You are on page 1of 2

Функции

Задачи за вежбање (1)

1. Да се напише функција dvocifren(n) која ќе враќа податок дали испратениот


број е двоцифрен или не, и функција ars(n) со која ќе се печати аритметичката
средина на цифрите на испратениот број доколку тој е двоцифрен.

2. Да се напише функција plostina(a,b) со која се пресметува и враќа плоштината


на триаголникот каде a и b се должините на катетите на правоаголен
a b
триаголник. P =
2
3. Да се напише функција kolicnik(x,y,z) која ќе го враќа количникот на
производот и збирот на три цели броеви.

4. Да се напише функција dvocifren(n) која ќе враќа податок дали испратениот


број е двоцифрен или не, и функција sprotiven(n) со која ќе се печати бројот
спротивен на бројот n (со обратен редослед на цифрите) доколку тој е
двоцифрен.

5. Да се напише функција brzina(n) каде n e просечната брзина на движење во


km/h, со која се пресметува и враќа брзината изразена во m/s.

6. Да се напише функција temp(t) со која се преведува и враќа температурата t од


скалата на Целзиус во скалата на Фаренхајт по формулата tF = tC·1.80 + 32

7. Да се напише функција ars(a,b,c) со која за дадени три природни броја a, b и c


ќе се најде и врати нивната аритметичка средина.

8. Да се напише функција pozitiven(n) која ќе враќа податок дали испратениот


број е позитивен или не, и функција zbir(a,b,c) со која се собираат броевите a, b
или c само ако имаат позитивни вредности (проверката се прави со функцијата
pozitiven(n))!

9. Да се напише функција dvocifren(n) која ќе враќа податок дали испратениот


број е двоцифрен или не, и функција pogolem(m,n) каде m и n се 2 двоцифрени
природни броеви, со која ќе се најде и отпечати бројот чиј збир на цифрите е
поголем. Проверката дали m и n се навистина двоцифрени броеви се прави со
помош на функцијата dvocifren(n)!

1
10. Да се напише функција tricifren(n) која ќе враќа податок дали испратениот број
е трицифрен или не, и функција palindrom(n) со која се одредува дали
испратениот број е палиндром (ако исто се чита од десно и од лево)!
Проверката дали n е навистина трицифрен број се прави со помош на
функцијата tricifren(n).

11. Да се напише функција tricifren(n) која ќе враќа податок дали испратениот број
е трицифрен или не, и функција cifri(n) со која ќе ги најдеш и отпечатиш
цифрите на даден трицифрен број.(На пр. за бројот 365, се печати следната
порака: Brojot 365 e sostaven od cifrite 3,6 i 5.) Проверката дали n е навистина
трицифрен број се прави со помош на функцијата tricifren(n).

You might also like