You are on page 1of 7

I.

Бугарија, Романија и Турција во II светска војна


1. Фашистички агресии на Балканот
- Од I светска војна останале нерешени прашања меѓу ревизионистичките (Бугарија
поддржувана од Германија и Италија) и антиревизионистички (СХС, Грција и Романија
поддржувани од Англија и Франција) настроените држави;
- Италија се стремела кон влијание во Црна Гора, Албанија и Косово.
2. Бугарија
➢ 1941
- На 1 март 1941 год. Владата на Богдан Филов ја придружува Бугарија кон Тројната оска
поради незадоволство од Нејскиот мировен договор;
- Во 1941 Бугарија ги окупира: Вардарска и Пиринска Македонија, источниот дел од Егејска
Македонија и западна Тракија; со што царот Борис 3 бил прогласен за обединител;
- На 28 септември започнало Драмско востание против Бугарската власт кое се проширило
во Егејскиот дел и било задушено на 1 октомври со 3000 жртви.
- По спроведување на планот Барбароса (22 јуни 1941) се активира БКП;
➢ 1942
- Во 1942 Бугарија е поделена на 12 партизански зони, а на 17 јули 1942 БКП започнува со
политика на ОФ - Отечестен (татковински) фронт;
- За секој убиен партизан Владата нудела 50000 лева;
➢ 1943
- Во 1943 бил формиран НК - Национален комитет на ОФ, со што дејствувале околу 30000
партизани;
- На 28 август починал царот Борис 3, но бидејќи Симеон Саксобурговски бил малолетен,
имало владеење со намесништво;
➢ 1944
- Во 1944 ОФ се зближила со СССР:
- Во септември 1944 се доближила Црвената Армија и поради дестабилизација се
формирала нова Влада на чело со Багрјанов и Муравјев која преговарала со САД за
антирусификација;
- На 9 септември 1944 КПБ ја презема власта на чело со Георги Димитров;
- Започнува процес на советизација и 130000 војници војуваат во Југославија и Унгарија.
3. Романија
➢ 1940
- Романија отставува принудно територии на СССР (Бесарабија и Северна Буковина) и со
Виенската арбитража (судски процес) на Бугарија (јужна Добруџа) и на Унгарија
(Трансилванија);
- Кралот Карол 2 абдицира и власта ја презема генерал Јон Антонеску;
➢ 1941-1944
- Профашистичка ориентација и судири со СССР;
➢ 1944
- Државен удар на 23 август 1944 од КПР и кралот Михај (син на Карол 2) и преземање на
власта, пад на режимот на Антонеску и антифашистичка ориентација;
- Поради учество во ослободување на Чехословачка и Унгарија ја добива назад
Трансилванија, а Северна Буковина и Бесарабија остануваат под СССР;
- Во 1944 Петру Гроза формира нова влада и се воспоставува прокомунистичко-советски
поредок.
4. Турција
- Неутралност со мотото на Ататурк: „Мир во земјата, мир во светот“;
- На 23 февруари 1945 ја нападнала Германија и Јапонија;
- Во 1945 учествува во формирањето на ООН;
- Од 1952 е членка на НАТО.
II. Грција и Албанија во II светска војна
1. Грчко-италијанска и грчко-германска војна
a) Грчко-италијанска војна
- По освојувањето на Албанија на 28 октомври 1940 Италија поставува ултиматум за
отстапување воени бази од Епир;
- Метаксас одбива (денот на НЕ);
- Италија напаѓа безуспешно и се повлекува.
b) Грчко-германска војна
- По окупација на Југославија со план „25“, Германија ја напаѓа Грција со планот „Марита“;
- Кралот и Владата бегаат, а Грција капитулира на 26 април 1941;
- Крит пружа отпор, но и тој е окупиран во мај;
- Грција е поделена меѓу Италија, Германија и Бугарија.
2. Антифашистички отпор во Грција
- Во 1941 по наредба на КПГ и советско влијание се формираа левицата:
● ЕАМ - Грчки ослободеителен фронт;
● ЕЛАС - Грчка ослобителна војска;
- Во 1941 под британско влијание се формира десницата:
● ЕДЕС - Грчка демократска лига;
● ЕККА - Комитет за ослободување;
- Во 1943 доаќа до судир меѓу левицата и десницата;
- Во 1944 со Либанскиот договор се формира заедничка Влада на чело со Папандреу;
- Со договорот во Казерта (Италија) на 26 септември 1944, сите вооружани сили се ставаат
под контрола на Британија;
- Со договорот во Варкиза на 12 февруари 1945 ЕЛАС се разоружува.
3. Албанија во НОВ
- Албанија е економски зависна од Италија;
- Во 1939 одбива ултиматум од Италија;
- Кралот Зогу бега во Јоханесбург и на 12 април 1939 објавува обединување со Италија
- Шевкет Верлаци формира Влада;
- 4-8 ноември 1941 се формира КПА во Тирана;
- Во септември 1942 со коференцијата во Пеза се формира НОФ (народно-ослободителен
фронт);
- Бил избран ЦК на КПА со 7 членови на чело со Енвер Хоџа;
- Во ноември 1942 Митхат Фрашери ја формирал националистичката „Бали Комбетар“,
главна цел биле проширување на границите;
- Со капитулацијата на италија на 8 септември 1943, Албанија останува под окупација и
екплоатација од Германија;
- Судир межу КПА на чело со Мехмед Шеху и „Бали Комбетар“;
- Победа на КПА по војната и ослободување на 29 ноември 1944.

