You are on page 1of 15

Економски факултет - Прилеп

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ


МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА

ТЕМА : УЛОГАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО


ГЛОБАЛНАТА ТРГОВИЈА

Изработил : Ментор :
Стефанија Петроска проф. Славица Роческа
15/19

Прилеп, 2023
Содржина

1. Вовед .............................................................................................................. 3
2. Улогата на Европската Унија во глобалната трговија .............................. 4
3. Политиките на Европската унија - координација и хармонизација.......... 4
4. Индустриска политика .................................................................................. 6
5. Земјоделска политика .................................................................................... 8
6. Политика за конкуренција ............................................................................ 9
7. Трговска политика ....................................................................................... 11
8. Регионална и структурна политика ............................................................ 13
9. Заклучок ........................................................................................................ 14
10. Користена литература .................................................................................. 15

2
Вовед

Европската Унија (ЕУ) е наднационална и меѓувладина Унија


(заедница) на 28 земји-членки. Европската Унија е најголемата конфедерација
на независни држави во светот, основана под ова име во 1993 со Договорот за
Европска Унија (Мастришки договор). Сепак, многу аспекти од Унијата
постоеја и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат
од 1951.

Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика,


од здравството и економската политика до надворешната политика и одбраната.
Сепак, опсегот на нејзините овластувања многу се разликува во зависност од
дадената област.

Во зависност од областа за која станува збор, ЕУ може да претставува:

 федерација (на пример, во монетарните работи, во аграрната, трговската


и еколошката политика);
 конфедерација (на пример, во социјалната и економската политика,
заштитата на потрошувачите, внатрешните работи);
 меѓународна организација (на пример, во надворешните работи).

Клучна активност на ЕУ е основањето и управувањето со заедничкиот


единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута (која е
усвоена од 12 од 28-те земји членки), заедничка аграрна политика и заедничка
рибарска политика.

Најважни институции на ЕУ се Советот на Европската Унија, Европската


комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд на правдата.

3
Улогата на Европската Унија во глобалната трговија

Политиките на Европската унија - координација и


хармонизација

Под хармонизација (Договорот за ЕЗ користи и други изрази:


адаптирање, апроксимација, координација) се подразбира усогласување на
националните политики (поимот политики на Европската унија е сопфатен и во
својата содржина ги вклучува: достигнувањата, придобивките, правата и
обврските на земјите - членки, принципите и политичките и другите цели
утврдени со основачките договори (од Договорот за Заедницата за јаглен и
челик од 1951 година, па с до Договорот од Лисабон 2009 година)) со
европската политика, создавање на заедничка зона за слободна трговија,
односно со создавањето на ЕЕЗ се укинаа царинските такси, квоти и
повластувања за стоки меѓу државите - членки, кои претставуваат предуслови за
дефинирање на Зоната на слободна трговија (FТА). 1
Голем број на медитерански и балкански земји потпишаа Спогодба за
стабилизација и асоцијација (ССА) со одредби од страна на ФТА, следна цел
при усогласувањето на политиките е воспоставувањето на Царинската унија со
цел за слободно движење на стоките и Единствениот пазар со цел обединување
и одржување на единствен пазар кој ќе ги гарантира четирите основни слободи,
поврзани со слободното движење на добра, услуги, капитал и луѓе.
Договорот на Европската економска област (ЕЕА) овозможува
применување на четирите основни слободи, меѓутоа постојат одредени
рестрикции за рибарство и земјоделство.

1
Штефан Денерт и Алферд Диболд, Фондација Фридрих, „Вредностите и политиката-ЕУ и
Југоистокот на Европа“- Еберд, Скопје, 2006 година.

