You are on page 1of 10

Прашања Физиотерапија во неврологија - испит

1. Посттрауматска рана епилепсија се јавува:


а) после првиот месец
б) во текот на првата недела
в) после првата недела
2. Ризик фактори за цереброваскуларни болести можат да бидат:
а) коректибилни и некоректибилни
б) манипулативни и неманипулативни
в) бенигни и малигни
г) сите погоре набројани
3. Типови акутен исхемичен инсулит претставуваат:
а) енцефалопатија и лакунарен статус
б) тромбоемболија, ТНА, и тромбоза
в) васкуларна деменција, тромбоза, и емболија
г) ТНА, леукоенцефалопатија, и интреацеребрална хеморагија
4. Исхемичен инсулит настанува заради:
а) руптура на крвен сад или АВ формација
б) прекин или намалување на крвен проток во артериски крвен систем
в) фокална иритација на сива маса
5. Симптоми при нарушување на каротидна циркулација се:
а) хемианопсија, алтерен синдром, хемипареза
б) хемипареза, хемицеребеларен синдром, дисфонија
в) хемипареза, хемипестезија, девијација на очни булбуси
г) сите горе наброени
6. Примарна интрацеребрална хеморагија настанува заради:
а) руптура на АВ формација и аневризма
б) руптура на крвен сад заради траума
в) зголемени вредности на крвен притисок и артериосклеротичен крвен сад
г) користење антикоагулациски медикаменти
7. Дијагноза на интрацеребрална хеморагија се поставува со:
а) анамнеза, невролошки статус, КТМ
б) анамнеза, невролошки статус, КТМ, МРА
в) анамнеза, невролошки статус, МРА, лумбална пункција
г) анамнеза, невролошки статус, лабараториски скрининг
8. Ангиоспазам кај субарахноидална хеморагија ќе доведе до:
а) рецидивантно субарахноидално крварење
б) ТИА
в) интрацеребрална со интраваскуларна хеморагија
г) церебрален инфаркт
9. Оштетување на задни корени на медула спиналис се карактеризира со:
а) моторни симптоми и знаци
б) сензитивни симптоми и знаци
в) вегетативни симптоми и знаци
10. Сензитивните симптоми и знаци кај радикулопатии се дистрибуирани во територијата на:
а) дерматоми
б) периферни нерви
в) спинални сегменти
11. Оштетување на предни корени на медула спиналис се карактеризира со:
а) моторни симптоми и знаци
б) сензитивни симптоми и знаци
в) вегетативни симптоми и знаци
12. Хернијација на интервертебрални дискуси може да доведе до:
а) невропатии
б) радикулопатии
в) невронопатии
г) плексипатии
13. Повреда на нервус формалис предизвикува парализа на:
а) мускулус бицепс феморис
б) мускулус фастрокнемиус
в) мускулус квадрицепс феморис
г) ниеден од наведените
14. Висечка шака се јавува при лезија на:
а) н.медианус
б) н.улнарис
в) н.радиалис
г) н.мускулокутанеус
15. Нарушена координација на волеви движења настанува при:
а) оштетувања на мал мозок
б) оштетувања на ПМН
в) оштетувања на екстрапирамиден систем
16. Хиперкинетски синдром со појава на патолошки движења се јавува при:
а) оштетување на пирамиден систем
б) оштетувања на екстрапирамиден систем
в) оштетувања на ПМН
17. Мајмунска шака се јавува при лезија на:
а) н.медианус
18. Канџеста шака се јавува при лезија на:
а) н.улнарис
19. Проби на истегање (Laseque-Lazarevic и Bickeles) се користат за процена на:
а) мотилитет
б) сензибилитет
в) сфинктерни функции
20. Феномен на запчаник претставува:
а) мускулна хипотонија
б) екстрапирамидна хипертонија
в) пирамидна хипертонија
21. Левострана хипотонија настанува при:
а) левострано оштетување на мал мозок
б) деснострано оштетување на мал мозок
в) деснострано оштетување на пирамиден систем
22. Плаки во белата маса на мозокот кои се визуелизираат на МРИ има при:
а) Паркинсова болест
б) Мултипла склероза
в) епилепсија
г) мозочен удар
23. Присуство на олигоклонални ленти во цереброспинален ликвор е типично за:
а) Паркинсова болест
б) Мултипла склероза
в) епилепсија
г) мозочен удар
24. Кој невротрансмитер недостасува при Паркинсова болест:
а) допамин
б) серотонин
в) ацетилхолин
25. При појава на тремор кај Паркинсова болест тој секогаш започнува:
а) како билатерален тремор во мирување
б) како унилатерален тремор при движење
в) како унилатерален тремор во мирување
г) како тремор во мирување кој ги зафаќа сите четири екстремитети
26. Која од овие болести спаѓа во Паркинсон плус синдроми:
а) мултипна системна атрофија
б) дистонија мускулорум деформанс
в) Вилсонова болест
г) церебровасукалрен паркинсонизам
27. Кој од овие не е кардинален знак за Паркинсонова болест?
