смесата, пак ставете ореви и
јаболка и на крај покријте со третиот дел од смесата. Одозгора
изрендајте маргарин.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!

Куглоф со газиран сок (посно)


(без миксер)
Состојки
1. 3 чаши брашно
2. 1 чаша шеќер
3. 3 лажици масло
4. 1 кесе цимет
5. 1/2 лажиче сода бикарбона
6. 1 пециво
7. 2-3лажици мармалад по вкус
8. 2 чаши газиран сок( пепси, синалко кола)
9. 40гр сецкано чоколадо
10. 50гр сецкани аранчини-портокал
11. 50гр сецкани смокви суви

50гр сецкан орев


Користена е чаша од 240мл.
Едноставен, ароматичен куглоф.
Потребни се само 10 минути, за да се подготви.
Сите состојки се ставаат во вангличка и лесно се промешуваат да се
соединат.
Смесата се истура во куглоф и се печи околу 40 минути на 180 степени.
Се лади, па се сече на парчиња.

bомбици со локум од Дониа (посно)


Состојки
1. 250 гр урми (суви, без семки)
2. 200 гр лешници (потпечени, сечкани)
3. 100 гр суво грозје
4. 100 гр локум Дониа

Малку состојки ама толку вкусови и слатки бомбици ... што да кажам.
- Лешниците (јас имав сурови), ги потпекуваме во тавче, ги ладиме и со
протривање им ги отстрануваме лушпите онолку колку што може. Потоа
ги сечкаме во сечко, ги ставаме во подлабок сад.
- Сувите урми ги сечкаме на поситно, ги ставаме во садот.
- Сувото грозје го сечкаме ситно или го блендираме во сечко.
- Потоа со локумот замесуваме се заедно, но ќе ни треба малку повеќе
сила додека да се замеси сето убаво. Се формираат бомбици со средна
големина, јас направив 22 бомбици.

Забелешка
Локумов на Дониа со својот освежително лимонест вкус им даде
прекрасен шмек на бомбиците,
Наместо лешници може да ставите ореви.
Бидејќи бомбиците ми беа лични вака, не ги извалкав во мелен лешник
или орев, тоа нека биде по избор.
Екстра посни слатки, енергетски бомби, супер и за имендени.
Парен колач со јаболка (посно)
Состојки
1. 4 јаболки
2. 15 лажици вода
3. 15 лажици шеќер
4. 15 лажици гриз
5. 15 лажици брашно
6. 1 лажичка пециво
7. 1 ванилин шеќер
8. За шербет
9. 500 гр шеќер
10. 500 мл вода
11. 1-2 лажици сок од лимон

Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и рендаме.
2. Сувите состојки ги ставаме во еден сад и ги промешуваме да се
соединат.
3. Кон нив ги додаваме јаболката и водата. Промешуваме и смесата ја
ставаме во намрсено и набрашнето тавче.
4. Печеме на 200 степени па го оставаме да излади. Го сечеме на коцки
по желба.
5. Шеќерот и водата ги соединуваме и ги ставаме на рингла, да зовријат.
Кога ќе почнат да се прават ситни меурчиња при варењето(околу 5
минути) го ставаме сокот од лимон и го тргаме шербетот. Со него ја
полеваме тортата.
Забелешка
Доколку сте љубител на какао можете да ставите една лажица во
смесата. Тортата треба да биде изладена, а шербетот жежок.

Мафини со боровинки и црно чија семе


Состојки
1. 3 јајца
2. 1 пециво
3. 150мл. млако млеко
4. 50мл. масло
5. 200гр. брашно
6. 150гр. шекер
7. боровинки по вкус
8. чија семе по вкус

Чија семето денес зема се поголема популарност и на нашето поднебје.


Многу е добро за организмот бидејки содржи висок процент на
магнезиум,одлично е за спортисти и на организмот му дава голема
ситост затоа ги користат и за диети.
За мафините најпрво ги биеме јајцата заедно со шеќерот и го додаваме
млекото,маслото и потоа брашното заедно со пецивото.На крај
додаваме и од чија семето.Сместа ја ставаме во калапите и потоа
ставме и боровинки.Печеме на 190 степени околу 20 минути.Кога ќе се
изладат наросуваме шеќер во прав.
2014

Брз бурек за доручек


Состојки
1. 250 гр готови кори( 10 кори)
2. 100 гр сецкана шунка
3. 100 гр сецкан кашкавал
4. кечап, оригано
5. прелив за корите
6. 80 мл масло
7. 60 мл вода
8. 1 лажиче брашно
9. 1/2 лажиче сол
10. 1/4 лажиче пециво

Кој си има силиконски калапи си прави експерименти.


Еве еден предлог за брз доручек.
Оваа доза е за доручек за 2 особи.
Ако спремате доручек за 4 особи, дуплирајте ги состојките.
Пожелно е да се користат тенки кори ( во 500 гр да има 20 кори)
Појадок имате само за 5 минути спремање и 20 минути печење.

Најпрво во еден сад на оган ставете ги маслото, водата да провријаат


само 1 минута.
Тргнете го од оган па додадете брашно, сол, пециво.
Сега се зема една кора и се обложува дното на силиконскиот калап.
Краевите треба да висат надвор.
Малку се попрскува со кашичката. Се става втора кора.
Врз неа изгужвано се ставаат 3 кори.
Се става шунка, кашкавал, кечап, оригано.
Се попрскува со кашичката.
Постапката се повторува уште еднаш.
На крај се збираат краевите на првата кора навнатре, се прелива со
остатокот од кашичката и се печи.
Испечениот бурек се превртува и се сечи.
Со јогурт одличен доручек.

