You are on page 1of 1

За јадрата за кои 4<12 специфичната енергија на сврзување има мали вредности, а

потоа со пораст на масениот број постепено се зголемува. На пример, јадрото на


деутериумот има најмала специфична енергија од 1,11 MeV, а максималната вредност од
8,8 MeV ја достиг- нуваат јадрата од средината на периодниот систем (тоа е зона на
стабилни јадра).
Кај јадрата со голем масен број специфичната енергија на сврзување опаѓа до 7,4
MeV, така што јадрото со масен број 208 е последното стабилно јадро. Сите јадра со
4>208 спонтано се распаѓаат. Имено, во при- родата не постојат стабилни јадра со Z
> 83.
Од фактот дека графикот на специфич- ната енергија има максимум, следува дека
енергија се ослободува во оние јадрени реак- ции кај кои специфичната енергија на
сврзу- вање на продуктите на реакцијата е поголема од специфичната енергија на
сврзување на почетните јадра.
Овој општ услов може да се исполни на два начина: или при разбивање на масивни
јадра од крајот на периодниот систем во по- лесни, или при синтеза на јадра од
почетокот на периодниот систем во поголеми.

You might also like