а) ригор
б) тремор
в) брадикинезија
г) микрофагија
28. Хореа Хантингон се наследува по:
а) автозомно доминантна
29. При оштетување на конус медуларис настанува:
а) парализа на сфинктери
б) флакцидна парапареза
в) нарушување на површен сензибилитет
г) сексуална дисфункција и монопареза
30. Електростимулација како физиотерапевтска метода може да се користи при повреда на
периферен нерв:
а) најдоцна до 6 месеци
б) најдоцна до 2 години
в) најдоцна до 5 години
г) без ограничување
31. Најлесен степен на оштетување при повреда на глава е:
а) потрес на мозок
б) мозочна контузија
в) епидурален хематом
г) субдурален хематом
32. Повреда на рбетен мозок во вратна интумисценција предизвикува:
а) млитава парализа на раце, а спастична на нозе
б) млитава парализа и на раце и на нозе
в) спастична парализа и на раце и на нозе
г) спастична парализа на раце, а млитава на нозе
33. По својата патофизиолошка дефиниција Commotio cerebri претставува:
а) реверзибилно, функционално нарушување на активноста на мозочно стебло
б) иреверзибилно, функционално нарушување на активноста на мозочно стебло
в) реверзибилно, нефункционално нарушување на активноста на мозочно стебло
г) иреверзибилно, нефункционално нарушување на активноста на мозочно стебло
34. Епидурален (трауматски) хематом настанува поради:
а) руптура на a. meningica media, а поретко на sinus sagitalis inferior
б) руптура на a. supramarginalis, a поретко и на v. meningica media, sinus longitudinalis superior, sinus
confluens
в) руптура на a. meningica media, a поретко и на v. meningica media, sinus longitudinalis
superior, sinus transversus
г) ниедно од горенаведените
35. Трауматска хематомиелија се дијагностицира со:
а) КТМ и МР
б) миелографија и КТМ
в) лумбална пункција, вентрикулографија, и пнеумоенцефалографија
г) КТ и магнетна резонанца
36. При повреда на мозок хируршка итност претставува лезија на:
а) н.оптикус
б) н.акцесориус
в) н.тригеминус
г) сите горенаведени
37. При повреда на мозокот најчесто засегнати кранијални нерви се:
а) н.тригеминус
б) н.фацијалис
в) н.глософарингус и вагус
г) н.олфакториус
38. Клиничка слика на супдурален емпием се карактеризира со:
а) менингитис
б) церебритис
в) венски тромбофлембитис
г) сите горенаведени
39. Најзначајни амнезии за процена на тежина на лезија на церебрална траума се:
а) ретроградна амнезија
б) антероградна амнезија
в) ретро-антероградна амнезија
г) сите горенаведени
40. Тремор и хореа се:
а) неволни движења
б) рефлекси
в) координациони проби
г) испади во сензибилитет
41. Површен сензибилитет се испитува на неколку квалитети:
а) 5
б) 1
в) 7
г) 2
42. Координациона проба е:
а) прст-нос
б) бабински
в) рине
г) ромберг
43. Кои три теста се испитуваат за субјективна процена на слух:
а) Ромберг, Бабински, Овенхајм
б) Рине, Вебер, Швабах
в) Рине, Ромберг, Гордон
г) Вебер, Чедок, Ласек
44. Мигрените почесто се јавуваат кај:
а) мажи
б) жени
в) деца
г) подеднакво кај двата пола
45. Најчеста протрузија на интервертебрален диск кај долно грбна болка е на нивото:
а) L1-L2, L2-L3
б) L2-L3, L3-L4
в) L3-L4, L4-L5
г) L4-L5, L5-C1
46. Во акутна фаза на долно грбна болка е контраиндицирана:
а) физикална терапија
б) носење корсет
в) масажа
г) пешачење
47. Кај кој тип на главоболка -------- има докажан --------- ефект:
