You are on page 1of 24

Средно општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“

општина Илинден

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА
ДРЖАВНА МАТУРА

по предметот
Историја

Тема:
Јосиф Сталин

Ментор: Изработил:
Бојан Чесмаџиски Никола Трајановски

ИЛИНДЕН, 2019 г.
Содржина:

Вовед ..................................................................................... 1

Прв дел ................................................................................. 2

Втор дел ............................................................................... 9

Трет дел .............................................................................. 14

Завршен дел ....................................................................... 19

Заклучок ............................................................................. 21

Користена литература ..................................................... 22


Вовед
Русија по Првата Светска Војна е сиромашна и неразвиена држава, особено по
Февруарската и Октомвриската револуција. Но по овој период се појавува еден водач
кој што со многу човечки животи како жртви ќе ја трансформира Русија од безнадежна
држава во една од водечките воени сили во светот и ќе го зајакне комунизмот.

Овој водач во историјата е познат како Јосиф Сталин, и ова е неговата приказна.

(Јосиф Сталин 18.12.1878 – 05.03.1953)

1
Прв дел
Јосиф Сталин е роден на 18 декември 1878 во малото гратче Гори во Грузија, син на
Екатарина Гелаѕе и Висарион Иванович Џугашвили. Мајка му била кметица од
раѓањето, но во Грузија се занимавала со перење на алишта и чистење куќи. Неговиот
татко исто така бил кмет, но подоцна станал чевлар. Јосиф бил нарекуван Сосо и бил
четврто дете родено во семејството а единственото дете кое останало живо.

Иако првичниот живот на фамилијата Џугашвили бил напреден и успешен, сепак


неговиот татко станал алкохоличар и секојдневно ги тепал Екатарина и малиот Јосиф.
По банкротирањето на чевларската работилница на Висарион, тој преминал да работи
во фабрика за обувки во Тифлис, но и покрај тоа, тој се враќал дома пијан, и
продолжува да ја тепа Екатарина, а малиот Јосиф, сакајќи да ја одбрани својата мајка,
исто така бил тепан од својот татко. Ова тепање било толку брутално, што еднаш
малиот Јосиф имал крв во урината. Неговата фамилија за да преживее, одлучила да се
асимилира во грузиското општество.

Додека да се запише на училиште, бил удрен од


кочија, поради што трајно му била деформирана
левата рака. Поради истата деформација бил одбиен
за воена регрутација во руската армија во Првата
Светска Војна. Бидејќи мајка му била многу
религиозна, на 8 годишна возраст го запишала во
религиозно училиште во кое тој и неговите грузиски
врсници биле исмевани од страна на останатите
ученици поради нивниот смешен грузиски дијалект
на којшто го говореле рускиот јазик. Но и покрај тоа
тој бил одличен ученик и поради тоа на 14 годишна
возраст добил стипендија за теолошки семинар во
Тифлис, образовна институција на руската
православна црква која што ја посетувал од 1894
година. Тој го посетувал семинарот не затоа што бил религиозно определен, туку затоа
што тоа била една од ретките можности за образование во Грузија, со оглед на тоа дека
тамошните претставници на власта не биле заинтересирани за да дозволат формирање
2
на грузиски универзитет. Таму тој станал член на тајна организација која тежнеела кон
ослободување на Грузија од Русија.

Во 1899 година тој бил избркан од училиштето, за што биле дадени повеќе причини.
Како една од причините било неговото непочитување на кажаниот збор ниту пак на
авторитетот, како и читање на забранети книги. Подоцна, тој бил обвинет за обид на
преобратување на своите соученици кон марксизмот.

Во 1901 година Сталин се зачленил во


Социјалдемократската работничка партија
на која повеќето лидери биле во
прогонство. Останал во Русија и почнал
да организира протести против царството.
На 18 април 1902 година бил уапсен за
водење на штрајк и поминал 18 месеци во
затвор, по што бил депортиран во Сибир.
Во 1904 година, тој успеал да избега од
Сибир и за неколку месеци да се врати на
организирањето на штрајкови во Тифлис.

Во периодот од 1902 до 1913, Сталин бил


уапсен 8 пати, прогонет 7 пати, а успеал
да избега 6 пати. Неговото последно
прогонство траело од 1913 до 1917. Уште
во 1910 година почнал да се нарекува себеси Сталин (односно тоа значело “човек од
челик”).

