You are on page 1of 5

вовед

Apple Inc., порано позната како Apple Computer, Inc.,е Американска мултинационална


корпорација со седиште во Купертино, Калифорнија која дизајнира, развива и продава
електроника, компјутерски софтвер и персонални компјутери. 
Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак, iPod музички
плеер, iPhone смарт телефон и iPad таблет компјутери. Нивниот софтвер ги вклучува
оперативните системи OS X и iOS, iTunes медиа пребарувачот, Safari веб пребарувачот
и iLife и iWork места за креативност и производство. Компанијата беше основана на 1
aприл, 1976 година и инкорпорирана како Apple Computer, Inc. на 3 јануари 1977. Зборот
“компујтер”беше отстранет од нивното име на 9 јануари 2007 година, како рефлексија на
променетиот фокус кон потрошувачката електроника после воведувањето на iPhone.
Apple е втора по големина компанија за информациска технологија од страна на приходи
после Samsung Electronics, и трета по големина по производство на мобилни телефони
после Samsung и Nokia. Списанието Fortune го именуваше Apple Inc. како компанија на
која најмногу и се восхитуваат во САД во 2008 и во светот од 2008 до 2012. Како и да е
компанијата доби критики за работните практики на изведувачите и за своите еколошки
и бизнис практики. 
Од ноември 2012, Apple Inc. одржува 394 продавници на мало во 14 земји како и
продавници на интернет Apple Store и iTunes Store. Таа е втора по големина јавна
трговска инкорпорација во светот по пазарна капитализација со проценета вредност од
414 билиони долари од јануари 2013. Од 29 септември 2012 година компанијата има 72
800 постојано вработени со полно работно време и 3300 повремено вработени со полно
работно време низ целиот свет. Вкупниот годишен приход низ светот во 2012 изнесувал
156 билиони долари. 
Во Мај 2013, Apple Inc. достигна до топ 10 на листата на магазинот Fortune од 500 за прв
пат заземјаќи 6 позиции, 11 места погоре од претходната година.

Историја

1976-1980: Основање и надоградување


Apple Inc., првиот производ на Apple Inc., беше продаден како собрано коло и му
недостасуваа основни делови како тастатура, монитор и куќиште. Сопственикот на овој
уред додаде тастатура и дрвено куќиште. Apple Inc. беше основана на 1 април 1976
од Стив Џобс , Стив Возниак и Роналд Вејн за да ја продадат опремата за персоналниот
компјутер Apple I. Опремите беа рачни изработени од Wozniak и за прв пат прикажани на
јавноста во компјтерскиот клуб Homebrew. Apple I беше продаден како матична плоча (со
CPU, RAM, и основни текстуални видео чипови) што е помалку од она што денес се
смета за целосен персонален компјутер. Apple I започна да се продава во jули 1976 со
цена на пазарот од 666.66 долари (2,690 долари во 2013, прилагодено на инфлацијата) 
Apple Inc. беше инкорпориран на 3 јануари 1977 без Вејн (Wayn) кој го продал својот дел
од компанијата на Џобс и Возниак за 800 dolari. Мултимилионерот Мајк
Маркула обезбедил основна бизнис експертиза и финансирање од 250,000 долари за
време на инкорпорацијата на Apple Inc.
Apple II беше претставен на 16 aприл 1977 на првиот компјутерски саем на Западниот
брег. Тој се разликуваше од неговите големи ривали TRS-80 и Commodore PET, поради
неговите графици во боја базирани на келиите за табеларни пресметки и отворената
архитектура. Додека раните модели користеа обични касетни ленти како уреди за
зачувување, тие беа заменети со воведувањето на флопи дискови 5 1/4 инчи и
интерфејс, Диск II. 
Apple II беше избран да биде десктоп платформа за првата килер апликација ("killer app")
во светот на бизнисот, Визикалк (VisiCalc), програма за табеларни пресметувања.
Визикалк (VisiCalc) креираше бизнис маркет за Apple II и им овозможи на домашните
корисници компатибилност со канцелариите што е додатна причина за да се купи Епл II
(Apple II).Apple беше на далечното трето место до Commodore и Tandy се додека не
дојде VisiCalc. 
До крајот на 1970-тите, Apple Inc. имаше персонал од компјтерски дизајнери и
производствена линија. Компанијата го претстави “несреќниот” Apple III во мај 1980 како
обид да се натпреварува со ИБМ (IBM) и Микрософт(Microsoft) во бизнисот и
корпоративниот компјутерски пазар. 
Џобс и неколку вработени воApple Inc., вклучувајќи го и Џеф Раскин , го посетија Xerox
PARC во Декември 1979 за да го видат Xerox Alto. Ксерокс му овозможи тридневен
пристап до просториите на PARC на инжинери на Apple Inc. во замена за опцијата да
купи 100 000 акции (800,000 поделено –прилагодени акции) од Apple Inc. по цена од 10
долари по акција. Џобс веднаш беше убеден дека сите идни компјутери ќе користат
графички кориснички интерфејс (GUI graphical user interface) и развивањето на графички
кориснички интерфејс (GUI) започна со Епл Лиса. 
На 12 декември 1980, Apple Inc.излезе во јавност со 22 долари за акција , генерирајќи
повеќе капитал отколку било кој ИПО од Компанијата Форд Моторс во 1956 и веднаш
креираше повеќе милионери отколку било која компанија.

