You are on page 1of 4

интерна употреба во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп

предавања за четврта година

Тема 1. ЕЛЕМЕНТИ ВО ПЕРИОДНИОТ СИСТЕМ

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СТРУКТУРАТА НА ПЕРИОДНИОТ СИСТЕМ


ВРЗ БАЗА ГРАДБАТА НА АТОМОТ

Елементите во периодниот систем прв ги подредил рускиот хемичар Димитриј


Иванович Менделеев па затоа уште се нарекува и Менделеев периоден систем.
Менделеевиот периоден систем многу се разликува од сегашната верзија на истиот.
Менделеев елементите ги подредил според нивната релативна атомска маса. Значењето е
големо, бидејќи во тој период не се знаело за градбата на атомот што овозможува денес да
се толкува периодниот систем на елементите.
Денес елементите во периодниот систем се подредени според редниот (атомскиот)
број. Овој број ни го дава бројот на протони во атомското јадро. Ако се користи само овај
критериум тогаш елементите би биле подредени само во една низа (хоризонтална или
вертикална). Ова не е така бидејќи елементите се подредени во хоризонтални и вертикални
редови. Ова толкување се први според градбата на атомот. Еве еден приказ на пероден
систем на елементите:

Периоди во периодниот систем. Хоризонталните редови во периодниот систем се


нарекуваат периоди. Ги има седум и се обележуваат со арапски броеви. Нивниот број не е
случаен и тој одговара на бројот на енергетските нивоа во атомот. Тоа значи дека секоја
периода одговара на соодветно енергетско ниво и тоа првата периода на првото енергетско
ниво, втората пероида на второто енергетско ниво, па се до седмата периода која одговара
на седмото енергетско ниво. Бројот на елементи во периодите е различен, но е еднаков со
вкупниот број на електрони кои можат да се сместат во енергетското ниво. Да се потсетиме

1
изработил: Слободан Петкоски
интерна употреба во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
предавања за четврта година

дека пополнувањето со електрони се врши според енергијата на атомските орбитали


подредени по следниот редослед:

1s < 2s < 2p < 3s < 3p < 4s < 3d < 4p < 5s < 4d < 5p < 6s < 4f < 5d < 6p <
7s < 5f < 6d < 7p

Во првото енергетско ниво (n = 1) има само едно подниво односно една атомска
орбитала s атомска орбитала. Во неа може да се смести еден (1) електреон и таа да биде
половично пополнета или два (2) електрона па да биде целосно пополнета. Бидејќи
максималниот број на електрони во првото енергетско ниво е два (2) во првата периода има
два (2) елементи. Поради малиот број на елементи оваа периода се нарекува многу кратка
периода.
Во второто енергетско ниво (n = 2) има две поднивоа односно два вида атомски
орбитали - s и p атомски орбитали. 2s орбитала има една во која можат да се сместат два (2)
електрона, а 2p орбитали има три (3) со иста енергија во кои би сместиле по два (2)
електрона - вкупно шест (6). Од ова може да се заклучи дека во второто енергетско ниво
можат вкупно да се сместат осум (8) електрони па затоа во втората периода има осум (8)
елементи.
Во третото енергетско ниво (n = 3) треба да има три поднивоа, односно три вида
атомски орбтали и тоа s, p и d. 3s и 3p атомските орбитали се пополнуваат со електрони, но
поради поголемата енергија 3d атомските орбитали се пополнуваат со електрони во
следното енергетско ниво. Од овие причини 3d атомските орбитали наместо во третото
(n = 3) се пополнуваат со електрони во четвртото (n = 4) енергетско ниво. Од ова може да
се заклучи дека во третото енергетско ниво (n = 3) би можеле да сместиме најмногу осум
(8) електрони и тоа два (2) во 3s орбиталата и шест (6) во 3p орбиталите. Затоа во третата
периода има осум (8) елементи колку и во втората. Овие две периоди се нарекуваат кратки
периоди.
Во четвртото енергетско ниво (n = 4) треба да има четири поднивоа, односно четири
вида атомски орбитали и тоа s, p, d и f. Според нивната енергија во ова енергетско ниво се
пополнуваат со електрони 4s, 4p и 3d - атомските орбитали. 4d атомските орбиталите се
пополнуваат во петото енергетско ниво (n = 5), а 4f атомските орбитали преку две
енергетски нивоа во шестото енергетско ниво (n = 6). d атомските орбитали ги има пет (5)
со иста енергија во кои може да сместиме по два (2) електрона - вкупно десет (10). Од ова
може да се заклучи дека во четвртото енергетско ниво (n = 4) најмногу може да се сместат
осумнаесет (18) електрони и тоа два (2) во 4s орбиталата, шест (6) во 4p орбиталите и десет
(10) во 3d орбиталите. Затоа во четвртата периода има сместено осумнаесет (18) елементи.
Во петтото енергетско ниво (n = 5) според енергијата се пополнуваат 5s, 4d и 5p
орбиталите. Максималниот број на електрони сместени во ова енергетско ниво би бил
осумнаесет (18) и тоа два (2) во 5s орбиталата, шест (6) во 5p орбиталите и десет (10) во 4d
орбиталите. Затоа во петтата периода има сместено осумнаесет (18) елементи колку и во
четвртата периода. Овие две периоди се нарекуваат долги периоди.
Во шестото енергетско ниво (n = 6) според енергијата се пополнуваат 6s, 4f, 5d и 6p
орбиталите. Во ова енергетско ниво се пополнува d орбиталите од петтото енергетско ниво
(n = 5) и f орбиталате од четвртото (n = 4) енергетско ниво. f орбиталите ги има по седум (7)
со иста енергија во кои би можеле да сместиме по два (2) електрона - вкупно четиринаесет
(14) електрони. Максималниот број на електрони сместени во ова енергетско ниво би бил