На вториот конгрес на РСДРП во Лондон во 1903 година, дошло до караница помеѓу


Владимир Ленин и Јулиус Мартов, двајцата лидери на партијата. На крајот од
расправијата, Мартов добил со 28 гласови наспроти Лениновите 23 гласови. Ленин
морал да го прифати поразот и да се оддели од партијата, притоа создавајќи нов
разгранок подобро познат како Болшевици. Оние кои што му останале верни на
Мартов биле наречени Меншевици. Сталин по бегството од Сибир се придружил на
Болшевиците.
3
Ленин бил импресиониран од успесите на Сталин и во 1905 година го поканил во
Финска за подобро да го запознае. По овој состанок, Сталин се вратил во Санкт
Петербург каде што станал уредник на весникот “Правда”.

Во 1912 година на партиската конференција во Прага, Сталин бил избран за член на


Централниот Комитет на Болшевичката партија. Откако го уапсиле во 1913 година бил
протеран на живот во северен Сибир. Но по Февруарската буржоаско-демократска
револуција во Русија во февруари 1917, царот Николај II абдицирал, па така новиот
премиер, односно претседателот на новата привремена влада во Русија, Александар
Кeренски, им дозволил на сите политички затвореници да се вратат дома. Со тоа
Сталин се вратил во Санкт Петербург и почнал повторно да го издава весникот
“Правда”. Во исто време, Сталин, како и повеќето болшевици, го зазел ставот дека
рускиот народ не е подготвен за социјалистичка револуција. Исто така Сталин и
одборот на уредниците на "Правда" му пружале поддршка на Керенски и на неговата
привремена влада, а наводно одбиле да објават статија на Ленин во која што Ленин го
повикува народот на уривање на привремената влада.

Кога Ленин се вратил во Русија на 3 април 1917 година, ги објавил т.н. Априлски тези.
Тој ги обвинил сите Болшевици како предавници на својот народ заради тоа што не
сакале и немале храброст да ѝ се спротивстават на привремената влада. Ги обвинил
дека се предавници на социјализмот и дека треба да ја напуштат партијата. Некои, го
послушале Ленин, и сметале дека кревањето на револуција ќе доведе до уште
поавторитетна руска влада.

Во мај истата година Сталин бил избран за член на Политбирото на Централниот


Комитет на Болшевичката партија и бил трет кој освоил најмногу гласови. На оваа
функција Сталин останал се до крајот на својот живот.

Како еден од уредниците на “Правда”, Сталин бил во тешка позиција и бил свесен дека
е делумно виновен за “предавниците на социјализмот” како што Ленин ги нарекол
своите сопартијци. Сега имал два избора. Можел да му спротивстави на Ленин и да

4
тежнее кон лидерското место во партијата, или пак можел едноставно да се премисли и
да престане да ја поддржува привремената влада и да му остане лојален на Ленин.

По десетдневен молк, Сталин го повлекол својот потег. Во “Правда” објавил натпис со


којшто ја отфрлил идејата да работи со Привремената влада, ги проколнал Кeренски и
Чернов, ги обвинил за против револуционерно работење и ги повикал селаните на
заземање на земјата од нивните претпоставени. Во ноември 1917 година Ленин го
наградил Сталин за неговата поддршка на Октомвриската револуција и го назначил за
комесар за националности, функција која што Сталин ја држел во периодот од 1917 до
1923 година. Со оглед на тоа што и самиот не бил Русин, туку Грузиец, на Сталин му
се доверила улога која што најдобро му одговарала. Тој сега имал доста моќно место и
требал да разрешува многу проблеми, ако се земе фактот дека половина од населението
во Русија не биле Руси.

Политиката на Болшевиците била да им се овозможи самоопределување на различните


националности кои постојат во Русија. Ова било уште толку засилено со еден говор на
Сталин кој се одржал на 16 ноември 1917 година во Хелсинки.

Во наредните неколку години Сталин имал доста проблеми со националностите кои не


биле Руси. Имено, сите сонувале за идеа за создавање на посебна држава без да се
консултираат со него и тоа воопшто не му одело во прилог. Така, за да се заштити
себеси и своите интереси тој кажал дека доколку овие нови држави не се подготвени да
прават сојуз со Русија, така наречен Советски Сојуз, тогаш Болшевиците нема да
дозволат да опстане самоопределувањето.

За време на Граѓанската војна, Сталин одиграл мошне важна улога во решавањето на


воените прашања. Неговата стратегија била да ги интервјуира сите војници за да се
увери во нивната лојалност. Доколку било кој од нив не го уверил во тоа, го стрелал и
фрлал во реката Волга.

Неговиот совет бил прифатен во септември 1918 година и проценето е дека во


наредните месеци околу 800 социјалисти биле прогонувани и стрелани без да ја имаат
можноста за судење.

5
Политиката на Советската влада се повеќе губела на популарност, а тоа се гледало од
многубројните демонстрации кои беснееле по Русија. Токму поради тоа, Ленин во март
во 1921 година ја објавил својата Нова економска политика. Сталин ја поддржал оваа
политика која носела многу бенефиции за сиромашниот народ во Русија.