1981–1985: Лиза и Мекинтош


Стив Џобс започнал да работи на Apple Lisa во 1978, но во 1982 тој бил отстранет од
тимот поради заткулисни пресметки. Џобс го презел ниско буџетниот компјутерски проект
на Џеф Раскин, Макинтош. Избила трка помеѓу тимот на Lisa и тимот на Macintosh за тоа
чиј производ ќе излезе прв. Лиза ја доби битката и во 1983 стана првиот персонален
компјутер продаден на јавноста со GUI (графички кориснички интерфејс) но беше
комерцијален неуспех поради високата цена и ограничените софтврески можности. 
Првиот Мекинтош излезе во 1984. 
Во 1984, Apple Inc. потоа го ласнираше Мекинтош. Неговото деби беше објавено на сега
познатата телевизиската реклама вредна 1.5 милиони долари "1984". Таа беше
режирана од Ридли Скот и беше емитувана за време на третата четвртина од Super Bowl
XVIII на 22 јануари 1984. Таа сега се смета за пресвртница за успехот на Apple Inc. и како
“ремек дело”. 
На почетокот Мекинтош се продавал добро , но продажбите кои следеа не биле добри
поради високата цена и ограничените софтверски можности. Среќата на машината се
сменила со претставувањето на Laser writer, првиот Post Script ласерски принтер кој бил
понуден по разумна цена, и PageMaker ран десктоп издавачки пакет. Беше предложено
дека комбинација од овие три производи била одговорна за креација на десктоп
издавачки пазар. Mak (Mac) беше особено моќен во десктоп издавачкиот пазар како
резултат на напредните графички способности, кои биле неопходно изградени за да го
креираат интиутивниот графички кориснички интерфејс на Macintosh GUI. 
Во 1985 моќна борба се разви помеѓу Џобс и Џон Скули извршен директор, кој бил
најмен пред две години. Бордот на директори од Apple Inc. му давале инструкции на
Скули да го “следи” Џобс и да ја ограничи неговата способност да лансира скапи упади
во нетестирани производи. Наместо да ги послуша насоките на Скули , Џобс се обидел
да го отстрани него од водечката улога во Apple Inc.. Скули дознал дека Џобс се обидува
да организира пуч и повикал состанок на бордот на кој Бордот на директори на Apple
Inc. застанал на негова страна и го остраниле Џобс од неговите менаџерски должности.
Џобс поднел оставка од Apple Inc. и ја основал Некст Инк. истата година
2005-2007: Транзиција на Интел архитектура
MacBook Pro беше првиот лаптоп од Apple Inc. со интелов процесор беше најавен во
2006-та. На светската конференција на девелопери при обраќањето на 6-ти Јуни 2005-
та, Стив Џобс најави дека Apple ќе започне со производство на Mac компјутери базирани
на интелова архитектура во 2006-та. 
На 10-ти јануари 2006-та новите MacBook Pro и iMac станаа првите Apple Inc. компјутери
кои што користеа интелов Core Duo процесор. До 7-ми август 2006-та Apple Inc. ја
префрли целата Mac производна линија на интел чипови, една година порано од
најавеното. Power Mac, iBook и PowerBook брендовите, беа повлечени за време на оваа
транзиција. Нивни наследници станаа Mac Pro, MacBook и MacBook Pro.
На 29-ти април 2009-та Wall Street Journal изјави дека Apple Inc. собира сопствен тим на
инжинери кои ќе дизајнираат микрочипови. Apple Inc. исто така воведе камп за обука кој
ќе им помогне на корисниците да инсталираат Windows XP или Windows Vista на нивните
интел базирани Mac компјутери покрај Mac OS X. Успехот на Apple Inc. за време на овој
период беше очигледен со подигнувањето на цената на нивните акции на пазарот.
Помеѓу почетокот на 2003-та и 2006-та, цената на акциите на Apple Inc. се зголеми
повеќе од 10 пати, од почетни $6 по акција, на повеќе од $80. Во Јануари 2006-та цената
на Apple Inc. ја надмина цената на Dell. Девет години претходно директорот
на Dell – Мајкл Дел рече дека ако тој би бил раководител на Apple Inc. тој би го затворил
и би им ги вратил парите на акционерите. Иако Apple-овиот удел на пазарот за
компјутери порасна, сепак многу заостануваше позади конкурентите кои
користеа Microsoft Windows, со удел од само 8% на десктопите и лаптопите во Америка.