Лиснати стапчиња
Состојки
1. тесто
2. 950гр. брашно+50-100гр.за формирање
3. 450-500мл. млака вода
4. 1 лажичка сол
5. 100мл. масло
6. за премачкување
7. 1 лажичка зејтин
8. 1/2 лажичка црвен пипер
9. 1 јајце
10. 200гр. рендан кашкавал
11. за премачкување 250гр.(путер,с.маст или маргарин)

Неизоставен дел на сите наши семејни прослави овој пат е матурата на


мојата ќерка Викторија преубав повод за подготовка на пециво кое ни е
едно од омиленото.Подготовката може ви е малку по сложена но
крајниот резултат е убаво крцкаво зачинето пециво а рецептот иде
вака...
Подготовка.
Во пластичен сад го просејуваме брашното ја додаваме солта и маслото
и замесуваме средно меко тесто кое треба убаво да се изработи т.е да
се меси константно пет мин.додека не се добие убаво мазно
тесто,оставете го да се одмори покриено петнаесет минути.

На набрашнета работна маса развлекуваме кора. Со путерот ја


премачкуваме кората ја диплиме и го оставаме тестото 30 мин. во
фрижидер. Целата постапка повторете ја три пати.
Тестото го развлекуваме во кора со дебелина околу еден прст, сечеме
тенки ленти кои ги премачкуваме со изматеното јајце со црвен пипер и
лажичката масло, рендаме кашкавал на најситната страна од
рендето.Секоја лента ја виткаме во спирали и ги редиме во голем плех
со големина на рерната.
Печеме на 200 степени околу триесет минути.

Забелешка.
Искористете го целото тесто сечете форми по ваша желба.Лиснатите
стапчиња можат испечени да се замрзнат и да се извадат на ден на
прославата.
Добар апетит!!!

Стапчиња
Состојки
1. 250 мл млеко
2. 1лажица шеќер
3. 1 лажичка сол
4. 1 лажица сув квасец
5. 1/2 пециво
6. 50 мл масло
7. 1лажица јогурт или кисело млеко
8. 350 гр брашно

Во млекото ќе го додадете шеќерот,сувиот квасец, па ќе промешате


убаво.
Потоа додајте го маслото,солта и јогуртот,па уште еднаш убаво
промешајте.
Брашното и пецивото соединете ги и додај ги во садот.
Замесете лепливо тесто.
Оставете го да стои 30минути.
После 30 минути извадете го тестотот со набрашнети раце.Поделете го
на 10 топчиња.
Оставете уште 5 минути да постојат.
Потоа наместете ја работната масаи рацете.Ставете топче и развлечете
правоаголна кора.
Полека со прстите како на сликата подолу,виткаме во тенко стапче.
Ја повторуваме постапката со сите топчиња.
Оставаме да постојат 20минути во тавата,па ги премачкуваме со четка
со вода.
Оставаме да се печат во загреана рерна.
После 10минути печење,ги вадиме од рерна и ги попрскуваме
сопретходно разматено брашно со вода.
(2 лажици брашно со 6 лажици вода )
Повторно враќаме во рерна и печеме додека не заруменат.
Откако се печени ги премачкувамесо масло од двете страни, ги оставаме
да постојат околу 10 минути покриени со крпа.
Стапчињата се меки и преубави.

Солени стапчиња
Состојки
1. За тесто
2. 1кг. брашно
3. 1 кафено лажиче сол
4. 1 кафено лажиче шеќер
5. 1 пресен квасец (40гр)
6. 1 шоља за млеко (250мл) масло
7. 1 шоља за млеко млака вода
8. За премачкување
9. 1 јајце
10. по потреба сол -крупна, пипер буковска и оригано

Сигурна сум дека овие вкусни, крцкави, декоративни стапчиња сите ги


имате вкусено и подготвено.
Ова е мојот рецепт по кој јас ги подготвувам.

Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно тесто, кое не е


лепливо за раце и убаво ќе биде измесено. (Во шољата млака вода се
раствора квасецот и се чека да се активира, а потоа се додаваат и
другите состојки. Шољата е од 250мл., но во зависност од тоа колку
брашното ќе прими, по потреба додадете уште малку топла вода.)Не се
чека тестото да го дуплира волуменот, одма се работи.
Се дели на 4 дела, од кои се прават топки и се премачкуваат нежно со
масло-за да не фатат коричка.
Од секоја топка се отвора тенка правоаголна кора , која се премачкува со
разматено јајце, се наросува со сол, пипер и оригано.
Се сечат ленти, секоја лента се превиткува на половина, така што
мачканиот дел да биде однадвор и се витка-засукува спирално.Се редат
во намрсен плех.
Се печат во загреана рерна и тоа на 200 степени, додека убаво
поруменат, некои 18 минутки.
Грицкајте и уживајте!

Солени стапчиња со кикири


Состојки
1. 900 гр. брашно
2. 1 квасец
3. 0.5 млеко
4. 150 мл. масло
5. 1 јајце
6. половина лажиче шеќер
7. 3 лажички сол
8. 1 маргарин
9. 200 до 250 гр. кикири (печени и несолени)

Прво,квасецот се става во 100мл.млеко заедно со шеќерот и малку


брашно.Се остава да нарасне.Се додава во брашното па заедно со
млакото млеко,маслото,јајцето и солта се замесува тесто.
Додека тестото се одмара,се мелат кикирите и се осолуваат по желба.
Тестото се дели на две јуфки и секоја се расукува во правоаголна
кора.Корите се премачкуваат со омекнатиот маргарин и рамномерно се
посипуваат мелените кикири.(Оставете на страна малку од
маргаринот,ќе ви послужи за премачкување).
Кората се преклопува на 3 дела,прво десната третина оди врз
средната,а потоа со левата третина се преклопува се.Така ќе добиете
еден тесен но долг правоаголник.Се сечат траки со ширина од 2 см. и
секоја трака се врти во спирала.Се редат во плех,на хартија за
печење.Се премачкуваат со преостанатиот маргарин и се остава да
одморат уште меколку минути.
Се печат на 200 степени додека убаво не заруменат.
Солени стапчиња со сусам
Состојки
1. 200гр бело брашно
2. 100гр несолена урда или рикота
3. 1/2 лажичка оцет
4. 2 лажици маслиново масло
5. 75мл млеко
6. 1 лажичка сол (или по желба)
7. 1/2 кесичка пециво
8. За премачкување
9. 3-4 лажици млеко
10. по потреба сусам

Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Ставете хартија за


печење во плехот од рерната. Во еден длабок сад ставете ги сите
состојки за тестото и со неколку зафати замесете го. Не треба долго да
се меси, штом видите дека почнува да се лепи за рацете готово е за
оформување на стапчињата.
Од тестото одвојувајте парченца со тежина од 15гр и оформете ги во
долги тенки прачки со дебелина колку еден прст. Редете ги во плехот.
Откако сите сте ги оформиле, премачкајте ги со млеко и посипете обилно
со сусам. Јас сусамот го ставам во широк сад, па стапчињата ги ставам
со премачканата страна во сусамот.
Се печат околу 20 минути во зависност од рерната. Готови се кога ќе
поруменат. Од оваа количина состојки мене ми излегоа 25 стапчиња.
Солени стапчиња (посно)
Состојки
1. 700 гр брашно
2. 100 гр интегрално брашно
3. 1 сув квасец
4. 500 мл млака вода
5. 2 лажички шеќер
6. прстофат сол
7. масло за премачкување
8. За солен прелив
9. 2 лажички сол
10. 2 полни лажици брашно

Брзо се прават, едноставни се, ќе ви се најде рецептов во моменти кога


немате лебче дома, а ако не постите одлично одат и со чаша јогурт.

Подготовка
1. Од сите состојки замесуваме тесто, кое го делиме на 20 парчиња.
Истите ги формираме како мали лепчиња - ваљачиња, ги премачкуваме
со масло и ги оставаме 10-15 минути да се одморат.
2. Потоа секое од нив го развлекуваме со големина на тавчето во кое ќе
ги печеме и го ставаме во намрсено тавче. Ги оставаме околу 10-15
минути, а за тоа време ја загреваме рерната на 250 степени.
3. Откако ќе ги ставиме да се печат го правиме преливот. Отприлика
треба да ни биде погуст од смеса за палачинки.
4. Откако малку ќе поцрвенат стапчињата ги вадиме од рерна и со
помош на лажичка го распоредуваме преливот по нив. Ги враќаме во
рерна околу 5 минути да се допечат.

Забелешка
Ако ги месите само со бело брашно би требало да ви треба помалку
вода, затоа внимавајте со нејзиното додавање, да не ви излезе премногу
меко тестото.
Ако сакате баш соленки да ви бидат ставете сол колку што сум пишала,
ама и една лажичка е доволна. Ако особено пак ви се наменети за мали
деца, тогаш задолжително намалете ја солта, една лажичка е доволна.

Спирални стапчиња
Состојки
1. Тесто
2. 700 гр брашно
3. 200 гр бело вино
4. 200 мл зејтин
5. 1лајче сол
6. 1 пециво

Се замесува тесто од сите состојки и се сука кора од 1см.Од едната


страна се става афион и се плеска со раката убаво,а од другата страна
сусам.Се сечат ленти и се вртат во спирали.Се печи во загреана рерна
на 200С-30мин.

Ѓевречиња - стапчиња
Состојки
1. 1 кг брашно
2. 500 мл млеко
3. 2 квасци (2х40гр)
4. 3 филџани масло (3х120)
5. 1 и пол лажица сол
6. 3 лаж шеќер
7. за валкање
8. 3 кесиња сусам
9. 300-400 мл млеко

Се прават околу 60 топчиња веднаш штом се замеси тестото. Се редат


убаво за да го запазите редоследот. Од кога кќе се направат сите се
почнува од првото топче, се формира ѓеврече или во мојов случај ги
правев како кифлички. Се потопува секое во млеко и потоа се валка во
сусам да се покрие целосно. Се редат во плех. Откога ќе се направат
сите се почнува да се печат пак почнувајки од првите.
Се печат на 200 степени да се заруменат.

Полнети ѓевречиња

Состојки
1. 400 гр брашно
2. 20 гр маргарин
3. 150 гр млеко
4. 1 јајце
5. 1 пак. сув квасец (7 гр)
6. 1 лажиче прашок за пециво
7. 1 лажиче сол
8. 50 мл јогурт
9. * За фил -
10. 1 белка
11. 150 гр сирење или урда
12. 50 гр кисела павлака
13. * За премачкување -
14. 1 жолчка разматена со 1 лажица масло
15. малку сусам

Загрејте го млекото со маргаринот.


Во сад за месење измешајте ги сите суви состојки.
Потоа додадете го јајцето, јогуртот и загреаното млеко.
Измесете тесто и оставете го половина час на топло да се дуплира.
За тоа време спремете го филот. Едноставно измешајте ги сите состојки
во компактна целина. Сирењето изгмечете го предходно.
Тестото поделете го на повеќе делови, во зависност од тоа колкави
сакате да ви бидат ѓевречињата.
Секој дел изучете го во правоаголник, премачкајте го со филот и
сролајте го од долгата страна. Потоа завиткајте го неколку пати како да
цедите мокри алишта и спојте ги краевите.
Премачкајте ги одозгора со жолчка изматена со 1-2 лажиче масло и
наросете ги со сусам.
Печете на 200 степени околу 15 на мин.
Ѓевречиња со лук и магдонос
Состојки
1. За тесто
2. 1 кг брашно
3. 20 гр квасец
4. 150 мл масло
5. 550-600 мл оризово млеко
6. 2 лажички шеќер
7. 3 лажички сол
8. За фил
9. 1 чешне лук
10. ½ китка магдонос
11. 1/2 лажичка сол
12. 2-3 лажици масло