4
Координацијата и хармонизацијата всушност претставуваат меѓусебна
размена на информации во врска со политиките, мисиите, студиите, развојните
цели и идните активности. На овој начин креаторите на меѓународната политика
ќе имаат увид, и можност за усогласување на заедничките цели и политики, и на
тој начин меѓународната и домашната политика ќе одат заедно во ист правец
„рака под рака“.
На меѓународно ниво постојат енергични напори за подобрување на
координацијата и хармонизацијата на политиката за вработување со основни
цели, зголемување на нивото на вработеност, координација на политиката за
вработување, развој на координираната стратегија за вработување преку
поставување на насоки, финансиска поддршка на националните програми,
идентификација на успешните мерки и објавување на споредбените резултати,
следи образовната политика која треба да придонесе кон квалитативно и општо
стручно образование, унапредување на сеопфатниот пристап до образованието
и постигнување на највисоко можно ниво на знаење по пат на постојано
усовршување.
Сето ова се спроведува преку акциони програми, отворени методи на
координација и сл. Понатаму се воведуваат механизми за стабилизирање на
цените, давањето на финансиска помош за надминување на проблемите
поврзани со задолжувањето, помошта со храна и помош при катастрофи,
техничката помош и трансферот на технологии, заштитата на животната
средина и др.
Зборовите координација, усогласување, хармонизација станаа главни
зборови кои одекнуваат низ ходниците и салите за состаноци при било кој
собир во врска со развојната соработка помеѓу политиките на Унијата, станаа
приоритети на меѓународната заедница.
Координацијата и хармонизацијата покрај тоа што во голема мерка се
однесуваат на усогласување на политиките, програмите, процедурите и
практиките, исто се со цел за рационално мобилизирање и користење на
ресурсите, особено по намалувањето на Официјалната развојна помош (ОDА),
со што се зголеми бројот на државите кои донираат помош за земјите во развој.

5
Индустриска политика

Индустриската политика спаѓа во најспорните области на политики на


ЕУ. И од самиот термин на поглавјето на Договорот - „Индустрија“ наместо
„Индустриска политика“ - се согледуваат разликите што постојат уште од
основањето на Заедницата, помеѓу државите - членки кои традиционално се
повеќе регулаторно, интервенционистички ориентирани и оние кои се повеќе
пазарно - либерално ориентирани.
За разлика од политиката на конкуренција што треба да ја гарантира
слободната конкуренција на сите учесници на пазарот, индустриската политика
постојано се смета како директно интервенирање во полза на одредени актери.
На ниво на ЕУ, на оваа забелешка се одговара со тоа што во преден план стојат
хоризонталните мерки наспроти интервенциите за специфични сектори или
дури и претпријатија.2
Основните цели на индустриската политика се подобрување на
опкружувањето за меѓународната конкурентност, создавање, развој и
потпомагање на моќни претпријатија ориентирани кон иновациите, особено и
на мали и средни претпријатија, зајакнување на конкурентноста преку
поддршка на истражување и развој, соработката и олеснувањето при структурни
усогласувања, зголемување на поддршката со меѓународни консултации и
координација и сл. 3
Таа, покрај хоризонталните задачи, како отстранувањето на техничките
пречки за трговијата и усогласувањето на општествено - правните одредби и
правото за јавни набавки, предвидуваше и мерки за специфичните сектори во
областа на авијациската техника, информатиката, бродоградбата и
производството на хартија.

2
http://mk.wikipedia.org/wiki/Европска_интеграција
3
„Заедничка земјоделска политика на ЕУ и поддршка на земјоделските производители во
ЕУ“, ГТЗМАФП проект, Скопје, 2008 година.

6
Развојот на европската индустрија придонесува за отворање на нови
работни места, иновација во производството и зголемување на извозот. Додатно
на ова, индустријата е меѓусебно поврзана и со услужните дејности, многу
услужни индустрии како што се транспортот, здравјето и информатички и
комуникациски технологии (ИКТ) зависи од конкурентна индустрија за
производство на опрема и хардвер кој тие ги користат.
По економската криза во 2009 година, подобрувањето на глобалната
конкурентност на европската индустрија е од суштинско значење. За таа цел
идентификувани се следниве клучни области каде што индустријата може да
биде дополнително зајакната со цел да се направи значителен напредок кон
Европа 2020 цели:
- олеснување на структурните промени во економијата, со цел да се
движат кон повеќе иновативни и базирани на знаење сектори кои имаат повисок
раст на продуктивност и кои имаат претрпено помалку од глобалната
конкуренција;4
- овозможување на иновации во индустријата, а особено со здружување
на ограничени ресурси, системи за поддршка и зголемување на пазарот,
фокусирање на истражувачки проекти; На пазарите за клучно овозможување на
технологии (на пр. нано - технологиите), се очекува раст до 50% до 2015 година,
создавање на илјадници работни места;
- ефикасно искористување на ресурсите, преку промовирање на
иновации и употреба на современи технологии;
- подобрување на деловното опкружување, особено преку намалување на
административниот товар врз бизнисите;
- целосно спроведување на Регулативата за единствениот пазар;
- поддршка на мали и средни претпријатија (МСП).