а) кластер
б) мигрена
в) секундарна
г) тензиона
48. Со знакот на Ласек, се испитува:
а) ишијадикус
б) груба моторна сила
в) кординационо движење
49. Процена на невролошко страдање се врши со:
а) соматски статус
б) невролошки статус
в) психички статус
г) ЕМГ
50. Чисти моторни кранијални нерви се:
а) 1,3,5,7
б) 2,4,6,8
в) 4,6,11,12
г) 8,9,10,12
51. Чисто сензорни кранијални нерви се:
а) 1,2,8
52. Мешани кранијални нерви се:
а) 1,3,5,7,9
б)2,4,6,8,10
в) 3,5,7,9,11
г) 3,5,7,9,10
53. Окуломоторни кранијални нерви се:
а) 1,2,3
б) 2,3,4
в) 10,11,12
г) 3,4,6
54. Со знакот на Ромберг се испитува:
а) тонус
б) рамнотежа
в) трофика
г) груба моторна сила
55. Аурата трае:
а) 1 до 5 минути
б) 5 до 10 минути
в) 5 до 60 минути
г) 1 до 2 часа
56. Како резултат на стрес се јавуваат:
а) мигрените
б) тензионите главоболки
в) кластер главоболки
г) невралгии
57. Болките кај мигрените се:
а) тензиони со вртоглавици
б) хемикрании со фоно и фотофобија
в) периокуларна со кашлање
г) дифузни со вртоглавици
58. Најчеста форма на мултипла склероза е:
а) примарна прогресивна
б) секундарна прогресивна
в) релапс ремитентна форма
59. Најчести почетни симптоми и знаци на мултипла склероза се:
а) сензитивни симптоми на нозе
б) губиток на видот
в) диплопии
г) нарушување на одот
60. Знаци на лезија на ПМН вклучуваат се, освен:
а) хипотонија
б) атрофија
в) фасцикулации
61. Исхемичен мозочен удар во мал мозок предизвикува:
а) хемиплегија
б) хемипареза
в) атаксија
г) афиксија
62. Периферен сензитивен синдром: болки, трнење и намален површен сензибилитет во вид на
чорапи и ракавици е типичен за:
а) Дифузни периферни полиневропатии
б) Компресивна мононевропатија
в) Ц6-Ц7 радикулопатија
г) Болести на ПМН
63. Процесот на ремиелинизација претставува:
а) регенрација на аксон
б) миелинизација на аксон
в) демиелинизација на аксон
64. Процес на аксонска регенерација претставува:
а) ремиелинизација на аксон
б) обновување на оштетен аксон
в) валеријанова дегенерација
65. Периферна парализа на фацијалниот нерв има најчесто:
а) Компресивна етиологија
б) Инфективна етиологија
в) Автоимуна етиологија
г) Се од горенаведеното
66. Трофички промени се карактеристични за повреда на:
а) мал мозок
б) ЦМН
в) ПМН
г) екстрапирамидален пат
67. Перонеален од е отежнат од на:
а) прсти
б) пета
в) по права линија
г) со крупни чекори
68. V. Duschen е:
а) мускулна дистрофија
б) невропатија
в) полиневропатија
г) болест на моторни плочи
69. При Хореа Хантингтон се јавува:
а) деменција
б) атаксија
в) депресија
г) мускулна дистрофија
70. Мултипла склероза е болест која ја зафаќа:
а) миелинската обвивка на невроните во белата маса на централен нервен систем
71. Една од витално загрозувачките симптоми на Жилен Баре е:
а) намален тонус и рефлекси
б) инсуфициенција на респираторна мускулатура
в) отежнато голтање
72. Терапија на мултипла склероза вклучува:
а) допамински агонисти
б) кортикостероиди и интерферони
в) антихипертензиви
г) антиагрегациона терапија
73. Дијагноза на мултипла склероза се поставува со сите наведени освен едно:
а) мускулна биопсија
б) евоцирани потенцијали
в) лумбална пункција
г) МPI на мозок
74. Најчесто симптомите на Мултипла склероза потекнуваат од зафатеност на сите делови на
