You are on page 1of 1

Молекули

1. Што се молекули?
2. Кои се јаки молекуларни врски?
3. Што е ковалентна врска и каква е нејзината природа? Објасни го механизмот на нејзиното создавање?
4. Кој принцип е исполнет при создавање на ковалентна врска? Како гласи овој принцип?
5. Што е енергија на сврзување (на врската, на дисоцијација)?
6. Што се молекуларни орбитали?
7. Што е симетрична, а што антисиметрична бранова функција?
8. Кои се сврзувачки, а кои антисврзувачки бранови функции, како се добиваат и како се означуваат?
9. Кое е правилото за ковалентна врска кое има општо значење?
10. Што се хибридни атомски орбитали и како се добиваат?
11. Објасни го добивањето на sp, sp2 и sp3 орбиталите?
12. Што е јонска врска и каква е нејзината природа?
13. Што е електронски афинитет, а што енергија на јонска врска?

Молекуларни сили

14. Кога доаѓа до создавање на Ван дер Валсова врска и според интензитетот како е карактеризирана?
15. Кои се Ван дер Валсови сили и каква е нивната природа?
16. Што се ориентациони сили, како и каде дејствуваат, како се нарекува добиената врска?
17. Што е поларна молекула, а што диполен момент?
18. Што се индуцирани сили, како и каде дејствуваат?
19. Што се дисперзиони сили, како и каде дејствуваат?
20. Што е водородна врска, како и меѓу кои атоми настанува и каква е нејзината природа?
21. Каде се среќава водородна врска?

Модели за атомско јадро


22. Врз кои претпоставки се засноваат моделите што го претставувааат атомското јадро?
23. Кои се аргументите на кои се засновува опишувањето на атомското јадро аналогно на моделот на капка
течност?
24. Каква е зависноста на густината на атомското јадро од бројот на нуклеоните и колку е нејзината вредност?
25. Како се пресметува масата на атомско јадро според моделот на течна капка?
26. Како се пресметува радиусот на атомското јадро според моделот на течна капка?
27. Според слоестиот модел на атомско јадро кои јадра се викаат магични, а кои двојно магични јадра?
28. Како се спаруваат спиновите на нуклеоните во јадрото? Објасни го тоа кај хелиумовото јадро?

Елементарни честици
29. Што се лептони и кој честици влегуваат во составот на лептоните?
30. Кои честици се нарекуваат мезони, а кои хипериони?
31. Кој го предвидел постоењето на античестици и како дошол до таа претпоставка?
32. Што е барионски, а што лептонски број?
33. Кои заемнодејства постојат во природата?
34. Прашањата од учебникот

You might also like