III. Југославија во II светска војна


1. Пристап на Југославија кон Тројниот Сојуз
- На 20 март 1941 одлука, на 25 март владата на Цветковиќ - Мачек потпишуваат договор,
на 26-27 март демонстрации со мото „подобро гроб отколку роб“ и „подобро роб отколку
гроб’;
- На 27 март 1941 дошло до државен преврат од страна на генерл Душан Симовиќ за
враќање на кралот Петар Караѓорѓевиќ;
- На 6 април со план „25“ Германија ја напаѓа Југославија и бегство на Владата и Кралот во
Лондон;
- На 17 април 1941 Југославија капитулира.
2. Поделба на Југославија
- Во Хрватска победува НДХ и усташите на чело со Анте Павелиќ (се осамостојува);
- Поделена меѓу: Италија (Словенија, Јадран и западна Македонија), Унгарија (Војводина)
и Бугарија (Источна Македонија и дел од јужна Србија) и германија (источна Србија и дел
од Словенија);
- Создавање на петоколонашки квислиншки режим:
● Србија: Милан Недиќ и четници на Дража Михајловиќ;
● Словенија: бела и сина гарда;
● Македонија: бугарски контрачети (источен дел) и албански балисти (западен).
3. Повик на силите на отпорот
- На 7 јули 1941 КПЈ на чело со Тито повикува на отпор;
- Во 1942 со 54 делегати во Бихаќ е одржано првото заседание на АВНОЈ
(Антифашистичко веќе за народно ослободување на Југославија);
- Во 1943 на Техеранската конференција НОВ и ПОЈ се признаваат за носители на
антифашистичката борба;
- На 29-30 ноември 1943 се организира второто заседание на АВНОЈ во Јајце со 142
делегати;
- АВНОЈ е прогласена за највисоко извршно и законодавно тело.
4. Спогодба Тито-Шубашиќ и ослободување на Југославија
- Забрането враќање на Петар Караѓорѓевиќ и организирање средба Тито-Иван Шубашиќ
(на чело со емигрантската влада) од страна на меѓународните сили во јули 1944 во Вис;
- Шубашиќ го признал НКОЈ, а Тито се согласил државното уредување да се одреди по
завршување на војната;
- Во март 1945 НОВ и ПОЈ се реорганизирале во Југословенска војска;
- Завршни акции во мај 1945 на Сремскиот фронт;
- Ослободување на 15 мај 1945 во кое учествувал Македонскиот корпус.

