You are on page 1of 2

ДАМЕ ГРУЕВ

Даме Груев (Дамјан Груев, Дамјан Јованов - Даме)


(Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906) е
македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО и
најценетите и највлијателните негови раководители.
Груев е роден 1871 г. во Смилево (Демирхисарско).
Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се
школувал во родното место - селото Смилево,
демирхисарско, до четврти клас учел во Битола а потоа во
Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во
јануари 1888 година, во една група од 19 души меѓу кои и
Петар Поп Арсов, привлечен од српската пропаганда,
заминал да учи во Белград бесплатно на сметка на
Друштвото „Св. Сава“. Таму, завршил гимназија и пак на
сметка на „Св. Сава“ се запишал во Великата Школа. Во 1891 исклучен од
школата го напуштил Белград. Се запишал на историја на Вишото училиште во
Софија, но во 1891 година и оттаму бил исклучен.
Даме Груев и Петар Поп Арсов во 1891 година во Софија го основале
Македонското студентско друштво, кое било предвесник на идната Македонска
револуционерна огранизација.
Основните цели на Македонското студентско друштво биле: Ослободување на
Македонија од турското ропство, формирање на револуционерна организација во
Македонија, врбување на истомисленици и нивно спроведување во Македонија,
издавање на весник кој ќе се спротистави не само на турскиот терор, туку и на
туѓите пропаганди - бугарската, српската и грчката.
Во март 1891 година, по убиството на бугарскиот министер за финансии Белчев,
бугарските власти ги уапсиле Дамe Груев и Никола Наумов, и поради тоа
друштвото решило да се самораспушти за да бидат избегнати предвремени
жртви.
Во јануари 1892 година новоформираната Млада македонска книжовна дружина,
чиј член бил и Даме Груев, во Софија го објавиле првиот број на својот весник
„Лоза“ и по неговото име целото двожење го добило називот Лозари.
Во „Лоза“ биле објавени текстови и статии за Македонците и за македонската
кауза, за потребата од создавање посебна македонска литература, за тоа дека
Македонците се посебен народ и дека треба да имаат своја посебна држава.
По растурањето на Лозарите, Даме Груев се вратил во Македонија. Прво станал
учител во родното Смилево, а потоа во Битола и во Солун.
Во Солун во 1893, Даме Груев, Петар Поп Арсов и Иван Хаџи Николов формирале
македонска револуционерна група, кон која подоцна ги приклучиле и Андон
Димитров, Христо Татарчев и Христо Батанџиев, и потоа на 23 октомври сите
заедно ја формирале Македонската Револуционерна Организација.
Главни иницијатори за формирање на ВМРО се Даме Груев и Петар Поп Арсов,
кои уште со формирањето на Македонското студентско друштво, предвиделе
формирање на Македонска револуционерна организација.
Даме Груев потоа заминал да биде учител во Штип, каде првпат се запознал со
Гоце Делчев. Откако Груев видел дека Делчев е човек кој имал револуционерни
идеи за ослободување на Македонија, го вклучил и него во Организацијата (1894).
Во 1898 год. турските власти го интернирале Даме Груев во Битола, каде во 1900
год. бил уапсен и осуден на 10 години затвор.
Од затворот во Битола Даме одржувал врски, давал инструкции и ја раководел
месната организација на ВМРО. Во мај 1902 бил префрлен од битолскиот затвор
во затворот во Подрум-Кале во Мала Азија, каде останал до март 1903 год.
По амнестирањето се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во
Солун, каде што имал неколкудневна средба со Гоце Делчев, по прашањето за
кревање на востание.
Даме одлуката за востанието ја прифатил како завршена работа и бил решен
самиот да ја преземе одговорноста. Во почетокот на мај 1903 тој претседавал со
Смилевскиот конгрес. Тогаш бил избран за член на Главниот штаб на Битолскиот
револуционерен округ, кој бил одговорен за кревањето на востанието.
По Илинденското востание, Даме останал во Битолско со народот, за да работи
на консолидирање на Организацијата. Учествувал на подвижниот Прилепски
конгрес (мај 1904), каде се залагал за централизирана Организација која
функционирала како тајна држава во османлиската империја, како еден вид на
подземна Република.
Тој бил претседавач на Рилскиот конгрес во 1905 и бил избран за член на
Централниот комитет. Се ангажирал за надминување на поделбите кои настанале
меѓу македонските револуционери, меѓутоа единството постигнато на Конгресот
траело кратко. Груев цели шест години ја обиколувал Македонија со цел да ја
воздигне Организацијата.
На 23 декември 1906 година, кај беровското село Русиново, Даме Груев и
неговата придружба биле ненадејно нападнати од турскиот аскер.
Во нерамноправната борба со Турците, на врвот Петлец својот живот за
слободата на Македонија го дале Даме Груев, војводата Сандо Китанов и уште
двајца комити.
Тој декемвриски ден Македонија останала без основачот, идеологот и апостолот
на Македонската револуционерна организација, но неговите идеи родиле
илјадници нови македонски револуционери, кои ја продолжиле борбата за
Слобода или смрт.

Изработила: Професор:
Теодора Велјаноска II6 Владимир Бојанов

You might also like