You are on page 1of 1

Термотехника

1.1 Предмет и поделба на термодинамиката


➢ Термодинамика претставува наука која ги изучува законите за трансформирање на
енергијата при различни процеси при што сте троши или ослободува топлина, а и
самиот збор термодинамика е составен од зборовите сила и топлина. Во зависност
од областа и карактерот на проблемите, таа се дели на: физичка, хемиска и
техничка термодинамика. Под физичка термодинамика се подразбира утврдување
на општите теоретски основи, при што се разгледуваат физичките појави при
топлотни процеси. Пример за тоа претставува разгледувањето на различни
агрегатни состојби. Под хемиска термодинамика се подразбира изучување на
основните закони заедно со хемиски и физичко-хемиски процеси. Пример за тоа
претставува изучување на топлотни ефекти. Под техничка термодинамика се
подразбира изучување на промената на законите при претворање на топината во
работа, однсно всушност како со малку гориво да се постигне поголема механичка
работа. Термодинамиката во целина е базирана на два закони наречени Прв и Втор
закон на термодинамиката кои се експериментално потврдени. Под Првиот закон
на термодинамиката се подразбира примената на општиот природен закон,
односно закон за одржување или трансформирање на енергијата. Додека пак, под
Вториот закон на термодинамиката го одредува правецот на одвивање на
процесите и неопходни услови.
1.4 Густина, Специфичен волумен
➢ Густина, се означува со p, на која било хомогена смеса претставува однос помеѓу
нејзината маса, се означува со m, и нејзиниот волумен, тој се означува со V. Па така
е и претставена формулата, а мерната единица пак е изведена така што мерната
единица за маса е килограм, кој се означува со kg, а мерна единица за волумен е
метар кубен, кој се означува со m3. Така и густината е зависна од големината на
состојбата на тело, а како пример може да се посочи температурата и притисокот.
Додека пак специфичниот волумен, кој се означува со V, претставува однос помеѓу
волуменот и масата на материјата. Според ова може да се заклучи дека мерната
единица ќе биде обратна од таа на густината и има реципрочна вредност.
1.5 Притисок
➢ Притисок, се означува со p, претставува однос помеѓу силата, која се означува со F,
и површината, која се означува со А, на која што нормално делува. Мерната
единица е изведена така што мерната единица за сила е њутн, кој се означува со N,
а мерната единица за површината е метар квадратен, кој се означува со m2.
Ваквата мерна единица всушност со едно име се нарекува паскал, се означува со
Pa. При решавање на задачите се употребуваат и поголемите мерни единица кои се
мега паскал, се означува со MPa, како и килопаскал, се означува сo kPa. Има
неколку вида притисоци кои се разликуваат кај телностите и гасовите. Атмосферски
или барометарски притисок, со ознака pb, е притисок на околината. Натпритисок
или манометарски притисок, со ознака pn, претставува вишокот на притисок над
атмосферскиот. Потпритисок или вакум, со ознака pv, го претставува недостатокот
на притисок под атмосферскиот. Додека пак вистинскиот притисок на течности и
гасови го нарекуваме апсолутен притисок, се означува со pa. За наведените поими
за притисок можат да се изразат преку следните равенки: pa=pb+pn и pa=pb-pv.

Вритен бај: Анастасија Димитриевска🤪

You might also like