4
„Заедничка земјоделска политика на ЕУ и поддршка на земјоделските производители во
ЕУ“, ГТЗМАФП проект, Скопје, 2008 година.

7
Земјоделска политика

Според ДЕЗ, внатрешниот пазар го опфаќа и земјоделието и трговијата


со земјоделски производи и ги прецизира целите на заедничката земјоделска
политика, за чие постигнување ДЕЗ пропишува заедничка организација на
земјоделските пазари. Високите трошоци и различните национални интереси
водеа кон с посериозни судири. Неуспешниот обид да се обезбеди соодветен
животен стандард за земјоделците преку субвенционирање на цените, доведе до
обвинување на Заедницата за протекционизам и водеше кон зголемување на
трошоците, така што од 1992 година беа потребни поголеми реформи.
Основните цели на земјоделската политика се зголемување на
продуктивноста на земјоделието и со тоа обезбедување на соодветен животен
стандард за лицата што се занимаваат со земјоделие; стабилизирање на пазарот;
обезбедување на соодветни цени за добрата и услугите кои ги користат
потрошувачите. Уредувањето на земјоделскиот пазар доведе до ограничување
на внатрешниот пазар на Заедницата во однос на светскиот пазар и
стабилизација на цените.
Тие начелно може да се поделат според три организациони принципи:
- Пазарни прописи со субвенционирање на цените, каде што покрај
надворешната заштита се гарантираат и пласманот и цените, тука спаѓаат:
житото, шеќерот, млечните производи, месото, како и одредени видови овошје и
зеленчук. Стоката што не може да се пласира по одредена минимална цена, се
откупува во државни интервенциски пунктови.5
- Пазарни прописи со заедничка надворешна заштита: соодветните
земјоделски производи се заштитени само од конкуренцијата од трети земји, а
притоа за нив не се гарантира цената на внатрешниот пазар, тука спаѓаат јајцата,
живината и украсни растенија. Во суштина, надворешната заштита се врши
преку царини.

5
http://ec.europa.eu/agriculture/index-en.htm

8
- Пазарни прописи со директна помош: маслодајни семиња и мешункасти
овошја се увезуваат без царина, производителите добиваат помош. Кај
маслинките, тутунот и тврдата пченица дополнително се исплаќа помош кон
пазарните цени кои беа заштитени со надворешна заштита и со интервенциски
мерки. Паушалната помош беше одобрена за производи кои во ЕЗ се
произведуваат само во мали количини, како што се лен и коноп, памук, свилена
буба, хмељ, семенски материјал и сточна храна.

Политика за конкуренција

Со Договорот на ЕЗ се дефинира економската област на ЕУ како


отворена пазарна економија со слободна конкуренција. Европската политика на
конкуренција ги следи начелата на либералниот економски поредок. Четирите
основни слободи за движење на стоки, капитал, услуги и лица, покрај
принципот на недискриминација и правото на ЕУ за конкуренција, се
суштински елементи на тој економски поредок и на европскиот внатрешен
пазар.
Следствено на тоа, не се дозволени ограничувања на конкуренцијата,
што можат да настанат преку монополска или олигополска положба,
договарање на цените, производството и продажбата или преку државни
интервенции. Затоа, Комисијата има задача да ги спречува или да ги укинува
националните ограничувања на пазарот и конкуренцијата (телекомуникации,
енергетика или воздушен сообраќај). Исклучоци се дозволуваат само во
поединечни случаи од страна на Европската комисија. За обезбедување на
пазарната конкуренција, Комисијата има на располагање правни норми (забрана
на картели, контрола на фузионирањата и контрола на државна помош).
Генералниот директорат за конкуренција на Комисијата, го следи почитувањето
и спроведувањето на политиката на конкуренција. Основните цели се:
обезбедување непречена конкуренција на европскиот внатрешен пазар;
придонес за комплетирање на внатрешниот пазар; подобрување на економските
рамковни услови и на функционалноста на Европската унија и нејзините земји -
членки. Истата се остварува преку забрана на картели, контрола на
фузионирања, контрола на државна помош и сл.