По објавувањето на својата нова политика, Ленин


морал да се соочи со многубројни опструкции и
повеќе не можел толку лесно да ги надминува
несогласувањата кои доаѓале од сите страни. Наскоро
почнал да чувствува замор и признал дека му требало
помош во контролирањето на Комунистичката
партија. На наредната конференција во април 1922,
Ленин го предложил Сталин за местото генерален
секретар, а неговата кандидатура била поддржана од
неговите противници затоа што секој од нив на неа
гледал само како на кандидатура за гласник на
Ленин.

Откако Сталин бил назначен за генерален секретар, Ленин бил подложен на операција
во која требало да му биде изваден куршум од телото којшто останал во него од
атентатот на Каплан (1918 година). Веднаш по операцијата, иако многумина сметале
дека таа ќе придонесе за оздравување на Ленин, еден крвен сад во неговиот мозок
пукнува и го остава парализиран на десната страна. Исто така Ленин боледувал од
сифилис, што ја влошило уште повеќе неговата состојба.

Наеднаш “гласникот” на Ленин станал многу важен. Додека Ленин бил инвалидизиран,
многу важни решенија паднале во рацете на Сталин. Ја имал моќта да се ослободи од
несаканите членови на партијата како што бил Евреинот Лав Троцки, којшто бил
главниот негов ривал за лидерското место во партијата, а меѓу другото и основач и
командант на Црвената Армија. Опкружен од поддржувачи, довербата во Сталин
наеднаш почнала на расте. Во октомври 1922 година тој не се согласувал со Ленин во
врска со прашање за надворешна трговија. Кога прашањето било изложено на
Централниот комитет, политиката на Сталин била прифатена а онаа на Ленин
отфрлена. Ленин почнал да стравува дека Сталин ќе му го преземе лидерското место во
6
партијата, па затоа му пишал на Троцки за поддршка. На следниот централен комитет,
прашањето за надворешната трговија било повторно разгледано, па Ленин, којшто бил
премногу болен за да присуствува на комитетот, му пишал на Троцки писмо во кое му честитал
за добро направената работа и предложил во иднина да работат заедно против Сталин.

Сопругата на Сталин, Надежда Алелујева, која што работела во приватната


канцеларија на Ленин, наскоро дознала за содржината на писмото коешто било пратено
до Лав Троцки. Сталин станал свесен дека доколку Троцки и Ленин се здружат,
неговата политичка кариера ќе пропадне, па затоа разлутен се јавил на сопругата на
Ленин, Надежда Крупскаја и ја обвинил за загрозување на животот на Ленин со тоа
што му допушта да пишува во таква тешка здравствена состојба.

Откако Крупскаја му ја соопштила на својот маж веста за телефонскиот повик од


Сталин, Ленин бил сосема сигурен дека Сталин не смее да биде неговиот наследник, па
сосема свесен дека умира и го издиктирал на својата секретарка својот тестамент, во
кој е напишано дека на Сталин му е доверена голема моќ и оставил молба тој да биде
отстранет од позицијата на генерален секретар. Потоа Ленин умира на 21 јануари 1924
година.

По смртта на Ленин, Сталин се соединил со двајца членови на левото крило, Григориј


Зиновјев и Лев Каменев, со цел да му одземе што
е можно повеќе моќ на Троцки, кој бил
претставник на левото крило во партијата.

Сталин потенцирал дека двајца стари активисти


како нив имаат повеќе право да ги водат
болшевиците од Троцки, кој и се приклучил на
партијата во 1917. Троцки го обвинил Сталин
дека работи диктаторски и повикал на поголема
демократија во партијата. Зиновјев и Каменев,
соединувајќи се со Сталин, го обвиниле Троцки
за поделба во редовите на партијата.

7
Последната надеж на Троцки била објавувањето на тестаментот на Ленин, па така во
мај 1924 година, вдовицата на Ленин, Надежда Крупскаја, побарала од Централниот
комитет, содржината на тестаментот да биде објавен пред членовите на партијата. Но
Зиновјев и останатите членови на комитетот кои биле поставени од страна на Сталин,
не дозволиле публикација на тестаментот. Во 1925 година Сталин успеал да го
отстрани Троцки од владата.

