You are on page 1of 6

Предмет:

Тип на средното образование: Средно стручно


Професор: Жанета Видевска
Директор: Страшо Ѓорѓиески
Средно училиште: СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
СТИЛИСТИКА

Наука за стилот (на говорење и пишување односно за начинот на


изразување на мислите, чувствата и впечатоците)
Терминот „стилистика“ со значење „наука за стилот“ се
употребувал на крајот на 19 век
ШТО Е СТИЛ
• 1. карактер на исказот (од Стариот Рим);
• 2. тип на исказот (во средниот век);
• 3. вид јазичен израз
• 4. индивидуална употреба на јазикот;
• 4. начин на изразување;
• 5. СТИЛ Е САМИОТ ЧОВЕК , дефиниција на Жан Бифон од
1753год.; најприфатена дефиниција за стил
ОД КАДЕ ДОАЃА ТЕРМИНОТ СТИЛ
Од Стариот Рим
Од зборот stilus (лат.) – стапче за пишување на таблички
премачкани со восок
ВИДОВИ СТИЛИСТИКА
• 1. Литературна (за стилските фигури, тропи);
2. Лингвостилистика во која спаѓаат и функционалните стилови.
Функционалните стилови ги употребуваме во зависност од тоа каде, со кого и за што зборуваме или пишуваме. На
пример, различен стил на зборување ќе употребиме при комуникација со пријателите, со наставниците и
претпоставените, со некој кој има повисоко или пониско образование итн. Различно ќе се изразиме при пишуваме
есеј, научен труд, писмо, молба или некој друг пишан текст. Секој човек, во различни ситуации и заради различни
потреби употребува различни функционални стилови.
• Факторите од кои зависи каков стил ќе употребиме може да бидат субјективни и објективни.
• Стилот зависи од индивидуалните (субјективините) особини на соговорниците, што е субјективен фактор, бидејќи е
важно какво образование имаат, каков карактер и темперамент, какво е нивното расположение во моментот,
нивната вораст, условите во кои го водат разговорот, целта на разговорот, темата на разговорот, итн.
• Под објективни фактори, пак, за употреба на различни функционални стилови може да ги вброиме: видот на
комуникацијата (јавна, службена, официјална или лична), усна или писмена како и областа за која се води
комуникацијата.
ВИДОВИ ФУНКЦИОНАЛНИ СТИЛОВИ
• 1. Научен стил
2. Административен стил
3. Публицистички стил
4. Уметничколитературен
5. Разговорен стил

You might also like