Подготовка
Сите состојки за тесто ги замесуваме и треба да добиеме средно меко
тесто. Го оставаме да стаса, да се дуплира. За тоа време го
подготвуваме премазот. Лукот го толчиме заедно со солта да ни се
направи како мајонез. Магдоносот ситно го сечкаме и заедно со маслото
го промешуваме во лукот. Тестото го превртуваме на работната маса и
го расукуваме. Може и да го размесиме кратко, пред расукувањето ако
има потреба, ако е компактно не мора, само расукајте го во
правоаголник. На половината од тестото премачкуваме со филот од лук
и магдонос. Со другата половина го преклопуваме. Сечеме ленти, ги
увртуваме како бургии и формираме ѓевречиња или полжавчиња, по
желба. Ги стасуваме некои 10-15 минути и ги печеме во загреана рерна
на 220 степени со вентилатор. Откако ќе се испечат ги премачкуваме со
масло.
Забелешка
Квасецот што го користам е за 1 кг брашно, ама јас во оваа доза на
брашно ставам две пакетчиња квасец.
Ѓевречиња соленки
Состојки
1. 600 гр. брашно
2. 250 гр. маргарин (на собна температура)
3. 3 жолчки
4. 200 гр. кашкавал (крупно рендан)
5. 1 пециво
6. 1/2 лажичка сол
7. 120-150 мл. млеко
8. белка за премачкување, сусам за посолување

1. Во сад брашното се просејува, се меша со пецивото и се замесува со


сите состојки освен кашкавалот кој се става откако ќе се замеси тестото
последен.

2. Се измесува добро со рака, при што битно е маргаринот да биде на


собна температура за полесно да се соедини со состојките. По потреба
се дотура млеко зависно од брашното.

3. На работна маса со сукало (дебело) се развлекува кора од половина


прст и се вадат форми ѓевречиња со една поголема и една помала чаша,
изборот на големина е произволен.

4. Ѓевречињата се премачкуваат со белките и се посолуваат со сусам, се


печат на 180 степени околу 25 минути.

Нормално формата може да биде по желба, важно да можат да се вадат


посакуваните форми.
Брзи ѓевречиња
Состојки
1. 3 1/2 шољи интегрално брашно
2. 4 лажички сув квасец
3. 1 лажичка сол
4. 1 лажичка шеќер
5. 50 гр. маргарин(собна темература)
6. 1 шоља млака вода

Ниско калорични лебчиња


Квасецот замесете го со шеќерот, 1 лаж.брасно и малку вода и оставете
го да надојде.
Додадете ги останатите состојки и замесете мазно тесто.
Премачкајте со масло и оставете го покриено да надојде.
Рерната загрејте ја на 200 степени
Поделете го тестото на 8 дела и од секој дел направете ѓеврече.
Ставете ги во подмачкан плех, премачкајте со малку млеко и посипете со
сусам или крупна сол, афион или сув кромид по ваша желба.
Нека одморат 10 мин. па печете ги околу 25 мин или додека поруменат.
Ова е оригиналниот рецепт од книга за диети. Моите гевречиња се
спремени со бело брашно и ми беше потребно уште околу 75 мл. млака
вода.
Слатки ѓевречиња
Состојки
1. 1 квасец
2. маклу сол
3. 1 филџан шеќер
4. 1 филџан масло
5. 1 кг брашно
6. 250гр сусам

Квасецот да надојди.
Од сите состојки, освен сусамот се меси глатко тесто со млака вода.
Се остава да искисни.
Потоа тестото се дели на поситни делови, од кои се сучи кора.
Кората се сечи ко за кифлички.
Се виткаат како кифличките, само краевите не се стискаат со прсти,
бидејќи тие треба да се спојат во вид на ѓеврече.
Во сад со вода се макаат, па во друг сад со сусам.
Се редат на плех и се печат.
Добар апетит!

Тестенини во сос со брокула


Состојки
1. 350гр тестенини
2. 1парче цела брокула
3. 250-300гр сланина
4. 200-250гр. шампињони(преферирам свежи,но може и
саламурени)
5. 1/2л. неутрална павлака

Тестенините се варат во вода со малку сол. Брокулата се обарува(да не


се превари). Сецканата сланина се пропржува во Делимано вок тавата,
се додаваат печурките и се пржи додека да испари водата, па се
исклучува ринглата и се додава неутралнат павлака, малку сол и бибер,
брокулата исцепкана на покрупни парчиња и на крај исцедената
тестенина. Внимателно се промешува и се сервира.
Салата со спирални тестенини, пилешко
месо и брокула
Состојки
1. 150-200гр шарена спирална тестенина
2. вода и сол за варење
3. 150гр брокула

5. 1-2 моркови
6. 150гр бело месо
7. прелив
8. 2лажици мајонез
9. 2лажици кисела павлака
10. сок од лимон, сол, бибер, капари,
11. 2лажици маслиново масло
12. 1лажиче црвен пипер

Морковот го сецкаме на стапчиња и го обаруваме.


Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме тестенината да се вари.
Пред самиот крај на варењето ги додаваме и цветчињата брокула.
За тоа време на малку масло го запржуваме пилешкото месо, исецкано
на коцки и го зачинуваме со сол и бибер.
Во еден сад ги соединуваме сварените, исцедени тестенини со
брокулата, половина количина на обарен морков, пилешкото месо.
Соединуваме.
Сервираме во тајнир.На 4 страни на тајнирот ставаме стапчиња морков.
Во друг сад го правиме преливот, односно ги соединуваме
мајонезот,киселата павлака, сол, бибер, лимонов сок.
Овај прелив го нанесуваме врз тестенините.
Во мала касерола на тивок оган го ставаме маслиновото масло да се
загрее.
Тргаме од оган и го додаваме црвениот пипер.Оставаме да се сталожи.
Со маснотијата ја попрскуваме салатата.
Послужуваме.