Ајпад (iPad)
На 27 јануари 2010, Apple го претстави нивниот долго очекувам медиа таблет iPad, кој
што имаше модифицирана верзија на iOS. Тој нуди мулти –допир интеракција со
мултимедијален формат вклучувајќи весници, списанија, е-книги, учебници, слики,
филмови, видеа од ТВ-шоу, музика, обработка на документи, табеларни пресметки,
видео игри и веќе постоечките iPhone апликации. Тој истго така вклучуваше мобилна
верзија на Safari за веб пребарување, а исто така и пристап до App Store,библиотеката
iTunes, iBookstore, контакти и бележник. Содржината може да се симнува преку Wi-Fi и
опционална 3G услуга или синхронизиран преку корисничкиот компјутер. На
почетокот AT&T беше провајдер на 3G безжичен пристап за iPad само за САД. 
На 2 Март 2011, Apple го претстави iPad 2, кој имаше побрз процесор и камера напред и
назад. Тој исто така додаде поддршка за опцинална 3G услуга обезбедена
од Verizon како дополнение на постоечкиот понуден од AT&T. Како и да е, достапноста
на iPad 2 беше ограничена како резултат на разурнувачкиот земјотрес и цунамито кое
следеше во Јапонија во март 2011. 
На 7 март 2012, Apple ја претстави третата генерацијана iPad, продаван како "the new
iPad"(новиот iPad). Тој имаше додадено LTE услуга од AT&T или Verizon, надграден A5X
процесор, и Retina дисплеј. (2048 by 1536 резолуција), оригинално имплементирана на
iPhone 4 и iPhone 4S. Димензиите и формата останаа релативно непроменети, со новиот
iPad кој бил за малку подебел и потежок од претходната верзија и мали позициони
промени. 
На 23 октомври 2012, излезе четвртата генерација на iPad од Apple,продавана како "iPad
with Retina display"( iPad со Ретина дисплеј). Тој го имаше додадена
надградениот A6X процеоср и го замени традиционалниот 30-pin док конектор со сите
дигитални светлечки конектори. iPad mini беше исто така претставен со намален 7.9-
инчен дисплеј и карактеристики скоро слични со внатрешните спецификации на iPad 2.
Од неговото пуштање корисниците на, iPad симнале три билиони апликации, додека
вкупниот број на симнувања од App Store е над 25 билиони.
Ајфон (iPhone)
На Macworld Conference & Expo во Јануари 2007, Стив Џобс го претстави долго
очекуваниот iPhone, конвергенција на смартфон со интернет и iPod. Оригиналниот
iPhone беше пуштен во продажба на 29 Јуни 2007 за 499 долари (4 GB) и 599 долари
(8 GB) со AT&T договор.На 5 Фебруари 2008 тој беше преработен да има 16 GB
меморија како дополнување на моделите од 8 GB и 4 GB. Тој ги комбинираше 2.5G quad
band GSM и EDGE мобилниот телефон со карактеристики кои се наоѓаат во мобилните
уреди водејќи ги потанките верзии на Apple's Mac OS X(наречен iPhone OS, подоцна
преименуван во iOS), со разни Mac OS X апликации како Safari и Mail. Тоа исто така
вклучува веб базирана и Dashboard(табла) апликации како Google Maps(Гугл Мапи)
и Weather(Време). iPhone имаше 3.5 инчен (89 mm) дисплеј на допир, Bluetooth, и Wi-Fi
(двете "b" и "g"). 
На Конференцијата за Инвеститори во Светот (Worldwide Developers
