You are on page 1of 2

ИЗОПРОЦЕСИ

1.Видови изопроцеси:
- изотермен - гасен процес кој настанува при константна температура (T =const.)
- изобарен- гасен процес кој настанува при константен притисок ( p =const.)
- изохорен - гасен процес кој настанува при константен волумен ( V=const. )

2. Изотермен процес
За овој процес важи Бојл –Мариотов закон:
Производот на притисокот и волуменот на одредено количество гас при процес
кога температурата на гасот не се менува е константен .

За Т = const. p ∙ V = const.

3. Изобарен процес
За овој закон важи Геј –Лисаковиот закон :
Волуменот на определено количество гас е правопропорционален со
температурата на гасот, ако промените настануваат при постојан притисок.

V
За p=const . =const . , односно V=const. · Т
T

4. Изохорен процес
За овој закон важи Шарловиот закон :
Притисокот на определено количество гас е правопропорционален со
температурата на гасот, ако промените настануваат при постојан волумен.

p
За V=const . =const . , односно p=const. · Т
T

5.Графичко претставување на изопроцесите во p-V дијаграм

p-V дијаграм е координатен систем во кој на апцисата( x оска ) се нанесува


волуменот на гасот , а на ординатата( y оска ) притисокот

А) Кај изотермен процес зависноста на p од V е крива линија наречена изотерма.


Б) Кај изобарен процес зависноста на p од V е права линија паралелна со V -оската
позната како изобара.

В) Кај изохорен процес зависноста на p од V е права линија паралелна со p-оската


позната како изохора.

You might also like