IV. Окупација и поделба на Македонија


1. Воспоставување окупациски систем
- Фашистите ги окупираат Југославија со план „25“ и Грција со план „Марита“, а Албанија и
Италија се сојузници;
- Македонците не се мотивирани за борба поради недостаток на оружје и нерешено
прашање;
- Македонија е поделена меѓу:
● Бугарија - со Виенскиот договор од 23 април ги добива Вардарска, Пиринска и
источен дел од Егејска Македонија, (околу 21000 km^2);
● Италија, т.е. Албанија - Западна Македонија и западен дел од Егејска (околу 4000
km^2);
● Германија - централен дел на Егејска Македонија.
2. Економско ограбување и терор над македонскиот народ
- Целосно експлоатирање на природните богатства и управување на економијата;
- Левот достигнал 3 пати поголема вредност од динарот;
- Во западна Македонија бил воведен десеток;
- Тероризам, апсење, албанизација и бугаризација поттикнале 25000 Македонци да се
иселат;
- Силни пропагадни за претставување на окупаторот како спасител.
3. Политика на денационализација и асимилација
- И покрај економскиот грабеж, окупаторите се претставени како спасители;
- Се спроведува денационализација и асимилација преку настава на бугарски, албански и
италијански јазик во соодветните делови;
- Појава на отпор од страна на Македонците и формирање Македонски иницијативен
комитет.
V. Востанието и НОВ во Вардарска Македонија (1941-1943)
1. Улогата на ЦК на КПЈ и ПК на КПМ за подготовка на НОВ во Вардарска Македонија
a) Определување страна
- На 6 април 1941 год. Била окупирана Југославија;
- КПЈ со антифашистички став и поддршка на македонското прашање, поради што КПМ се
приклучува на КПМ;
- ПК (Покраински комитет) на КПМ бил на чело со Методија Шаторов-Шарло.
b) Судири на ПК на КПМ со КПЈ
- Шаторов се залагал за самостоен национален фронт на цела Македонија и борба за
независност;
- Бил близок со Коминтерната и со Георги Димитров, заради што бил обвинет за обид за
зближување со БКП.
c) Влошување на односите и создавање нов ПК на КПМ
- Во септември 1941 Шаторов бил заменет од Лазар Колишевски;
- Други членови на ПК на КПМ: Мара Нацева, Бане Андреев, Борка Талевски и Благоја
Јанков - Мучето.
2. Формирање на месни комитети, чети и ПО (партизански одреди)
- Создавње месни комитети за собирање оружје, муниција и опрема;
- Подготовка за диверзантски акции;
- На 2 август 1941 започнуваат Илинденски демонстрации во Битола, Прилеп…;
- Први диверзантски акции во рудникот, ародромот и пругата во Скопско;
- На 22 август 1941 се формира Скопска чета;
- На 12 септември 1941 се создава Прилепската чета;
- Во септември 1941 Лазар Колишевски го создава Покраинскиот Воен Штаб;
● Почеток на вооруженото востание во Македонија
- На 11 октомври 1941 во Црвени Стени (Прилепско) бил создаден прв ПО „Гоце Делчев“;
- Антифашистичката борба започнува со напад на участокот, касарната и затворот во
Прилеп;
- На 12 октомври 1941 во Студена Вода (Кумановско) бил создаден Козјачко-Карадачки ПО.
3. НОВ во Македонија во 1942
- Ореку зима 1941 одредите се распуштени поради лоши временски услови;
- Во 1942 се создаваат нови одреди:
● 12 април 1942 - Битолски ПО „Пелистер“;
● 17 април 1942 - Прилепски ПО;
● 15 мај 1942 - Велешки ПО „Пере Тошев“;
● Јули 1942 - Крушевски ПО „Питу Гули“;
● 30 септември 1942 - Мавровско-Гостиварски ПО;
● 3 ноември 1942 - Шарпланински ПО;
- Во 1942 Покраинскиот воен штаб станува ГШ на НОВ и ПОМ или НОПОМ на чело со
Михајло Апостолски.
4. Состојбата во 1943-44 и создавање на КПМ
