You are on page 1of 5

Физички величини,

единици, SI
изработила Тилија Тодоровиќ
Што се физички величини?

 Мерливите својства на системите се викаат величини. Може да се даде и


попрецизна дефиниција за физичка величина, но и оваа за сега ќе ги
задоволи нашите потреби.
 Секоја величина има свој назив (должина, маса итн.) и своја ознака (симбол).
Така ознаката за волумен е V, симболот за масата е m итн.
 Како што се гледа, ознаките за величините се пишуваат со коси букви,
најчесто од латиницата, но и од грчката азбука.
Што се единици?

 Величината со која при мерењето се споредува некоја физичка величина се


вика единица за таа величина.
 Само ако знаеме која е единицата, резултатите од мерењето ќе имаат смисла.
Нема да се знае голема ли е или мала една должина ако речеме дека таа
изнесува десет, не кажувајќи десет што.
 Резултатите од мерењето на физичките величини претставуваат производ од
еден број и единицата.
 величина = бројна вредност * единица
SI – меѓународен систем на единици

 Меѓународниот систем на единици е базиран врз седум основни единици.


 Од овие единици може да се изведат сите други, со помош на соодноси
коишто за единиците се исти како соодносите помеѓу соодветните величини.
 Може да се употребуваат и децимални единици, помали и поголеми.
Називите на децималните единици се образуваат со ставање на префикси.
SI – меѓународен систем на единици

Физичка величина единица


Назив Ознака Назив Ознака
Должина l метар m
Маса m килограм kg
Време t секунда s
Електрична струја I ампер A
Термодинамичка температура T келвин K
Количество супстанца n мол mol
Интензитет на светлина IV кандела cd

You might also like