You are on page 1of 112

101 Рецепт за палачинки

1
Палачинките се НАЈДОБРИ!

СОДРЖИНА Палачинките се неверојатно едноставна и вкусна храна. Тие се


консумираат насекаде низ светот и можат да се подготват во неколку
вкусови, форми и со различни состојки. Палачинките се тенко, рамно
ОСНОВНИ РЕЦЕПТИ 5 тесто пржено во тава или потпечено на скара. Тестото најчесто се прави
од јајца, брашно, млеко или вода, масло или стопен путер.
ПРЕЛИВИ 6 Има ли некој кој не сака палачинки? Неверојатно воздушести, слатки и
превкусни - тие се едноставно идеален десерт!
АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ 27
Ако сте љубител на палачинки, тогаш сигурно веќе ви поминало низ глава
ЗДРАВИ ПАЛАЧИНКИ 46 прашањето дали да подготвите обични или американски палачинки?
Американските палачинки се подебели и помали, додека пак европските
СПЕЦИЈАЛНИ ПАЛАЧИНКИ 63 се потенки и поголеми.
Без оглед на тоа кој вкус повеќе ви се допаѓа, и двата рецепти можат
да бидат здрави и нездрави - тоа зависи од состојките од кои ќе ги
подготвите.

Главната разлика во тестото е всушност во количината на течноста која


ја додавате во смесата. За американски палачинки ќе ви треба погусто
тесто со помалку течност, додека пак кај обичните палачинки тестото е
поретко, со повеќе вода или млеко. Покрај ова, во тестото за американски
палачинки ставаме само едно јајце, додека пак во обичните палачинки
се ставаат 3 јајца.
3
Како да подготвите
идеални палачинки

За подготовка на палачинки, тавата загрејте ја на


средна температура. Откако тавата ќе се загрее
премачкајте ја со малку путер и истурете околу
60 мл од тестото. Вртете ја тавата во кружни
движења за да го обложите цело дно со тенок слој.
Палачинката печете ја околу 25-40 секунди. Свртете
ја палачинката и испечете ја и од другата страна,
уште 10-20 секунди. Повторете го овој процес со
целото тесто и премачкувајте ја тавата со малку путер
пред секоја палачинка.

4
1. 2. 3.
Совршени обични Ровки палачинки Безглутенски палачинки
палачинки
СОСТОЈКИ СОСТОЈКИ СОСТОЈКИ
• 250 мл ладна вода
• 150 гр повеќенаменско брашно • 300-330 мл млеко
• 2 јајца
• 3 јајца • 2 јајца
• 2 супени лажици растопен путер
• 300 ml млеко • 350-375 гр брашно
• 3 супени лажици шеќер
• 200-250 мл кисела вода
• 350 гр повеќенаменско безглутенско брашно*
• 5 супени лажици зејтин
• ½ лажичка безглутенски прашок за печиво (или
ПОДГОТОВК А • 1 лажичка екстракт од ванила
помешан прашок за печиво и тартар сос во еднакви
• ситно рендана кора од лимон
Во длабок сад, помешајте брашно, јајца, путер и половинки)
• ¼ лажичка сол
шеќер. • ½ лажичка екстракт од ванила
• 4 лажици шеќер
Додадете го млекото, постојано мешајќи за да (*не користете брашно од грав)
добиете мазно тесто.
Додадете го целото млеко. Тестото треба да биде
течно и без грутки. ПОДГОТОВКА ПОДГОТОВКА
Во нелепливо тавче ставете мала лажичка зејтин Во голем сад, изматете ги јајцата со шеќер и Во длабок сад помешајте ги сите состојки и изматете ја
и загрејте го на средна температура. Со црпалка сол. Додадете го млекото и брашното и убаво убаво смесата. Оставете ја смесата да отстои 15 минути
ставете од тестото на средина од тавата и со кружни измешајте. На крај додадете ја кората од лимон, на собна температура. Ќе се згусне по 15 минути.
движења распоредете го тестото низ целата тава. екстрактот од ванила, маслото и киселата вода и Загрејте ја убаво тавата за пржење, попрскајте ја со
Подигнете ја малку палачинката и доколку долната матете додека да добиете мазна смеса. масло или пак со растопен путер. Со црпалка ставете
страна е златно кафена, тогаш можете да ја Во нелепливо тавче ставете мала лажичка зејтин од тестото на средина од тавата и со кружни движења
превртите. и загрејте го на средна температура. Со црпалка распоредете го тестото низ целата тава.
Печете додека рабовите да станат малку крцкави. ставете од тестото на средина од тавата. Подигнете ја малку палачинката и доколку долната
Откако ќе бидат готови палачинките ставете ги на Откако ќе почнат да се формираат балончиња и страна е златно кафена, тогаш можете да ја превртите.
чинија и покријте ги со салфетка за да ја задржат тестото се исуши, палачинката е подготвена да ја Откако ќе почнат да се формираат балончиња и тестото
влагата. превртите од другата страна. се исуши, палачинката е подготвена да ја превртите од
другата страна.

5
Преливи

6
4.
Спомени од детството

Првиот рецепт за полнење на кој сите се сеќаваме од нашето детство


е многу едноставен - домашно подготвени палачинки со џем од
јагоди или малини.
Овој рецепт е навистина многу едноставен. Едноставно подгответе
палачинки по рецепт по ваша желба и премачкајте ги со 2-3 супени
лажици џем. Потоа завиткајте ги во ролна или во триаголник.

7
5.
Крем од јагоди

СОСТОЈКИ
• Јагоди
• Слатка павлака
• Чоколадо (по желба)

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките по рецепт по ваша желба. Изматете ја
слатката павлака и исечкајте ги јагодите. Премачкајте ги палачинките
со павлаката и ставете од парчињата јагоди. Послужете со стопено
чоколадо.

8
6.
Палачинки со крем од јаболка

СОСТОЈКИ
• 3 големи јаболки, излупени и без семки
• 3 супени лажици кафеав шеќер
• 1 лажичка цимет

ПОДГОТОВК А
Исечкајте ги јаболката на мали коцки, ставете ги во длабок сад,
додадете го кафеавиот шеќер и циметот и убаво промешајте.
Оставете ги така да отстојат 20 минути.
Откако ќе ги подготвите палачинките, загрејте ги јаболката во длабок
сад и потоа ставете од смесата врз палачинките. Завиткајте ги и
наросете со шеќер во прав.

9
7.
Палачинки со банани,
јагоди и путер од кикирики

СОСТОЈКИ
• Банана, тенко исечкана
• Јагоди, исечени на половинки
• Путер од кикирики

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките. Една половина од палачинката
премачкајте ја со путер од кикирики. Врз путерот ставете од јагодите
и бананите.
Завиткајте ја палачинката на половина и потоа уште еднаш за да
формирате триаголник. Одозгора ставете уште од јагодите и бананите.

10
8.
Палачинки со јагоди
и Нутела

СОСТОЈКИ
• Палачинки по ваш избор
• Јагоди, исечкани
• Нутела

ПОДГОТОВК А
Подгответе ги палачинките. Една половина од палачинките
премачкајте ја со Нутела. Потоа ставете од јагодите. Завиткајте ја
палачинката на половина и потоа уште еднаш за да формирате
триаголник. Одозгора ставете уште од јагодите.

11
9.
Палачинки со Нутела,
путер од кикирики & сируп од јагоди

СОСТОЈКИ
• 450 гр јагоди
• 3 супени лажици шеќер
• Нутела
• Путер од кикирики

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките. Исечкајте ги јагодите, ставете ги во
длабок сад, покријте ги со шеќерот и оставете ги да отстојат 30
минути. Шеќерот ќе ја извлече водата и ќе ги направи јагодите
помеки и поблаги.
Ставете ги палачинките на чинија. Половина од палачинката
премачкајте ја со Нутела, потоа додадете парчиња од путер
од кикирики. Наредете неколку парчиња јагоди и завиткајте ја
палачинката во ролна.
Врз палачинката ставете уште од јагодите и сирупот.

12
10.

Десерт со лимон

СОСТОЈКИ
• Палачинки по избор
• Свежо исцеден сок од 1 лимон
• Шеќер

ПОДГОТОВК А
Подгответе ги палачинките. Ставете ги на чинија. Врз секоја
палачинка исцедете сок од лимон и наросете со шеќер. Завиткајте
ја во триаголник и одозгора истискајте уште малку сок од лимон и
наросете шеќер.

13
11.
Цимет ролнички

СОСТОЈКИ
• 120 гр крем сирење
• 240 мл слатка павлака
• 120 гр шеќер во прав
• 4 супени лажици путер
• 160 гр кафеав шеќер
• ½ мала лажичка ванила
• 1 лажичка цимет

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките. Со миксер изматете го крем сирењето
заедно со слатката павлака и шеќерот во прав. Во мал сад за
готвење ставете го путерот и кафеавиот шеќер и загревајте ги
постојано мешајќи. На крај додадете го циметот и ванилата и тргнете
ја тавата од рингла.
Ставете од смесата со крем сирење во средината од палачинката и
завиткајте ја во ролна. Врз неа наросете од сосот со цимет.

14
12.
Рикота сирење
и боровинки

СОСТОЈКИ
• 100 гр рикота сирење
• 2-3 супени лажици агаве сируп
• 100 гр боровинки

ПОДГОТОВК А
Подгответе ги палачинките. Сирењето и агаве сирупот ставете ги
во мал сад за готвење на средна температура и загревајте додека
смесата да стане течна и мазна. Тргнете го садот и рингла и почекајте
да се олади. Откако малку ќе се олади смесата станува поцврста.
Врз секоја палачинка ставете по 2 супени лажици од смесата со
сирењето, наредете од боровинките и завиткајте.

15
13.

Рикота сирење, бобинки и киви

СОСТОЈКИ
• 100 гр рикота сирење
• 1 супена лажица агаве сируп (или 2 супени лажици мед)
• Јагоди, исечкани
• Боровинки
• Киви, излупени и исечкани

ПОДГОТОВКА
Сирењето и агаве сирупот ставете ги во мал сад за готвење на
средна температура и загревајте додека смесата да стане течна и
мазна. Тргнете го садот и рингла и почекајте да се олади.
Откако смесата ќе се олади, врз секоја палачинка ставете по 2
супени лажици од смесата со сирењето, наредете од боровинките,
јагодите и кивите и завиткајте ги палачинките на пола.

16
14.
Рикота сирење со
круши во мед

СОСТОЈКИ
• 100 гр рикота сирење
• 1 супена лажица агаве сирупr
• 2 круши, исечкани
• 2 супени лажици путер
• 2 супени лажици мед

ПОДГОТОВК А
Сирењето и агаве сирупот ставете ги во мал сад за готвење на
средна температура и загревајте додека смесата да стане течна и
мазна. Тргнете го садот и рингла и почекајте да се олади.
Во посебен сад загрејте 2 лажици путер на висока температура.
Додадете ги крушите, затворете го садот, и оставете да крчка на
висока температура 5 минути. Потоа свртете ги крушите и гответе
уште 5 минути. Тргнете ги од рингла. Веднаш ставете го медот врз
нив - одлично ќе се карамелизира.
За послужување, додадете 2 супени лажици од смесата со сирење
врз секоја палачинка и затворете ја еднаш на половина и потоа уште
еднаш за да добиете триаголник. Врз нив прелијте од смесата со
мед и круши.