По заминувањето на Троцки, Сталин повеќе немал никаква корист од Каменев и


Зиновјев. Така, стратегиски почнал да ја напаѓа идејата на Троцки за револуција која
што требала да се рашири и надвор од границите на Советскиот Сојуз. Каменев и
Зиновјев, кои што биле силни поддржувачи на таа идеја, против својата волја, морале
да застанат зад човекот со кого долго време не се согласувале. Каменев и Зиновјев
сфатиле дека Сталин има намера да се ослободи од нив и затоа летото 1926, тие ја
проголтале својата гордост и ја вратиле својата поддршка кон политиката на Троцки.
Тогаш веќе Каменев и Зиновјев почнале да ги напаѓаат ставовите на Сталин, но тој
лесно, како и се што правел дотогаш, успеал да ги отстрани од Централниот комитет.
Се до својот официјален 50-ти роденден во 1929 година, Сталин ја имал апсолутната
власт и моќ во партијата и во Советскиот Сојуз.

8
Втор дел
Во 1928 година Сталин го претставил својот прв пет годишен план, или петолетка. Со
ваквата организација на државата, Сталин преминал кон сосема поинакви мерки за
зајакнување на државната економија од оние предвидени со Новата Економска
Политика (НЕП) на Ленин, која што Сталин ја практикувал од доаѓањето на власт, се
до 1928 година. Ваквиот план удрил најсилно врз животите и врз егзистенцијата на
селаните и фармерите чии што производи тогаш се уште играле доминантна улога во
државната економија.

На почетокот на неговиот прв пет годишен план, Сталин рекол:


"Во период од 10 години ние мораме да ја стигнеме Европа, или нас ќе не
нема".

За успешна реализација на ваквиот план, на Сталин две работи му недостигале на


големо: храна и пари. За да ги обезбеди, вовел колективизација на сите земјоделски
производи. Селаните и фармерите биле обврзани сите свои производи да ги продадат
на големите државни колективни фарми низ државата по цени кои што колективните
фарми како купувачи ќе ги одредиле, а не селаните и фармерите како производители.
Цените за селаните и фармерите биле катастрофално ниски, некои морале да ги
продадат своите производи по цени во износ од само 10% од реалните цени на
производите.

Ваквиот организиран "колективизациски грабеж" станал вистински кошмар за


кулаците (земјоделците), најнапредните, најуспешните и најбогатите селани и фармери
во Советскиот Сојуз, кои што одлучиле да не ги продадат своите производи. На ова
Сталин реагирал со издавање наредба за директен упад на фармите и во домовите на
кулаците од страна на агентите на тајната полиција НКВД, кои што присилно ги одзеле
сите производи на селаните и фармерите. Сите кои што ќе се спротивставиле да ги
предадат своите производи биле апсени и водени во некој од логорите за присилна
експлоатација на човековиот труд низ Советскиот Сојуз, каде што биле присилно
терани да работат како робови на државата, копајќи тунели, работејќи во рудниците
низ Арктичкиот Архипелаг и многу други ужасни и неподносливи работи, при што

9
воопшто не се водела сметка за здравствената состојба на луѓето или за нивните
основни потреби.

Семејствата на кулаците кои што биле оставени без храна не можеле да ги напуштат
селата, бидејќи Сталин наредил патиштата да бидат блокирани, поради опасноста од,
како што рекол, "ширење против револуционерни лаги". Ефекти од ваквиот глад и
ваквата сиромаштија биле почувствувани низ целиот Советски Сојуз, најмногу во
Украина, чии што кулаци најмногу се спротивставувале на колективизацијата, каде
што починале од 4 до 5 милиони луѓе. Ваквиот период кај Украинците е познат како
Гладомор.

Се проценува дека од глад починале севкупно околу 10 милиони луѓе, бидејќи толку
недостигале на пописот на население во 1937 година. Кога ги слушнал резултатите од
пописот, Сталин наредил вршење на нов попис, од кој би излегле поповолни резултати
за државата. Тој знаел дека ќе дојде до глад, но не очекувал бројот на жртвите да биде
толку голем, што секако не го ослободува од одговорност.

Неколку години по успешниот крај на неговиот прв пет годишен план, ја изговорил
својата позната изрека:
"Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони луѓе е само
статистика".

Но присилно одземената храна која што можела да ги спаси животите на милиони луѓе
во Советскиот Сојуз завршила на европските пазари. Со парите заработени од
продажбата на храната, Сталин купувал машини со кои што се опремувала советската
индустрија. Работниците работеле деноноќно за да помогнат во градењето на
поразвиена советска држава, но ни тие не биле поштедени. Чести биле случаите каде
што работниците примале плати пониски и за 30% од ветените плати.

Со ваквата забрзана индустријализација, индустриското производство во Советскиот


Сојуз се зголемило за неколку илјадници проценти. Благодарејќи на брзата
индустријализација и фактот дека во Советскиот Сојуз немало приватни инвеститори
во државната економија и сите пари од фирмите биле реинвестирани во државната

10
економија, Советскиот Сојуз не почувствувал никакви ефекти од Светската економска
криза од 1929 година и во 1941 година бил втора најголема индустриска сила во светот.
Многумина тврдат дека без ваквата индустријализација Советскиот Сојуз сигурно ќе
изгубел во Втората Светска Војна.

