You are on page 1of 10

СОВЕТУВАЊЕ

11 CONFERENCE
Ohrid | October 6 – 8 октомври | Охрид
Крсте Најденкоски
Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје
Милош Буквиќ
АД МЕПСО - Скопје
Глигор Јаулески
АД ЕСМ, Подружница ХЕС Црн Дрим - Струга

ВЛАГА ВО ИЗОЛАЦИОНИОТ СИСТЕМ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ


ТРАНСФОРМАТОРИ

КУСА СОДРЖИНА
Состојбата на изолацијата има многу големо влијае врз состојбата и животниот век на
трансформаторот. Таа состојба се утврдува со низа на електрични, физички и хемиски
испитувања. Тие резултати може да послужат за постапките за превентивно одржување, да се
избегнат скапи исклучувања и предвремени хаварии и да се продолжи животниот
век.Изолацијата на трансформаторите се состои од целулоза импрегнирана со масло и од масло.
Така во 60 тони масло со содржина на влага од 20 ppm има 1,2 литри вода, а во 10 тони целулоза
со 3% содржина на вода има 300 литри вода. Ова значи дека практично целата количина на вода
е во целулозата.
Во трудот посебно се анализира влагата и киселините во маслото и во хартиената
изолација на трансформаторите, a се прикажани и резултати од извршени мерења на влага во
хартиената изолација на трансформаторите со користење на мерен инструмент базиран на
спектроскопија во фреквентен домен.
Клучни зборови: енергетски трансформатор, изолационен систем, влага.

1 ВОВЕД
Изолациониот систем на трансформаторот во текот на неговата експлоатација е подложен
на процес на стареење. Последниве децении, голем број истражувања и лабораториски
испитувања се извршени со цел да се најдат законитости помеѓу влијанијата на различни
параметри, како влагата, температурата, киселините, кислородот итн. врз интензитетот на
стареење на изолацијата, односно трансформаторот генерално. Стареењето на изолацискиот
систем значи намалување на механичката и на електричната цврстина на изолацијата.
Изолацијата е причина за над 30% од дефектите во енергетските трансформатори. Притоа,
присуството на влага во изолацијата се смета за нејзиниот најголем непријател.
Заради различната хигроскопност (афинитет за апсорбирање водени молекули) на
минералното масло и целулозната изолација, најголем дел од влагата останува атсорбирана во
цврстата изолација, додека само мал дел од влагата во трансформаторот е растворена во маслото
или се наоѓа во слободна форма во истото. Затоа, со голема сигурност може да се констатира
дека животниот век на трансформаторот е определен со состојбата на целулозната изолација. Во
изминатите неколку децении се користеле неколку физичко-хемиски дијагностички методи за
проценка на состојбата на изолацискиот систем. Мерење на факторот на диелектрични загуби,
површински напон, неутрализациски број, вискозност, боја и пробивен напон на маслото се
досега најчесто користените методи за утврдување на квалитетот на минералното масло како
најзастапена течна изолација во трансформаторите. Заради отсуството на дијагностички методи

A2-007R 1/10
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 2/10

за директно одредување на содржината на влага во цврстата изолација, проценката на


количеството на влага во истата се одредувала преку измерените параметри за маслото, од
коешто лесно може да се земе примерок и да се испита.
Но, во последниве години, како особено ефикасни методи за одредување на содржината
на влага во цврстата изолација се издвоени методите коишто се базираат на одредување на
диелектричниот одзив на изолацијата во временски или фреквентен домен. Предноста на овие
методи, е деталната анализа што ја даваат не само за влажноста во изолацијата туку и на други
битни параметри коишто се клучни за карактеризирање на квалитетот на изолацискиот систем
во целина.

2 ИЗОЛАЦИЈА ВО ТРАНСФОРМАТОРИТЕ
Според деловите коишто ги изолира, изолацискиот систем се дели на:
• Главна изолација:
- Меѓу магнетното јадро и нисконапонската (НН) намотка;
- Меѓу НН и високонапонската (ВН) намотка;
- Меѓу јаремот и горните и долните делови на намотките;
- Меѓу ВН намотка и трансформаторскиот сад;
- Проводните изолатори на терминалите;
• Споредна изолација:
- Помеѓу спроводници;
- Помеѓу навивки;
- Помеѓу различни слоеви на намотката;
- Помеѓу лимовите од магнетното јадро.