Conference) (WWDC) на 9 Јуни 2008 Apple го објави iPhone 3G. Тој беше пуштен во
продажба на 11 јули 2008 со намалена цена од 199 долари за верзијата од 8 GB и 299
долари за верзијата од 16 GB. Оваа верзија додаде поддршка за 3G мрежата и
асистирана GPS навигација. Рамната сребрена површина и големата квадратна антена
од оригиналниот модел беа елиминирани со крива светкава црна или бела позадина.
Следејќи ги жалбите на муштериите, претходниот џек за слушалки беше заменет со џек
на исто ниво за компатибилност со повеќе видови на слушалки. Софтверските можности
беа подобрени со пуштањето на App Store, обезбедувајќи апликации за симнување кои
беа компатибилни со iPhone. На 24 Април 2009 App Store премина еден билион
симнувања. На WWDC на 8 Јуни 2009, Apple го објави iPhone 3GS. Тој даде зголемено
осовременување на уредот вклучувајќи побрзи внатрешни компоненти, поддршка за
побрз 3G, можност за снимање на видео и контрола на гласот. 
На WWDC на 7 јуни 2010, 2010, Apple го објави iPhone 4, кој што компанијата го опишува
како “најголемиот скок кој што сме го направиле” од оригиналниот модел. Тој имал
целосно нов дизајн 960x640 дсиплеј, Apple A4 процесор кој исто така се користел и во
iPad, жироскоп (gyroscope) за подобро играње игри, 5MP камера со LED флеш,
предна VGA камера и FaceTimeвидео повик. Кратко после неговото пуштање, кај
муштериите беа откриени проблеми со приемот, како резултат на нерѓосувачкиот
челичен завој околу работ на уредот кој исто така служеше како мобилен сигнал и Wi-Fi
антена. Проблемот беше корегиран со "Bumper Case" дистрибуиран од Apple бесплатно
на сите сопственици во рок од неколку месеци. Во јуни 2011, Apple ја престигна Нокиа и
стана најголем производител на смартфони по обем. 
На 4 Октомври 2011, Apple го претстави iPhone 4S, кој беше пуштен во продажба во САД,
Канада, Австралија, Обединетото Кралство, Франција, Германија и Јапонија на 14
Октомври 2011 а следеше и во други држави подоцна таа година. Тој имаше процесор
од Apple A5 и е првиот модел понуден од Sprint (здружувајќи ги AT&T и Verizon Wireless
како што носителите во САД ги нудеа моделите на iPhone). На 19 Октомври 2011, Apple
објави договор со C Spire Wireless за да го продава iPhone 4S во блиска иднина,
обележувајќи за прв пат iPhone-от да биде официјално поддржан на регионалната
мрежа. Друга забележителна карактеристика на iPhone 4S беше Siri асистирана
гласовна технологија, коај Apple ја доби во 2010, како и други карактеристики,
вклучувајќи ги осовременетите 8MP камера со нова оптика. Apple продаде 4 милиони
iPhone 4S телефони во првите три денови правејќи го најуспешното пуштање во
продажба на било кој мобилен телефон досега. 
На 12 септември 2012, Apple ја претстави шестата генерација на iPhone, iPhone 5. Тој
додаде 4-инчен дисплеј, 4G LTE конекција и надградениот Apple A6 чип, помеѓу
неколкуте други подобрувања.Два милиони iPhone-и беа продадени во првите 24 часа
од пред продажба и над 5 милиони мобилни телефони во првите три дена од неговото
пуштање.

You might also like