You are on page 1of 2

УСТАВ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1946)

(Прв Устав на Македонија, единствен како народна Република во составот на Федеративна


Народна Република Југославија, вон сила, со важност од 31 декември 1946 година до 12 април
1963 година, освен главите VI, VII, VIII, IX и XII, како и неговите одреби што се во спротивност со
одредбите на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите
на власта на Народна Република Македонија со важност од 31 декември 1946 година до 2
февруари 1953 година, со назив Устав на Народна Република Македонија)

УСТАВ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1963)

(Втор Устав на Македонија, прв како социјалистичка Република во составот на Социјалистичка


Федеративна Република Југославија, вон сила, со важност од 12 април 1963 година до 25 февруари
1974 година, со назив Устав на Социјалистичка Република Македонија)Општествено уредување.

Глава I: Општи одредби

Член 5

Територијата на Социјалистичка Република Македонија е составен дел на територијата на


Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Границите на Социјалистичка Република Македонија можат да се менуваат само врз основа


на одлука на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

Член 6

За граѓаните на Социјалистичка Република Македонија постои државјанство на


Социјалистичка Република Македонија.

Државјаните на Социјалистичка Република Македонија едновремено се и државјани на


Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Државјаните на другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги


имаат во Социјалистичка Република Македонија истите права и должности како и нејзините
државјани.

Член 9

Знамето на Социјалистичка Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Ѕвездата е


црвена со златен (жолт) раб и има правилен петокрак облик. Односот на широчината и должината
на знамето е еден спрема два.
УСТАВ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1974)

(Трет Устав на Македонија, втор како социјалистичка Република во составот на Социјалистичка


Федеративна Република Југославија, вон сила, со важност од 25 февруари 1974 година до 17
ноември 1991 година, со назив Устав на Социјалистичка Република Македонија до 16 април 1991
година и со назив Устав на Република Македонија од 16 април 1991 година)

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

(Четврти Устав на Македонија, прв и единствен како независна Република, во сила, со важност од
17 ноември 1991 година, со назив Устав на Република Македонија од 17 ноември 1991 година до
12 февруари 2019 година и со назив Устав на Република Северна Македонија од 12 февруари 2019
година).

You might also like