Најчесто трансформаторскиот изолациски систем се состои од цврст материјал од


целулоза и течност – масло.
2.1 Целулоза
Цврстата изолација во трансформаторите ја сочинуваат хартија и прешпан. Изолацијата
на база на целулоза е веќе долго време најупотребуваната цврста изолација кај трансфоматорите.
Материјалите од целулоза импрегнирани со масло имаат одлични електрични и механички
карактеристики. Најчесто прешпанот се користи за изолација помеѓу магнетното јадро и НН
намотка, меѓу ВН и НН намотка, за одвојувачите и бариерите, односно таму каде што
електричното поле е силно. Хартијата, пак, се користи за изолирање на спроводниците бидејќи
лесно и брзо може да се превитка и обликува во потребната цилиндрична форма на намотките.
Најголем проблем кај хартиената изолација претставува нејзината хигроскопност,
односно големата склоност да апсорбираат влага. Овој недостаток се намалува така што
материјалите при производството внимателно се сушат и импрегнираат. Имено, малите празни
отвори кои материјалите од целулоза природно ги содржат во својата структура се пополнуваат
со масло и така добиените импрегнирани хартија и прешпан имаат значително поголема
електрична цврстина.
Целулозната изолација во трансформаторите всушност е мешавина од околу 80%
целулоза, 12% хемицелулоза, 8% лигнин и ситни остатоци од други минерали. Целулозата е
природен линеарен полимер од анхидро-глукозни единици поврзани со гликозидни кислородни
врски, Целулозата често е карактеризирана со степенот на полимеризација (СП), којшто
претставува средниот број на глукозни прстени во полимерната низа. Овој број достигнува
вредност од околу 14000 во природно достапната форма на целулоза, но после процес на сушење
и прочистување на целулозата, овој број се намалува на 1000 до 1200. Општо е прифатено дека
во моментот кога степенот на полимеризација СП ќе опадне до вредност околу 200, цврстината
на целулозата се намалила на 20% од нејзината почетна вредност кога е нова. Тогаш се смета
дека е крајот на животниот век на цврстата изолација. 0
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 3/10

2.2 Течна изолација


Како течна изолација во трансформаторите се користи: минерално масло, силициумско
масло, природни естери и други синтетички масла. Главната функција на течната изолација е да
воспостави електрична изолација помеѓу различни активни делови, а исто така и делува како
заштитен слој на металните површини со што се превенира процесот на оксидација. Покрај ова,
маслото има и друга важна функција, а тоа е ладење на трансформаторот. За време на работата,
трансформаторот се загрева, па маслото што природно или присилно циркулира во
трансформаторскиот сад ја одзема топлината и ја предава на трансформаторскиот сад од којшто
се предава на воздухот надвор. Трета битна карактеристика на трансформаторското масло е што
тоа се користи за дијагностицирање на состојбата во трансформаторот. Со испитување на
примероци од маслото од трансформеторот се добива во голема мера прецизна слика за работата
на трансформаторот и за грешките во него.
Покрај минералното масло денес се користат и природните естери, односно течни
изолатори коишто се добиваат со процес на екстракција на некои растенија. Овие масла се
особено атрактивни заради значително помалото влијание врз животната средина во однос на
минералните масла. Но, засега користењето на овие масла е ограничено на помали моќности, во
главно за дистрибутивни трансформатори.