17
15.
Карамелизирани јаболка и
полнење со крем од рикота

СОСТОЈКИ
• 4 средни јаболки
• 60 гр кафеав шеќер
• ½ лажичка цимет
• 1 супена лажица сок од лимон
• 2 супени лажици путер
• 2 супени лажици мед
• 100 гр рикота сирење
• 1 супена лажица агаве сируп

ПОДГОТОВКА
Исечканите јаболка ставете ги во длабок сад, додадете го шеќерот, циметот,
сокот од лимон и убаво измешајте. Оставете ги јаболките околу 15 минути за
да го пуштат сокот.
Во сад со средна големина, загрејте 2 лажици путер на висока температура.
Додадете ги исечканите јаболка во путерот во садот, затворете го садот со
капак и оставете ги да се готват 5 минути. Свртете ги јаболката и гответе уште
5 минути. Целта е јаболките да добијат кафеава боја. Тргнете ги од рингла.
Веднаш ставете го медот врз нив - одлично ќе се карамелизира.
Сирењето и агаве сирупот ставете ги во мал сад за готвење на средна
температура и загревајте додека смесата да стане течна и мазна. Тргнете
го садот од рингла и почекајте да се олади.
За послужување, додадете 2 супени лажици од смесата со сирење врз
секоја палачинка и затворете ја еднаш на половина и потоа уште еднаш
за да добиете триаголник. Врз нив прелијте од смесата со мед и јаболки.

18
16.
Палачинки “Сузет“

СОСТОЈКИ
• 3 супени лажици шеќер
• 250 мл свежо цеден сок од портокал
• 1 кора од портокал
• 1 мала лажичка сок од лимон
• 1 супена лажица ликер од портокал
• 50 гр несолен путер

ПОДГОТОВК А
Полека растопете го шеќерот на средна температура и почекајте
да добие карамел боја. Тргнете ја тавата од рингла и додадете го
сокот од портокал - внимавајте затоа што сокот може да почне да
прска штом ќе дојде во контакт со карамелата. Додадете ја кората од
портокал, сокот од лимон, ликерот и вратете ја тавата на рингла за
повторно да го растопите карамелот. Додадете го путерот во сосот,
почекајте да зоврие. Ставете ги палачинките со сосот.
Веднаш послужете.

19
17.
Полнење со чоколадо,
путер од кикирики и банани

СОСТОЈКИ
• 6 супени лажици путер од кикирики
• 2 супени лажици шеќер во прав
• 2 супени лажици млеко
• 50 чоколадни трошки
• ½ банана, исечкана

ПОДГОТОВКА
Измешајте го путерот од кикирики со шеќерот во прав, млекото и
чоколадните трошки. Премачакјте ги палачинките со оваа смеса и
одозгора ставете од парчињата банана. Превиткајте ги палачинките
и наросете исечкани кикирики, доколку сакате.

20
18.
Палачинки со овошна салца

СОСТОЈКИ
• 2 јаболка
• 500 гр јагоди
• 500 гр конзерва со праски (или 2 свежи)
• 2 киви
• 160 гр пире од јаболки

ПРЕЛИВ: Матена слатка павлака


Солен карамел сос

ПОДГОТОВК А
Подгответе ги палачинките. Исечкајте ги сите состојки за овошната
салца и ставете ги во длабок сад. Додадете го и пирето од јаболка
и измешајте. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер. Послужете
ги палачинките наполнети со овошна салца и одозгора ставете од
матената слатка павлака и карамел сосот.

21
19.
Крем од кафе и маскарпоне

СОСТОЈКИ
• Палачинки
• 4 лажички еспресо прав
• 1 супена лажица вода
• 250 мл изладена матена слатка павлака
• 125 мл маскарпоне сирење, на собна температура
• 125 гр шеќер во прав
• ½ лажичка екстракт од ванила

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките според вашиот омилен рецепт. Во длабок
сад ставете ја матената слатка павлака, маскарпонето, шеќерот
и ванилата. Убаво матете додека да добиете цврста смеса. Секоја
палачинка премачкајте ја со кремот. Завиткајте ги палачинките и
послужете.

22
20.
“Бостон“ крем

СОСТОЈКИ
• 125 шеќер
• 60 гр пченкарен скроб
• ½ мала лажичка сол
• 380 мл полномасно млеко
• 4 жолчки од јајца
• 1 мала лажичка екстракт од ванила
• 125 мл слатка павлака
• 250 гр чоколадно трошки
• 3 супени лажици путер
• Млеко

ПОДГОТОВК А
Одвојте ги жолчките од белките во мал сад и изматете ги. Во сад за
готвење ставете го шеќерот, скробот, солта и млекото. Загревајте ги на
средна температура и мешајте полека додека да добиете погуста смеса
(околу 5 минути). Истурете околу 1/3 од смесата со шеќер во изматените
жолчки и измешајте. Потоа вратете ја целата смеса во садот за готвење
и варете уште 1 минута. Тргнете ја смесата од рингла, додадете ја
ванилата и истурете ја целата смеса во подлабок сад. затворете го садот
со фолија и ставете го во фрижидер околу 1-2 часа. Изматете 125 мл
слатка павлака и со спатула истурете ја во оладената смеса. Премачакјте
ги палачинките и завиткајте ги. Потоа продолжете со подготовка на
чоколадниот сос: загрејте ги чоколадните трошки, путерот и млекото во
сад за готвење додека да се стопат и да добијат сјај. Веднаш посипете
го овој сос врз свитканите палачинки и послужете!

23
21.
Рикота и димен лосос

СОСТОЈКИ
• 250 мл кисела павлака
• сок од 1 лимон, и кора од 1 лимон
• ¼ мелен копар
• 2 супени лажици сечкан власец
• 2 супени лажици сечкан capers
• Сол & бибер
• 120 гр пушен лосос

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките. Измешајте ја киселата павлака, кората
од лимон, лимоновиот сок, копарот и власецот во мал сад и додадете
сол и бибер по вкус. Премачкајте ги палачинките со оваа смеса и
завиткајте ги. Подготвени се за послужување.

24
22.
Палачинки од лимон
со мед и бело сирење

СОСТОЈКИ
• Палачинки
• Бело сирење или павлака
• Ситно рендана кора од лимон
• Мед
• Резанки лимон

ПОДГОТОВК А
Ставете на палачинката бело сирење или павлака. Наросете
прстофат ситно рендана кора од лимон и попрскајте со мед по вкус.
Свиткајте ја палачинката на половина и попрскајте со уште малку
мед. Послужете со резанки лимон.

25
23.
Палачинки со сирење
и бадеми

СОСТОЈКИ
• 80 гр сечкани бадеми
• 2 супени лажици шеќер
• 250 гр изматено младо сирење
• ½ лажичка мелен цимет
• 2 супени лажици џем од кајсии

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 180°C, со решетката на средина. На хартија
за печење наросете ги бадемите и потпечете ги околу 8 минути.
Оставете ги малку да се оладат. тргнете на страна 2 супени лажици
за гарнир. Во среден сад за готвење помешајте го младото сирење,
шеќерот и циметот. Додадете ги и бадемите. На половина од секоја
палачинка ставете по 2 супени лажици од смесата и завиткајте ја
во ролна.
На хартија за печење наредете ги паланчиките на растојание од 0,5
см. Печете додека да почнат да заруменуваат на краевите, околу 5
минути. Во меѓувреме загрејте го џемот со 2 супени лажици вода во
мал сад за готвење на средна температура (или во микробранова)
додека џемот да дојде во течна состојба; изматете да добиете
еднолична смеса. Со тенка метална спатула ставете по 2 палачинки
во чинија. Попрскајте со сосот од кајсии; наросете од бадемите.
Веднаш послужете.

26
Американски
палачинки

27
24.
Основен рецепт за
Американски палачинки

СОСТОЈКИ
• 400 гр повеќенаменско брашно
• 3 ½ лажички прашок за печиво
• 1 лажичка сол
• 1 супена лажица шеќер
• 300 мл млеко
• 1 јајце
• 3 супени лажици растопен путер

ПОДГОТОВКА
Во голем сад помешајте го брашното со прашокот за печиво, солта и
шеќерот. Направете дупка во средината и истурете го млекото, јајцето
и растопениот путер; матете додека да добиете еднолична смеса.
Во тава ставете малку масло и загрејте ја на средна температура.
Ставете од тестото во тавата (околу 60 мл за секоја палачинка).
Потпечете ги на двете страни и послужете ги топли. Послужете ги со
прелив по ваша желба.

28
25.

Основен рецепт со матеница

СОСТОЈКИ
• 250 гр повеќенаменско брашно
• 2 супени лажици шеќер
• 2 мали лажички прашок за печиво
• ½ лажичка сол
• 250 мл матеница
• 1 големо јајце
• 2 супени лажици несолен путер или растително масло
• 1 супена лажица растително масло

ПОДГОТОВК А
Загрејте ја рерната на 100°C; подгответе хартија за печење или
алуминиумска фолија за да ги одржувате подготвените палачинки топли
во рерната. Во мал сад, измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за
печиво и солта, додадете ½ лажичка сода бикарбона во сувата смеса и
ставете ја на страна. Во среден сад, изматете го млекото со путерот (или
маслото) и јајцето. Додадете ги сувите состојки во смесата со млекото;
матете додека да добиете мокра смеса (дозволени се неколку грутки).
Загрејте ја тавата за палачинки, додадете капка масло или малку
путер. Ставете 2-3 супени лажици од тестото и формирајте палачинка.
Печете ја додека да се формираат балончиња на површината, околу 1-2
минути. Внимателно превртете ја од другата страна и печете уште 1-2
минути. Секоја од палачинките ставајте ја на хартијата за печење или
во алуминиумска фолија и ставете ја во рерна за да ја одржувате топла.
Послужете ги топли со посакуваниот прелив.

29
26.
Американски палачинки
со јогурт

СОСТОЈКИ
• 250 гр повеќенаменско брашно
• 2 супени лажици шеќер
• 2 лажички прашок за печиво
• ½ лажичка сол
• 250 мл јогурт
• 1 големо јајце
• 2 супени лажици несолен путер или зеленчуково масло
• 1 супена лажица зеленчуково масло

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 100°C; подгответе хартија за печење или
алуминиумска фолија за да ги одржувате подготвените палачинки топли
во рерната. Во мал сад, измешајте го брашното со шеќерот, прашокот за
печиво и солта, додадете ½ лажичка сода бикарбона во сувата смеса
и тргнете ја на страна. Во длабок сад, изматете го јогуртот заедно
со путерот (или маслото) и јајцето. Додадете ги сувите состојки
во смесата со јогуртот; матете додека да добиете мокра смеса
(дозволени се неколку грутки). Загрејте ја тавата за палачинки,
додадете капка масло или малку путер. Ставете 2-3 супени лажици од
тестото и формирајте палачинка. Печете ја додека да се формираат
балончиња на површината, околу 1-2 минути. Внимателно превртете
ја од другата страна и печете уште 1-2 минути. Секоја од палачинките
ставајте ја на хартијата за печење или во алуминиумска фолија и
ставете ја во рерна за да ја одржувате топла. Послужете ги топли со
посакуваниот прелив.
30
27.
Американски интегрални
палачинки со јогурт

СОСТОЈКИ
• 120 гр брашно
• 60 гр пченкарно брашно
• 60 гр пченични никулци
• ½ лажичка сода бикарбона
• 2 супени лажици шеќер
• 2 лажички прашок за печиво
• ½ лажичка сол
• 250 мл јогурт
• 1 големо јајце
• 2 супени лажици несолен путер или растително масло
• 1 супена лажица растително масло

ПОДГОТОВК А
Загрејте ја рерната на 100°C; подгответе хартија за печење или
алуминиумска фолија за да ги одржувате подготвените палачинки
топли во рерната. Во мал сад, измешајте го брашното, никулците,
шеќерот, прашокот за печиво, солта и 1/2 лажичка сода бикарбона.
Во длабок сад изматете го јогуртот со путерот (маслото) и јајцето.
Додадете ги сувите состојки во смесата со јогуртот и мешајте додека
да добиете мокра смеса (дозволени се неколку грутки). Загрејте ја
тавата за палачинки, додадете капка масло или малку путер. Ставете
2-3 супени лажици од тестото и формирајте палачинка. Ставете ги
палачинките во рерна за да ги одржувате топли. Послужете ги топли
со посакуваниот прелив.