9
Забраната на картели и контролата на фузионирањата е предодредена за
забрана на договори помеѓу претпријатијата што штетат на трговијата помеѓу
земјите - членки и ја спречуваат, ја ограничуваат или ја нарушуваат
конкуренцијата. Било каква злоупотреба на „доминантната положба на
заедничкиот пазар“ исто така е забранета. Врз основа на овие правни норми,
Комисијата може да дејствува во рамките на жалби или по „службена
должност“, преку покренување на постапка за испитување, можност за
санкционирање при постапување спротивно на прописите и да изрекува
обврзувачки казни.
Нејзиното внимание се повеќе се свртува кон т.н. „тврди картели“ кои се
проширени низ Европа и во светски рамки. Директивите и регулативите по
Договорот од Амстердам од 1999 година, ги донесува Советот на ЕУ со
квалификувано мнозинство, на предлог на Комисијата и по сослушување на
Европскиот парламент. Контролата на државна помош е вториот столб на
политиката на конкуренција на ЕУ.
Државната помош е неспоива со заедничкиот пазар, доколку ја
попречува трговијата помеѓу земјите - членки. Регулативите за спроведување,
исто така, ги донесува Советот, на предлог на Комисијата и по добиено мислење
на Европскиот парламент со квалификувано мнозинство гласови. Во ЕУ во
перодот од 2000 – 2012 година имало вкупно 288 случаи на недозволена
државна помош. 6
Типичен пример за државна помош е Rolls - Royce Group plc. (компанија
за производство на енергетски системи (морски и вселенски)), во 2009 година во
Англија, каде беше дадена помош за производство на вселенски летала од
вкупно 9 860 000€ . Интервенциите на ЕЗ во случаи на државна помош,
политички се многу чуствителни прашања, бидејќи помошта е инструмент на
националната економска и структурна политика.

6
http://ec.europa.eu/agriculture/index-en.htm

10
Трговска политика

Европската унија претставува најголем светски трговски партнер, кој е


во постојан процес на проширување. Енормниот раст кој е постигнат во светот
преку процесите на либерализација на трговијата е еден од пресудните фактори
кој придонесува за унапредување на социјалниот статус и одржување на
стабилен раст и развој пошироко во светот, особено на вработувањата како
посебен процес, процес кој се покажа како успешен при укинувањето на
внатршните препреки во ЕУ, процес кој отвори преку петстотини илјади нови
работни места во првите години од неговото спроведување.
Либерализацијата на самата Унија, придонесе за либерализација на сите
процеси, вклучувајќи ја и трговијата и трговската размена, што пак придонесува
за зголемен развој на државите, искористување на извозните потенцијали,
зголемување на квалитетот на производите и нивото на услугите, проширување
на асортиманот, пораст на продажбата, паѓање на бариерите (царини) и сл.
Секојдневно Европа изнесува и внесува стоки за стотици милиони евра. Европа
е најголемиот извозник во светот на производствени добра и услуги.
Трговската политика претставува машинерија на развојот на ЕУ преку
балансиран либерален пристап кон осигурување на отворање на пазарите и
склучување на нови договори со други реони и држави, како стратегиска
политика водена помеѓу либералите и протекционистите во Комисијата (што не
е случај со другите политики по степенот на координација). 7
Резултатот на ваквата политика е постигнатиот успех со договорите од
регион до регион како диверзифициран инструмент на Европската политика,
преку земјите - членки на МЕРКОСУР имаат поволности и лесен пристап до
пазарите на северноамериканската НАФТА - северно американска асоцијација
за слободна трговија (NAFTA - North American Free Trade Asociation), при што
може да се заклучи дека трговската политика претставува продукт на договори
и компромис.

7
http://ec.europa.eu/competition/state_aid/register/msf_2012.pdf

11
Трговската политика е тесно поврзана со надворешната и безбедносна
политика на Унијата со стриктно поделени области на дејствување, преку
заедничка координација која дава на трговската политика дополнителна
поддршка во реализацијата на мултилатералните договори за слободната
трговија, со што процесот на мултилатеризација од 2003 година станува еден од
трите основни цели на Европската стратегија за сигурност со цел создавање на
јаки општества, непречено функционирање на институциите и сл.
Мултиратерализмот како поим претставува координација на односите
помеѓу три и повеќе страни врз база на основни генерализирани принципи кои
овозможуваат работење, делување, преземање на права и обврски кои не
зависат од интересите на било која од страните или некоја стратегиска цел или
интерес која би можела да го има во еден специфичен момент, фаза или период
некоја од инволвираните.
Процесите на мултилатерализмот на Европската трговска политика
имаат голема улога во порастот на глобалниот систем на трговијата. Тука
особено треба да се спомене Програмата за помош на земјите во развој, со цел
да станат поефективни учесници во меѓународната трговија, а воедно и дел од
самата Светска трговска организација (СТО), која игра многу важна улога при
поддршката на Европските економски интереси. СТО помага да се обезбеди
трговија која е транспарентна, отворена, предвидлива и фер за сите земји -
учеснички. СТО предвидува форум во кој сите свои членки имаат еднаков удел
при креирањето на трговските правила и принципи и можност да учествуваат
при креирањето на нови договори во СТО.
Системот на Светската трговска организација помогна да се создаде и
одржува системот на глобалната трговија т.е. создаде правила кои ја одржуваат
светската економија отворена за трговија и почитување на посебните потреби и
грижи за земјите во развој, обезбедување дека државите брзо ќе се
прилагодуваат на промените кои настануваат во светот.

