You are on page 1of 1

Апстракција и генерализација

Термините апстрактно и конкретно се употребуваат со различни значења. Под


конкретно се подразбира она што е дадено непосредно, што постои реално, што може
да се види,допре. Терминот апстрактно се користи за означување на нешто што е
мисловно. Значи термнинот апстрактно го означува она што е поимно, а конкретното е
синоним за сетилното.
Терминот апстракција одаѓа од латинскиот збор apstrahere и значи, изделува, издвојува.
Апстракција се дефинира како метсодска постапка, мисловен процес со кој се
издвојваат извесни својства, особини, односи на предметите и појавите, а се
занемаруваат сруги својства, карактеристики, односи на тие предмети и појави.
Има 2 форми на нпстракција
Апстракција на нешто, кога се изделуваат одредени белези,релации и тие се земаат
предвид, вниманите се насочива кон нив, и
Апстракција од нешто- кога се изоставуваат, се занемаруваат некои други својства, кои
не ни се битни во тој момент.
Апстракцијата е специфичен вид анализа. Специфичноста се состои во тоа што со
анализата само се расчлениваат деловите и својствгата на едне целина, додека со
апстракцијата разложените белези се рангираат, други се занемаруваат итн.
Генерализација е методста постапка, мисловен процес на синтетизирање на општите
карактеристики издвоени со апстракцијата и ппренесувањето на тие карактеристики на
цела класа предмети и појави.
Генерализацијата претставува специфичен вид синтеза бидејќи ги обединува општите
својства, додека синтезата не ги рангира поврзаните својства и релации.
Генерализацијата во однос на поимите е самиот процес на нивното создавање -
поимањето, а во однос на искзите таа претставува индукција.

Специјализација и конкретизација се опратни методски постапки од генерализацијата.


Со специјализацијата на издвоените општи карактеристики им додаваме некои
специфични белези. Конкретизација е синтеза на изделеното општо со посебното или
единечното.
Специјализација во однос на поимите претставува дивизија (делба), а во однос на
исказите дедукција.
---------------------------------------------------------------------------
индукција
Изведување заклучоци од поединечното кон општото, од случајното конзаконитото.
дедукција -
Изведување на посебното од општото, изведување на поединечен заклучок врзоснова н
а нешто цело, општо.

You might also like