You are on page 1of 1

1.

6 ЕТИЧКО КОРИСТЕЊЕ КОМПЈУТЕР

Воведни активности:

1. Дали треба да се купуваат оригинални примероци на филмови или „пиратски“


верзии на филмовите? Објасни.
2. Дали е правилно да „се симнува“ фотографија, песна или филм од интернет,
без да се плати за авторски права на авторот? Објасни кои верзии можат да се
користат на интернет.

Етика е наука што ги истражува оние човечки дејства што можат да


се мерат како добри или лоши. Добрите се пофалуваат, се следат и се
извршуваат, а лошите се критикуваат, се осудуваат и се избегнуваат.

Етиката поврзана со користење компјутер се вика компјутерска етика.

Неетичко користење компјутер:


1) Користење компјутер без дозвола од сопственикот на компјутерот.
Ова подразбира читање документи креирани од друго лице,
инсталирање софтвер на туѓ компјутер, читање на туѓа електронска
пошта, пристапување до туѓа мрежа или датотеки наменети
за друго лице.
2) Користење на туѓа лозинка и на туѓо корисничко име.
3) Физичко оштетување на компјутерот (истурање храна или течност врз компјутерот).
4) Инсталирање или испраќање вируси.
5) Крадење и користење на туѓи авторски дела (фотографии, презентации, филмови, музика,
текстови и слично).

АКТИВНОСТИ
Запишете етички правила за работа со компјутерите во училницата.
Разговарајте за следните ситуации:

1) Ана чита електронска пошта на својот компјутер. Нејзиниот телефон ѕвони и Ана станува и
зборува на телефон. Нејзината другарка, Ада, ја чита нејзината електронска пошта без дозвола од
Ана. Дали Ада постапила правилно или не? Кога може Ада да ги чита приватните е -пораки на Ана?
2) Ахмет го правел проектот за природни науки неколку часови. Неговиот другар, Марко го позајмил
неговиот лаптоп. Следниот ден, Марко, на училиште, го презентирал истиот проект, но потпишан
со неговото име. Каква е постапката на Марко? Дали постапил правилно кон својот другар?
3) Сања направила прекрасна скулптура од глина. Ја однела на училиште за училишната изложба.
Еден ученик од училиштето намерно ја турнал и ја скршил скулптурата на Сања.
Дали го поддржувате неговото однесување?
4) На роденденската забава кај Андреј, Марко го донел неговото ЦД со новите музички хитови.
Еден од гостите го земал ЦД-то и му го вратил на Марко следниот ден. Иако ЦД-то го вратил
неоштетено, дали е во ред постапката да се позајми нешто без да му се каже на сопственикот?

- 13 -

You might also like