You are on page 1of 17

ПОВРЕДИ НА

МОЗОКОТ
Најчесто се од типот на затворени
краниоцеребрални повреди.
Тие можат да бидат: commotio, contusio I
compressio cerebri.
Commotio cerebri –Потрес на мозокот
• -Претставува краткотрајно, реверзибилно и функционално
оштетување на мозокот.
• При потрес на мозокот нема анатомско оштетување на мозочните
клетки, туку нивно функционално пореметување, кое е реверзибилно.
• Клинички потрес на мозокот, се манифестира со губиток на свеста
непосредно по ударот која трае неколку минути до најмногу два часа.
• Секој губиток преку 2 часа се смета за контузија на мозокот.
• Бесвесната состојба (мозочната кома) е длабока да постепено станува
се поплитка и повредениот се буди.
• Други знаци се главоболка, гадење, повраќање, ретроградна и
антероградна амнезија. (не се сеќава за извесен период пред и по
повредата и после будењето од бесвесната состојба), вртоглавица ,
брадипсихија.
• Непосредно после повредата може да се воочат знаци за
невровегетативни пореметувања кои  се краткотрајни (не траат повеќе од
неколку мин.),тахикардија, снижен крвен притисок, површно дишење,
хипотонија на мускулатурата,бледило,потење. Понекогаш лесна
анизохорија.
• Лекувањето е конзервативно.Повредениот треба да мирува во постела
во просторија каде ќе биде обезбеден мир и тишина.
• Во колку има потешкотии се спроведува симптоматска
терапија(аналгетици,витамини од групата B,итн.
• Во тек на првите 24 часа од повредата,мора да се обезбеди перманентно
контролирање и регистрација на виталните константи најмалку секој час,
се следи состојбата на свеста, невролошката состојба и секогаш се
контролираат зениците на очите, дали се еднакви по широчина. За секое
пореметување на овие знаци,сестрата е должна веднаш да го обавести
одговорниот хирург. Промените на овие параметри можат да укажуваат на
развиток на ендокранијално компресивно крварење,кое без одлагање
хитно мора оперативно да се евакуира.Поради опасноста од развиток  на
ендокранијално компресивно крварење,кое може да се’’се крие” зад
commotio  cerebri,секој потрес на мозокот мора да се хоспитализира
најмалку два до три дена.
Contusio cerebri
• -Контузијата на мозокот претставува серизоно анатомско оштетување на
мозочното ткиво,предизвикано од директно или индиректно дејство на
механичката сила.
• Степенот и големината на оштетувањето зависи од етиолошкиот фактор.
• Локални и ограничени оштетувања можат да се сретнат при удар на
главата со чекан,стап,камен и сл. и се чести придружници на
импресивните фрактури.
• При овие ограничени контузии доминираат фокалните невролошки
симптоми (нервни испади на одредено подрачје или жаришни реакции-
дразбата на оштетеното подрачје доведува до нервни импулси и епи
напади од типот на(Jakson).
• Тешки, длабоки и дифузни контузиони оштетувања на мозочното ткиво
сретнуваме при глобално дејство на механичката сила од голем
интензитет.При овие повреди доаѓа до силно раздвижување на мозокот
внатре во черепот,така да освен оштетување на страната на ударот,
често се сретнуваат и контраудари(contrecoup) и оштетувања на
мозочното стебло.
• Клиничката манифестација зависи од локализацијата и интензитетот на
оштетувањето.
• Непосредно на повредата се јавуваат општи знаци за оштетување на мозочната
функција.-бесвесна состојба (церебрална кома) придружена со жаришни
невролошки знаци.Бесвесна состојба може да трае различно долго,од неколку
мин.до повеќе месеци.
• Долготрајна коматозна состојба укажува на подлабоки и дифузни оштетувања
на мозокот со оштетување и на мозочното стебло(truncus cerebri).
• Терапијата е конзервативна (освен при импресивни фрактури попратени со
оштетување на мозокот) и првенствено се сведува на првенција на мозочните
компликаци, борба против мозочниот едем, респираторните инфекции и добра
нега на повредениот
• .Контузијата на мозокот сем ако не е во ,,немите” регии,секогаш остава
невролошки испади(хемнгелегија,парализи)кои се предмет на третирањето на
подоцнежниот период со физикална терапија одн.’медицинска рехабилитација.
• Епилепсии од типот на Јаkson не се ретка појава и тогаш повредениот се
подвргнува на соодветен невролошки медикаментозен третман.
Compressio cerebri
• – настанува поради посттравматско ендокранијално
 крварење при оштетување на крвните садови на
мозочните обвивки и мозокот.
• Спрема локализацијата, крварењата ги делиме на
епидурални, субдурални, субарахноидални,
интрацеребрални, интравентрикуларни.
Епидуралното, субдуралното и интрацеребралното
крварење го зголемуваат интракраниалниот притисок
и вршат компресија на мозокот, па затоа ги нарекуваат
ендокранијални компресивни крварења.
Изработила: Грациела Јованова
Предмед: Хирургија
Ментор: Викторија Попова