Стапчиња од готови кори


Состојки
1. 1/2 кг. тенки готови кори
2. 3 јајца
3. 200 гр. урда
4. 150 гр. сирење
5. 150 мл. зејтин
6. 200 мл. кисела вода

1. Во еден сад ги мешаме јајцата,урдата и сирењето да се добие


хомогена смеса.
2. Секоја кора ја попрскуваме со една лажица зејтин и една лажица
кисела вода ја свиткуваме на пола и по целата должина ставаме од
подготвениот фил.
3. Краевите на кората малку ги свиткуваме на внатре за да не ни излезе
филот и виткаме во ролат.
4. Свитканите ролати ги редиме во подмачкана тепсија и одозгора ги
попрскуваме со кисела вода.
5. Вака спремените стапчиња ги печеме во загреана рерна на 200 Ц.
околу 20 мин.

.............Стапчињата ги служиме со кисело млеко или јогурт..............

Банички со готови кори


Состојки
1. 1/2кг. готови кори
2. ФИЛ
3. 350мл. топла вода
4. 1 квасец
5. 3 јајца
6. 150мл. масло
7. 1лажичка сол
8. 1лажичка шеќер
9. 5лажици брашно
10. 300гр. сирење

Во длабок сад ставете ја водата и квасецот со малку шеќер и оставете


да нарасне.
Додадете ги јајцата и со жица изматете.
Потоа додадете ги и останатите состојки од филот и убаво измешајте.
На секоја кора нанесете од филот и обликувајте форми по ваша желба.
Попрскаје ги со масло и печете на 180 степени додека поруменат,
Послужете ги со јогурт.

Попарени банички
Состојки
1. Тесто
2. 400гр. брашно
3. 1/8 коцка квасец
4. 1 неполна лажичка сол
5. 3лажици масло
6. прстофат шеќер
7. околу 220мл. млака вода
8. За попарување
9. 200-250мл. вода
10. 3-4 лажици масло
11. 1/2 лажичка сол
12. Уште
13. 250гр. урда

Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.


Поделете го на 5 топчиња.
Оставете ги топчињата тесто да отстојат 30 минути.
Од секое топче тесто расукајте кора, попрскајте ја со масло.
Потоа превиткајте ја од двете страни до половина.
Повторно попрскајте со масло и нанесете од урдата.
Преклопете ја и од двете бочни страни.
Со раце згужвајте ја, но не многу.
Наредете ги во плех, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат на
200 степени додека убаво заруменат.
За тоа време ставете ја водата, солта и маслото да зовријат.
Откако баничките ќе се испечат попрскајте ги со провриената вода и
вратете ги во рерна уште малку за да се впие водата.
Испечените банички покријте ги со крпа малку да оладат, а потоа
послужете ги со јогурт.
На здравје!

Банички со сирење
Состојки
1. Тесто
2. 1 кг брашно
3. 600 мл вода
4. 2 лажички сол
5. 1 лажичка шеќер
6. 500 гр сирење
7. 300 мл масло за готвење

Се замесува тестото и се разделува на 4 еднакви дела. Топчињата од


тесто се размесуваат уште 2 пати и се оставаат да одстојат околу 45
мин, во кеса на собна температура. Одкако ќе одстојат, се зема едно
топче и се става на маса на која има ставено чаршав одоздола, за да не
се лепи тестото на масата. Се расукува на тенко и се става одозгора
масло, се размачкува и се тегне тестото! Одкако убаво ќе се растегне, се
пропрскува со масло и страничните делови се преклопуваат и се
формира правоаголник. На двете страни се става од сирењето (може да
се употреби било каков фил, на пример зелка со праз и сирење, спанаќ,
блитва, по желба). На средина се пресекува тестото надолжно и со
помош на чаршавот се витка во ролат! Ролатот се пресекува на 2 дела и
се мотаат баничките! Се пече на 220 степени, околу 15-20 мин додека да
зарумени!

Пријатен апетит!

Сукани парени банички со сирење


Состојки
1. 20гр. свеж квасец
2. 1/2 лажичка сол
3. 100мл. масло
4. 700гр. брашно
5. 400мл. вода (млака)
6. фил
7. 300гр. сирење
8. за попарување
9. 300мл. вода
10. 50мл. масло
11. масло за попрскување на корите

Подготовка
Брашното со квасецот, солта и зејтинот го замесуваме со топла вода. Од
тестото формираме неколку топки, големината и бројот на топчињата
тесто зависат од површината на која ќе ги сукате.
Топчињата ги сукаме попрскуваме со неколку лажици зејтин ставаме од
дробеното сирење и ги формираме во банички. Вака подготвените
банички ги ставаме во плех. Печеме на 200степени убаво да заруменат.
Од како баничките ќе се испечат попарете ги со врелата вода и зејтинот
и повторно вратете ги во рерната да ја впијат течноста.
На здравје!!!

Банички со праз11111111
Состојки
1. потребно за тесто
2. 1 чаша( 180мл млеко
3. 1 чаша јогурт
4. 1 чаша масло
5. 1 чаша вода
6. 20 гр квасец
7. по потреба брашно + 2 лажички сол
8. за полнење
9. 2 страка праз
10. малку масло
11. по потреба сол
12. за попрскување
13. по потреба масло

Подготовка.
Водата и млекото малку стоплете ги и сипете во сад за месење додадете
го маслото, јогуртот ,квасецот и по потреба додавајте брашно да
добиете глатко мазно тесто.
Тестото поделете го на 6 -7 топчиња и оставете ги да одморат 15
минути,а потоа од секое топче псебно расукајте кора.
Кората исечете попрскајте ја со масло и исечете ја на половина
хоризонтално и вертикално.
Земете го секој дел посебно и од остриот агол, наберете ја кон почетокот
на кората, па преклопете на половина повторно малку попрскајте масло
на долниот дел ставете од филот и преклопете го со другата страна.
Редете во намрсен плек и печете во загреена релна на 250 степени.
Пред печење повторно можете да ги препрскате со масло.
Филот најобично се приготвував:
празот попржете го со масло или изберете си фил по ваш вкус.
Доколку ова доза ви е голема мерете со помала чаша.

