You are on page 1of 1

нуклеона треба да го пренесува некоја честица што би била квант на јадреното поле.

Таква честица е откриена во 1947 год. од Сесил Пауел и е наречена п-мезон или пион.
Но, за жал, те- орија од овој тип не е изградена. Во средината на шеесеттите години
на ХХ век постепено се искристализира претставата за кварковата структура на
нуклеоните.
Модели за атомските јадра. Со цел да се опишат својствата на атомските јадра и нук-
леарните реакции во кои тие учествуваат, до- сега биле создадени повеќе модели за
атомски- те јадра. Такви се, на пример, моделот на кап- ка, слоестиот модел,
моделот на а - честица и др.
Изучувањето преку различните модели на атомските јадра е поради делумното позна-
вање на јадрените сили и непостоењето на целосна и егзактна теорија за прикажување
на структурата на атомското јадро и распоредот на нуклеоните во него. Ниту еден од
досега по- ставените модели не е во состојба, од сите ас- пекти, комплетно да ги
опише својствата на атомските јадра и нуклеарните реакции. Секој од моделите
прикажува одреден број својства на јадрото и неговите составни делови, така што
целосна слика за јадрото може да се добие со примена на повеќе модели. На пример,
со моделот на капка успешно се објаснува фи- сијата (цепење) на тешките јадра. Со
помош на моделот на капка, може да се објасни густи- ната на атомското јадро. Како
резултат од за- ситеноста на јадрените сили, нуклеоните во јадрото се распоредени
рамномерно, па густи- ната на јадрото е хомогена, освен на површи- ната на јадрото.
Според слоестиот модел, јадрата со 2, 8, 20, 28, 50, 82 и 126 (126 е само за
неутроните) протони или неутрони имаат пополнети сло- еви. Слично како што се
најстабилни атомите со пополнети слоеви така се објаснува и стабилноста на овие
јадра (магични јадра).
Прашања и задачи
1. Што е тоа масен број, реден број, 2. Што се тоа изотопи, а што изобари,
3. Дефинирај ја унифицираната единица за
атомска маса.
4. Колкав е радиус на атомското јадро, 5. Колкава е густина на атомското јадро, 6.
Што се тоа јадрени сили?

You might also like