31
28.
Американски палачинки
со банани

СОСТОЈКИ
• 250 гр повеќенаменско брашно
• 2 супени лажици шеќер
• 2 лажички прашок за печиво
• ½ лажичка сол
• 1 големо јајце, матено
• 250 мл млеко
• 2 супени лажици несолен путер, растопен
• 2 банани, исечкани

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 80°C. Во длабок сад измешајте го брашното,
шеќерот, прашокот за печиво и солта. Додадете го јајцето, млекото и
путерот; мешајте додека да добиете смеса со малку грутки.
Загрејте тава за готвење на средна температура. ставете 5 кругчиња
банана во садот. Врз секое од нив ставете 1 супена лажица од тестото;
Печете додека да се појават големи меури, 1-2 минути. Превртете и
печете ја палачинката од другата страна, уште 1 минута. Префрлете
ги палачинките на хартија за печење и одржувајте ги топли во рерна.
Издинстајте парчиња од бананата во путер додека да добијат златна
боја и послужете ги со палачинките. Прелијте ги палачинките со
прелив по желба.

32
29.
Американски палачинки
со боровинки

СОСТОЈКИ
• 300 гр повеќенаменско брашно
• ½ лажичка сол
• 1 супена лажица прашок за печиво
• 1 ¼ лажичка шеќер
• 1 јајце
• 250 мл млеко
• ½ супена лажица путер, растопен
• 125 гр замрзнати боровинки

ПОДГОТОВК А
Во голем сад помешајте го брашното со солта, прашокот за печиво
и шеќерот. Во помал сад изматете го јајцето со млекото. Во сувата
смеса додадете го јајцето со млекото. Додадете го и путерот и
боровинките постојано мешајќи. Оставете го да отстои 1 час.
Загрејте тава за готвење на средна температура. Ставете 2-3 супени
лажици од тестото и формирајте палачинка. Испечете ги палачинките
од двете страни и послужете ги топли.

33
30.
Американски палачинки од
лешници со крем од малини

СОСТОЈКИ
• 500 гр повеќенаменско брашно
• 320 гр снегулки од лешници
• 1 супена лажица прашок за печиво
• Крупна сол
• 4 големи јајца
• 450 мл млеко со ниска масленост
• 90 гр кафеав шеќер
• 60 мл ладно цедено маслиново масло
• За сосот од малини:
• 180 мл џем од малини
• Свеж сок од лимон
• 3 супени лажици вода

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 100°C. Подгответе ги палачинките: Измешајте
го брашното со снегулките од лешници, прашокот за печиво и 1
лажичка сол во длабок сад. Изматете ги јајцата, потоа додадете го
млакото, шеќерот и маслото. Додадете ја смесата со јајцето во сувата
смеса и убаво измешајте (дозволени се неколку грутки). Загрејте тава
за готвење на средна температура. Ставете 2-3 супени лажици од
тестото и формирајте палачинка. Испечете ги палачинките од двете
страни. Подгответе го сосот од малини: загрејте ги џемот и водата во
мал сад на средна температура. Доколку е потребно додадете уште
неколку супени лажици вода. Додадете го сокот од лимон. Послужете
ги палачинките топли со путер и топол сос од малини.
34
31.
Американски палачинки
со банани

СОСТОЈКИ
• 125 гр интегрално брашно
• 125 гр повеќенаменско брашно
• 3 супени лажици кафеав шеќер
• ½ лажичка прашок за печиво
• ¼ лажичка сода бикарбона
• ¼ лажичка сол
• 1 ½ супена лажица путер
• 1 големо јајце, малку матено
• 1 голема банана, исечкана на тенки ленти
• 2 лажички растително масло
• Јаворов сируп и сечкани ореви

ПОДГОТОВК А
Загрејте ја рерната на 120°C. Во длабок сад измешајте го брашното,
шеќерот, прашокот за печиво, содата и солта. Додадете ги путерот
и јајцето и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Во голема
тава загрејте малку масло. Ставете 2-3 супени лажици од тестото и
формирајте палачинка. Испечете ги палачинките од едната страна
додека да почнат да се формираат мали меурчиња. Ставете од
лентите банана; свртете ги палачинките и продолжете да ги печете
уште 2 до 5 минути. Ставете ги палачинките во рерна за да ги
одржувате топли. Послужете ги со јаворов сируп и ореви.

35
32.
Американски палачинки
со боровинки

СОСТОЈКИ
• 380 гр повеќенаменско брашно
• 60 гр мелено ленено семе
• 2 супени лажици шеќер
• 1 ¼ лажичка прашок за печиво
• ¼ лажичка сода бикарбона
• ¼ лажичка сол
• 380 мл матеница
• 1 големо јајце, матено
• 250 гр свежи или замрзнати боровинки

ПОДГОТОВКА
Во голем сад измешајте го брашното со лененото семе, шеќерот,
прашокот за печиво, содата и солта. Додадете ја матеницата,
јајцето и путерот и мешајте заедно додека да добиете влажна смеса
(дозволени се неколку грутки). Додадете ги боровинките. Во голема
тава загрејте малку масло. Ставете 2-3 супени лажици од тестото и
формирајте палачинка. Испечете ги палачинките од едната страна
додека да почнат да се формираат мали меурчиња. Свртете ги
палачинките и печете уште 2-5 минути. Послужете со путер и сируп.

36
33.
Американски палачинки од
пченкарно брашно со рикота

СОСТОЈКИ
• 420 гр повеќенаменско брашно
• 80 гр пченкарно брашно
• 2 супени лажици шеќер
• 2 лажички прашок за печиво
• ½ лажичка сода бикарбона
• ½ лажичка сол
• 450 мл матеница
• 125 гр свежо рикота сирење
• 1 лажичка кора од портокал и 1 ½ лажичка сок од портокал
• 2 големи јајца
• 2 супени лажици путер
• 1 лажичка масло од шафраника
• Мед

ПОДГОТОВК А
Во длабок сад измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за печиво,
содата и солта. Во посебен сад изматете ги јајцата, матеницата,
рикотата, сокот од портокал, кората и путерот. Оваа смеса додадете
ја во сувите состојки со постојано мешање. Оставете ја смесата да
отстои 10 минути. Загрејте ја рерната на 100°C; Загрејте тава за
готвење на средна температура. Ставете 2-3 супени лажици од тестото
и формирајте палачинка. Испечете ги палачинките од двете страни.
Ставајте ги палачинките во рерна за да бидат топли. Послужете ги со
портокал, мед и рикота сирење.

37
34.
Американски палачинки од
сирење со лимон

СОСТОЈКИ
• 6 големи јајца, одвоени жолчките од белките,
жолчките изматени
• Малку тартар сос
• 500 гр сирење
• 60 гр шеќер
• 160 гр повеќенаменско брашно
• ½ лажичка прашок за печиво
• ¼ лажичка сол
• ¼ лажичка цимет
• 1 супена лажица шеќер во прав
• 2 лимони, 1 без кора, 1 исечкан на резанки

ПОДГОТОВКА
Изматете ги белките на средна брзина додека да добиете пена.
Додадете го тартар сосот и матете додека да добиете цврста смеса.
Загрејте ја тавата на средна температура. Помешајте ги заедно
жолчките, сирењето, шеќерот, брашното, прашокот за печиво, солта
и циметот во длабок сад. Изматете една третина од белките. Спатула
додадете го остатокот од белките. Премачкајте ја тавата со масло
и загрејте ја. Ставајте од тестото за палачинките и печете околу 3
минути. Превртете ги палачинките и потпечете ги и од другата страна.
Послужете ги со кора од лимон и резанчиња лимон.

38
35.
Американски палачинки
со боровинки

СОСТОЈКИ
• 4 големи јајца
• 250 мл млеко
• 250 гр брашно
• 60 гр шеќер
• ½ лажичка свежа рендана кора од лимон
• ¼ лажичка сол
• 2 супени лажици путер
• 250 гр боровинки
• Шеќер во прав

ПОДГОТОВК А
Загрејте ја рерната на 200°C. Изматете ги заедно јајцата, млекото,
брашното, шеќерот, кората од лимон и солта во блендер. Загрејте 4
тави на висока температура и во секоја од нив ставете од путерот.
Откако путерот ќе се стопи ставете во секоја од тавите од тестото и
врз него ставете боровинки. Печете околу 15-18 минути. Врз секоја
палачинка ставете боровинки и наросете со шеќер во прав. Веднаш
послужете.

39
36.
Американски палачинки
со дудинки

СОСТОЈКИ
• 320 гр брашно
• 4 лажички шеќер
• 4 лажички прашок за печиво
• 1 лажичка сол
• 2 големи јајца, матени
• 5 супени лажици путер
• 250 мл млеко
• Растително масло
• 500 гр дудинки, плус дополнително за
декорација
• Јаворов сируп

ПОДГОТОВКА
Изматете го заедно брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта во
среден сад; тргнете ја смесата на страна. Во друг сад изматете ги јајцата
и растопениот путер. Постепено додавајте млеко. Смесата со јајца ставете
ја во сувата смеса и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Загрејте
ја тавата на средна температура. Премачкајте ја со малку масло. Ставете
2 лажици од тестото; ставете 4-5 дудинки и печете додека да се појават
балончиња на рабовите од палачинката, 1 до 1½ минута. Свртете ја
палачинката и испечете ја и од другата страна уште 1 ½ минута. Доколку е
потребно прилагодете ја температурата. Повторете го истото и со остатокот
од тестото. (За да ги одржите палачинките топли, ставете ги во претходно
загреана рерна на 100 степени.) Послужете со путер и јаворов сируп;
декорирајте со дудинки.

40
37.
Овесни Американски
палачинки со цимет

СОСТОЈКИ
• 500 гр брашно
• 60 гр кафеав шеќер
• 1 супена лажица прашок за печиво
• 1 лажичка сол
• ½ лажичка цимет
• 500 мл млеко
• 500 гр овес
• 60 гр растително масло
• 2 големи јајца

ПОДГОТОВК А
Во процесор за храна помешајте го брашното, шеќерот, прашокот за
печиво, солта, циметот и 250 гр овес и пулсирајте за покрупно да го
сомелете овесот. Во длабок сад изматете ги заедно млекото, јајцата
и маслото. Додадете ги сувите состојки и овесот и убаво промешајте.
Загрејте голема тава на средна температура. Премачкајте ја со малку
масло/ за секоја палачинка ставете по 2-3 супени лажици од тестото
и печете додека да испукаат балончињата, 1-2 минути. Превртете ги
палачинките и испечете ги и од другата страна, уште 1 до 2 минути.

