You are on page 1of 10

АЛЦХАЈМЕРОВА

БОЛЕСТ

1
ВОВЕД
Алцхајмерова болест е хронично невродегенеративна болест.
Таа претставува најчест вид на деменција. Обично се јавува кај
населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од
дементните заболувања, следена од васкуларните деменции на второ
место и алкохолната деменција на трето. Алцхајмерова болест
првично, дејствува само на ниво на кортексот, но како што напредува
влошувањето исто така, влијае и на субкортикалното ниво. Првите
лезии се појавуваат во темпоралниот лобус за подоцна да се
прошират на други лобуси како париеталниот и фронталниот.

2
ШТО ПРЕТСТАВУВА ДЕМЕНЦИЈА?
Деменцијата претставува збир од симптоми на
постепено, но прогресивно опаѓање на капацитетите на
мозокот. За ваквото опаѓање на мозочните функции постои
органска основа т.е. постепено изумирање на нервните
клетки на мозокот. Деменцијата најмногу се манифестира
преку потешкотии со когнитивните функции и промени во
однесувањето. Постојат многу видови на деменција кои се
манифестираат преку најразлични симптоми. Сепак,
симптомите се толку слични што не е можно да се определи
видот на деменција само преку симптоматологијата, па затоа
се користат техники за скенирање на мозокот.

3
ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА КОНЦЕПТОТ И ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

Алојз Алцхајмер Август Детер

44
ПРИЧИНИ СИМПТОМИ

• Генетски мутации • Губење на меморија

• Возраст • Губење на способноста за говор

• Семејна историја • Дезорентација во време и простор

• Проблем во разбирањето на
• Нездрав начин на живеење
визуелните перцепции
• Потешки или повторни повреди на
• Имање предизвик во решавање на
мозокот
проблеми

• Преместување на предмети од едно


на друго место и нивно губење

• Промени во однесувањето на
личност

• Појава на депресија

5
ПРОМЕНИ ВО МОЗОКОТ И НЕВРОНИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

666
ПРОГРЕСИЈА НА • Преддементен стадиум

АЛЦХАЈМЕРОВА • Ран и среден стадиум


• Напреден стадиум на деменција

БОЛЕСТ

87
ДИЈАГНОЗА
На самиот почеток на дијагностиката треба да се
исклучат сите можни причинители кои може да доведат
до губење на памтењето како мозочен удар, депресија,
алкохолозам, наркоманија и слично. Потоа пациентот се
испитува и со други методи како што се имиџинг
техниките (КТ, НМР, ПЕТ-скен) за да се исклучат
евентуални пореметувања. Во следната фаза се врши
детален невропсихолошко преглед, кој е така
дизајниран да ја процени способноста на пациентот да
извршува одредени ментални активности.

8
ЛЕКУВАЊЕ
За жал конкретен лек за Алцхајмерова болест сѐ
уште не постои, па затоа менаџирањето на болест
вклучува употреба на психолошки и фармаколошки
третман со цел подобрување на когнитивните и
некогнитивните функции. Третманот вклучува стручен
тим од лекари специјалисти.

Лековите само ја забавуваат прогресијата на


болеста и помагаат при одржување на функциите на
пациентот и превенираат или намалуваат инциденца на
нарушено однесување. Исто така, го подобрува
квалитетот на животот и независноста на пациентот колку
што може подолго.

9
ЗАКЛУЧОК

Алцхајмерова болест е хронично невродегенеративна болест. Откриена е во1906 година од страна на германскиот
психијатар и невропатолог Алојз Алцхајмер, а првата пациентка идентификувана со Алцхајхмер е Август Детер.
Причините остануваа непознати до ден денес, но сепак постојат одредени фактори како: генетски мутации, возраст,
семејна историја, нездарв начин на живеење, потешки или повторни повреди на мозокот итн.
Симптомите варираат кај секој поединец во завист од нивната здравствена состојба, возраста и стадиумот во кој се
наоѓа болеста. Обично првичните симптоми започнуваат со растројство во памтењето, како што е нарушена способност за
стекнување нови вештини. Симптомите, вообичаено прогредираат бавно.
Раната дијагноза е круцијална за превенција на Алцхајмерова болест. Но, за жал и по стотици години од откривањето,
во 21 век сѐ уште не постои лек кој го излечува или спречува Алцхајмерот. Сепак, се користат психолошки и фармаколшки
третмани кои само го забавуваат влошувањето на симптомите на пациентот.

10
10

You might also like