You are on page 1of 2

Историјата на периодниот систем

ЏОН ЊУЛЕНДС
Во 1864, Џон Њулендс го основал Законот на осумте елементи. Тој го забележал
истото повторување кога ги наредил елементите според атомската маса и ги
воочил сличностите помеѓу првиот и деветтиот елемент, третиот и единаесеттиот
итн. Но, тој не оставил место за елементите кои се' уште не биле откриени.  
ЈОХАН ДОБЕРАЈНЕР
Во ова време, значајни откритија во областа на хемијата и физиката
овозможуваат откривање и означување на нови елементи, така што потребата да
се класифицира овој растечки број на познати елементи станува се повеќе и
повеќе очигледна. Јохан Дебернајер, како одговор на оваа потреба, формира
систем на елементи кои биле поделени во тријади со заеднички карактеристики,
па затоа релативната атомска маса на средниот елемент на тријадата е
аритметичка средина на горните и долните.
ХЕНРИ МОЗЛИ
Хенриевиот извонреден придонес за науката е докажувањето на физичките
закони за претходните емпириски и хемиски концепти на атомскиот број. Тоа
произлегува од Мозлиевиот закон кој потврдил многу концепти во хемијата преку
сортирање на хемиските елементи во периодичниот систем на елементи, според
нивните својства.
ДИМИТРИЈ МЕНДЕЛЕЕВ
Периодниот систем на елементите бил конструиран од рускиот научник Димитриј
Иванович Менделеев, па затоа понекогаш е познат и како Менделеев
систем.Периодниот систем се состои од хоризонтални низи (редови) наречени
периоди и вертикални низи (колони) наречени групи. Постојат седум периоди, а
бројот и означувањето на групите може да биде најразличен.Елементите во
периодниот систем се подредени според растење на атомскиот (односно редниот)
број на хемискиот елемент. Бидејќи во атомто бројот на електрони е еднаков со
бројот на протони (т.е. атомскиот број), следува дека кај секој следен елемент,
освен бројот на протони, и бројот на електрони се зголемува за еден.

You might also like