41
38.
Американски палачинки од ореви
со компот од бобинки

СОСТОЈКИ • ½ лажичка сода бикарбона


• 500 гр бобинки • ¼ лажичка сол
• 1 супена лажица мед • 250 гр јогурт
• 1 лажичка кора од лимон • 2 супени лажици путер
• 125 гр брашно • 1 големо јајце
• 60 гр интегрално брашно • 125 гр ореви, исечкани
• 60 гр пченични никулци
• 2 лажички прашок за печиво

ПОДГОТОВКА
Во мал сад за готвење, измешајте ги бобинките, медот и кората од
лимонот. Почекајте да зоврие. Намалете ја топлината и варете ја
смесата додека да се згусне, 7 до 8 минути. Префрлете ја смесата
во длабок сад и тргнете ја на страна. Загрејте ја рерната на 100°C.
Подгответе хартија за печење за да ги одржувате палачинките топли.
Измешајте го заедно брашното, никулците, прашокот за печиво,
содата и солта. Во друг сад измешајте го јогуртот, путерот и јајцето.
Во смесата со јогуртот додадете ја сувата смеса и оревите; измешајте
(дозволени се неколку грутки). Загрејте голема тава, премачкајте ја
со путер и потоа ставете од тестото и формирајте круг.
Печете додека на површината на палачинките да се појават
балончиња, 1 до 3 минути. Свртете ги палачинките и печете ги уште
1 до 3 минути. Префрлете ги палачинките на хартија за печење
и одржувајте ги топли во рерна. Послужете ги топли прелиени со
компот од бобинки.
42
39.
Американски палачинки
со праски

СОСТОЈКИ
• 450 гр брашно
• 3 ½ супени лажици шеќер
• 1 супена лажица прашок за печиво
• ½ лажичка сол
• 400 мл матеница
• 2 големи јајца
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 2 супени лажици сончогледово масло
• 1 супена лажица путер
• 2 праски, излупени и исечкани на тенки ленти

ПОДГОТОВК А
Измешајте ги заедно брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта.
Во друг сад помешајте ги матеницата, јајцата, ванилата, растопениот
путер и маслото. Смесата со јајцата додадете ја во сувата смеса. Во
голем сад загрејте 1 супена лажица путер на средна температура.
Ставете ги палачинките да се печат; на секоја палачинка ставете 2
до 3 парчиња од праските. Откако ќе се испечат од едната страна,
свртете ги од другата уште 3 минути. Послужете со путер и сируп.

43
40.
Американски палачинки од
пченкарно брашно со мед

СОСТОЈКИ
• 400 гр пченкарно брашно
• 250 гр бело брашно
• 80 гр шеќер
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка сода бикарбона
• 2 големи јајца
• 400 мл матеница
• 5 супени лажици пченкарно масло
• Мед и путер за послужување

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги заедно брашното, шеќерот, солта и содата. Додадете
ја матеницата, јајцата и 4 супени лажици масло и мешајте додека
да добиете мазна смеса. Загрејте го садот за готвење на средна
температура. Додадете го остатокот од маслото и почекајте убаво да
се загрее. Ставете од тестото во садот и печете ги палачинките од
двете страни, околу 4 минути. Послужете ги топли, со путер и мед.

44
41.
Американски палачинки
со јаболка

СОСТОЈКИ
• 250 гр брашно
• 1 супена лажица шеќер
• 1 ¼ лажичка прашок за печиво
• ¼ лажичка сода бикарбона
• ¼ лажичка сол
• 250 мл матеница
• 125 мл сос од јаболка
• 1 големо јајце
• 1 супена лажица путер
• 1 јаболко, излупено и исечкано на коцки

ПОДГОТОВК А
Во длабок сад измешајте го заедно брашното, шеќерот, прашокот
за печиво, содата и солта. Во друг сад измешајте ја матеницата
со јаболковиот сок, јајцето и путерот. Оваа смеса додадете ја кон
сувите состојки и убаво измешајте (дозволени се неколку грутки).
Премачкајте ја тавата за готвење со малку масло и загрејте ја
на средна температура. Ставете од тестото во тавата. Врз секоја
палачинка ставете од исечканите јаболка. По 2-5 минути, превртете
ги палачинките и испечете ги и од другата страна.

45
Здрави
палачинки

46
42.

Интегрални палачинки

СОСТОЈКИ
• 3 јајца
• 250 гр интегрално брашно
• 250 мл млеко
• 190 мл (минерална) вода
• 1 супена лажица мед
• 1 лажичка екстракт од ванила
• ¼ лажичка сол
• 1 лажица стопен путер

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте. Оставете ја
смесата да отстои 15 минути.
Загрејте ја тавата со малку путер на средна температура. Ставете од
тестото во тавата и распоредете го за да добиете тенок слој.
За подобри резултати, притиснете ги рабовите на палачинката со
спатула. По околу 1 минута, откако дното ќе добие малку кафена боја,
завртете ја палачинката од другата страна и испечете ја.

47
43.

Без млеко и јајца (веган)

СОСТОЈКИ
• 500 гр интегрално брашно
• 500 мл млеко од ориз, овес и бадем
• Путер од кокос

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги сите состојки во длабок сад или пак во блендер.
Оставете го тестото да отстои во фрижидер 30-40 минути. загрејте ја
тавата и попрскајте ја со растопен кокосов путер. Ставете од тестото
во тавата и формирајте палачинка. Печете ја на едната страна и
потоа внимателно превртете ја од другата. Послужете ја со прелив
по ваш избор.

48
44.
Вегански палачинки со
домати и печурки

СОСТОЈКИ
• 2 супени лажици растително масло
• 500 гр печурки
• 500 гр шери домати, исечени на пола
• 4 супени лажици соја сос или млеко од соја
• Една рака ореви
• Власец, за послужување

ПОДГОТОВК А
Загрејте го маслото во тава за пржење. Издинстајте ги печурките
додека да омекнат, додадете ги доматите и гответе неколку минути.
Истурете го соја сосот или млекото и оревите, потоа гответе ги на
тивко додека да се искомбинираат.
Врз палачинките ставете од печурките и доматите и наросете власец.

49
45.
Безглутенски палачинки
со овошје

СОСТОЈКИ
• 50 гр ленено брашно
• 50 гр оризово брашно
• 50 гр брашно од хељда
• 20 гр гоџи бобинки
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода
• 1 пакетче ванилин шеќер
ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 200 гр мандарини
• 50 гр сува брусница

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки во блендер. Испечете ги палачинките во
нелеплива тава. Наполнете ги палачинките со мандарини и сува
брусница и послужете!

50
46.
Вегански палачинки од
наут со печурки

СОСТОЈКИ
• 400 гр брашно од наут • Зеленчук: 3 свежи печурки
• 400 мл вода • 1 црвена пиперка
• ½ - 1 лажичка куркума во прав • 1 среден кромид
• 2 супени лажици квасец (по желба) • Малку балсамико
• 1 лажичка сол • Една рака спанаќ
• Црн бибер • Една рака прокељ
• ¼ лажичка црвен пипер • Посен мајонез
• Масло од семки од грозје

ПОДГОТОВК А
Во длабок сад, измешајте го брашното од наут, водата, куркумата, квасецот,
солта и биберот и ставете го во фрижидер да отстои 1 час.
Во меѓувреме, измијте го зеленчукот и исечкајте го на долги ленти. Стоплете
една тава со малку масло за готвење. Пропржете го кромидот, пиперките,
и печурките. Додадете го оцетот, промешајте убаво и затворете со капак
неколку секунди. На крај додадете го спанаќот, исклучете ја ринглата и
оставете спанаќот да се зготви на топлината од тавата. Тргнете ја на страна
тавата со капак.
Во тава за палачинки ставете малку од маслото од грозје и подгответе ги
палачинките. Печете ги по 2-3 минути од двете страни.
За послужување, премачкајте ги палачинките со мајонезот и врз него ставете
од динстаниот зеленчук. Послужете ги топли.

51
47.
Палачинки со чоколадо
и боровинки

СОСТОЈКИ
• 125 гр брашно од овес
• 5 белки од јајца
• 125 мл јогурт
• 2 супени лажици какао во прав
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 1 лажичка сода бикарбона
• 250 гр свежи боровинки

ПОДГОТОВКА
Изматете ги белките од јајцата, јогуртот и ванилата. Измешајте ги
сувите состојки
(брашното од овес, какаото, содата) и додадете ги во претходно
подготвената смеса
Додадете ги боровинките и оставете го тестото да отстои 5 минути.
Загрејте ја тавата на средна температура. Премачкајте ја со кокосово
масло или друго масло по ваш избор. Ставете ¼ шолја од тестото за
една палачинка. Печете ја додека да почнат да се прават балончиња
на рабовите од палачинката. Превртете ја палачинката и печете ја
уште 90 секунди.

СОВЕТ: Прелијте ги чоколадите со растопено 70% чоколадо за


екстра чоколаден вкус.

52
48.

Интегрални овесни палачинки

СОСТОЈКИ
• 250 гр интегрално брашно • 2 супени лажици кафеав шеќер
• 125 гр овес • 60 мл грчки јогурт
• ¼ лажичка сол • 1 лажичка екстракт од ванила
• 2 лажички прашок за печиво • 125 гр исечкано црно чоколадо
• 1 лажичка мелен цимет
• 1 големо јајце (или 2 белки)
• 250 мл млеко (може да се замени
со млеко од соја, ориз или бадеми)

ПОДГОТОВК А
Измешајте ги сувите состојки во длабок сад. Во друг сад изматете ги
јајцата и млекото. Полека додавајте го кафеавиот шеќер и јогуртот и
внимавајте да не останат грутки. На крај додадете ја и ванилата и
убаво промешајте. Полека измешајте ги сувите состојки со смесата
со јогурт. Не го мешајте тестото премногу затоа што палачинките ќе
бидат тврди. Загрејте ја тавата на средна температура. Премачкајте
ја со кокосово масло или друго масло по ваш избор. Ставете 125
мл од тестото во тавата и печете неколку минути додека да почнат
да се формираат меурчиња на рабовите. Свртете ја палачинката и
испечете ја и од другата страна.

53
49.
Интегрални Американски
палачинки со компот од бобинки

СОСТОЈКИ
• 320 гр интегрално брашно • 60 мл растително масло
• 60 гр пченични никулци • 2 големи јајца, матени
• 2 супени лажици шеќер • 500 гр боровинки
• 1 ½ супени лажици прашок за печиво • 6 супени лажици сок од лимон
• ½ лажичка сода бикарбона • 1/8 лажичка сол
• 1 лажичка сол • 250 гр капини
• 400 мл матеница • 125 гр шеќер

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките: загрејте ја рерната на 100°C. Измешајте
ги заедно брашното, никулците, шеќерот, прашокот за печиво,
содата и солта. Додадете ја матеницата, маслото и јајцата. Оставете
го тестото да отстои 10 минути (ако се згусне, додадете 1 супена
лажица вода).
Подгответе го компотот: Варете ги боровинките заедно со сокот
од лимон и солта додека да испукаат, 4 до 5 минути. Додадете го
шеќерот. Варете додека да добиете смеса доволно густа за да се
лепи на лажицата, 6 до 8 минути. Додадете ги капините.
Подгответе ги палачинките. Послужете ги со компотот.

54
50.
Американски палачинки
со мед и ленено семе

СОСТОЈКИ
• 250 гр брашно
• 3 супени лажици мелено ленено семе
• 1 лажичка сода бикарбона
• ¼ лажичка сол
• 250 мл млеко (може да се замени со млеко
од соја, ориз или бадеми)
• 1 големи јајца
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 3 супени лажици мед

ПОДГОТОВК А
Измешајте ги сите состојки во длабок сад. Загрејте ја тавата на
средна температура. Премачкајте ја со кокосово масло или со друго
масло по ваш избор. Подгответе ги палачинките.
Послужете ги палачинките со јаворов сируп и парчиња овошје.

55
51.
Американски палачинки
со овес и јаболка

СОСТОЈКИ
• 300 гр овесно брашно (или мелен овес) • 1 супена лажица мед
• 1 големо јајце • 250 мл бадемово млеко
• 1 лажичка прашок за печиво • 2 супени лажици јогурт
• ½ лажичка сода бикарбона • 1 лажичка цимет
• ½ лажичка сол • 1 јаболко, исечкано

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата и солта.
Додадете ги сите состојки, освен јаболкото, и мешајте додека да
добиете хомогена смеса.
Загрејте ја тавата на средна температура. Премачкајте ја со кокосово
масло или со масло по ваш избор.
Подгответе ги палачинките.
Совет: Послужете ги палачинките топли со мед и јаболка.

