You are on page 1of 8

Димитриј Иванович

Менделеев
Животот на Менделеев
Димитриј Иванович Менделеев е руски хемичар кој е роден на 27 јануари 1834
гoдинa, Toбoлсk, Сибир, Руска империја, а починал на 20 јануари 1907 година во
Санкт Петербург Русија. Таткото, директор на локално училиште, ослепел и набргу
умрел, а фабриката каде што работела мајка му изгорела, така што семејството во
1849 година се преселило во Санкт Петербург, со цел талентираниот Димитриј да се
запише на универзитет. По долготрајните напори, тој се запишал на педагошкиот
институт во Санкт Петербург. Студиите ги завршил со златен медал, а потоа
продолжил со студии по хемија во Одеса. Во Санкт Петербург, Менделеев станал
професор по хемија на тамошниот Технички институт.
Периоден систем на елементите

Atom

Во 1969 година Димитриј Менделеев го создал периодниот систем на елементите. Со цел да се прослави 150 –
годишнината од овој значаен момент во науката, Обединетите нации ја прогласија 2019 година за Меѓународна
година на Периодниот систем на елементите.
Во чест на неговите заслуги , на Месечината има кратер
што го носи неговото име, а 101. елемент во Периодниот
систем на елементите, откриен во 1955 година, го носи
неговото име – “ менделевиум”.
Периоден систем на елементи.
Во современиот периоден систем, елементите се подредени последователно во
секоја периода од лево кон десно според нивните атомски броеви, при што нов
ред започнува по благороден гас. Првиот елемент во секој следен ред е секогаш
алкален метал со атомски број поголем за еден од тој на благородниот гас. Не
постојат празнини во периодниот систем, бидејќи сите елементи
меѓу водород и оганесон (елементот 118) се веќе откриени.
Значењето на атомските броеви за организацијата на периодниот систем не

било познато сè до разјаснувањето на својствата на протоните и неутроните.


Периодните системи на Менделеев се потпирале на атомските маси. Атомските

броеви како организатори на периодниот систем дале дефинитивна подреденост


на елементите основана на цели броеви, што се применува и денес дури и за
новите синтетски создадени елементи.
Главни научни придонеси
Менделеев ги истражувал (1854-1856) феномените на изоморфизмот, откривајќи ја
врската помеѓу кристалната форма и хемискиот состав на соединенијата, како и
зависноста на својствата на елементите од вредноста на нивните атомски волумени.

Тој се занимавал со хемизација на земјоделството, промовирал употреба на


минерални ѓубрива, наводнување на суви земјишта.
Автор на голем број дела за метрологија. Тој создадел точна теорија за ваги, ги
развил најдобрите дизајни на аналитички ваги предложил  најточни техники за
мерење.
Менделеев напишал 432 основни дела, од кои 40 се посветени на хемијата, 106 -
физичка хемија, 99 - физика, 22 - географија, 99 - технологија и индустрија, 37 -
економија и социјални теми, 29 - земјоделство, образование и други дела.
 Открива, во 1860 година „температура на апсолутно вриење на течности“, или критична
температура.
Carbon
 Дизајнирал и усовршил уред за одредување на густината на течности.
 Создава во 1865-1887 година теорија  за хидратација на раствори.
 Развива и истражува соединенија со променлив состав.
 Истражувајќи гасови, во 1874 година тој ја пронашол општата равенка на состојбата на
идеален гас, вклучувајќи ја зависноста на состојбата на гасот од температурата, што беше
откриено во 1834 година од физичарот Клапејрон (равенката Клапејрон - Менделеев )
Nitrogen
 Тој го измисли пироколодион, еден вид бесчаден барут, заснован на нитроцелулоза.
 Во 1877 година тој ја изложува  хипотезата за потеклото на нафтата од тешки метални
карбиди-абиогенетика (денес повеќето научници не ја прифаќаат);
 Го  предложил принципот на фракционо дестилирање во рафинирање на нафта.
Во 1880 година тој ја изнесува идејата за гасификација на јагленот.
Во 1906  година бил номиниран за Нобеловата
награда која никогаш не му била доделена.
Менделеев починал на 2 февруари 1907 година од
грип во Санкт Петербург, неколку дена пред
својот 73. роденден.
Руската академија на науките повремено
доделува Златен медал Менделеев (од 1965
година наваму)

You might also like