→Haematoma epidurale
→Haematoma subdurale
→Haematoma intracebrale
1.Haematoma opidurale

• Претставува колекција на крв која е


сместена помеѓу коската и дурата.
• Настанува најчесто како последица на
крварењето на крвните садови на дурата
(arteria meningica media ,дурални
синуси),но може да биде и како последица
на крварење од диплоичните крвни садови
на скршената коска.
• Појавата на епидуралниот
хематом не зависи од тежината
на краниоцеребралната
повреда.Понекогаш најбезбедна
повреда на главата може да
биде комплицирана со појава на
слепоочницата каде сквамата на
темпоралната коска,која е многу
тенка и лесно се крши лежи
art.meningica media,и при тоа
лесно може да се раскине и да
крвари,формирајќи епидурален
хематом.
• Класичната манифестација на
епидуралниот хематом оди со
појава на СЛОБОДЕН
ИНТЕРВАЛ,после примарната
бесвесна состојба непосредно по
повредата(потрес на
мозокот),повредениот се
освестува,станува контактибилен
и по извесно време,повторно
запаѓа во бесвесна состојба-
церебрална кома.
• Доколку ударот не е многу
силен,повредениот не мора да биде во
примарна бесвесна состојба т.е не мора да
има потрес на мозокот.
• Слободниот интервал тогаш е во прав
смисол на зборот од повредата до појава на
првите знаци за епидурален хематом.
• Должината на слободниот интервал зависи
од калибарот на оштетената крвна жила и
тежината на нејзиното оштетување.
• Колку е поширок крвниот сад и колку
поголемо е раскинувањето на нејзиниот ѕид,
толку побргу се развива хематомот поради
пообилно крварење.
• Слободниот интервал може да трае од неколку минути до повеќе часови,а
понекогаш и денови.
• Пред повторното запаѓање во бесвесна состојба,пулсот станува
брадикардичен,се зголемува крвниот притисок и дишењето станува
забрзано и површно.
Сестрата што го следи болниот може да го примети навреме и на време да
алармира.После појавата на овие знаци повредениот запаѓа во церебрална
кома.
• Комата е површна,но со тек на време се вдлабочува( за разлика од
бесвесната состојба при потрес на мозокот,која во началото е длабока,а
потоа со тек на време станува се поплитка и повредениот се
освестува).Ако повредениот тој бил во бесвесна состојба,поради
потресот,комата се вдлабочува се јавуваат нервни ислади на спротивната
страна на телото(контралатерална хeмиплетија), и прошивање на зеницата
на окото на таа страна каде се развива хематомот.
• Дијагнозата се ппоставува врз основа
на клиничката слика и
дополнителните наследувања:
ехоенцефалографија,артериографија
или КТ. Покогаш нема време поради
ургентноста да се направат овие
иследувања и индикацијата на хитна
хирушка интервенција се поставува
само врз основа на клиничката слика.
Терапијата е исклучиво хитна
хирушка интервенција.-
• При тоа се евакуира хематомот и со
тоа исчезнуваат сите
симптоми.Успехот на самото
лекување зависи од брзата
дијагноза,правовременоста на
интервенцијата,големината на
хематомот и другите мозочни
оштетувања.
2.Haematoma subdurale
• Е колекција на крв која е сместена во
субдуралниот продстор (помеѓу дурата
и арахноидеата).
• Настанува како последица на
раскинување на мосните
кортикодурални вени.
• Се манифестира со знаци на
интрактранијална хипертенција:
повраќање,главоболка,постепено
пореметување на свеста до
кома,промени во виталните функции и
појава на нервни испади
(контралатерална хемиплетија и
проширување на црнката на страна на
хематомот).
Дијагнозата се поставува врз основа на
клиничката слика,ехо
енцефалографија,артериографија и КТ.
Состојбата е ургентна и при епидурален
хематом и бара итно дијагностицирање и
оперативно лекување.Се прави трепанација и
евакуација на хематомот.

При тешки трауми може да се најде


истовремено и епидурален и
субдурален хематом кои се
откриваат интраоперативно затоа
што симтоматологијата е иста.
Хроничен субдуралем хематом има
побавен развој на симптомите и има
поблага клиничка слика.Терапијата е
иста.
3.Haematom intracеbrale

Овој хематом настанува како


последица на трауматско
оштетување на мозочното ткиво и
прскање на крвните садови во него.
Колекцијата на крв е во самото
мозочно ткиво.
Се карактеризира со знаци на
покачен интракранијален притисок,
невролошки нарушувања(испади)
пореметување на виталните
функции и губиток на
свеста.Терапијата таа е оперативна
со евакуирање на хематомот и
некротичните мозочни маси.

You might also like