You are on page 1of 3

Градба на дерма и хиподерма

Дерма или крзно се наоѓа веднаш под епидермисот. Границата помеѓу епидермот и
дермата е брановидна.

Основата на дермата ја прават

1. сврзното ткиво кое се состои од


a. Меѓуклеточна супстанција
b. Колагените и еластичните влакна кои
се наоѓаат во сврзното ткиво на
дермата.
c. Клетки кои се наоѓаат во сврзното
ткиво

2. многу крвни садови


3. нервни влакна и
4. жлезди.

Колагени влакна во вид на


снопови

Еластични влакна
секогаш се поединечни

Сврзно ткиво
1. Меѓуклеточната супстанција на сврзното ткиво е изградено од гел супстанција. Содржи голем
процент на вода, протеини, хранливи материи за влакната и клетките кои се наоѓаат во неа. Содржи
и хијалуронска киселина која има висока способност да врзува вода и помага да се одржи
волуменот на нашата кожа. Губењето на хијалуронска киселина доведува до:

• губење на хидратација,
• губење на еластичност на кожата,
• формирање на брчки на кожата околу очите и устата Во оваа супстанција се
наоѓаат
2. Колагените влакна ја даваат цврстината на на кожата и се испреплетени и групирани во
снопчиња. Изградени се од белковина која се вика колаген.

3. Еластичните влакна имаат способност да се издолжуваат при растегнување на кожата и потоа да


се вратат во првобитна состојба. Еластичбите влакна секогаш се поединечни, односно не градат
снопчиња. Посебно многу еластични влакна има над зглобовите што е разбирливо затоа што тука
кожата е изложена на најголемо истегнување.Во образите еластичните влакна заедно со мускулите
на лицето ја создаваат мимиката на лицето и ги создаваат таканаречените мимички брчки.

Клетки во дерма
Фибробластите се клетки кои влегуваат во состав на
сврзното ткиво. Имаат вретенеста или ѕвездаста форма и ги
произведуваат колагените влакна во истото ткиво. Кога ќе
престанат да создаваат колаген се нарекуваат Фиброцити кои
се се вретенести по форма .

Мастоцити- тоа се големи и округли клетки кои произведуваат хистамин за време на


алергиска реакција и се наоѓаат околу крвните садови. Кога ќе дојдат во контакт на бактерии ги
уништуваат по пат на фагоцитоза. Фагоцитоза на грчки φαγεῖν (фагеин), „да јаде“ и κύτος, (клетка) е
процес во кој некои летки (неутрофили и макрофаги) ги внесуваат во себе штетните материи и ги
уништуваат.

Лимфоцитите се тип на белите крвни зрнца кои се од големо значење за имуниот систем
на организмот.

Нервни влакна – тие ја овозможуваат осетливоста на кожата ( допир, топло ,ладно)

Крвните садови - кои ја хранат кожата.

Хиподерм или subcutis – подкожно масно ткиво

Субкутис или хиподерм е масно наоѓа под дермисот. Овај дел од кожата воглавно е составен од
масно ткиво кое е разделено со прегради изградени од сврзно ткиво. Во овие прегради има

 крвни садови
 лимфни садови
 нерви

Улога на масното ткиво

1. Резервоар на енергија

Во сличај на неповолни услови и недоволно


внесување на храна од овој дел од кожата се ослободуваат масти кои се полни со енергија и на тој
начин се одржува функцијата на целиот организам.

2. Топлотен изолатор на телото

Слојот од масно ткиво е одлична изолација во случај на нагли промени на надворешната


температура.

You might also like