2
изработил: Слободан Петкоски
интерна употреба во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
предавања за четврта година

триесет и два (32) и тоа два (2) во 6s орбиталата, шест (6) во 6p орбиталите, десет (10) во 5d
орбиталите и четиринаесет (14) во 4f атомските орбитали. Во шестата периода би требало
да има триесет и два (32) елементи, но има сместено осумнаесет (18) елементи. После
лантанот со реден број педесет и седум (57La) следува елементот хафниум (72Hf) со реден
број седумдесет и два. Недостигаат четиринаесет (14) елементи кои се нарекуваат
лантаноиди и се сместени долу во периодниот систем, но припаѓаат на оваа периода. Оваа
периода се нарекува многу долга периода бидејќи содржи најмногу елементи.
Во седмото енергетско ниво (n = 7) според енергијата се пополнуваат 7s, 5f, 6d и 7p
орбиталите. Во ова енергетско ниво се пополнуваат f орбиталите од петтото енергетско
ниво (n = 5) и d орбиталите од шестото енергетско ниво (n = 6). Максималниот број на
електрони сместени во ова енергетско ниво би бил триесет и два (32) и тоа два (2) во 7s
орбиталата, шест (6) во 7p орбиталите, десет (10) во 6d орбиталите и четиринаесет (14) во
5f атомските орбитали. Во седмата периода би требало да има триесет и два (32) елементи,
но бројот е помал бидејќи не се откриени сите елементи. После актиниум (89Ac) со реден
број осумдесет и девет следува елементот уннилквадиум (104Unq) со реден број сто и
четири. Недостигаат четиринаесет (14) елементи кои се нарекуваат актиноиди и се сместени
долу во периодниот систем, но припаѓаат на оваа периода. Оваа периода се нарекува
незавршена периода бидејќи не се откриени сите елементи.

3
изработил: Слободан Петкоски
интерна употреба во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
предавања за четврта година

Лантаноидите и актиноидите се издвоени како засебни бидејќи кај нив со електрони


се пополнува f орбиталиите, а кај останатите d орбиталите. Овие елементи се нарекуваат и
внатрешни елементи на d елементите.

Групи во периодниот систем. Вертикалните редови во периодниот систем се


нарекуваат групи. Според старот начин групите се обележувале со римски броеви и тоа од
IA до VIIIA и од IB доVIIIB. Според овај начин на обележување постоеле шеснаесет (16)
групи во периодноит систем и тоа осум (8) главни и осум (8) споредни групи. Како главни
групи се сметале IA, IIA и од IIIB до VIIIB, а како споредни се сметале од IIIA до VIIIA како
и IB и IIB група. Овај начин на обележување денес не се користи. Групите се обележуваат
со арапски броеви од еден (1) до осумнаесет (18). Не постојат главни и споредни групи.
Бројот на групи е осумнаесет (18) за две повеќе од стариот начин на обележување. Ова се
должи на фактот дека во VIIIA група според стариот начин на обележување биле сместени
по три елементи познати како тријади од елементи. Ова се објаснувало со сличните својства
и примена на овие елементи што подоцна се покажало како погрешно. Според новиот начин
на обележување овие елементи припаѓаат на засебни групи и тоа осма (8), деветта (9) и
десетта (10). Споредба на стариот и новиот начин на обележување може да се види од
прикажаната табела и периодниот систем:

IA IIA IIIA IVA VA VIA VIIA VIIIA IB IIB IIIB IVB VB VIB VIIB VIIIB

1 2 3 4 5 6 7 8,9,10 11 12 13 14 15 16 17 18

Елементите во една група имаат исти или слични својства што се објаснува со сличната
електронска конфигурација. Тие имаат исти број на валентни електрони кои се наоѓаат во
различно енергетско ниво. Од ова произлегува дека после определен број елементи
својствата се повторуваат па се јавува периодичност на својствата на елементите во
периодниот систем.

Заклучок : Елементите од иста група во периодниот систем имаат исти или


слични својства, а од иста периода имаат различни својства.

4
изработил: Слободан Петкоски

You might also like