3 ВЛАГА ВО ТРАНСФОРМАТОРИТЕ
Содржината на влага ја намалува електричната цврстина на изолацијата односно
отпорноста на хартијата и маслото при големи вредности на електричното поле. Тоа значи дека
животниот век на трансформаторот се намалува со зголемување на количеството влага во него.
Водата во трансформаторот може да се најде во неколку состојби. Таа може да биде растворена
во маслото, така што водородот гради врска со јагленоводородните молекули на маслото.
Втората состојба е состојба на емулзија, односно случај кога водата не е растворена во маслото
и молекулите на вода се распрскани низ маслото. Третата состојба е слободни молекули на вода
коишто се во голема концентрација, доволна за да се формираат капки и видливо да се одвојат
од маслото.
Водата има својство да се раствора во маслото, но до одреден степен. Растворливоста е
всушност вкупната количина на вода којашто може да биде растворена во маслото на одредена
температура и се изразува во ppm. Растворливоста на водата во маслото варира од околу 30 до
80 ppm на температура 20 °C, и притоа, колку што е поголем уделот на ароматичните компоненти
во маслото, толку е поголема растворливоста на водата во него. На повисока температура
маслото може да апсорбира повеќе вода. Ова е причината зошто секогаш при земање примерок
од маслото на трансформаторот треба да се води сметка за температурата.
3.1 Потекло на влагата во трансформаторот
Присуството на влагата во трансформаторот може да биде последица на “загадување” од
надворешноста или пак да биде продукт од некоја од реакциите на деградација на целулозата и
маслото. Цврстата изолација во трансформаторот сè уште има многу мал процент на преостаната
влага после процесот на сушење на трансформаторот. Кога трансформаторот ќе се произведе, тој
поминува низ процес на сушење за да се отстрани влагата што била апсорбирана во изолацијата
за време на производството. После процесот на сушење, присуството на влага во изолацијата
треба да се сведе на максимум 0,5% од тежината.
Понатаму, можно е и навлегување на вода во трансформаторот од атмосферата. Тоа може
да се случи при самото инсталирање на деловите на трансформаторот кога маслото е во директен
контакт со воздухот или при поправка или сервисирање. Водата во трансформаторот може да
навлезе и преку ситните пори на материјалот од којшто е изработен самиот трансформаторски
сад. Бидејќи притисокот во внатрешноста на трансформаторот и надворешноста е различен,
неопходна ќе биде размена на воздухот од внатрешноста и надворешноста на трансформаторот.
Последно, мал процент на влага може да навлезе и преку системот за дишење на
трансформаторот чијашто основна функција е всушност отстранување на влагата од
надворешниот воздух при дишењето на трансформаторот.
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 4/10

3.2 Распределба на влагата во цврстата изолација на трансформаторот


Иако распределбата на влагата во трансформаторот е динамична и се менува постојано,
генерално важи дека топлите делови од целулозната изолација имаат помала содржина на влага,
додека поладните имаат поголема. Различните делови на цврстата изолација главно се
класифицираат во три групи според нивната дебелина и работната температура: тенка и топла;
тенка и ладна и дебела и ладна изолација.
Најчесто, околу 60% од вкупната маса на водата во трансформаторот се наоѓа во дебелата
изолација која е најчесто изложена на помали температури во споредба со другите делови од
цврстата изолација. Овие материјали помалку влијаат на динамичките процеси на влагата низ
различните типови изолација, затоа што тие всушност се материјали со голема густина, како
прешпан и дрво, па површината што е во контакт со маслото е многу мала во однос на нивниот
поголем волумен. Тенката и топла изолација, на пример тенката хартија кај навивките и меѓу
слоевите на намотката, има релативно мала содржина на влага. Густината на овие материјали е
помала што го олеснува движењето на водата низ целулозните нишки.
Водата е во постојано движење и во самата цврста изолација заради честите промени на
оптоварувањето на трансформаторот. На пример, при номинално оптоварување, водата од
најтоплите делови на цврстата изолација (хартијата околу намотките и тоа горниот дел) полека
ќе мигрира и ќе се атсорбира во поладните делови во долниот дел на трансформаторот. Тоа се
случува заради големиот температурен градиент помеѓу различните делови изолација при големо
оптоварување. Кога оптоварувањето е намалено, тогаш има помал градиент на температурата
помеѓу различните изолации, па одреден дел од водата атсорбирана во поладната изолација ќе се
врати во топлата изолација.
3.3 Интерпретација на содржината на влага во маслото и цврстата изолација
Со стандардот IEC 60422, се задаваат вредности за содржината на влага во минералното
масло (во ppm за работна температура) и содржината на влага во хартијата (во % од маса сува
изолација) преку кои квалитетот на изолацијата соодветно се класифицира во неколку категории.
Имено, како што е прикажано во Табела 1, дадени се максималните вредности за содржината на
влага во маслото за работната температура за тоа да се класифицира како масло со добар,
прифатлив и лош квалитет.
Табела 1 Квалитет на маслото според содржина на вода во него (ppm за работна температура)
КВАЛИТЕТ НА МАСЛОТО
НАПОН (kV)
ДОБРО ПРИФАТЛИВО ЛОШО
> 170 < 15 15 – 20 > 20
72,5 – 170 < 20 20 – 30 > 30
≤ 72,5 < 30 30 – 40 > 40