Во 1934 година на 17-от Конгрес на партијата, уште попознат како Конгресот на


победниците, Сталин очекувал неговиот реизбор за генерален секретар да биде само
формалност. На негово изненадување, тој освоил најмногу негативни гласови при
изборот на членови на Централниот комитет, а најмалку негативни гласови освоил
лидерот на партискиот огранок од Ленинград, Сергеј Киров. По ужасната
колективизација и брзата индустријализација, многу членови на партијата се залагале
за помек комунистички режим. Откако Киров бил избран за член на Политбирото на
Централниот комитет, за време на Конгресот кој траел од 26 јануари до 10 февруари
1934 година, некои членови му пришле со предлог да го постават него за генерален
секретар, со што Сталин директно ќе ја изгубел власта во партијата, а со тоа и во
државата. Киров го одбил предлогот, по што Сталин бил реизбран за генерален
секретар на партијата. Но големата популарност на Киров и најнискиот број на
негативни гласови што ги освоил на Конгресот, наспроти најголемиот број на
негативни гласови што ги освоил Сталин на истиот, го направиле Киров трн во око на
Сталин, кој од Конгресот па понатаму го третирал Киров како негов најголем ривал.

Летото 1934 Киров предложил да се ослободат сите селани и фармери кои што се
противеле на владината политика. Уште еднаш Сталин бил надгласан. Заедно со
Григориј, Киров формирал крило во партијата кое се залагало за помирување помеѓу
членовите во Политбирото на Централниот комитет и во партијата, како и за
помилување на "непријателите на народот".

По ослободувањето на својот најголем противник, Сталин се загрижил поради


инсистирањето на Киров да имаат јавна дебата, бидејќи се плашел дека тој би можел да
го надмудри во јавност и да му го наруши авторитетот во партијата.

Како и по обичај, тоа лето Сталин го повикал Киров на одмор. Тогаш Сталин го
замолил Киров да и остане верен на партијата и да го напушти Ленинград за да дојде
11
во Москва. Сталин со тоа сакал да го држи Киров под свој личен надзор. Киров одбил,
а со тоа Сталин разбрал дека ја изгубил контролата врз својот штитеник.

На 1 декември 1934 година, Киров бил убиен од страна на помлад член на партијата,
Леонид Николајев. Сталин тврдел дека Николајев е дел од заговорот којшто бил зачнат
од Троцки против Советскиот Сојуз. Сето тоа резултирало со апсење и убивање на
Каменев и Зиновјев, како и на петнаесет други членови на партијата.

Во септември 1936 Сталин го назначил Николај Јежов на чело на тајната полиција


НКВД. Јежов веднаш обезбедил апсење на политички водачи кои што биле критични
за Сталин, како и масовно испрашување во затворите каде што затворениците биле
испрашувани деноноќно и на крај, од замор, биле приморани да потпишат признанија
за нивните обиди за уништување на владата. За секоја општина во Советскиот Сојуз
биле одредени "квоти", односно број колку точно луѓе требало да се уапсат и да се
погубат. Биле користени таканаречени судски "тројки", екипи од 3 теренски судии кои
што оделе низ општините, и по кратко 10 до 15 минутно сослушување на обвиненијата
доставени против обвинетите, истите биле осудувани и стрелани. Проценето е дека во
периодот од 1936 до 1939 година над 2 милиони луѓе ги изгубиле своите животи на
ваков начин, од кои што мнозинството биле невини. Периодот од 1934 до 1939 е уште
попознат и како Големиот Терор, а 17-от Конгрес кој бил најавуван како Конгресот на
победниците, станал Конгресот на осудените.

Последната фаза од чистките и големиот терор во 1930-те била чистењето на тајната


полиција. Сталин сакал оние кои што знаеле премногу за чистките да бидат убиени.
Сталин ѝ најавил на земјата дека фашистичките елементи ги преземале безбедносните
сили, што иницирало смрт на илјадници невини луѓе. Новиот шеф на полицијата кој
Сталин го поставил во ноември 1938 бил Лаврентиј Берија чијашто задача била да ги
открие виновниците. По истрагата, Берија наредил егзекуција на сите постари офицери
во организацијата, вклучувајќи го и неговиот претходник, Николај Јежов. Во 1937
година, по серии преселувања од држава во држава под притисок на советската влада,
Лав Троцки се преселил во Мексико, каде што во 1940 година бил убиен. Тврдења од
страна на аналитичари и експерти, како и докази од тајната полиција НКВД го
припишуваат неговото убиство на Берија како организатор и Сталин како нарачател на
истото.
12
Кон крајот на 1930-те, Сталиновиот терор почнал да губи на интензитет, но советскиот
народ допрва го чекал нов терор приреден од страна на Адолф Хитлер, кој и самиот го
опишувал Сталин како вистински мајстор за приредување на политички терор.

