You are on page 1of 1

Броење и мерење

Броењето и мерењето се помошни методски постапки кои ни помагаат да ги


прецизираме податоците добиени од посматрањето и од експериментот. Тие се
наречени помошни бидејќи не ни даваат конечни одговори на поставените прашања.
Броењето е постапка за утврдување на број на елементите на една класа.
Бројот не е својство што им се придава на самите предмети, како што е, на пример
црвено или интелигентно, туку тоа е својство што им припаѓа на класите објекти, дури
тогаш кога тие имаат само еден елемент.
кога велиме три јаболки или три џамлии, бројот три не е карактеристика на јаболките
или на џамлиите, туку на класите, множествата од јаболки и џамлии.
Готлиб Фреге бројот го дефинирал како класа од класи чиишто елементи стојат во
релација едно-едно.
Броевите како знаци се користат со различни значења, можат да имаат различни
функции.
пример броевите на училниците, вагоните, на лична карта се со именувачка улига, тие
служат како знаци за идентификација.
Броевите можат да изразуваат степен на определено својство: количник на
интелигениција, густина, топлина на тели итн. За броевите во оваа улога немаат смисла
исказите од типот двапати поинтелигентен, петпати потопол, бидејќи овде се работи за
за својства кои не се додаваат. Тие се викаат интензивни својства.
Со својта основна улога броевите изразуваат одредени квантите, и тогаш се
однесувааат на екстензивните својства
Мерење е методска постапка за точно одредување на квантитетот на нештата. За да
може тоа да се примени, треба да постојат мерни инструменти и систем од мерни
единици. Во светот се користа различни мерни единици за исит величини: пример:
километар, милја , јард -за должина, или килограм, фунта за тежина. Тоа ја отежнува
комуникацијата меѓу луѓето, и од тие причини во 1960 година е усвоен Меѓународниот
систем SI што се базира на седум физички величини и соодветни мерни единици:
должина-метар, маса-килограм, време-секунда итн.
Постојат два вида мерења : директно и индиректно.
Директното мерење се применува на екстензивните својства:
Основни екстензивни величини се масата, долќината, и времето. Интензивните
својства се тешко мерливи и затоа нив ги мериме индиректно.

You might also like