56
52.
Американски палачинки
со банани

СОСТОЈКИ • 2 јајца
• Пире од 3 мали или 3 средни • 250 гр брашно од овес (безглутенско
брашно, доколку е потребно)
банани (270 гр)
• ½ лажичка сода бикарбона
• 2 супени лажици кокосово масло или
• ½ лажичка сол
путер, растопен
• 1 лажичка мелен цимет
• 2 лажички сок од лимон
• ¼ лажичка мелено морско оревче
• 2 лажички ванила

ПОДГОТОВК А
Убаво измешајте ги сите течни состојки во длабок сад (од бананите
до јајцата). Остатокот од состојките помешајте ги во друг сад и
додадете ги во претходно подготвената смеса. Може да останат мали
грутки. Оставете ја смесата да отстои 10 минути. Загрејте ја тавата на
средна температура. Премачкајте ја со кокосово масло или со друго
масло по ваш избор. Истурете 60 мл од тестото во тавата и испечете
го од двете страни.

СОВЕТ: послужете ги со банани и чоколадни трошки.

57
53.
Американски палачинки од
боровинки и сос од јаболка

СОСТОЈКИ
• 12 белки од јајца
• 250 гр овес
• 2 лажички прашок за печиво
• 250 мл бадемово млеко
• 1 прсофат сол
• Малку стевиа
• 125 гр боровинки
• 250 мл јаболков сируп
• 1 прстофат цимет

ПОДГОТОВКА
Измешајте го овесот, прашокот за печиво, белките, бадемовото
млеко, солта и стевиата. Ставете ја смесата во блендер и матете на
најголема брзина 30 секунди. Ставете од тестото на тава за палачинки
и врз него ставете половина од боровинките. Свртете ја палачинката
и испечете ја и од другата страна. Откако ќе бидат готови ставете ги
на чинија и прелијте ги со јаболков сируп и наросете боровинки и
цимет.

СОВЕТ: доколку сакате побогат вкус, додадете и неколку


парчиња јаболко.

58
54.
Американски палачинки со
кефир и путер од кикирики

СОСТОЈКИ
• 250 гр повеќенаменско брашно
• 250 гр овесно брашно или мелен овес
• ½ лажичка сода бикарбона
• Прстофат сол
• 500 мл кефир
• 125 мл млеко
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 1 матено јајце, со 2 белки
• 3 супени лажици путер од кикирики
• 250 гр свежи бобинки

ПОДГОТОВК А
Измешајте го брашното, содата и солта. Во друг сад помешајте го
кефирот, млекото, ванилата и јајцата и убаво изматете. Додадете
ја и сувата смеса и убаво мешајте. Загрејте ја тавата и ставете од
тестото. Печете околу 2 минути на секоја страна. Загрејте го путерот
во микробранова 20 секунди и прелијте ги палачинките. Наросете од
свежите бобинки и послужете.

СОВЕТ: ако сте голем љубител на кефир можете да ставите


дополнителна количина врз нив пред да ги послужите.

59
55.
Американски палачинки
со овес и сирење

СОСТОЈКИ
• 125 гр овес
• ½ средна банана
• ½ лажичка екстракт од ванила
• 1 лажичка прашок за печиво
• ½ лажичка цимет
• 2 белки од јајца (или 1 јајце)
• 60 гр сирење
• 1-2 супени лажици бадемово млеко

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека да добиете
мазна смеса. Загрејте ја тавата за палачинки на средна температура.
Истурете ¼ од тестото во тавата и додадете го вашиот омилен
прелив. Откако ќе почнат да се појавуваат балончиња, време е да ја
превртите палачинката. Откако ќе бидат готови палачинките ставете
ги во чинија и послужете.

60
56.
Американски палачинки од
спанаќ со сос од банана

СОСТОЈКИ
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ: • ½ лажичка сол
• 250 гр спанаќ • ½ лажичка цимет
• 1 банана
• 125 гр боровинки ЗА СОСОТ ОД БАНАНА:
• 250 мл млеко од соја • Пире од 1 банана
• 1 супена лажица јаворов сируп • 180 мл грчки јогурт
• 1 јајце • 40 мл млеко од соја
• 300 гр интегрално брашно
• 2 лажички прашок за печиво

ПОДГОТОВК А
Ставете го спанаќот, боровинките, бананата, млекото од соја и
јаворовиот сируп во блендер и убаво изблендирајте ги. Откако ќе
добиете мазна смеса, ставете ја во длабок сад и додадете го јајцето.
Во друг сад, измешајте ги останатите состојки. Потоа измешајте ги
убаво двете смеси заедно за да добиете мазно тесто.
За сосот од банана, измешајте го пирето од банана, млекото од
соја и јогуртот. Загрејте ја тавата на средна температура. Истурете
од тестото и печете по 2 минути на двете страни. Прелијте ги
палачинките со сосот од банана и послужете ги топли.

61
57.
Американски палачинки со
моркови и зачини

СОСТОЈКИ
• 300 гр повеќенаменско брашно • 60 гр кафеав шеќер
• 60 гр исечкани ореви, печени • 180 гр матеница
• 2 лажички прашок за печиво • 1 супена лажица масло
• 1 лажичка мелен цимет • 1 ½ лажички екстракт од ванила
• ¼ лажичка сол • 2 големи јајца, матени
• 1/8 лажичка мелено морско • 500 гр ситно рендан морков
оревче • 3 супени лажици растопен путер
• Прстофат мелено каранфилче • 2 супени лажици мед
• Прстофат мелен ѓумбир

ПОДГОТОВКА
Измешајте го брашното, оревите, прашокот за печиво, циметот,
солта, морското оревче, каранфилчето и ѓумбирот. Во друг сад
измешајте го кафеавиот шеќер со матеницата, маслото, ванилата и
јајцата. Помешајте ги двете смеси и додадете ги морковите. Загрејте
ја тавата за палачинки на средна температура. Ставете од тестото
во тавата и печете ја палачинката од двете страни по 2 минути. Во
посебен сад измешајте ги путерот и медот, и од оваа смеса ставете
на палачинките пред послужување.

62
Палачинки

63
58.
Зачинети зеленчукови
Американски палачинки

СОСТОЈКИ
• 2 супени лажици маслиново масло
• 1 кромид исечкан
• 1 мал карфиол, исечкан
• 410 гр наут од конзерва, исцеден и измиен
• 400 гр тегла доматен сос
• 3 супени лажици свеж коријандер
• 150 гр јогурт
• 50 гр ливчиња од млад спанаќ

ПОДГОТОВКА
Загрејте го маслото во сад за готвење, додадете го кромидот и
пропржете го 5 минути додека да омекне. Додадете го карфиолот
и кратко испржете го. Ставете 5 супени лажици вода, затворете го
садот со капак и гответе 5 минути додека карфиолот да омекне.
Потоа додадете го наутот и доматниот сос и почекајте да зоврие.
Нека врие 2-3 минути, додадете го коријандерот и тргнете го од
оган. Ставете го сосот во сад за послужување и послужете го заедно
со палачинките, јогуртот и спанаќот. Секој може да стави неколку
листови спанаќ, малку сос и јогурт, на палачинките. Завиткајте ги
палачинките.

64
59.

Торта од палачинки со чоколадо и ликер од бадеми

65
ПОДГОТОВКА
СОСТОЈКИ
Изматете ја слатката павлака во длабок сад со рачен миксер на средна
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ: брзина. Постепено додавајте го шеќерот. Како што смесата ќе почне да се
• 6 големи јајца згуснува, постепено додавајте го какаото во прав. Додавајте ги ликерот, по
• 250 мл млеко една супена лажица, и додадете го екстрактот од бадеми. Убаво изматете.
• 125 мл павлака Тргнете ја смесата на страна.
• ½ лажичка ванила
• 250 гр повеќенаменско брашно ЧОКОЛАДО-БАДЕМ ГАНАЖ:
• 1/8 лажичка сол • 135 гр чоколадо
• 60 гр шеќер • 125 мл слатка павлака
• 1 супена лажица ликер од бадем

ПОДГОТОВК А
Ставете ги состојките во блендер или во процесор за храна и блендирајте ПОДГОТОВКА
додека да добиете мазна смеса. Смесата треба да биде густа како шлаг. Исечкајте го чоколадото и ставете го во длабок сад. Во мал сад за готвење,
Премачкајте ја тавата со готвење со растопен путер и загрејте ја. Ставете од загрејте ја слатката павлака додека да почне да врие. Истурете ја топлата
тестото и формирајте тенка палачинка. Печете ја палачинката додека да го павлака врз чоколадото и мешајте додека чоколадото да се растопи и да
изгуби сјајот. Нема потреба да ја превртувате од другата страна. добиете мазна смеса. Додадете го ликерот. Оставете го да се олади пред
употреба.
ПОДГОТОВКА:
Ставете ја палачинката на чинија. Со четка премачкајте ја со тенок слој од
ЧОКОЛАДО-БАДЕМ ПОЛНЕЊЕ: чоколадниот ганаж. Ставете од полнењето врз ганажот и покријте со друга
• 80 мл слатка павлака палачинка.
• 3 супени лажици какао во прав Со остатокот од чоколадниот ганаж прелијте ја тортата. Оставете ја да отстои
• 3 супени лажици шеќер на собна температура.
• 1 лажичка екстракт од бадеми
• 2 супени лажици ликер од бадеми

66
60.

Палачинки со стек, спанаќ и печурки со прелив од балсамико

67
ПОДГОТОВКА
СОСТОЈКИ За подготовка на палачинките, ставете путер во садот за печење и загрејте
• 2 големи јајца го на средна температура. Постојано мешајте додека да добиете кафеави
• 180 мл млеко зрна на дното, околу 5-6 минути. Потоа тргнете го садот од рингла и ставете
• 250 гр интегрално брашно го на страна. Останатите состојки ставете ги во блендер. Додадете го
• 3 супени лажици путер кафеавиот путер и пулсирајте 30 секунди. Ставете го тестото во фрижидер
• ¼ лажичка сол 30 минути. Вака можете да го чувате тестото до 48 часа.
• 125 мл вода Подгответе ги палачинките - веќе знаете како.

ПОЛНЕЊЕ: За подготовка на преливот од балсамико, во мал сад за готвење


• 60 гр говедско филе ставете го оцетот и кафеавиот шеќер и почекајте да зоврие. Намалете ја
• Црн бибер температурата и гответе го 10-15 минути, додека течноста да се намали за
• Сол половина и малку да се згусне. Тргнете го од рингла, ставете го преливот
• 2 супени лажици путер во сад и тргенте го на страна за да се олади и згусне.
• 1 чешне лук, мелено
• 180-360 гр печурки, исечкани Згответе го стекот по ваша желба. Исечкајте го на ленти со дебелина од
• 180 гр спанаќ околу 0,5см.
• 2 супени лажици балсамико Во меѓувреме загрејте го садот за готвење на средна температура,
• Прстофат морско оревче додадете 2 супени лажици путер и ставете ги печурките да се пропржат.
• 60-120 гр сино сирење Не ги мешајте! Оставете ги додека да се карамелизираат на долниот дел,
• Свеж магдонос околу 2 минути. Промешајте ги еднаш и додадете го спанаќот. Зачинете
со сол и бибер. Гответе уште 5 минути. Потоа додадете го лукот и оцетот.
ЗА ПРЕЛИВОТ ОД БАЛСАМИКО: Динстајте додека печурките да го впијат оцетот. Тргнете го садот од рингла
• 125 мл балсамико оцет и зачинете по потреба.
• 1 лажичка кафеав шеќер
Ставете ја палачинката на чинија и ставете врз неа од спанаќот и
печурките. Додадете неколку ленти стек и наросете од сирењето. Завиткајте
ја палачинката во триаголник. Прелијте со сосот од балсамико и додадете
малку од путерот со сирење. Наросете свеж магдонос.