Тегнети банички
1. Состојки
2. 1200 гр брашно
3. 800 мл вода
4. 1 лажица сол
5. 4 лажици зејтин
6. За попрскување на корите
7. 125 гр маргарин
8. 125 мл зејтин
9. Фил
10. 400 гр мелено месо
11. 1 главица кромид
12. 500 гр урда
13. 2 јајца
14. 6 млади кромидчиња

Брашното го просејуваме,ја додаваме водата,солта и зејтинот и месиме


тесто.Месиме убаво 10 минути.Тестото го делиме на 10 еднакви дела од
кои се прават 10 топчиња.Ги оставаме така 20 минути.На оган го топиме
маргаринот и кон него го додаваме зејтинот.Со оваа смеса ќе ги
попрскуваме корите.
Потоа секое топче го расукуваме во коричка со дијаметар од 10
сантиметри.Секоја кора ја ставаме во плех,во кој претходно сме ставиле
зејтин на целото дно.Кората од секоја страна треба да биде
намастена,такашто ја ставаме во плехот и врз неа ставаме по една
лажица од смесата за попрскување.Така правиме со сите кори.Се
остават вака корите 20 минути.
За тоа време ги подготвуваме филовите.Овојпат направив 3
фила.Првиот од 400 грама мелено месо запржено со 1 главица
кромид.Вториот од запржени 6 млади кромидчиња,а кога оладија им
додадов 250 грама урда.Третиот беше од 250 грама урда и разматени 2
јајца.
На чист чаршав ставаме една кора и почнуваме да ја теглиме колку
можеме во правоаголна кора.Ја сечеме по должина ,ја попрскуваме со
смесата за попрскување од зејтин и маргарин,ставаме од филот
насекаде и пак со помош на чаршафот од крајот кон средината правиме
ролат кој потоа го префрламе во намастен плех мотајќи го спирално.Од
овие кори направив 3 поголеми банични со пречник од 24 сантиметри и 6
мали банички.Една мала баничка е од половина кора.Баничките се печат
во загреана рерна на 180 до 200 степени додека да поруменат околу 20
минути.
На здравје.

Тегнети мазничиња со урда


Состојки
1. 1 кг. брашно
2. 10 лажици масло
3. сол по вкус
4. млака вода по потреба (окулу 500мл)
5. за филот
6. 500гр. урда
7. 200мл. масло

Мазничиња погодни за секоја прилика, за ручек или појадок со чаша


јогуртче, а после тоа на диета.
Најпрво брачното турете го во подлабок сад заедно со солта и постепено
додавајте ја водата. Тестото што ќе го добиете треба да биди што
помеко тоа поубаво. Од тестото направете помали или ако сакате
поголеми пупалина и убаво измесете ги и секое намрсете го(ставете
поголема количина на масло) и така намрсени покријте ги со најлонска
фолија и оставете ги околу 40 минути да се одморат. Потоа на чаршав
секое пупале тегнете го со рацете колку што можите потанко, намрсете и
ставете од урдата. Кога ќе го намрсите и филовате со помош на
чаршавот смотајте ја кората во ролна и направете мазниче. Така
правете со сите пупалина. Ставете ги во намрсен плех и печете на 180
степени околу 25 минути, не ги препекувајте не се вкусни ако се многу
печени.

Мазник
Состојки

1. 1.5 кг брашно

2. 1 лажичка сол

Во брашното додаваме 1 филџанче масло, сол и замесуваме со млака вода.


Тестото убаво се меси и се дели на 16 топчиња. Секое топче се
расплескува, од двете страни се премачкува со масло и се остава така да
постои. Од секое топче се расукуваме кора, која се попрскува со масло и
над неа се ренда сирење. Кората ја диплиме од двете страни кон
средината, а потоа ги диплиме и краевите. Се витка кората. Така се прави
со сите кори, се редат во тепсија и се печат.

Лиснати ролати со виршли


Состојки
1. 500 гр кори
2. 1 сув квасец
3. 200 мл масло
4. 100 мл млеко
5. 100 мл кисела вода
6. 5 лажици брашно
7. 1 лажичка сол
8. 1 лажица шеќер
9. 6 виршли
10. 100 гр сирење

Сакате декоративен и вкусен доручек, е па повелете рецепт.

1. Во еден сад ставаме млако млеко, кисела вода, масло, брашно,


квасец, шеќерот и солта. Промешуваме и чекаме 15 минути да се
активира смесата.
2. Корите ги отвараме и почнуваме со премачкување. Редиме по 5-6
кори, во зависност колку сакаме да ни бидат дебели ролатите кога ќе ги
пресечеме. На секоја кора ставаме со силиконска четка од подготвената
смеса т.е премачкуваме. На третата кора рендаме сирење по целата
површина.
3. Продолжуваме до петтата кора, на почетокот редиме виршли и
мотаме ролат. Го сечеме на парчиња со дебелина од 2-3 см. Секое
парче го редиме на тавче со хартија за печење или на намрсена тава.
4. Посипуваме сусам и ги печеме на 200 степени во загреана рерна.

Забелешка
Сакав различна ширина на ролатите, па некаде ставав по три кори,
некаде по пет, а вие како ви е желба. Кога ќе се извадат од рерна се баш
како лиснати жу-жу погачици со крцкава структура. Утредента
омекнуваат, ама пак се лиснати. Гледајте да ви стаса од смесата со
брашно за премачкување на сите кори.

Пријатен апетит!