Овие вредности се добар показател и критериум по којшто се донесуваат одлуки за


промена на некои делови од изолацијата на трансформаторот, сушење или други мерки. Имено,
трансформатор со добар квалитет на маслото значи дека не се детектирани значајни дефекти
коишто предизвикуваат штета на маслото. Ако маслото е класифицирано како прифатливо значи
дека е детектирана одредена штета кај маслото и дека тоа треба почесто да се испитува. Масло
со лош квалитет е индикатор дека во трансформаторот се случуваат абнормални појави кои
предизвикуваат значителна штета на квалитетот на изолациониот систем и маслото треба да се
прочисти или замени. Но, секако, при испитување на трансформаторите, не треба да се земаат
овие вредности за влагата изолирани, туку да се земат предвид и други параметри како tanδ,
спроводност на маслото, неутрализацискиот број, електрична цврстина, површински напон итн.,
за кои исто така се зададени стандардни вредности во IEC 60422. 0
Соодветна класификација за содржината на влага во цврстата изолација според IEC 60422
е прикажана на Табела 2.
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 5/10

Табела 2 Квалитет на цврстата изолација според содржината на влага W во неа, IEC 60422
КАТЕГОРИЈА НА ЦВРСТАТА ИЗОЛАЦИЈА СОДРЖИНА НА ВЛАГА W (%)
сува W < 2,2%
умерено влажна 2,2% ≤ W < 3,7%
влажна 3,7% ≤ W < 4,8%
екстремно влажна 4,8% ≤ W

3.4 Опредлување на влага во хартиена изолација со фреквентна диелектрична


спектроскопија (ФДС)
Овој метод се карактеризира со одзивот на изолациониот систем кога тој е изложен на
електрично поле, односно синусоидален напонски извор и тоа со променлива фреквенција.
Мерењата на диелектричниот одзив се базираат на фактот што однесувањето на диелектрикот
изложен на напон со различни фреквенции зависи во голема мера од неговата состојба и тоа
најголемо влијание има содржината на влага во цврстата изолација, но влијаат и температурата,
содржината на киселини и геометријата на изолацијата. Со методот се мерат величини кои се
зависни од фреквенцијата: капацитивноста, спроводноста и tanδ и преку добиените резултати се
добива слика за содржината на влага и другите параметри на изолацијата на трансформаторот.
Методот ФДС дава информација за ефектите на поларизација и спроводност на маслото
и цврстата изолација. Но, за разлика од цврстата изолација во трансформаторот која е
високополарна, минералното масло покажува многу помала способност за поларизација и во
мерното подрачје маслото се карактеризира само со константна релативна пермеабилност εr=2,2
и специфична (DC) спроводност σ којашто зависи од температурата. Затоа, комплексната
спроводност на маслото е дадена со изразот (30). Вредноста на специфичната спроводност на
маслото кога тоа е ново, и на 20 °C, е во опсегот од 0,05-1 pS/m. Со стареење на маслото и негова
деградација, специфичната спроводност може да достигне вредности и до 1000 pS/m.
𝜎(𝑇) 𝜎(𝑇)
𝜀̅(𝜔, 𝑇)масло = 𝜀𝑟,масло − 𝑗 = 2,2 − 𝑗 (1)
𝜔𝜀0 𝜔𝜀0
Цврстата изолација пак, е поларен диелектрик, па одзивот на пермеабилноста во голема
мера зависи од молекулите што се поларизираат, како на пример водата, којашто е застапена во
цврстата изолација. Затоа всушност одзивот на ФДС на импрегнираната целулоза во голема мера
ќе зависи од присуството на влага во системот и другите продукти од неговата деградација.
Значи со ФДС на трансформаторот се добива диелектричниот одзив на маслото, хартијата
и геометријата на изолацијата и тоа влијанието на секој од параметрите доминира за различни
фреквенции во вкупниот одзив. Влијанието на секој од деловите на изолацијата се согледуваат
на Слика 1, каде е прикажана зависноста на факторот на загубите од фреквенцијата на напонот
донесен на краевите на изолацијата.
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 6/10