68
61.
Палачинки од ореви со
мед и овошје

СОСТОЈКИ
ПАЛАЧИНКИ СО ЛЕШНИЦИ: • 500 гр јагоди, исчистени и
• 3 супени лажици путер исечкани
• 200 гр брашно
• 50 гр брашно од лешници СЛАТКА ПАВЛАКА СО МЕД:
(*можете дома да сомелете • 250 мл слатка павлака
лешници) • 3 супени лажици шеќер
• 3 супени лажици путер • 60 мл мед
• 300 мл бадемово млеко
• 4 кајсии со средна големина,
без семки и исечкани

ПОДГОТОВК А
Ставете го путерот во сад за готвење на средна температура,
гответе 3-4 минути или додека путерот да добие кафеава боја.
Оставете го на страна да се олади. Додадете го млекото, брашното,
мелените лешници, јајцата и оладениот кафеав путер во блендер и
процесирајте ги додека да добиете хомогена смеса.
Загрејте ја тавата за палачинки и подгответе ги палачинките.
За да го направите кремот со мед, ставете ја слатката павлака и
шеќерот во изладен сад и изматете ги убаво.
Додадете го медот и матете додека да добиете цврста смеса.
За послужување, ставете ја палачинката на чинија и премачкајте
со кремот со мед. Додадете од јагодите и кајсиите. Завиткајте ја
палачинките во триаголник и послужете.

69
62.

Палачинки од кокос со манго

СОСТОЈКИ
• 450 мл кокосово млеко • 150 гр кокос
• 3 големи јајца • 60 мл млеко
• 3 супени лажици шеќер во прав • 125 гр путер
• ¾ лажичка смеса од мелен цимет • 2 парчиња свежо манго, исечкано
и морско оревче) на резанчиња
• 1/8 лажичка сол
• 200 гр брашно

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 100°C. На хартија за печење наредете неколку
слоја хартиени салфетки. Во длабок сад изматете го кокосовото
млеко, јајцата, шеќерот, циметот, морското оревче и солта. Додадете
го брашното, кокосот и млекото. Загрејте ја тавата и во средината
ставете од тестото за палачинки. Формирајте тенок слој. Печете ја
палачинката додека да добие златна боја на долниот дел, а горниот
дел да биде речиси сув. Потоа превртете ја и гответе уште 30 секунди.
Ставајте ги палачинките на хартија за печење и чувајте ги во рерна.
Топлите палачинки премачкајте ги со путер. Врз секоја палачинка
ставете од парчињата манго. Завиткајте ги палачинките и ставете ги
на послужавник. Наросете шеќер во прав. Послужете со остатокот од
парчињата манго.

70
63.
Палачинки од тиква со пиво,
јаболка и цимет

СОСТОЈКИ
ЗА ПАЛАЧИНКИ ОД ТИКВА: • ¼ лажичка морско оревче
• 500 мл млеко
• 2 супени лажици путер ЗА ПОЛНЕЊЕТО:
• 2 јајца • 1 супена лажица путер
• 125 гр пире од тиква • 1 јаболко, излупено и
• 1 лажичка ванила исечкано на коцки
• 380 гр брашно • 60 гр кафеав шеќер
• 1 супена лажица шеќер • 125 мл пиво од тиква
• ½ лажичка сол • 1 лажичка цимет
• 1 лажичка цимет • 150 гр млечно чоколадо
• ¼ лажичка ѓумбир

ПОДГОТОВК А
За палачинките, загрејте го млекото со путерот. Во длабок сад измешајте
ги заедно јајцата, тиквата и ванилата. Полека додавајте го топлото млеко.
Во друг сад измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта,
циметот, ѓумбирот и морското оревче. Смесата со млеко додадете ја во
сувата смеса, постојано мешајќи додека да добиете мазна смеса.
Испечете ги палачинките.
Во мал сад издинстајте ги јаболките со путерот, кафеавиот шеќер, пивото
од тиква и циметот додека да добиете густ сос. Растопете го чоколадото
во микробранова во интервали од 30 секунди. Завиткајте ги палачинките
на 4 дела и послужете ги со преливот од јаболко и прелијте со чоколадо.

71
64.
Палачинки од спанаќ, артичока
и бри со сладок сос од мед

СОСТОЈКИ
• Палачинки • 60 гр пармезан
• 2 супени лажици маслиново масло • 240 гр бри сирење
• 2 чешниња лук, мелени
• ¼ лажичка сол ЗА БЛАГ СОС СО МЕД
• ½ лажичка бибер • 60 мл маслиново масло
• ½ лажичка буковец • 3 супени лажици мед
• 240-360 гр свеж спанаќ • 60 гр свеж магдонос
• 360 гр маринирана артичока
исцедена и исечкана

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги палачинките. Потоа, загрејте ја тавата на средна
температура и додадете 1 супена лажица маслиново масло и лук.
Додадете ја солта, биберот и буковецот, гответе 2 минути. Во тавата
ставете го спанаќот и артичоките, гответе уште 5-6 минути. Намалете ја
температурата и додадете го и пармезанот во смесата, потоа тргнете ја
тавата од рингла.
Измешајте го заедно маслиновот масло и медот. Ставете ги во мал сад
за готвење и загрејте ги. Одржувајте ги топли.
Избришете го садот и загрејте го на средна температура. Ставете од
тестото, врз него ставете од бри сирењето. Наредете од спанаќот и
артичоката и повторно ставете од сирењето. Свиткајте ја палачинката во
триаголник. Печете ги 2-3 минути од едната страна и после завртете ја и
од другата, додека бри сирењето комплетно да се растопи.
Прелијте ги палачинките со топол сос од мед!

72
65.
Торбички од палачинки со
карамел од јаболко

СОСТОЈКИ
• 2 големи јаболка ЗА КАРАМЕЛАТА:
• 2 ½ супени лажици путер • 125 гр шеќер
• 80 гр бел шеќер • 3 супени лажици путер
• 1 лажичка цимет • 70 гр слатка павлака

ПОДГОТОВК А
Излупете ги јаболките на мали еднакви парчиња. Ставете го садот за готвење
на средна температура и загрејте го путерот. Откако целосно ќе се растопи,
додадете ги јаболката, шеќерот и циметот.
Гответе 15 минути или додека јаболката да омекнат. Тргнете ги од рингла и
префрлете ги јаболките во друг сад за да се оладат.
Растопете го шеќерот. Постојано мешајте го додека да добие светло кафена боја.
Додадете го путерот и почекајте да се растопи. Додадете ја слатката павлака
и матете додека да добиете мазен сос. Тргнете го садот од рингла и почекајте
смесата да се олади.
Во средината на секоја палачинка ставете парче од бри сирењето. Прелијте со
2 супени лажици пржени јаболка и карамел сосот. Од палачинката внимателно
формирајте торбичка и врзете ја со дршка од нане. Послужете или ставете ги
палачинките во рерна на 165°C, 8-10 минути!

73
66.

Палачинки од ванила со праски

СОСТОЈКИ
• 300 мл млеко • 250 гр слатка павлака
• 250 гр повеќенаменско брашно • 125 гр шеќер во прав
• 2 големи јајца • ²/₄ лажичка екстракт од ванила
• 2 супени лажици путер • 5 праски со средна големина
• 1 супена лажица зрна ванила • 3 ½ лажички сок од лимон
• 1/8 лажичка сол • 3 ½ лажички шеќер
• 360 гр крем сирење

ПОДГОТОВКА
Во блендер ставете го млекото, брашното, јајцата, путерот, зрната
ванила и солта. Откако ќе добиете мазна смеса префрлете ја во
вакумиран сад и ставете ја во фрижидер 1 час.
За подготовка на полнењето со крем, ставете ја слатката павлака во
сад за матење и со рачен миксер изматете ја во цврст шлаг. Во друг
сад изматете го крем сирењето на средна брзина, околу 3 минути,
па додадете го шеќерот во прав и ванилата. Внимателно додадете ја
слатката павлака во смесата со крем сирење. Смесата ставете ја во
фрижидер.
За подготовка на полнењето со праски, ставете ги парчињата праски
во длабок сад и помешајте ги со сокот од лимон и шеќерот. Оставете
ја смесата да отстои додека да ги подготвите палачинките.
Палачинките веќе знаете како да ги подготвите :)
Секоја палачинка ставете од полнењето со праска, завиткајте ја и
одозгора ставете од преливот и наросете со шеќер во прав.
74
67.

Палачинки од компири

СОСТОЈКИ
• 2,5 компири
• 1 супена лажица сол
• 1 супена лажица шеќер (дополнително за послужување)
• 2 супени лажици растопен путер (дополнително за
послужување)
• Нутела (по желба за послужување)

ПОДГОТОВК А
Целосно покријте ги компирите со вода во длабок сад за готвење
и варете ги додека убаво да омекнат, 40-50 минути. Откако ќе бидат
готови, испасирајте ги.
Додадете го путерот, кремот, циметот, брашното и шеќерот и подгответе
хомогена смеса. Сега тестирајте го тестото. Земете малку од тестото
и направете топче, остатокот од тестото покријте го и ставете го во
фрижидер. Од топчето расукајте кора со дебелина од околу 0,5 см.
Доколку тестото постојано се крши, тогаш додадете уште крем во тестото.
Тестото треба да биде малку лепливо. Загријте ја тавата на 260°C. Од
остатокот од тестото направете топчиња и ставете ги во фрижидер и едно
по едно вадете ги и расукувајте ги. Подготвените палачинки ставајте ги
во тавата и печете ги од двете страни додека да добијат кафени точки.
За послужување, попрскајте ги со растопен путер, наросете цимет и
шеќер и завиткајте ги во ролна.
Користете намази по ваша желба: Нутела, џем, …

75
68.
Американски палачинки
по шведски рецепт

СОСТОЈКИ
• 3 големи јајца
• 500 мл млеко
• 250 гр брашно
• 6 супени лажици растопен путер
• 1 супена лажица шеќер
• ½ лажичка сол
• Шеќер во прав
• Овошје (малини, јагоди или диња) за декорација

ПОДГОТОВКА
Во сад за матење ставете 3 јајца и 125 мл млеко. Процесирајте
2 до 3 минути. Исклучете го миксерот и додадете 250 гр брашно.
Повторно процесирајте ја смесата, уште 1-2 минути. Додадете го
остатокот од млекото, путерот, шеќерот, ванилата и солта. Загрејте ја
тавата за палачинки на средна температура. Печете ги палачинките
по 2-3 минути од секоја страна. Послужете со свежо овошје, џем и
шеќер во прав.

76
69.

