You are on page 1of 6

7 видови брзи колачи од една смеса: брзо се приготвуваат и

превкусни се
Потребни состојки за основна смеса:

940 г мелени кекси, може петит


320 г шеќер во прав
400 мл млеко
450 г путер или маргарин
2 ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Во длабок сад ставете 940 г мелени кекси и 300 г шеќер во прав и 2 ванилин шеќери.
Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Направете вдлабнување и продолжете
да додавате 45о г растопен путер и 400 мл млеко. Убаво промешајте за да се соедини
смесата. Најдобро е да се измеси. Потоа добиеното смеса поделете ја на 7 места по 300
г.

РОЛАТ СО КРЕМ БАНАНЧИЊА

300 г основна смеса


50 г чоколадо за готвење
3 чоколадни бананчиња
шеќер во прав за валкање на ролатот

ПОСТАПКА:

Од основната смеса одземете 300 грамови и додадете 50 г растопено чоколадо.


Промешајте со лажица или со рака. Добиената смеса поставете ја врз масна хартија и
поклопете со уште еден лист. Малку притиснете со дланката и развлечете со оклагија.
Со помош на линијар формирајте правоаголна кора. Отстранете ја горната хартија, па на
едниот крај од кората поставете три чоко-крем-бананчиња, па со помош на хартијата
свиткајте го ролатот. Оставете го во фрижидер, а следниот ден валкајте го во шеќер во
прав.

ТОПЧИЊА СО НАПОЛИТАНКИ И ЛЕШНИЦИ

300 г основна смеса


50 г наполитанки со лешници
50 г пржени мелени лешници
20 г чоколадо за готвење
пржени сечкани лешници за валкање на топчињата

ПОСТАПКА:

Во 300 г основна смеса додадете 20 г растопено чоколадо, 50 г мелени наполитанки со


лешници и 5о г мелени печени лешници. Состојките соединете ги. Со лажица црпете од
смесата и формирајте топче . Секое топче валкајте го во мелени/сечкани лешници.
Оставете ги во фрижидер да се оладат.
ТОПЧИЊА СО КОКОС И ЕУРОКРЕМ
300 г основна смеса
70 г кокос
1 лажица рум
кокос за валкање на топчињата
двобоен еурокрем за декорација

ПОСТАПКА:

Во 300 г основна смеса додадете 70 г кокос, една лажица рум. Состојките соединете ги,
најдобро со рака. Со лажица црпете топчиња, формирајте топчиња и редете ги на масна
хартија. Секое топче со дршка од дрвена лажица или прст формирајте мало вдлабнување
во средината во кое ќе се стави филот. Топчињата валкајте ги во кокос, вратете ги на
тацна и ставете ги во фрижидер. Средниот ден филувајте ги со двобоен еурокрем.

КОЛАЧ СО ЈАФА КЕКСИ


300 г основна смеса
1 лист обланда
40 г кокос
9 парчиња јафа кекси

ПОСТАПКА:

Во 300 г основна смеса додадете 40 г кокос и соединете со лажица или рака. Еден лист
обланда пресечете го на половина. Половина од смесата распоредете ја врз обландата
свртена со крупните коцки кон горе и израмнете. Наредете 9 јафа кекси (ресани) врз
смесата(6 цели и 3 половинки). Малку притиснете ги со дланката. Распоредете ја
преостанатата смеса, израмнете и поклопете со обландата (со крупните коцки свртена
кон долу) и притиснете. Оставете во фрижидер поклопено со некоја тежина.

