You are on page 1of 3

КАКО СЛУШАМЕ

Звук- она што го слушаме, постојан е присутен во животните активности

Бука е секој непожелен звук.

Звучната енергија се пренесува од објект што вибрира до увото. На тој начин


ние слушаме.

Објектот што вибрира се нарекува звучен извор.

Медиумот е супстанца низ кој звукот патува. Звукот може да патува низ
цвртсти тела, течности и гасовити. Звукот не патува во вакум.

Кога звукот доаѓа до увото, енергијата се пренесува врз ушното тапанче, со


што тоа започнува да вибрира. Вибрациите испраќаат порака до мозокот и ние
слушаме звук.
Како функционира слухот?
Со оглед на својата мала големина, увото е многу сложен орган. Работејќи како
филтер на звукот, секој звук кој го слушаме увото го претвора во елктични
имплуси кои стигнуваат до мозокот.

Увото се состои од 3 дела:

1. надворешно уво (ушна школка и ушни канал)


собира звуци и ги пренесува низ ушниот канал до слушното тапанче.

2. средно уво (ушна мембрана и 3 слушни ковчиња чекан, наковална и


узенѓија)
звукот од надворешното уво предизвикува вибрации на ушната
мембрана, која преку слушните ковчиња ги пренесува до внатрешното
уво.

3. внатрешно уво (кохлеа и слушен нерв)


вибрациите кои доаѓаат од средното уво поминуваат низ кохлеата, ги
стимулираат слушните ќелии и така предизвикуваат електрични
импулси, кои понатаму преку слушниот нерв одат до центарот за слух во
мозокот.

You might also like