You are on page 1of 4

Кванти

1. Кога и кои откритија довеле до создавање на квантната механика, кога таа ја достигнува својата
кулминација? – Во средината на 1920 година квантната механика на Шредингер и Хајзенберг ја
достигнува кулминацијата со создавање на Планковата квантна хипотеза.
2. Што е топлинско зрачење на телата? – Топлинско зрачење е електромагнетно зрачење што емитува
апсолутно црно тело.
3. Што е спектрална емисиона моќ и во која единица мерка се изразува (дефиниција и равенка)? –
Спектрална емисиона моќ на одредена температура е дадена со енергијата на зрачењето на емитување
во единица време од единица површината во тесен интервал на бранови должини. Единица за
спектралната емисиона моќ е по релацијата W/m 2 nm.
4. Нацртај и објасни го експериментално добиениот график на распределбата на емисионата моќ по
бранови должини за апсолутно црно тело! – Вкупната емисиона моќ на апсолутно црно тело ќе биде
добиена со собирање на зрачењето по целиот спектар на бранови должини. При тоа апсолутното црно
тело е разгледувано како систем од голем број на електромагнетни осцилатори, коишто осцилираат со
различни фреквенции.
5. Напишете ги Виновата и Релеј-Џинсовата релација и објаснете врз кој класичен закон се изведени овие
релации? – Врз основа на сфаќањето за континуираноста на енергијата при зрачење Релеј-Џинс
релацијата влијае само врз мали фреквенции, односно големи бранови должини во кои е земена
равенката дека е 2п*брзината на светлината / брановата должина на 4та по Болцмановата равенка и
температурата.
6. Во кој дел од распределбата на емисионата моќ по бранови должини за апсолутно црно тело Виновата и
Релеј-Џинсовата релација се во согласност со екперименталните резултати? – Тоа го наоѓа Планк со
неговата Планкова релација за спектрална емисиона моќ на црно тело при експериментирање.
7. Што е „ултравиолетова катастрофа“? Што доведува до ваков резултат? –При ултравиолетовото зрачење
релацијата е бесконечно голема при што доведува до ултравиолетова катастрофа, неуспех од Релеј-Џинс
на дотогашните сфаќања во физиката.
8. Која хипотеза Планк ја отфлил во 1900 година, која фипотеза ја воведува и како гласи таа? – Воведена е
Планковата хипотеза за континуирано, непрекинато емитување на енегија во какви било произволни
мали или големи количини на енергија. Но според класичната механика тоа не успеало.
9. Според Планковата квантна хипотеза кои вредности може да ги има енергијата на зрачењето и какви
може да бидат енергиите на осцилаторите (атомите)? – Според Планк емитувањето на електромагнетното
зрачење на атомите и молекулите се врши дисконтинуирано во одредени ’’порции’’, кои тој ги нарекол
кванти.
10. Колку изнесува најмалиот износ на енергија и како се нарекува? –Најмалиот износ на енергија е hf
наречен квант енергија.
11. Напишете ја релацијата за средната енергија на осцилаторите, според Планковата хипотеза и класичната
физика! – Во учебник ја има долга е.
12. Напишете ја Планковата релација за спектралната емисиона моќ на апсолутно црно тела? – Во учебник ја
има долга е.
13. Како е наречена величината h, што претставува, какви димензии има и колкава е нејзината вредност?
-Таа е Планковата константа, таа има димензии на енергија со време, вредност знаеш.

Фотони

14. Во што се состои Ајштајновата квантна теорија за светлината? – Ајштајновата квантна теорија за
светлината се состои врз Максвеловата теорија при објаснување на законите за надворешниот фотоефект.
15. Што е фотон и кои се неговите корпускуларни, а кои бранови карактеристики? – Фотони се дискретни
кванти на електромагнетно зрачење кој се движат со брзината на светлината во вакуум. Корпусколарни
карактеристики се маса и импулс, додека бранови карактеристики на светлина со негова фреквенција,
односно бранова должина.
16. Напишете ги релациите со кои се определува енергијата, масата и импулсот на фотонот! – Релацијата на
масата е поврзана со енергијата на еден квант во однос со квадрат од брзина на светлината, додека
релацијата на импулсот е пропорционална на производот од редуцираната Планкова константа и
брановиот број.
17. Според квантната претстава за светлината и општите принципи на теоријата на релативноста каква е
масата во мирување и брзината на фотонот ? – Масата при мирување на фотонот е 0, додека брзина на
движе на фотон е еднаква со брзината на светлината.
18. Напишете и објаснете ја релацијата која ги изразува и корпускуларните и брановите карактеристики на
фотонот! (Векторската равенка за импулсот на фотонот) –Релацијата за импулс на фотон се добива како
производ од редуцираната планкова констана со брановиот број.
19. Ако сноп од црвена и сноп од сина светлина имаат еднаква енергија, кој сноп има поголем број на
фотони? Дали има фотони со бела боја? –Црвена боја на фотони, а фотон со бела боја не може да постои.
20. Што претставува експериментална потврда дека фотонот има маса и импулс? –Во движење енергијата,
масата и импулсот на фотонот стануваат се поголеми, земено од светлинскиот притисок на површината на
телата што се осветлени.
21. Објасни го експериментот на Лебедов, што се докажува со истиот! –Тој експериментално го потврдува
постоењето на светлосниот притисок, дека при мали димензии на честиците, какви што се молекулите и
гасовите, силата на светлосниот притисок врз нив може да ја надмине гравитационата сила што делува на
нив. Тоа го докажува со мерење на светлосниот притисок врз гасовите.

