You are on page 1of 1

Компјутерска етика и 

ергономија

Науката што се занимава со дизајнирање опрема и уреди за работа, што ќ е бидат


безбедни, удобни и здрави за човекот се вика ергономија. Kомпјутерска
ергономија е наука за ефикасноста на луѓето во нивната работа на компјутер.

1. Како правилно се седи пред компјутер видео.


2. Авантура низ медиумската писменост видео.

Компјутерската етика претставува збир на правила кои ги подучуваат луѓето


како да се однесуваат коректно кога користат компјутер. Основните области во
компјутерската етика се однесуваат на:

1. Кражба на податоци
2. Kражба на софтвер (Софтверско пиратство)
2. Сопственост (почитување на сопственоста)

ОСНОВНИ ПРАВИЛА НА КОМЈУТЕРСКАТА ЕТИКА:

1. Не користи го компјутерот за да им направиш штета на другите луѓе


2. Не мешај се во работата на другите луѓе со компјутер
3. Не шпионирај ги компјутерските фајлови на другите луѓе
4. Не користи го компјутерот за да крадеш
5. Не користи го компјутерот за да пренесуваш лажни податоци
6. Не копирај и не користи софтвер со сопственичко право за кое не си платил
7. Не користи ги компјутерските ресурси на другите луѓе без одобрение за тоа
или без да дадеш соодветна компензација
8. Не присвојувај интелектуален производ на другите луѓе
9. Мисли на социјалните последици на програмата што ја правиш и на системот
што го проектираш
10. Компјутерот секогаш користи го на начин што обезбедува внимание и почит
кон човекот

Типични нарушувања на компјутерската етика се:

1. Физичко оштетување на компјутерот.


2. Инсталирање или испраќ ање вируси.
3. Користење туѓи датотеки и лозинки.
4. Испраќ ање на мареријали и други навредливи и вулгарни содржини по
Интернет.
5. Користење на софтвер заштитен со авторки права, без дозвола.
6. Крадење и користење на туѓи авторски дела (фотографии, презентации,
филмови, музика текстови и слично)

You might also like