13
Трет дел
Во мај 1939 година, Германија започнала преговори со Советскиот сојуз, предлагајќи
Источна Европа да биде поделена меѓу двете сили. Сталин го видел ова како можност
и за територијална експанзија и привремен мир со Германија. Во август 1939 година,
Советскиот Сојуз потпишал договор за
ненапаѓање со Германија, преговаран од
Советскиот министер за надворешни работи,
Вјачеслав Молотов, и германскиот министер за
надворешни работи, Јоаким фон Рибентроп. Една
недела подоцна, Германија ја нападнала Полска,
додека на 17 септември, Црвената армија влегла
во источна Полска. На 28 септември, Германија и
Советскиот Сојуз размениле некои од нивните
ново-освоени територии; Германија се стекна со
лингвистички области со доминантно полско
население во провинцијата Лублин и дел од
Варшавската покраина, додека Советите ја
стекнаа Литванија.
Сталин и Рибентроп во Кремљ – 1939 година

Во јуни 1940 година, Црвената Армија влегла во Балтичките држави, кои во август
биле насилно споени во Советскиот Сојуз, тие, исто така, ја нападнале и Бесарабија и
северна Буковина, делови од Романија.

Сталин повеќе се фокусирал на смирувањето со Германците за да го одложи секој


конфликт со нив. Откако Тројниот пакт бил потпишан од страна на силите на оската
Германија, Јапонија и Италија, во октомври 1940 година, Сталин предложил СССР да
се приклучи и кон Сојузот на Оската. За да покажат мирни намери кон Германија, во
април 1941 година, Советите потпишале пакт за неутралност со Јапонија. По овој пакт
Сталин заклучил дека односите со Германија се влошиле до тој степен што тоа веќе
претставувало голем проблем.

14
По нападот на Германија врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, Сталин
претрпел краток нервен слом и 8 дена се исклучил од светот. Откако поминале тие 8
дена конечно Молотов, Берија, Ворошилов и други блиски функционери се осмелиле
ненајавено да дојдат во неговата зимска резиденција во Кунцево, надвор од Москва.
Кога влегле во неговата работна соба, тој ги прашал:
"Зошто дојдовте?"
"Да не дојдовте да ме погубите поради штетата предизвикана врз
татковината?".

Причина за ваквото однесување од негова страна не е тешко да се пронајде. Постојано


месеци пред нападот пристигнувале разузнавачки извештаи од разни места кои тврделе
дека Хитлер планира да го нападне Советскиот Сојуз. На 21 јуни 1941, на само неколку
часа пред почетокот на реализацијата на Операцијата Барбароса, германскиот дезертер
и поранешен комунист Алфред Лисков ја препливал реката Буг од германска кон
советска страна и ги информирал советските вооружени сили дека нападот ќе започне
за 5 часа, но Сталин го игнорирал предупредувањето, а наводно го наредил и
стрелањето на Лисков поради ширење дезинформации. Дури и по почетокот на
нападот, Сталин не сакал да верува дека Хитлер и Нацистичка Германија стојат зад
нападот, туку верувал дека тоа е дело на некој одметнат германски генерал. Чистките
од 1930-те сериозно ја ослабеле државната инфраструктура во Советскиот Сојуз,
особено Црвената Армија.

Се до Битката за Москва, Сталин ги искористувал советските медиуми за да ја залаже


советската јавност со лажни вести за "големите порази кои ги трпеле германските сили
на источниот фронт", додека Советскиот Сојуз трпел милионски загуби во војници и
во цивили кои биле заробени или убиени од страна на германските сили на источниот
фронт.

Сталин, кој немал никакво вистинско сериозно воено искуство, не ги слушал советите
на своите генерали, кои постојано му повторувале дека поради огромните загуби кои
што Црвената Армија ги претрпела, Советскиот Сојуз не бил доволно подготвен за да
се започне масовна контра-офанзива, туку постојано наредувал да се тргне во против-
напад. Не сакал да се помири со фактот дека кај модерното војување се применуваат

15
тенкови и авиони, туку верувал дека и понатаму бројот на војници и на пушки бил
поважен, што довело до смртта на стотици илјадници советски војници се до Битката
за Москва, кога Сталин конечно попуштил и им дозволил на маршалите Жуков и
Василевски да ја организираат одбраната на градот.