Дуална природа на честиците

22. Кој ја поставил и како гласи смелата хипотеза за дуалноста на материјалните честици? Како се нарекуваат
нивните бранови? – Ја поставил Луи Де Броли, гласи: единство на природата и дуалната природа на
светлината ја проширува и на сите материјални честици. Брановите на материјата според хипотезата
тврди секоја честица со импулс пројавува и бранови својства. – Луи Де Бролиеви Бранови.
23. Како се определува Де Бролиевата бранова должина за нерелативистичка честичка. Напиши ја релацијата
и објасни ја нејзината смисла! –Релацијата за нерелативистичка честица на де бролиева бранова должина
е односот на Планковата константа и импулсот.
24. Како се определува Де Бролиевата бранова должина за електрон кој се движи во електрично поле со
потенцијална разлика U? – Таа потенцијална разлика е кинетичката енергија што се пренесува и од тоа
релацијата произлегува како (напиши ја формулата преку Ек).
25. Зошто бранови својства не се појавуваат кај макроскопска честичка? –Ако во релациите од квантната
физика не може да се занемари Планковата константа, тогаш секогаш ќе се добиваат резултати што не се
класични.
26. Со кој експеримент Де Бролиевата хипотеза добива потврда за веродостојност? -
27. Објасни го експериментот на Дејвисон и Џермер! Која појава е искористена при овој експеримент?

Електронска микроскопија

Прашањата од учебникот

Хајзенбергов принцип
28. Според класичната физика, којашто ги проучува макроскопските тела, каква е точноста на мерењето на
физички величини? –Според класичната физика во принцип сите физички величини може да се измерат
со произволно голема точност.
29. Дали во класичната механика е можно истовремено, во секој момент, да се определи координатата и
импулсот на честицата? –Едноставно кажано, во класичната механика е можно истовремено во секој
момент, точно да се определи координатата и импулсот на честицата.
30. Како се определува состојбата на честица во класичната механика? Зошто? -
31. Како се определува состојбата на честица во квантната механика? Зошто?
32. Како гласи принципот на неопределеност (несигурност) на Хајзенберг? -Принципот на неопределеност на
Хајзенберг гласи: Производот од неопределеноста и дадената координата и соодветниот импулс не може
да биде помал од Планковата константа.
33. Напишете ја релацијата која го изразува Хајзенберговиот принцип на неопределеност во однос на
координатата и импулсот и во однос на енергијата и времето за кое системот ја има таа енергија! –
Принципот врз координатата-импулсот и енергијата-времето воочува до тоа дека производот ќе биде
постојано или еднаков или поголем од Планковата константа.