Домашна тарана
Состојки
1. 4 кг брашно
2. 1 литро јогурт
3. 10 јајца
4. 1 рака сол

Пред да почнам со објаснувањето да кажам дека ДОЗАТА Е


ПРЕГОЛЕМА. Не дека нема да се изеде, туку потребно е да се суши
тараната распослана по кревети и маси неколку дена, па размислете
дали ќе ја правите целата одеднаш или ќе ја поделите на повеќе делови.
Да не испадне после на земја да спиете =))

Јајцата се матат со миксер, се додава јогуртот (јас ставив домашно овчо


кисело млеко) и солта убаво да се соединат. На маса или во голем сад
се става брашното и се посипува со смесата и долго се меси додека не
се добие тврдо изедначено тесто. Јас да бидам искрена, толку долго го
месев, што паника ме фати дека сум утнала нешто =))

Од како ќе се добие изедначено тесто се ренда на крупната страна на


рендето и се посипува врз чист чаршав. Се остава да се суши. Се
превртува (промешува) неколку пати во текот на сушењето за убаво да
се исуши од сите страни.
Кога ќе биде сува, се дроби со рака и се пакува. Јас ја чувам во големо
пластично пакување од маринирани печурки за да не фати влага.

Ненормално добра е варена и прелеана со врел зејтин со пропржена


презла и рендано сиренце.
Во тавче на дното се сипа зејтин. Зејтинот убаво се загрева, како за
пржење, се додава презлата, убаво се пропржува, да замириса на
пржено лепче, па со таа смеса се прелева варената тарана. Треба да
шушти кога ќе се прелева. Убаво се промешува и се ренда сиренце.
Звучи како бедно јадење, ама не да е добро....три дена по ред само тоа
јадевме.
Е ТОЛКУ Е ДОБРО =))

Тарана со гриз
Состојки
1. 15 јајца
2. 500 мл млеко
3. 500 мл јогурт (или кисело млеко)
4. 5 лажичиња сол
5. 1 кг гриз (бебешки најситен)
6. 3-3,5 кг брашно

1. Јајцата ги матев со миксер и во нив го додадов млекото и јогуртот и


посолив
2. Го додадов целиот гриз и околу 3 кг брашно
3. Сето ова го промешав со рака или замесив да речам но не во
класично тесто туку колку да не се познава течност. За да не се меси
целосно, сето тесто го оставам како партали месени- недомесени.
Повремено само се зема од тврдите топчиња кои се замесени и ги
ставав во машинка за мелење со појадрото ситце и мелев се до
последното зрно брашно.
4. Ја сушев тараната на послани чаршави на сонце , покриени со
мрежи(перденца) за да не паѓа врз нив раски или слично.
5. Неколку дена по ред ги изнесувам чаршавите на сонце да се досуши
убаво тараната за да не ми се мувлоса преку зимата кога ја чувам во
посебни пластични садови.

Тарана од пченкарно брашно и гриз


Состојки
1. 5 Јајца
2. 330мл Млеко
3. 330гр Гриз
4. 200гр Пченкарно (Царевно) брашно
5. 1м.л. Сол
6. околу 750гр Брашно

1. Најпрво ги разматувам јајцата со вилушка, им го додавам гризот и така


ги оставам 10-на минути да набабри гризот.
2. Потоа се додаваат останатите состојки, освен брашното, тоа го
додаваме на крај и постепено, додека да замесиме тврдо тесто.
3. На почетокот додека може ги миксираме состојките, потоа месиме.
4. Веднаш го делиме тестото на 10 топчиња и рендаме на јадрата страна
од рендето врз некој чаршаф.
5. Оставаме да се исуши тараната, па ја собираме во платнени или
книжни кеси.

Ако не ви е проблем да работите со поголема количина на тесто и секако


ако имате доволно простор каде да ја правите тараната, слободно може
да направите поголема доза, кај мене просторот ме ограничува, па затоа
правам по овие мерки на неколку пати.

Tарана со гриз
Состојки
1. 3,5 кг брашно
2. 1,5л јогурт
3. 10 јајца
4. 500гр гриз
5. 2лажици сол

Брашното се просејува низ сито и се меша со гризот. Јајцата се матат со


вилушка и се мешаат со јогуртот,  па се замесува тараната. Тестото
треба да е тврди и потешко се меси затоа од целото тесто се кинат
помали топки кои полесно се изработуваат. Топките се редат во тепсија
и се покриваат со газа да одморат додека се наместат на место за
сушење. Со ренде или дрман се трие (се ренда) тараната-на покрупната
страна и тоа во еден слој за полесно да се исуши. Ако се ренда едно над
друго тогаш се лепи и се губи обликот. Тараната се остава да се суши
два-три дена и потоа се собира во платнени торбички или лимени кутии.
При сушењето потребно е да се покрие со газа или стара завеса да се
заштити од прашина и тараната се прави кога е потопло времето затоа
што треба убаво да се исуши.
Одкако ќе се просуши убаво се трие меѓу раце за да се иситни. Домашно
си е домашно и убаво е да се има ваква залиха дома.

Тиква со сушени плодови


Состојки
1. 1 кгр. тиква Мускат
2. на вкус и по потреба шеќер
3. 200 гр. мешавина од суво овошје
Прекрасна мешавина за супер десертче...
  
- Се лупи тиквата, се сече во големина и форма како што вие ќе сi
изберете, се реди во сад, а меѓу парчињата тиква се става и од сувото
овошје. Оставете на тивко да се вари. Сервирајте додавајки мед, цимет,
ореви...., мешавината зачини за тиква (каранфилче мелено, ѓумбир,
морско оревче, цимет)
Напомена
Јас некогаш ја варам на пареа, некогаш во касеролата. Доколку не е
блага тиквата слободно додадете било кафен или бел шеќер. За ваквиот
десерт користам исклучиво Мускатна тиква.

Печена тиква со млеко

Состојки
1. 1 тиква за печење
2. 10 супени лажици шеќер
3. 4 јајца
4. 200 мл млеко

Podgotovka
Тиквата се лупи, потоа се ренда и се става во тавче, се додава шеќерот
и убаво се меша. Кој сака може и повеке шеќер да си додаде или да си
намали се е во зависнот од блажината на тиквата. Јајцата убаво се
матат и се додава млекото, со таа смеса се посипува врз ренданата
тиква и се става да се пече 40 минути на 200 степени.
На здравје !!