ТРИАГОЛНИЦИ
300 г основна смеса
70 г мелени ореви
100 г сечкани желе бонбони
растопено чоколадо со масло, заедно растопете го чоколадото за колачот со орео, па
прво премачкајте ја пирамидата

ПОСТАПКА:

Во 300 г основна смеса додадете 100 г ситно сечкани желе бонбони и 70 г мелени ореви.
Состојките соединете ги со лажица или со рака. Добиената смеса распоредете ја врз
масна хартија, па свиткајте ја и обликувајте ја во триаголници. Вака приготвениот ролат
ставете го на тацна во фрижидер.
КОШНИЧКИ
300 г основна смеса
70 г кокос
калап за кошнички
шеќер во прав за калапот

ПОСТАПКА:

Во 300 г смеса ставете 70 г кокос и соединете со рака или лажица. Калапите за


кошнички обложете ги со шеќер во прав, па со смесата полнете ги приготвените
калапчиња. Малку потчукнувајчте ги за да може смесата да излезе. Вака приготвените
кошнички ставете ги во фрижидер.

КОЛАЧ СО ОРЕО КЕКСИ


300 г основна смеса
100 г кршени орео кекси
150 г чоколадо за готвење
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

Во 300 г основна смеса додадете 100 г кршени орео кекси. Убаво соединете со рака, па
смесата истресете ја врз масна хартија. Формитајте правоаголник со дебелина по желба.
Колачот оставете го во фрижидер.

ДЕКОРАЦИЈА:
150 г сечкано чоколадо прелијте го со 3 лажици масло и растопете го во
микробранова печка или на пареа. Со помош на четка премачкајте го триаголникот и
вратете го во фрижидер за да се стегне. Колачот со орео кекси исто така прелијте го
со растопеното чоколадо и оставете го во фрижидер да се стегне. Деталите од целата
постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
Рецепт за баклава со вишни
Потребни состојки:

 половина килограм тенки кори


 4 јајца
 350 грама шеќер
 200 милилитри масло
 150 грама презла
 1 прашок за печиво
 300 грама вишни од компот
 200 милилитри вода
 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Измешајте ги јајцата, маслото и половина од количината шеќер, а потоа додајте ги


презлата и прашокот за печиво.

Во сад за печење со димензии 40 цм х 25 цм, наредете четвртина од корите, па


премачкајте со половина од смесата со јајца, ставете дел од вишните и покријте ги со
кора.

Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки, а најгоре треба да има


кора.

Печете на температура од 185 °С околу 45 минути, додека горната кора да добие златно-
жолта боја и да биде крцкава.

Сварете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа прелијте ја испечената


баклава.

Разни колачиња од едно тесто


Тестото за овие колачи многу брзо се приготвува, а толку лесно се обликува што од него
можете да правите најразлични фигури. Од истото тесто може да направите најразлични
колачи по форма и боја.

Потребни состојки:

250 г путер
1 јајце
250 г шеќер во прав
100 мл масло
1 ванилин шеќер
700 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
2 лажици какао
Постапка:

Путерот омекнете го на собна температура, додадете едно јајце и 250 г просеан шеќер
во прав, 100 мл масло и една кесичка ванилин шеќер. Замесете со рака.

Путерот треба убаво да се соедини со останатите состојки и да добиете кремаста


структура. Во смесата додадете 700 г просеано брашно и една лажичка прашок за
печиво. Добро измешајте го со рака за да добиете меко и ровко тесто кое лесно се
обликува.

Во еден дел од смесата (1/3) додадете две лажици какао и измешајте за да добиете
темно тесто. Врз хартија за печење развлечете кора со третина од белото тесто, а на
неколку места ставете трошки од темното. Покријте ја кората со уште еден лист хартија
и поминете одозгора со оклагијата за да се добие шарено тесто.

Потоа со чаша или модла вадете шарени колачиња и редете ги во плех обложен со
хартија. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, 10 минути. Остатокот од
тестото премесете го и формирајте ваљак, па сечете парчиња правоаголници.

Од втората третина бело тесто развлечете кора, вадете кругови, малку со прстите
обликувајте ги во вид на листови, а потоа со ножот набрашнет во какао правете шари
(погледни видео). Тестото многу лесно се обликува и со него може да правите колачи со
најразличен облик.

You might also like