Розеви палачинки

77
ПОДГОТОВКА
СОСТОЈКИ
Во длабок сад помешајте го брашното, прашокот за печиво, солта и
• 380 гр повеќенаменско брашно какаото. Тргнете ја смесата на страна.
• 1 лажичка прашок за печиво Во друг длабок сад, помешајте ги матеницата, шеќерот, јајцето, путерот,
• ½ лажичка прашок за печиво ванилата, прехрамбената боја и 250 мл млеко.
• ¼ лажичка морска сол Матејќи, помешајте ги двете смеси - наједноставен начин е двете да ги
• 2 супени лажици какао во прав ставите во блендер, со што би ја спречиле и појавата на грутки.
• 500 мл матеница Додадете малку млеко за тестото да биде како супа - ако е многу густо,
• 250-500 мл млеко тогаш ќе подготвувате американски палачинки.
• 60 гр шеќер Тестото ќе има розева боја, но таа ќе се смени откако ќе се испечат.
• 1 големо јајце
• 2 супени лажици путер За кремот: во длабок сад, помешајте го маскарпонето со какаото и
• 1 супена лажица црвена прехрамбена боја ванилата. Додадете и малку слатка павлака за полесно да ја изматите
• 2 лажички екстракт од ванила смесата. Матете со рачен миксер. Додадете ги шеќерот и слатката павлака
и матете додека да добиете густа смеса.
ЗА ЧОКОЛАДЕН КРЕМ: Послужете ги палачинките со чоколаден крем, свежи бобинки и мед или
• 240 гр маскарпоне сирење растопено чоколадо.
• 125 гр какао во прав
• 2 лажички екстракт од ванила
• 500 мл слатка павлака
• 125 гр шеќер

ПО ЖЕЛБА:
• Свежи бобинки
• Џем
• Шеќер во прав
• Растопено чоколадо
• Мед

78
70.
Палачинки од спанаќ и
сланина со холандски сос

СОСТОЈКИ
• Палачинки • 125 мл слатка павлака
• 3 супени лажици путер
• 500 гр исечкани печурки ХОЛАНДСКИ СОС
• ½ среден кромид, ситно • 125 гр путер
сечкан • 2 жолчки
• 250 гр сланина, испржена и • 3 супени лажици сок од лимон
ситно сечкана
• 250 гр замрзнат спанаќ
• 90 гр фета сирење
• 125 гр пармезан

ПОДГОТОВК А
Подгответе ги палачинките по рецептот кој најмногу ви се допаѓа.
За полнењето: издинстајте ги печурките со кромидот во 3 супени
лажици путер. Додадете ја сланината, спанаќот, фетата, пармезанот и
павлаката. Тргнете ја смесата од рингла и ставете ја на страна.
Наполнете ги палачинките со смесата со спанаќ и ставете ги во тава
за печење. Печете на 180°C, 15 минути.
Во меѓувреме подгответе го холандскиот сос: на ниска температура,
растопете 60 гр путер со сокот од лимон. Полека додавајте и матете
ја жолчката и гответе на ниска температура додека да се згусне.
Полека додадете гои остатокот од путерот. Тргнете ја смесата од
рингла и истурете ја врз подготвените палачинки. Подготвени се за
послужување.

79
71.
Палачинки од кромид и пармезан со фил
од рикота, спанаќ, сланина и печурки

СОСТОЈКИ ПОЛНЕЊЕ:
• 250 мл студена вода • 2 супени лажици путер
• 250 мл млеко • 500 гр сечкани печурки
• 4 јајца • 1 супена лажица маслиново масло
• 1 лажичка сол • 500 гр спанаќ
• 500 гр повеќенаменско брашно • ¼ лажичка лук во прав
• 4 супени лажици растопен путер • 60 гр сечкана сланина
• 60 гр млад кромид • 180 гр рикота сирење
• 2 супени лажици пармезан • сол & бибер

ПОДГОТОВКА
Во блендер ставете ја водата со млекото, јајцата и солта. Додадете го
брашното, путерот, кромидот и пармезанот, изблендирајте убаво додека
да добиете хомогена смеса. Смесата треба да биде ретка, да направи слој
на лажицата. Ставете ја смесата во фрижидер најмалку 1 час. Испечете
тенки палачинки.
Полнењето направете го со тоа што ќе ставите путер во тава за печење на
средна температура. Откако путерот ќе се растопи, додадете ги печурките.
Динстајте ги додека да омекнат, околу 5-10 минути, и потоа додадете 1
супена лажица маслиново масло и спанаќ. Покријте со капак и динстајте
уште 1 минута. Кога спанаќот ќе омекне, додадете ја сланината, лукот,
солта и биберот.
Тргнете ја смесата од рингла, додадете ја рикотата и помешајте ги
состојките. Ставете од смесата врз палачинките и завиткајте ги во ролна.
Подготвени се за послужување.
80
72.
Палачинки со тревки, јајца,
кашкавал, шунка и кафеав путер

СОСТОЈКИ
• 300 мл млеко • Матени јајца со кашкавал
• 250 гр повеќенаменско брашно • 12 големи јајца
• 2 големи јајца • 125 мл млеко
• 3 супени лажици путер • ¾ лажичка кромид во прав
• 1/8 лажичка сол • ¼ лажичка лук во прав
• 1 супена лажица магдонос • Сол и бибер по вкус
• 300 гр шунка, исечена на ленти • 150 гр рендан кашкавал
• 60 гр кафеав шеќер за
послужување

ПОДГОТОВК А
Во блендер ставете млеко, брашно, јајца, путер, сол и магдонос и
блендирајте. Смесата ставете ја во фрижидер 1 час. Испечете ги
палачинките.
За матените јајца со кашкавал:
Во блендер ставете ги 12 јајца, 125 мл млеко, кромид во прав, лук во прав
и сол и бибер по вкус, потоа блендирајте ја смесата на најмала брзина
10 секунди. Загрејте ја тавата на средна температура и во неа ставете ½
лажичка путер. Откако ќе почнат да се формира пена од путерот, додадете
ја смесата со јајца. Повремено мешајте ги јајцата. Одозгора изрендајте
кашкавал и допечете ги. Тргнете ги од рингла.
На палачинките ставете 1-2 ленти од шунката и врз нив еден слој од
јајцата. Завиткајте ги палачинките во ролна и попрскајте ги со топол
пропржен путер.

81
73.
Палачинки од тиква и
крем сирење

СОСТОЈКИ
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ: ПОЛНЕЊЕ:
• 3 јајца • 240 мл слатка павлака
• 250 мл млеко • 450 гр крем сирење
• 1 лажичка екстракт од ванила • 180 гр шеќер
• 180 гр пченкарен скроб • ½ лажичка сол
• 3 супени лажици шеќер • 1 супена лажица соко од лимон
• 3 супени лажици пире од тиква • 2 лажички екстракт од ванила
• По желба: карамел сос и ореви

ПОДГОТОВКА
Изматете ги јајцата, млекото, ванилата, скробот, шеќерот и пирето
од тиква. Со рачен миксер изматете го крем сирењето и тргнете го
на страна. Додадете го шеќерот, солта, сокот од лимон и ванилата.
Додадете ја и изматената слатка павлака и тргнете ја смесата на
страна. Загрејте ја тавата за пржење на средна температура.
Премачкајте ја тавата со путер и ставете од тестото. Испечете ги
палачинките од двете страни. Секоја палачинка наполнете ја со
сосот од крем сирење, и врз неа ставете од карамел сосот и оревите.

82
74.

Палачинки со манго & авокадо

СОСТОЈКИ
• 100 гр пченично брашно
• 50 гр пченкарно брашно
• 50 гр авокадо
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода
• 7 гр шеќер
• 300 гр манго (за полнењето)

ПОДГОТОВК А
Изблендирајте ги заедно сите состојки, освен мангото. Испечете ги
палачинките. Излупете го мангото и исечете го на ленти. Ставете
ги лентите на средина од палачинката и завиткајте ја во ролна -
палачинките се подготвени за послужување.

83
75.
Палачинки со гоџи бобинки,
мед & и лешници

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 50 гр ситно сечкани лешници
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 10 гр гоџи бобинки
• 200 мл вода
• 7 гр шеќер

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 200 гр мед
• 100 гр бадеми

ПОДГОТОВКА
Изблендирајте ги сите состојки за палачинките. Испечете ги на
нелеплива тава. Наполнете ги палачинките со мед и бадеми.

84
76.

Палачинки со чоколадо и ореви

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 10 гр чиа семе
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр чоколадо
• 50 гр ореви

ПОДГОТОВК А
Изблендирајте ги сите состојки во блендер. Испечете ги палачинките
и наполнете ги со ореви и растопено чоколадо.

85
77.

Палачинки со вишни

СОСТОЈКИ
• 100 гр оризово брашно
• 50 гр пченично брашно
• 20 мл сок од лимон
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр вишни од компот
• 10 гр путер
• 10 гр скроб во прав
• 30 гр шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Изблендирајте ги сите состојки. Испечете ги палачинките. За
подготовка на полнењето, пропржете ги вишните на путер. Додадете
го шеќерот во прав и скробот и убаво измешајте. За послужување,
палачинките прелијте ги со слатко-киселиот сос, завиткајте ги во
ролна и прелијте ги со уште малку сос.

86
78.

Печени јаболка и цимет

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 7 гр куркума
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 10 гр чиа семе
• 100 мл сок од портокал
• 100 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 400 гр јаболка
• 20 гр путер
• 7 гр цимет во прав
• 50 гр мед

ПОДГОТОВК А
Изблендирајте ги сите состојки за палачинките во блендер. Испечете
ги палачинките на нелеплива тава. Излупете ги јаболката, изрендајте
ги и продинстајте ги на путер. Додадете цимет, мед и мешајте да се
искомбинираат сите состојки. Наполнете ги палачинките и послужете ги.

87
79.

Палачинки со џем од калинки

СОСТОЈКИ
• 50 гр пченично брашно
• 50 гр хељдино брашно
• 50 гр овесни снегулки
• 20 гр гоџи бобинки
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл чај од шипки
• 7 гр шеќер

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр џем од калинки

ПОДГОТОВКА
Сите состојки ставете ги во блендер. Подгответе ги палачинките.
Откако ќе бидат готови, наполнете ги палачинките со џем од калинки.
Подготвени се за послужување.

88
80.

Ролнички со банана

СОСТОЈКИ
• 100 гр пченично брашно
• 30 гр оризово брашно
• 20 гр кокосово брашно
• 20 гр гоџи бобинки
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода
• 1 пакување ванилин шеќер

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр банани
• 100 гр чоколадо

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки во блендер. Подгответе ги палачинките.
Откако ќе бидат готови, во секоја од палачинките ставете банана
и завиткајте ја во ролна. Палачинките прелијте ги со растопено
чоколадо.

89
81.

Палачинки со џем од смокви

СОСТОЈКИ
• 100 пченично брашно
• 50 гр оризово брашно
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 10 гр чиа семе
• 25 мл маслиново масло
• 100 гр портокал
• 150 мл вода
• 7 гр шеќер

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр џем од смокви
• 50 гр ореви
• 30 гр шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото подгответе
палачинки. Кога ќе бидат готови, секоја од палачинките премачкајте ја
со џем од смокви, наросете шеќер во прав и сечкани ореви.

90
82.

Шумско овошје

СОСТОЈКИ
• 150 пченично брашно
• 30 гр сушени кајсии
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр шумско овошје (свежо или замрзнато)
• 200 гр шеќер

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го
полнењето. Шумското овошје сварете го со малку вода и шеќер. Кога
ќе ја добиете посакуваната густина, тргнете го на страна и почекајте
да се олади. Премачкајте ги палачинките со полнењето и наросете
свежо шумско овошје.

91
83.

Палачинки со тирамису крем

СОСТОЈКИ
• 50 гр пченично брашно
• 50 гр оризово брашно
• 50 гр пченкарно брашно
• 50 гр авокадо
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 мл тирамису крем

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го
полнењето. Изматете 125 мл слатка павлака со 1 пакување ванилин
шеќер и 40 гр обичен шеќер. Потоа додадете 250 гр маскарпоне и
убаво измешајте.

92
84.

Палачинки со младо сирење

СОСТОЈКИ
• 100 гр пченично бршно
• 50 гр хељдино брашно
• 30 гр корен и листови од целер
• 20 гр спанаќ
• 20 гр магдонос
• 10 гр босилек
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 7 гр сол
• 300 гр меко сирење (младо сирење или рикота)
• 50 гр тврдо сирење, ситно рендано

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го
полнењето. Измешајте го мекото сирење со солта и ½ од тврдото
сирење. Потоа наполнете ги палачинките и наросете со остатокот од
ренданото сирење.