На 7 ноември 1941 година, по повод 24 годишнината од Октомвриската


Социјалистичка Револуција во Русија, Сталин одржал говор во московското метро
заштитено од германските бомбардери, во кој ги изговорил зборовите кои ги имало на
корицата на воената книшка на секој војник во Црвената Армија за време на Втората
Светска Војна:
"Германските окупатори сакаат да водат војна за истребување со
народот на СССР."
"Ако Германците сакаат војна за истребување, ќе ја добијат."

Големата пресвртница во војната се случила во битките за Москва и Сталинград, каде


што советските сили извојувале одлучни победи, главно благодарејќи на тоа што
советските фабрики за оружје и муниција биле блиску до бојните полиња, со што
Црвената Армија можела брзо да се засили и да надомести за претрпените загуби,
нешто што германските сили немале на располагање. Исто така суровите руски зими
во периодот 1941/1942 и 1942/1943 кои биле едни од најстудените и најсуровите зими
во 20-от век одиграле голема улога во одбраните на Москва и Сталинград.
Германските сили не очекувале инвазијата на Советскиот Сојуз да трае толку долго и
не се опремиле со зимска опрема, што им дало огромна предност на советските сили,
кои што можеле да ги издржат суровите зимски температури.

Победата во војната преминала на страна на советските сили меѓу другото и поради


тоа што Сталин, за разлика од Хитлер, ги слушал советите на неговите генерали и
научил од сопствените грешки. Типичната разлика која донела победа помеѓу нив
двајцата била во пристапот. Сталин на состанок со советскиот воен команден врв би
издал наредба, но подоцна би ја повлекол истата доколку неговите генерали не се
согласувале со него. Хитлер, од друга страна сметал дека секогаш е во право. Во текот
на Втората Светска Војна, која кај советскиот народ станала позната како Голема
Патриотска Војна и како Голема Татковинска Војна, веќе до 1942 биле сменети

16
повеќето воени функционери кои што биле поставени на функции за време на чистките
во 1930-те и заменети со офицери со пониски рангови и независни од партијата, но со
поголемо и побогато воено искуство. До крајот на Втората Светска Војна ниту еден
недоволно способен генерал не останал на својата функција, без разлика колку бил
близок со советскиот лидер.

На Конференцијата во Јалта во февруари 1945 година Сталин ветил дека ќе влезе во


војна со Јапонија неколку месеци по поразот на Германија. На Конференцијата во
Подстам, која се одржала од 16 јули до 2 август 1945, претседателот на САД, Хари
Труман го информирал Сталин дека САД поседуваат силна бомба каква што до тогаш
никогаш не постоела, ниту била употребена. Труман не му кажал на Сталин дека
станува збор за атомска бомба. Сталин на ова реагирал со смирен тон како да станува
збор за само уште едно најобично смртоносно оружје со тоа што рекол дека му е мило
за постоењето на таа бомба и се надева дека САД ќе ја искористат, по што Труман им
рекол на своите советници дека Сталин се однесувал како да не го разбрал.

Винстон Черчил, Френклин Рузвелт и Јосиф Сталин на Конференцијата во Јалта 1945 година

Подоцна, на 6 август 1945 година, САД ја исфрла првата атомска бомба врз јапонскиот
град Хирошима, а потоа и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки на 9
август 1945 година. На 9 август 1945 година, Советскиот Сојуз ја почнал Советската
инвазија на Манџурија, која завршила на 20 август 1945 година со одлучна победа на
советските сили. По ова Јапонија капитулирала на 2 септември 1945 година, со што и
официјално завршила Втората Светска Војна, а САД верувале дека Советскиот Сојуз
нема да има никакви придобивки од победата во војната на Далечниот Исток.

17
По војната, Сталин, бил на врвот на неговата кариера. Во Советскиот Сојуз, тој се
сметал за олицетворение на победата и патриотизмот. Неговата војска ја контролирала
Централна и Источна Европа се до реката Елба. Во јуни 1945 година, Сталин ја
прифатил титулата генералисимус, и застанал на врвот на Мавзолејот на Ленин, за да ја
следи победничката парада предводена од Жуков преку Црвениот плоштад.

По Втората светска војна, Британската империја се повлекла, оставајќи ги САД и


СССР како доминантни светски сили. Тензиите меѓу овие поранешни сојузници се
зголемиле со што резултираше со Студената војна. Иако Сталин јавно ги опишал
британските и американските влади како агресивни, тој сметал дека е малку веројатно
дека ќе има некаква војна со нив, односно верувал дека ќе има неколку децении мир.
Тој, сепак, тајно го интензивирал советското истражување за нуклеарно оружје, со
намера да создаде атомска бомба. Во август 1949 година, бомбата била успешно
тестирана во пустини во Казахстан. Сталин, исто така, иницирал и нова воена изградба.