12
Регионална и структурна политика

Со проширувањето на ЕУ на 27 земји - членки, веќе постоечките


економски и социјални диспаритети помеѓу националните економии на
државите - членки значително се зголемија. Оваа разлика се согледува во тоа
што дури 1/3 од буџетот на ЕУ т.е од 2000 до 2006 година издвоени се 560
милијарди евра за помалку развиените региони, со цел да се постигне економско
и социјално изедначување во рамките на ЕУ.95 Со проширувањето, некои од
регионите кои беа во претходно постоечкиот ЕУ - 15, кои се сметаа за
структурно слаби региони, сега веќе важат за релативно развиени региони.
Регионите со структурни слабости обично се одликуваат со помала
продуктивност, пониска вработеност и социјална исклученост. За овие
проблеми се наведуваат мноштво причини, како: периферната положба,
недоволната инфраструктура, недоволно образуван човечки капитал, неповолна
стопанска структура со голема важност на земјоделството, висока
невработеност.8
Проектите на регионалната политика се насочени кон општиот раст на
животниот стандард и се спроведуваат со следниве области:
- регионална сообраќајна инфраструктура како патната, железничката и
сл.,
- претприемништво и зголемување на вработеноста,
- туризам,
- рурален развој,
- проекти во областа на управувањето со индустриските зони,
технолошките паркови и иновационите центри.

8
http://ec.europa.eu/competition/state_aid/register/msf_2012.pdf

13
Заклучок

Европската унија се третира како најуспешен мировен проект во


историјата. По повеќе војни, за многу кратко време успеа да се создаде
помирување на стариот континент преку интеграција - интеграција преку
правото.
Поранешните непријатели почнаа веќе да соработуваат речиси во сите
области. Конфликтите започнаа да се решаваат по пат на преговори и договори.
Тоа е причината што Европската унија во светот наидува на почит како
пример за регионална соработка и како модел за политиката на XXI век,
интеграцијата преку правото и взаемното почитување. Дури и оние што не знаат
многу за ЕУ, им е познато дека таа претставува многу комплексна структура.
Првото нешто кое ја прави ЕУ толку интересна е нејзиното извонредно
практично значење: таа е врежана не само во политиката и економијата, туку и
во секојдневието на граѓаните во с повеќе области. Како пример за ваквото
влијание може да послужи стапувањето на еврото во сила од 01.01.2002 година
како платежно средство на државите - членки во Унијата.
Исто така, значењето на ЕУ правопропорционално се зголемува со
нејзиното проширување. Од заедница со шест држави-членки, со постепено
проширување се создаде денешната ЕУ - 27 или Унија на 27 суверени држави -
членки, препознатлива по својот најголем слободен и отворен пазар во светот,
мировните и цивилните мисии во светот и сл.
Останува да се види дали ќе дојде до подлабоко политичко обединување
на државите - членки во рамките на ЕУ и следствено на тоа, по понатамошни
значајни правни реформи на Унијата во нејзиниот иден развој. Правните и
институционалните реформи на Унијата се предуслов за нејзиното
понатамошно јакнење во меѓународните односи.

14
Користена литература

1. Штефан Денерт и Алферд Диболд, Фондација Фридрих, „Вредностите и


политиката-ЕУ и Југоистокот на Европа“- Еберд, Скопје, 2006 година.
2. http://mk.wikipedia.org/wiki/Европска_интеграција
3. „Заедничка земјоделска политика на ЕУ и поддршка на земјоделските
производители во ЕУ“, ГТЗМАФП проект, Скопје, 2008 година.
4. http://ec.europa.eu/agriculture/index-en.htm
5. http://ec.europa.eu/competition/state_aid/register/msf_2012.pdf

15

You might also like