93
85.

Палачинки со авокадо и сирење

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 30 гр ф’стаци
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл зеленчукова супа

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 7 гр сол
• 300 гр авокадо
• 100 гр меко сирење (младо сирење или рикота)
• 50 гр тврдо сирење
• 3 гр бибер

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Излупете го авокадото и измешајте го со сирењата. Додадете сол и
бибер. Наполнете ги палачинките и додадете зачини по желба.

94
86.

Потпечени палачинки

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 3 гр суво оригано
• 3 гр свеж босилек
• 3 гр свеж магдонос
• 20 гр ф’стаци
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 7 гр сол
• 200 гр тврдо сирење
• 200 гр младо сирење

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, наполнете ги палачинките
со младо сирење, ставете ги во сад за печење и изрендајте одозгора
тврдо сирење. Печете на 250°C 5 минути. Веднаш послужете.

95
87.
Палачинки со сирење и
пире од зеленчук

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл растителна супа
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 100 гр брокула
• 100 гр карфиол
• 500 гр моркови
• 50 гр грашок
• 100 гр младо сирење
• 20 гр путер
• 7 гр сол

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го
полнењето. Зеленчукот сварете го во солена вода. Почекајте да се
олади на собна температура и изблендирајте го. Додадете го путерот
и младото сирење и убаво промешајте.
Наполнете ги палачинките.

96
88.

Палачинки со лути пиперки

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл зеленчукова супа
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 250 гр сирење
• 60 гр лути пиперки
• 60 гр тврдо сирење, рендано

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Измешајте го сирењето со пиперките и наполнете ги палачинките со
овој фил. Послужете со рендано сирење.

97
89.

Палачинки со печурки

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 10 гр чиа семе
• 200 мл вода
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 400 гр свежи шампињони
• 20 гр путер
• 30 мл маслиново масло
• 200 мл павлака за готвење
• 7 гр сол

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Исечкајте ги печурките и пропржете ги на путер и маслиново
масло. Додадете ја солта и павлаката за готвење. Мешајте убаво.
Палачинките наполнете ги со оваа смеса.

98
90.

Палачинки со горгонзола

СОСТОЈКИ
• 150 пченично брашно
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр горгонзола или било кое друго сино сирење
• 100 мл павлака за готвење
• 3 гр бибер

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Исечкајте ја горгонзолата, ставете ја во тава за готвење и издинстајте
ја со павлаката за готвење и бибер. Тргнете ја на страна пред да
почне да врие. Наполнете ги палачинките и послужете.

99
91.
Палачинки од босилек со
моцарела

СОСТОЈКИ
• 150 пченично брашно
• 20 гр свеж босилек
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 400 гр моцарела
• 300 гр домати
• 60 мл маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Исечете ги доматите и моцарелата и наполнете ги палачинките. Врз
нив ставете маслиново масло.

100
92.

Палачинки со печен зеленчук

СОСТОЈКИ ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 100 гр пченично брашно • 100 гр тиквички
• 50 гр оризово брашно • 100 гр црвени пиперки
• 40 гр свежа репка • 100 гр моркови
• 1 јајце • 20 гр путер
• 50 мл млеко • 30 мл маслиново масло
• 25 мл маслиново масло • 60 гр тврдо сирење,
• 200 мл зеленчукова супа рендано
• 3 гр сол • 7 гр сол

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Исечкајте го зеленчукот на ленти. Пропржете го со путер, маслиново
масло и сол. Наполнете ги палачинките и врз нив изрендајте сирење.

101
93.
Палачинки со туна
& ореви

СОСТОЈКИ
• 100 гр пченично брашно
• 50 гр оризово брашно
• 10 гр магдонос
• 30 мл сок од лимон
• 10 гр ореви
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл рибина супа
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 400 гр конзерва туна
• 100 гр црни маслинки

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, наполнете ги
палачинките со туна и црни маслинки.

102
94.

Палачинки со рагу

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 50 мл млеко
• 3 гр сув копар
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл зеленчукова супа
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр мелено месо
• 100 гр црвен кромид
• 20 гр путер
• 30 мл маслиново масло
• 3 гр бибер
• 7 гр сол
• 10 гр свеж магдонос

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Исечкајте го кромидот и издинстајте го на путер и маслиново масло.
Додадете го меленото месо, солта, биберот и магдоносот. Подгответе
го рагуто и наполнете ги палачинките со него.

103
95.
Палачинки со домашна
пилешка паштета

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 2 гр куркума
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл зеленчукова супа
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр пилешки копани - без коски
• 30 гр путер
• 30 мл маслиново масло
• 7 гр сол
• 1 гр бибер

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Потпечете ги копаните на путер и маслиново масло. Додадете сол и
бибер. Откако пилешкото ќе биде готово, оставете го да се олади на
собна температура и потоа ставете го во блендер заедно со мал дел
од пилешката супа. Наполнете ги палачинките со оваа смеса.

104
96.
Палачинки со парчиња
пилешко месо

СОСТОЈКИ
• 150 гр пченично брашно
• 1 јајце
• 1 гр суво оригано
• 10 гр чиа семе
• 50 мл млеко
• 25 мл маслиново масло
• 200 мл вода
• 7 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕ
• 300 гр пилешко филе
• 20 гр путер
• 20 мл маслиново масло
• 100 мл павлака за готвење
• 2 гр бибер

ПОДГОТОВК А
Ставете ги сите состојки за палачинките во блендер. Од тестото
подгответе палачинки. Кога ќе бидат готови, подгответе го полнењето.
Исечкајте го пилешкото филе на ленти и пропржете го на путер и
маслиново масло. Ставете бибер и сол. Откако месото ќе биде
подготвено, додадете ја павлаката за готвење и убаво промешајте.
Наполнете ги палачинките.

105
97.

Палачинки со холандски сос

СОСТОЈКИ • Полнење по желба: шунка,


• 450 гр брашно кашкавал
• 3 големи јајца
• 320 мл млеко ХОЛАНДСКИ СОС:
• 130 мл вода (по желба: • 250 гр путер
газирана вода) • 5 жолчки од јајца
• ½ лажичка сол • 1 супена лажица сок од
• 70 гр мешани билки лимон
(магдонос, мајчина душица, • 2 супени лажици вода
оригано, естрагон) • ½ лажичка црвен пипер
• 4 супени лажици путер • Сол & бибер

ПОДГОТОВКА
Помешајте ги сите состојки во процесор за храна. Подгответе ги
палачинките. Во мал сад за готвење, растопете го путерот на средна
температура. Додека путерот се топи, изматете ги жолчките, сокот од
лимон и водата во длабок сад. Откако путерот ќе се растопи, додадете
една супена лажица путер во садот и убаво измешајте. Потоа додадете
уште една лажица растопен путер и продолжете да мешате 3-4 минути,
да добиете густ сос. Зачинете со црвен пипер, сол и бибер. Намалете
ја температурата на најниска и оставете го сосот на рингла за да се
одржува топлината. Премачкајте ги палачинките со фил по желба и
прелијте ги со Холандскиот сос и билките.

106
98.
Пченкарни палачинки
со младо сирење и капини

СОСТОЈКИ
• 1,5 л матеница
• 4 ½ лажички шеќер во прав • 1 големо јајце
• 1 белка од јајце
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ: • 60 мл млеко
• 60 гр брашно • 60 мл матеница
• 2 супени лажици пченкарно • 1 ½ лажичка мед
брашно • ½ лажичка масло
• ¼ лажичка сода бикарбона • 900 гр капини
• Прстофат сол и мелено • 60 мл ликер од рибизли
морско оревче • 1 лажичка шеќер во прав

ПОДГОТОВК А
Подгответе го сирењето: Ставете едно сито со 3 слоја цедалки за сирење, и
ставете ги врз голем сад. Загрејте ја матеницата на средна температура, без
мешање, додека јасна течност да се одвои од млекото на рабовите или пак
додека термометарот на работ од садот да покаже температура од 35 степени.
Намалете ја температурата и варете додека термометарот да достигне 37
степени. Тргнете го садот од рингла и оставете го да отстои 3 минути. Истурете
ја смесата во ситото; Покријте го садот со најлонска фолија. Ставете го во
фрижидер да отстои додека да стане густ и кремаст, околу 3 часа (или во текот
на ноќта). Пред послужување, додадете го шеќерот во прав. Подгответе ги
палачинките: измешајте го брашното, содата, солта и морското оревче. Во друг
сад измешајте го јајцето со белката, млекото, матеницата, медот и маслото;
полека додавајте ја оваа смеса во смесата со брашно, постојано мешајќи.
Префрлете го тестото во вакумиран сад и ставете го во фрижидер да отстои
30 минути. Испечете ги палачинките. Измешајте ги бобинките и рибизлите.
Оставете да отстои 15 минути. Врз секоја од палачинките ставете 60 мл сирење.
Попрскајте од бобинките, сокот од садот и шеќерот и послужете.
107
99.
Палачинки со рикота и
мармалад од мандарини и лимон

СОСТОЈКИ
• 200 гр брашно • 6 супени лажици путер
• 125 гр шеќер • 250 мл свежо рикота сирење
• 1 лажичка сол • 1 кора од лимон, ситно рендана
• 380 мл млеко • 500-1000 мармалад од мандарини
• ½ лажичка екстракт од ванила и лимон, малку загреан
• 3 големи јајца

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Изматете ги млекото,
ванилата и јајцата. Постепено додавајте ја смесата со млеко во
смесата со брашно и мешајте. Додадете го растопениот путер.
Процедете ја смесата низ ситна цедалка. Тестото ставете го во
фрижидер 2 часа. Измешајте ја рикотата со кората. Премачкајте
ја тавата со путер и загрејте ја на средна температура. Испечете
ги палачинките. Секоја палачинка премачкајте ја со 2-3 лажици од
смесата со рикота. Завиткајте ја на четвртинки за да формирате
триаголник. Ставете 3 палачинки една врз друга и прелијте ги со
мармалад. Подготвени се за послужување.

108
100.

Воздушести палачинки

СОСТОЈКИ
• 2 големи јајца
• 125 гр брашно
• 125 мл млеко
• Прстофат сол
• Прстофат мелено морско оревче
• 3 супени лажици путер
• Шеќер во прав

ПОДГОТОВК А
Загрејте ја рерната на 220°C. Ставете ги јајцата, брашното, млекото,
солта и морското оревче во сад и измешајте ги убаво. За секоја
палачинка ставете 1 супена лажица путер во тавата загреана на
средна температура. Истурете една третина од тестото во загреаната
тава и тавата веднаш префрлете ја во рерна. Печете околу 10 минути.
Наросете шеќер во прав; веднаш послужете.

109
101.
Американски палачинки
од хељда

СОСТОЈКИ
• 125 гр брашно
• 125 хељдино брашно
• 2 супени лажици шеќер
• 2 лажички прашок за печиво
• ¼ лажичка мелен кардамон
• Прстофат шафран
• Прстофат сол
• 2 големи јајца
• 3 супени лажици масло
• 125 мл млеко
• Прелив од крем сирење и цвекло

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, кардамонот,
шафранот и солта во сад. Тргнете ги на страна. Во блендер
процесирајте ги јајцата, маслото, млекото и 125 мл вода. Додадете
ја и смесата со брашното и блендирајте да добиете мазна смеса. За
секоја палачинка ставете по 1 супена лажица од тестото. Испечете
ги палачинките. Послужете ги со прелив од крем сирење и цвекло.

110
ЗАБЕЛЕШКИ

111
www.delimano.com.mk

You might also like