Квантно - механички модел на атомот

34. Врз кои теории е создадена квантната механика? –Воглавно од Боровата теорија за атомот и секако
Плаковата теорија, квантната механика била создадена од Хајзенберг, Дирак, Шредингер.
35. Со што се опишува состојбата на квантен систем во квантната механика? –Модулот на брановата функција
е еднаков на амплитудата и фаза на бранот.
36. Напиши ја равенката за брановата функција на даден квантен систем, кој е нејзиниот физички смисол? –
Модулот на брановата функција е еднаков на амплитудата и фаза на бранот.
37. Што претставува модулот (интензитететот) на брановата функција, кој е нејзиниот физички смисол? –
Формула над веројатност.
38. Која е основната равенка во квантната механика со која се определува состојбата на нерелативистички
честици?
39. Дајте објаснување на тврдењето "електронот во водородниот атом формира електронски облак". Како
овој облак се согласува со преставата за електронот како честица? Електронски облак – простор околу
атомско јадро во кој постои најголема веројатност да се најде електрон.
40. Кои се квантните броеви со кои е определена состојбата на електонот во атомот? Дајте ги нивните
вредности. Главен квантен број , Орбитален квантен број, Магнетен квантен број.
41. Што е главен квантен број и што тој определува? – определува енергијата на состојба на електронот во
атомот и може да има целобројна вредност, најмалиот главен квантен број е 1.
42. Што е орбитален квантен број и што тој определува? –определува големина на орбиталниот момент на
електронот.
43. Кои вредности може да ги има орбиталниот квантен број? – за еден помалку од главниот квантен број.
44. Што претставува орбитален момент l⃗ кој вредности може да ги има неговиот модул |l⃗| (интензитет)? - –
моментот на импулсот на електронот околу атомското јадро.
45. Што претставува магнетен квантен број и општо колку вредности може да има? –определува големина на
проекцијата на орбиталниот момент на електронот по определен правец во просотор кој е определен со
насока на слабо надворешно магнетно поле. Има вредности од негативна до позитивна позиција на
орбиталниот квантен број.
46. Што претставува орбитален магнетен момент каква е неговата поврзаност со орбиталниот момент? –
Поврзан е со формулата на страна 96
47. Што претставува Боров магнетон и која е неговата вредност? – Тој претставува кога магнетон го дава
магнетниот диполен момент на атомот од водород кога тој се наоѓа во основната невозбудена состојба.
48. Напишете ја релацијата поврзаноста на проекцијата на орбиталниот момент l z на векторот l⃗ и проекцијата
μl по насока на надворешно магнетно поле со магнетна индукција ⃗
μlz на векторот⃗ B! –Во учебник има.
49. Што се дегенерирани состојби во структурата на атомот на водородот и нему слични атоми? – тоа се
состојби со различни вредности на орбитални и магнетни квантни броеви, но со еднакви вредности на
главен квантен број на електронот има една и иста енергија – наоѓање на едно исто енергетско ниво.
50. Што е основна состојба на атомот? – тоа е состојба кога главен квантен број е 1 а енергијата е -13,6 еВ.
51. Колку квантни состојби постојат определени со главниот квантен број n? – за n2 различни состојби.
52. Кој квантен број ја определува формата на електронскиот облак,а кој неговата ориентација во
просторот?- Формата е определена од орбиталниот квантен број, додека неговата ориентација во
просторот е определена од магнетниот квантен број.

Атоми со повеќе електрони

53. Со кои четири квантни броја се карактеризира состојбата на електронот во атомот и кои се нивните
вредности? – Главен, орбитален, магнетен, магнетен број на спин кбантен број.
54. Како гласи Паулиевиот принцип и за кои микрочестици важи? – Гласи: ВО еден квантномеханички систем
не може да постојат две честици кои имаат исти квантни броеви, во една иста квантна состојба. – принцип
на забрана.
55. Според Паулиевиот принцип, можниот број електрони во дадената состојба, со различни квантни броеви
е: а) N (n, l, ml) = 2?; б) N (n, l)= 2(2л+1)?; в) N (n)=2н2?
56. Што претставува електронски слој, а што електронски потслој? – Електронскиот слој претставува
севкупноста од електрони во квантните состојби на атомот кои имаат една иста вредност на главниот
квантен број и прават една целина. Електронски потслој – сите електрони од еден слој, чија квантна
состојба е определена со ист орбитален број и прават целина.
57. На што е еднаков максималниот број на електрони во еден слој во однос на елктроните во соодветните
потслоеви? – Е еднаков на збирот од максималниот број на електрони на сите потслоеви и по релација
изнесува 2н2
58. Кои електрони ги определуваат хемиските и физичките својства на елементите? -
59. Што е тоа електронска конфигурација на атомот? – бројот на електрони во состојбите определени со
квантните главни и орбитални броеви е дадена електронста структура на атомот од даден елемент во
основна состојба.

Спин

60. Објасни го Штерн – Герлаховиот експеримент! Кои научници даваат научно објаснување на истиот и како?
–Штерн-Герлаховиот експеримент за откривање на можни ориентации во магнетно поле, кое Гаудсмит и
Уленбек со претпоставката за постоење на сопствен момент на импулсот на електронот, создале спин на
електрон и сопствен магнетен момент.
61. Што претставува спин – сопствен момент на импулсот на квантна честица и дали има свој аналог во
класичната механика? – Тој претставува една карактеристична величина за секоја елементарна честица
како што се масата, електричниот полнеж итн.
62. Како се делат честиците според вредноста на спинот? – На честици со целоброен спин – бозони и честици
со полуцелоброен спин – фермиони.
63. Колку изнесува спинот на електронот? - +/- 1/2
64. Како се пресметува модулот на спинскиот момент|⃗s|на електронот, а како неговата проекција s z во
насока на надворешно магнетно поле со магнетна индукција ⃗ В? –ВО учебник види формули.
65. Колку вредности има магнетниот спински квантен број? -+/- 1/2
66. Како се пределува спинскиот магнетен момент⃗ μѕ и каква е неговата поврзаност со спинот ⃗s? –види
формула
67. На што е еднаков вкупниот момент на електронот? – види формула

Во прашањата во кои треба даја запишете равенката која се бара задолжително треба да ги означете
величините вклучени во нив!

Спектроскопија

68.

You might also like