Слика 1 Зависност на факторот на загуби од фреквенцијата


На Слика 1 се согледува дека за фреквенции над 10 Hz, карактеристиката зависи од
состојбата на цврстата изолација, но исто така мал придонес имаат и дополнителните влијанија
на индуктивностите на намотките, каблите за поврзување на мерната инструментација и сл.
Стрмниот наклон во фреквентниот опсег од 0,01 до 1 Hz е под влијание на спроводноста на
маслото, односно застапеноста на јаглерод, саѓа, киселини итн. во маслото. Геометријата на
изолацијата, односно односот масло-цврста изолација, го одредува локалниот максимум на
функцијата, формирајќи грпка кај функцијата кај помалите фреквенции. Колку е поголем
односот масло-цврста изолација, толку е грпката поголема. Карактеристиките на целулозата
повторно влијаат на карактеристиката и тоа за најмалите фреквенции околу 1 mHz, каде што до
израз доаѓаат содржината на влага, киселини и други продукти од деградацијата на хартијата.
Битно е да се напомене дека опсегот на фреквенции прикажан на Слика 1 може да варира за
различни трансформатори во зависност од степенот на влажност во трансформаторот,
спроводноста, геометријата, температурата и староста на изолацијата.
3.5 Мерна постапка за фреквентна диелектрична спектроскопија
Инструментацијата за оваа метода за првпат се појавила на маркетот пред околу 20
години. Во типично мерење на ФДС, се користи наизменичен синусоидален напон за напојување
до максимум 200 V, со различни фреквенции во опсегот од 0,1 mHz до 1 kHz. Наизменичниот
напон се носи на краевите на излацијата и многу прецизно се мери струјата што протекува низ
изолацијата. Нискиот напон којшто се носи на диелектрикот е и една од предностите на оваа
метода, за разлика од другите методи за мерење на карактеристиките на изолацијата, кога
диелектрикот е изложен на значително повисоки напони. Друга очигледна предност на методот
е што нема потреба да се земе примерок од маслото или цврстата изолација, ниту пак воопшто
да се отвора трансформаторскиот сад или вентилите за да се изврши мерењето. Типичната ФДС
дава резултат за реалниот и имагинарниот дел на комплексната пермеабилност или
капацитивност и факторот на загуби во зависност од фреквенцијата. За разлика од мерењата во
временски домен (СПД и МНО), во случај на ФДС не мора изолацијата на трансформаторот да
биде заземјена за да се отстрани полнежот помеѓу две мерења за две различни фреквенции. За да
се избегне ефектот на меморија на диелектрикот при негова поларизација, мерењето почнува од
повисоките фреквенции, па продолжува кон најниските.
Обично мерниот систем користи три електроди. Мерењето најчесто се изведува помеѓу
високонапонските (ВН) и нисконапонските (НН) излези (незаземјени) од трансформаторот, така
што една од електродите се поврзува на ВН излез од трансформаторот, другата на НН страна од
трансформаторот, и третата електрода е поврзана на заземјувањето на трансформаторот. Притоа
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 7/10

излезите на ВН страна се меѓусебно кусо врзани, а истото важи и за излезите на НН страна. Затоа,
за да се изврши мерењето, трансформаторот мора да биде исклучен. Ваквата конфигурација на
мерење на диелектричниот одзив на изолацијата помеѓу ВН и НН намотка се бележи со CHL (H –
висонапонската страна и L – нисконапонската страна). Принципиелна шема на поврзувањето на
трифазен двонамотен трансформатор со инструментацијата за спроведување ФДС IDAX 300 од
Megger, во случај на мерење на ФДС на изолацијата помеѓу двете намотки е прикажана на Слика
22.

