You are on page 1of 3

Прирачник за час:

Задачи за вежбање во C++


Предмет: Програмски јазици за III година
Предметен наставник: м-р Зоран Милевски

Да се решат следните задачи, а притоа може да се искористат и некои од наредбите за


разгранување (if и switch) или повторување (while, do-while и for)

Задача 1а:

Да се испечатат сите цели броеви од 1 до 20 со користење на една од наредбите за


повторување.

Задача 1б:

Да се пресмета производ на внесени цели броеви се додека се внесува број различен


од нула.

Задача 2:

1. Да се пресмета збирот на реципрочните вредности на целите броеви до n.

1+1/2+1/3+1/4+1/5..+1/n

Задача 3:

Да се напише програма која за внесен број на поени од тестирање генерира соодветна


оценка според следната табела:

Поени Оценка
0-60 1
61-70 2
71-80 3
81-90 4
91-100 5
Потоа, покрај оценките да се испечатат и знаците + или – во зависност од вредноста на
последната цифра на поените:

Поени Оценка
1-3 -
4-7 <празно место>
8-0 +

Пример: 81 = 4-, 94 = 5, 68 = 2+

1
Прирачник за час:
Задачи за вежбање во C++
Предмет: Програмски јазици за III година
Предметен наставник: м-р Зоран Милевски

Задача 4а:

Да се премета збирот на цифрите на цифрите на природниот број n.

Пример: 4311

Збирот на цифрите на бројот 4311 е 9.

Задача 4б:

Да се премета збирот на парните цифри на цифрите на природниот број n.

Пример: 4311

Збирот на парните цифри на бројот 4311 е 4.

Задача 5:

Да се напише програма за пресметување на сумата на сите непарни двоцифрени


броеви. Програмата ја печати сумата на екран во следниот формат:

11 + 13 + 15 + 17 + 19 + ... + 97 + 99 = 2475

Задача 6:

Да се напише програма која на екран ќе ги испечати сите четири-цифрени броеви кај


кои збирот на трите помалку значајни цифри е еднаков на најзначајната цифра.

Пример: 4031 (4 = 0 + 3 + 1) 5131 (5 = 1 + 3 +1)

Задача 7:

Да се напише програма која ќе ги испечати сите броеви од зададен оспег кои исто се
читаат и одлево надесно и оддесно налево.

Пример: 12321

Задача 8:

Да се напише програма која ќе праша колку броеви да се внесат. По внесувањето на


броевите преку тастатура да се најде сумата на парните и непарните броеви. На крај на
екран да се испечати “Dvete sumi se slicni” доколку нивната разлика е помала од 10, а
во спротивно на екран да се испечати “Dvete sumu se razlikuvaat”.

2
Прирачник за час:
Задачи за вежбање во C++
Предмет: Програмски јазици за III година
Предметен наставник: м-р Зоран Милевски

Задача 9:

Да се напише програма која ќе праша колку броеви да се внесат. По внесувањето на


броевите преку тастатура да се најде сумата на броевите внесени на парни и непарни
позиции. На крај на екран да се испечати “Dvete sumi se slicni” доколку нивната
разлика е помала од 10, а во спротивно на екран да се испечати “Dvete sumu se
razlikuvaat”.

Задача 10:

Да се напише програма која ќе праша да се внесе број преку тастатура. Потоа


програмата да провери дали внесениот број е прост број. Доколу е прост се печати
пораката “Brojot e prost”, во спротивно се печати пораката “Brojot ne e prost”.

You might also like