Ароматична печена тиква со мед, ореви и


сушени плодови
Состојки
1. 1 тиква исечена и исчистена од семиња (околу 10 парчиња)
2. 1 лажица мед за секое парче
3. 1 лажица сецкани ореви и лешници за секое парче
4. 1 лажица мешавина од исушени брусница и суво грозје за
секое парче
5. 4-5 лажици рум за да го натопите сувото овошје
6. 1 лажиче цимет за цела тиква
7. 1 лажица ванилин шеќер за цела тиква

Тиквата е една од најубавите есенски задоволства. За мене печена


тиква е најдобрата и најздрава варијанта, особено во оваа форма со
додаден мед, ореви и суво овошје зачинето со ванила и цимет е
прекрасна. Одлична замена за секој десерт, гарантирам.

Подготовка

Ставете ја исечената и исчистена тиква на плех обложен со хартија за


печење и печете на 220 Ц степени околу час и половина или додека
омекне тиквата и не почнат да се затемнуваат рабовите на парчињата.
Секоја тиква бара различно време за печење.
Потоа извадете го плехот од рерна и наполнете го секое парче со суво
овошје претходно натопено во рум и сецкани ореви и лешници. Посипете
ванилин шеќер и цимет и додадете по 1 лажица полна со мед на секое
парче.
Вратете го плехот во рерна уште неколку минути за малку да се запечат
додадените состојки и да се растопи медот.
На здравје.

Колач со тиква
Состојки
1. 600-700 гр. тиква
2. 6 јајца
3. 6 лажици шеќер
4. 230 мл. јогурт или кисела павлака
5. 4 лажици густин
6. 1 лажица пециво
7. на вкус мед или јаворов сируп, рендана кора и сок од портокал,
ванила, цимет

Фантастичен - така ќе рече секој што ја обожава тиквата.

- Излупете ја тиквата, исецкајте на коцки, ставете во касеролата и


подлијте со малку вода, додадете и ренданата кора и сок од портокал,
рендана кора од лимон, ванилата - нека се вари додека омекне (тоа е
околу 5 мин), тргнете од огнот, сега додадете малку и цемт. Ставете на
цедалка да се цеди и олади. Течноста не ја фрлајте, можете со него да
го полиете колачот или сочувајте за ароматизирање на друг колач.
- Додека се лади тиквата со миксер сматете ги јајцата и шеќерот,
додадете го јогуртот или павлаката, измешајте да се спојат. Додадете го
густинот во кој сте го измешале пецивото.
- Земете помала модла, на дното од истата намачкајте мед, посипете со
малку цимет, распоредете ги коцките од тиква, залејте ги со смесата,
ставете да се пече на 180 степени претходно загреана рерна. Времето
на печење навистина зависи многу од самата рерна, препорака е да се
пече 30-40 мин.
- Испечена оставете ја да олади и останува на вас дали ќе ја премачката
со сматена слатка павлака, сматена шлаг пена или само едноставно ке
поросите малку цимет .... Одлучете вие.
Напомена
- Ова што го гледате на сликата е печено во малата ростер тава и
сметам дека погрешно проценив - некако понизок ми стои колачот.
Требаше да ја правам со додавање на 2 јајца и барем 800 гр. тиква и
нормално - зголемувајки ги и останатите количини од состојките.
- Смесата е многу ретка-да не мислите дека нешто е грешно - не е,
додека се пече таа се стиснува.
- Овој колач го печам за 20 мин. - затоа реков дека зависи од рерната.
(Да ви шепнам само - овој колач сама можам да го изедам)

Колач од рендана тиква


Состојки dobro e
1. 1,5 кг тиква
2. 2 јајца
3. 3 лажици гриз
4. 4 лажици шеќер
5. 200 мл млеко
6. 2 лажици масло
7. 1/2 кесичка цимет

Podgotovka
За да го подготвиме овој рецепт потребно е прво да ја изрендаме
тиквата на јадрата страна од рендето.
Лупена, чистена од семки, ја рендаме.
И додаваме гриз и 2 лажици шеќер и убаво ја промешуваме.
На страна во длабок сад ги матиме јајцата со 2 лажици шеќер. Додаваме
масло, млеко и цимет. Матиме да се соедини и го исклучуваме миксерот.
Ја додаваме ренданата тиква. Промешуваме со лажица да се спои со
јајцата. Плехот во кој ќе печеме го намастуваме со маргарин, а потоа со
брашно го наросуваме. Вака подготвената смеса ја префрламе во
плехот и ставаме да се пече на 180 степени околу 35 минути.
Кога е печено го вадиме од рерна и сечеме на триаголничиња.

Се јаде и топло и ладно. Мене искрено повкусно ми е топло. Можете да


наросите шеќер во прав или цимет по желба.
На здравје

Тикварник со гриз и кисело млеко


Состојки dobro e
1. 4 чаши (250мл) рендана тиква
2. 500 гр кисело млеко
3. 300 гр гриз
4. 120 гр шеќер
5. 1 пециво
6. за прелив
7. 100 гр шеќер
8. 50 мл вода
9. 0,5 лимон само сок
10. за посипување
11. по потреба кокос

Тиквата ја рендаме на ситно ренде. Ја ставаме во длабок сад додаме


шеќер, кисело млеко, гризот и пециво. Се заедно мешаме со лажица.
Тавче бр 24 го премачкуваме со масло и посолуваме со брашно.
Ја истураме смесата во тавчето и порамнуваме .
Печеме на 200 степени околу 40 до 45 минути. Проверуваме со чепкалка.

За тоа време го подготвуваме преливот.


Водата заедно со шеќерот и сокот од лимон ги загреваме додека да
почнат да вријат и вариме уште две до три минути. Готовиот тикварник
веднаш го поливаме со шербетот, посолуваме со кокос колку да се
покрие површината и оставаме да се олади,  а потоа сечеме на коцки.

You might also like