централен нервен систем, освен еден дел:
а) базални ганглии
б) мозочно стебло
в) оптички нерв
г) мал мозок
75. Електромиографија е:
а) анатомоморфолошка дијагностичка метода
б) електрофизиолошка дијагностичка метода
в) се базира на доплер ефект
г) испитување на цереброспинален ликвор
76. Радикулопатии се болести на:
а)спинални корени
77. Мигренските болки се:
а) тапи
б) дифузни
в) пулсирачки
г) билатерални
78. Хиперкинезија при од се јавува кај:
а) Паркинсова болест
б) Хореа Хантингтон
в) спиноеребеларна атаксија
г) ниту едно од наведените
79. Во групата на дистрофинопатии спаѓаат следниве болести:
а) миотонична дистрофија
б) Душен, Бекер, и Емери Драјфус дистрофија
в) миотубуларни миопатии
80. Дерматомиозитис/полимиозитис се карактеризира со:
а) карактеристичен ЕМГ миопатски наод, високи вредности на ЦПК
б) ниски вредности на калциум и натрум
в) зголемени мускулнотетивни рефлекси
81. Во група на стекнати миопатии спаѓаат:
а) ендокрини, токсични, воспалителни
б) конгенитални
в) дегенеративни
82. Мозочен удар се визуелизира со:
а) КТМ
б) ЕЕГ
в) ЕМГ
г) доплер
83. Кај транзиторна исхемична атака симптомите се повлекуваат по:
а) 1 час
б) 48 часа
в) 5 дена
г) 2 недели
84. Позначајни симптоми на АЛС се:
а) мускулна хипертрофија, вртоглавица, и тремор
б) главоболка, повраќање, и вртоглавица
в) мускулна хипотрофија, фасцикулации, и дисфагија
г) хореа, диплопии, и позитивни менингеални знаци
85. Од кранијални нерви при АЛС се дегенерираат јадарата на:
а) 5,7,9,10,11,12
86. Кај АЛС се регистрира:
а) зголемена концентрација на глутамат
б) намалена концентрација на допамин
в) зголемена концентрација на серотонин
г) намалена концентрација на ацетилхолин
87. Спинални мускулни атрофии се во групата на:
а) миопатии
б) невропатии
в) невронопатии
г) плексипатии
88. Детска парализа е болест во група на:
а) миопатии
б) невропатии
в) невронопатии
г) плексипатии
89. Преку ноќ настаната висечка шака е најчесто поради:
а) хронична компресивна лезија
б) акутна компресивна лезија
в) акутна трауматска лезија
г) хронична трауматска лезија
90. Кај акутен полирадикулоневритис оштетени се:
а) моторни, сензитивни и автономни нервни влакна
б) ПМН
в) ЦМН
г) ПМН и ЦМН
91. Најефикасна регенерација при повреда на ПМН се постигнува со:
а) конзервативен третман
б) хируршки третман, неврографија
в) хируршки третман, графт
г) не постои шанса за регенерација
92. Мозочен удар во недоминантна хемисфера предизвикува:
а) ипсиларна хемиплегија
б) афазија
в) контралатерална хемиплегија
г) атаксија
93. Брадикинезија претставува:
а) зголемена брзина на волеви движења
б) намалена брзина на волеви движења
в) отежнат и нестабилен од
г) спорост само при движење
94. Ригор претставува:
а) покачен тонус поради оштетување на екстрапирамидален пат
б) намален тонус поради оштетување на екстрапирамидален пат
в) покачен тонус поради оштетување на пирамидален пат
г) намален тонус поради оштетување на пирамидален пат
95. Во терапија на Паркинсова болест се користи:
а) допамински агонисти
б) амантадин сулфат
в) физикална терапија
г) се од горенаведеното
96. Паркинсова болест се јавува поради:
а) недостаток на допамин
б) зголемено ниво на ацетилхолин
в) намалено ниво на глутаматерична киселина
г) се од горенаведеното

You might also like