You are on page 1of 2

МАКЕДОНИЈА ПО ВОЈНАТА

По Втората светска војна Македонија е во составот на


Југословенската федерација (СФРЈ) како рамноправна република.
По војната Македонија била разурната и неразвиена земја.
Благодарение на расположливите природни богатства на нашата
татковина и учеството на македонскиот народ во изградбата и
обновата на земјата, Македонија бележела брз економски и
стопански развој.
Македонија се гради и напредува, се врши снабдување на селата со
електрична енергија,се градат модерни патишта,железнички
пруги,фабрики, хидроцентрали,здравствени установи,културни и
образовни институции...
Граѓаните на нашата република на 8-ми Септември 1991година на
референдум се изјаснија за самостојна, суверена и независна
Република Македонија, а за прв претседател е избран господинот
Киро Глигоров.
РЕФЕРЕНДУМ е демократско изјаснување на граѓаните за одредено
прашање значајно за државата.
ПО РЕФЕРЕНДУМОТ МАКЕДОНИЈА Е ПРОГЛАСЕНА ЗА
САМОСТОЈНА, СУВЕРЕНА (има законодавна, извршна и судска
власт, самостојно донесува одлуки во внатрешните работи на земјата
и односите со другите држави) И НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.
На 8-Ми Септември секоја година,свечено се одбележува и
прославува независноста на нашата татковина и тој,како државен
празник е неработен ден во републиката.
На 17-ти Ноември 1991 год., Собранието на Р.М го изгласа првиот
Устав на независна и суверена Република Македонија.
УСТАВ Е НАЈВИСОК ПРАВЕН АКТ НА ЕДНА ДРЖАВА
Како независна и самостојна држава, на 8-ми Април 1993год.,
Македонија е примена како рамноправна членка на ООН
(Организација на Обединетите нации).
 Во Република Македонија е воведена визна либерализација со
која на државјаните им се овозможува да патуваат во земјите од
Европската Унија (ЕУ) без визи.
 Македонија го менува своето име со потпишување на
Преспанскиот договор, помеѓу Македонија и Грција на 17 Јуни
2018 година. А од 12 Февруари 2019 година таа и официјално
станува Република Северна Македонија.
 На 27 Март 2020 годинаМакедонија стана Триесетта членка на
НАТО алијансата под новото уставно име Република Северна
Македонија.
МАКЕДОНИЈА ПО ВОЈНАТА

1. Во чиј состав влегла Македонија по Втората Светска војна?


2. Благодарение на што Македонија постигнала брз економски и
стопански развој?
3. Што се градело во Македонија?
4. Што е референдум?
5. Кога е одржан референдумот во Македонија?
6. За што се изјасниле граѓаните на Република Македонија на
референдумот?
7. Што е Устав?
8. Кога е донесен првиот Устав во Република Македонија?
9. Кога Македонија станала членка на ООН?
10.Што му се овозможува на граѓаните со визната либерализација?
11.Кога Македонија станала членка на НАТО?

You might also like