You are on page 1of 7

Запознавање со поимот јони


Цели на часот:
-Сите ученици знаат да ја опишуваат структурата
на атомот
-Повеќ ето ученици прават разлики меѓу атом и
јон,катјон и анјон
-Само некои од учениците го објаснуваат
образувањето на јони
Прва активност
Започнете го часот со тоа што ќе ја разгледате поврзаноста
меѓу електронската конфигурација и структурата на
таблицата на периоден систем на елементите. Што значи
ако елементот се наоѓа во прва група? Одговорите би
требало да ја вклучуваат информацијата дека тие имаат
еден електрон во последниот слој. Учениците, исто
така, може да го поврзат ова со елементите што се
едновалентни.
Учениците го цртаат распоредот на електрони во атом на
литиум, вклучително бројот на протони.
Јони-наелектризирани честички
Катјони Анјони
+ наелектризирани - наелектризирани
честички (кога честички (кога
атомот оддава атомот прима
валентни е-) валентни е-)
Се читаат со наставка
ид
Втора активност
Објаснете дека атомите се стремат кон постигнување
целосно пополнет последен слој (што може да се
поврзе со примери за ковалентно сврзување каде
атомите постигнуваат целосно пополнет последен
слој со помош на заеднички електрони). Како
литиумот може да постигне целосно пополнет
последен слој? Објаснете дека еден електрон се
оддава. Каков е вкупниот полнеж сега? За
илустрирање на ова, може да се користи симулација
или модел.Симулација „Изработи атом“
http://phet.colorado.edu/mk/simulation/legacy/build-
an-atom
Изведување на практична активност -од атом до
анјон од учебникот од стр.51
Трета активност
Објаснете дека кога некој атом ќ е оддаде електрон, се образува јон
којшто се нарекува катјон. Учениците го запишуваат симболот на
катјонот и неговата електронска конфигурација.Објаснете дека
анјонот на флуор се нарекува флуорид анјон. Кога го имаме
сретнато ова име?
Третата активност
Учениците цртаат слични дијаграми за други елементи од првата и
седумнаесеттата група. (Или објаснете дека за оваа активност треба да
го нацртаат само последниот слој или дадете им на учениците
дијаграми од посложени атоми.)
Побарајте од учениците да предложат начин како ќ е запомнат дека
катјоните се позитивни јони, а анјоните се негативни јони.
Заклучете дека кога атомот оддава или прима електрон/ и се
образува јон. Позитивно наелектризираниот јон се нарекува
катјон, а негативно наелектризираниот јон се нарекува анјон.
За дома
Одговорете ги прашањата од стр.51 од учебникот

You might also like