You are on page 1of 8

Предмет:

Тип на средното образование: Средно стручно


Професор: Жанета Видевска
Директор: Страшо Ѓорѓиески
Средно училиште: СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
УМЕТНИЧКОЛИТЕРАТУРЕН СТИЛ
• Се однесува на уметноста односно на сферата на естетското
комуницирање меѓу луѓето.
• Карактеристики: сликовотост и изразност кои ја активираат
фантазијата што се постигнува со широка употреба на стилски
фигури.
• Јазик:
• -литературен (стандарден), но се употребуваат и дијалектизми,
архаизми, историзми, неологизми, фразеологизми итн.
- има комуникативна и естетска функција
• Текстовите се потпишани од авторот со име и презиме или со
псевдоним (може да биде и непознат)
АВТОРОТ НА ДЕЛОТО:
1. комуницира со читателот преку своето дело;
2. го изразува својот однос кон она што го соопштува, но не
директно, туку преку ликовите;
3. ги искажува своите чувства, мисли, ставови, погледи на светот и
животот;
4. на читателот му овозможува естетско уживање;
5. дејствува емоционално на читателот и го претвора во соучесник
во настаните што ги опишува.
РОДОВИ НА
УМЕТНИЧКОЛИТЕРАТУРНИОТ СТИЛ
• 1. ЛИРИКА
2. ЕПИКА
3. ДРАМА
ЛИРИКА
• ВИДОВИ:
• лирска песна
• ода
• химна
• елегија
• сонет
ЕПИКА
• Епски видови во стих:
• епска песна
• еп
• епопеја
• Епски видови во проза:
• расказ
• роман
• повест
• новела
ДРАМА
• ВИДОВИ:
• трагедија
• комедија
• современа драма
• антидрама
• монодрама
ЛИРСКО-ЕПСКИ ВИДОВИ

• балада
• романса
• поема

You might also like