You are on page 1of 5

ПОЈАДОК: ТОСТ СО УРДА И КРАСТАВИЦА

Калории: 263kcal

Состојки

 2 интегрални коцка лепчиња


 2 големи лажици урда
 1 варено јајце настрана
 1/2 краставица
 зачини по желба

Начин на припрема
Супер брзо, освежително, лесно на стомак и вкусно. Единствена тешка работа би ти била печење на
лепчињата, но и тоа не е задолжително. Се премачкуваат со по една лажица урда, на крај се додава
краставицата и зачините. Уживај!

Калориска вредност

Калории: 263kcal | Масти: 9g | Протеини: 18g | Јаглехидрати: 27g
УЖИНА: 150 гр грозје или било кое друго сезонско
овошје
Калории: 111kcal

Калориска вредност

Калории: 111kcal | Масти: 1g | Протеини: 1g | Јаглехидрати: 26g
Ти се допадна овој рецепт?Пиши ни во групата!

РУЧЕК: ЛОСОС СО ТИКВИЧКА И КУС КУС


Калории: 496kcal

Состојки

 200 гр лосос
 1 помала тиквичка
 2-3 лажици кус кус просо или булгур
 зелена салата
 1 мала лажичка грчки јогурт со копар зачин

Начин на припрема

1. Рибата се пече заедно со тиквичката. Додека се пече во длабок сад сервираш зачинета зелена
салата заедно со кус кус кој претходно се вареше настрана во некој помал сад или ѓезве. Од кога
ќе се испече рибата ја додаваш во истата чинија, а одозгоре ја попрскуваш со сосот од грчки
јогурт и копер. Не грижи се за тоа што мешаме млечно со риба, количината од една мала
лажичка е премногу мала да ти смета во стомакот. Тој е додаден само за подобар вкус на
рецептот, слободно и изостави го. На здравје ручек!

Калориска вредност

Калории: 496kcal | Масти: 28g | Протеини: 46g | Јаглехидрати: 16g
Ти се допадна овој рецепт?Пиши ни во групата!
ВЕЧЕРА: ПЕЧЕН МОДАР ПАТЛИЏАН СО ФЕТА
Калории: 243kcal

Состојки

 1 модар патлиџан
 3-4 големи лажици леќа
 35 гр фета
 лукче за вкус по желба
 магдонос за вкус по желба

Начин на припрема

1. Леќата се става да се вари, а модриот патлиџан го сечеме на две половинки. Внимателно со


ножот направи длабоки хоризонтални и вертикални резови на половинките од патлиџанот како
коцкички, но потруди се да не ја дупнеш лушпата. Посоли го, попрскај го со малку маслиново
масло и стави да се пече. Додади и лукче по желба. Патлиџанот е готов кога ќе добие
златеникава боја и убаво ќе омекне. Во меѓувреме од кога ќе се свари леќата исцеди ја и во сад
нагмечи ја малку со вилушка, додади зачини по желба, слободно додади и магдонос или екстра
лукче. Наполни го патлиџанот со зачинетата и полу згмечената леќа откако ќе се испече.
Најубавиот дел за крај, нарони го сиренцето и уживај. Внимавај на точната грамажа, калориите
во овој рецепт се кријат во него. На здравје!

You might also like