Слика 2 Поврзување на трифазен двонамотен трансформатор со инструмент за мерење ФДС


Освен конфигурацијата CHL, секако ФДС може да се изведува и на различни делови од
изолацијата на трансформаторот. Различните мерења што се изведуваат кај двонамотните и
тринамотните трансформатори се прикажани во Табела 3.
Табела 3 Различни делови на изолацијата во трансформаторите кај коишто се врши ФДС
ОЗНАКА ФДС НА ИЗОЛАЦИЈА ПОМЕЃУ
CHL ВН и НН намотка
CHG ВН намотка и маса (трансформаторскиот сад)
CLG НН намотка и маса (јадро)
CHT ВН намотка и терциерна намотка
CLT НН намотка и терциерна намотка
CTG Терциерна намотка и маса

3.6 Интерпретација на резултатите добиени со фреквентна диелектрична


спектроскопија
За потврда на изложените теоретски основи за дијагностичките методи на
трансформаторите, коишто се базираат на одредување на содржината на влага во нив, се
анализираат резултатите добиени од две теренски мерења на енергетски трансформатори.
Првото мерење беше реализирано на 9.11.2018 година на 110 kV трансформатор Б3 во ХЕЦ
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 9/10

Слика 3 Зависност на tanδ од фреквенцијата за ТР3 Шпилје и ТР Штип

4 ЗАКЛУЧОК
Присуството на влага во трансформаторот е штетно бидејќи истото влијае на животниот
век на изолацијата и со тоа ја ограничува сигурната работа на трансформаторот, ставајќи граница
на максималното оптоварување кое изолацијата може да го поднесе. Големо количество на влага
од 4% во цврстата изолација во трансформаторот значи стареење (заради процес на деградација)
шестпати побрзо отколку цврстата изолација со содржина на влага од 1%. Формирањето на
меурчиња како еден од најсериозните проблеми при присуството на влага во изолацијата, при
содржина на влага од 1% се случува на температура од 170-180 °C, додека за содржина на влага
од 4% истото настапува и при 130 °C. Затоа, доколку редовно се испитува присуството на влага
во изолациајта може да се спречат сериозни проблеми, како куси врски, прегревање итн. Мерките
коишто се преземаат во случај на големо количество на влага во изолацијата се секако најпрво
замена на изолацијата, сушење или други оперативни стратегии.
Прецизното одредување на содржината на влага во изолацијата претставува предизвик
заради миграциските процеси на влагата коишто постојано се случуваат во трансформаторот и
промената на параметрите коишто дополнително влијаат врз прецизноста на мерењето, како на
пример температурата. Секој од набројаните методи има свои предности и недостатоци. За
методите коишто се применуваат во напонска состојба на трансформаторот, најчесто
прецизноста не е доволна или пак се одредуваат мал број на параметри според коишто не може
да се направи сеопфатна анализа на изолацијата. Од друга страна пак, со диелектричните методи
кај коишто прецизноста е значително поголема, мерењето мора да се изведе во безнапонска
состојба на трансформаторот, што не секогаш е овозможено од електроенергетскиот систем. Но,
во секој случај, најновите трендови се токму примена на методите коишто се базираат на мерење
на диелектричниот одзив на изолацијата за одредување на влагата во цврстата изолација во
трансформаторите, заради деталната анализа којашто истите ја даваат за состојбата на
изолацијата и трансформаторот генерално.
MAKO CIGRE 2019 A2-007R 10/10

5 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
[1] L. E. Lundgaard, W. Hansen, D. Linhjell, T. J. Painter, Ageing of oil-impregnated paper in power
transformers, IEEE, 2002
[2] Z. Wang, S. Tee, S. Matharage, P. Jarman, Ageing Assessment of Transformers through Oil Test Database
Analyses and Alternative Diagnostic Techniques, CIGRE, 2015
[3] IDAX 300/350 User’s Manual, Megger Sweden AB, 2013
[4] T. Saha, P. Purkait, Transformer Ageing: Monitoring and Estimation Techniques, Wiley, 2017
[5] L. Cheim, D. Platts, T. Prevost, S. Xu, Furan Analysis for Liquid Power Transformers, IEEE Electrical
Insulation Magazine, 2012
[6] K. M. Kapila Bandara, Condition Monitoring of Biodegradable Oil Filled Transformer, University of
Queensland, 2016
[7] CIGRE Working Group A2.35, Experiences in Service with New Insulating Liquids, CIGRE, 2010
[8] A. Abu-Siada, Power Transformer Condition Monitoring and Diagnosis, IET, 2018
[9] O. Roizman, Water in transformers: All you wanted to know about it, but were afraid to ask, Transformers
Magazine, Volume 6, Issue 1, 2019
[10]O. Roizman, Moisture equilibrium in transformer insulation systems: Mirage or reality? Part 1, Transformer
Magazine, Volume 6, Issue 2, 2019

You might also like