18
Завршен дел
По завршувањето на Корејската војна во 1953, Сталин се нашол во седумдесеттите
години од својот живот со многу разрушено здравје. Неговиот главен проблем бил
крвниот притисок. Додека бил болен тој примил писмо од др. Лидија Тимашук во
коешто пишувало дека група од седум лекари вклучувајќи го и неговиот личен лекар,
др. Виноградов, биле вмешани во заговор за убивање на неколку негови сопартијци
како и на него. Лекарите кои што биле именувани во писмото биле уапсени и откако
биле мачени признале дека биле вмешани во заговор на американските и британските
разузнавачки служби. Мнозинството лекари биле Евреи и воопшто немале никаква
поврзаност со злосторствата за кои што биле обвинети.

Сталин правел подготовки за масовни депортации и погубувања на илјадници Евреи


низ Советскиот Сојуз. Сега кога Евреите можеле да живеат во сопствената
новоформирана држава Израел. за него, советските Евреи биле народ кој воопшто
немал потреба од тоа да му биде лојален на Советскиот Сојуз.

На 1 март 1953 година, после заедничка вечера на која што Сталин присуствувал
претходната вечер заедно со неговите најблиски соработници Лаврентиј Берија,
Георгиј Маленков, Николај Булганин и Никита Хрушчов, не излегол од неговата соба
во неговата зимска резиденција (дача) во Кунцево, надвор од Москва. На неговите
телохранители ова им делувало нормално бидејќи им станало јасно дека во последно
време се почесто станувал подоцна од спиење, а и имале примено наредба да не го
вознемируваат. Во 22:00 часот вечерта го нашле на подот во неговата соба и од тука е
дојдено до заклучок дека претрпел мозочен удар, поради кој останал парализиран на
десната половина.

Берија бил информиран и дошол неколку часа подоцна. Рано во утрото на 2 март 1953
година пристигнале неговите нови лекари, кои ги замениле еврејските лекари кои
заедно со видни советски научници, професори и писатели, биле меѓу првите жртви на
новите чистки кои што Сталин ги планирал. Ова било уште една голема грешка на
Сталин, која што овој пат не ја чинела ништо државната инфраструктура на
Советскиот Сојуз, ниту Црвената Армија, за разлика од чистките од 1930-те, кои што
придонеле на големо за првичните порази на Црвената Армија на почетокот на
19
нападите на германските сили за време на Втората Светска Војна. Од оваа голема
грешка најмногу изгубил Сталин, кој овој пат бил во критична здравствена состојба, а
вистинските лекари кои што можеле да му помогнат сега биле во советските затвори.
Новите лекари кои што биле предложени од страна на неговите најблиски
соработници, а избрани и поставени по негов личен избор не можеле многу да му
помогнат.

Преку низа од вонредни изданија на весниците, Советскиот Сојуз ја примил веста дека
Сталин е многу болен. Во четири часот во утрото на 6 март 1953 година, било објавено:
“Срцето на другарот којшто ја продолжи генијалноста на Ленин, на мудриот лидер на
комунистичката партија и на Советскиот Сојуз, го испушти последниот удар”.

Насловните страни на повеќето весници ширум светот кои ја објавуваат веста дека Сталин е мртов

Јосиф Сталин починал во 21:50 часот на 5 март 1953 година на 74 годишна возраст.

20
Заклучок
Ретко кои личности во историјата на човештвото оставиле толкава трага како Јосиф
Сталин. Од дете кое било психички и физички злоставувано од својот татко до водач
на милиони луѓе, неговиот живот бил исполнет со падови и успони.

Иако тогашната територија на Советскиот Сојуз имала корист од неговата


индустријализација, советскиот народ пател како последица од неговата параноја од
странска инвазија и внатрешна опозиција. Но како дел од победничките сили после
Втората Светска Војна, Сталин бил поштеден од истрагите за злосторствата кои се
случиле за време на неговото владеење.

Сталин останал на власт се до почетоците на Студената Војна па неговата опресија врз


сопствениот народ не престанала со завршувањето на Втората Светска Војна.
Сличности од неговото однесување во 1930-тите години се забележуваат и во неговото
однесување низ 1940-те години и раните 1950-ти години.

Но, култот кон ликот и делото на Сталин кој самиот успеал да го наметне, му
овозможиле да ја придобие лојалноста на советскиот народ и покрај неговото
диктаторско владение со глад, прогони и убиства. Некои дебатираат дека тој култ
постои и до ден денес.

21
Користена литература:

Документарен филм:
https://www.youtube.com/watch?v=a6m6q7I_1zY&t
https://www.youtube.com/watch?v=MtExVcaSQwQ

Online статија:
https://www.biography.com/people/joseph-stalin-9491723

22

You might also like