- Во 1942 се вклучуваат повеќе партизани и отпорот раст;
- Во 1943 пристигнува Темпо - претставник на ЦК на КПЈ;
- На 19 март 1943 во Тетово била формирана КПМ;
● Учесници: Лазар Колишевски, К.Ј. Питу, Цветко Узуновски, Мара Нацева, Страхил
Гигов, Бане Андреев;
- Македонија е поделена на 5 операциони зони од страна на НОПОМ;
- Соработка со отпорот во Албанија, Бугарија и Грција.
5. Преспанско советување (Отешево)
- Одржано на 2 август 1943 од страна на ЦК на КПМ со цел:
● Подготовки за АСНОМ;
● Создавање поголеми воени единици од ПО;
● Проширување на мрежата на НОО (народноослободителни одбори - носители на
народната власт);
● Создавање на АНОК (акционен комитет за национално ослободување), подоцна
преименуван во ИО (иницијативен одбор за свикување на АСНОМ).
6. Создавање на Македонска војска и слободни територии
- Било одлучено на Преспанското советување;
- На 18 август 1943 на Славеј Планина во Дебарца бил создаден првиот батаљон „Мирче
Ацев“ кој епрвата регуларна воена единица (темели на македонска војска);
- На 8 септември со капитулацијата на Италија се снабуваат со оружје од Италијанците.
7. Создавање на слободни територии
- Првата ослободена територија била Западна Македонија со капитулацијата на Италија;
- Започнала настава на македонски јазик и била отворена првата печатница „Гоце Делчев“;
- ЦК на КПМ и ГШ биле префрлени на слободна територија;
- Во октомври 1943 ГШ издал манифест за проширување на дејноста на НОД;
- Зголемување на бројот на баталјони (од август до ноември 1944);
- Создавање на првата Македонско-косовска ударна бригада на 11 ноември 1943 во
с.Сливово (Дебарца) од 4 баталјони на чело со ГШ;
- Во декември 1943 слободната територија бил нападната и ГШ се повлекол во Егејска
Македонија во соработка со КПГ;
8. Фуштанско советување
- Одржано во декември 1943 со првиот конгрес на НОМС (антифашисичка младина);
- Советување за создавање нови бригади и слободни територии.
9. Февруарски поход
- 31 јануари - 25 февруари 1944 организиран од ГШ на НОПОМ;
- Започнал од Егејска Македонија и се разделил кон 3 правци:
● Прва македонско-косовска бригада - за ослободување на центалниот дел од
бугарска власт;
- Напад на Богомила, премин на Црна река, пораз и враќање;
● Втора Македонска бригада
- Кон Демир Капија и Кожув и враќање;
● Трета група батањони на чело со ГШ
- Вк. 400 km, кон Беласица, Осогово до Козјак каде се судира со четници на
Дража Михајловиќ.
10. Пролетна офанзива
- Од 25 април до 19 јуни 1944 била организирана германско-бугарска офанзива против
македонските единици кои возвратиле со контраофанзива;
- 3 воени жаришта:
● Дебарца - Прва-македонско-косовска бригада;
● Тиквешко - Втора македонска бригада;
● Кумановско - Трета НО бригада.
- Успешни штети на непријателот.
11. Завршни операции за ослободување на Македонија
- Во октомври 1944 ЦК на КПМ и ГШ на НОПОМ ја донесуваат Директива бр.1 за нови
бригади, дивизии и корпуси;
- На 9 септември 1944 капитулира Бугарија (снабдување со оружје);
● Ослободување на Скопје - 13.11.1944;
- Во западна Македонија борби против балисти и германски одреди:
● Ослободување на: Кичево (16.11), Гостивар (18.11), и на крај Тетово (19.11).
12. Сојузнички воени мисии во Македонија
- Поддршка на НОД од СССР, Америка и Британија;
- Соработка Темпо-Еди Маерс (шеф на британската воена мисија);
- На 5 октомври имало средба на британската воена мисија со ГШ во Студена Вода;
- Од јануари 1944 има нова британска мисија која присутствува на АСНОМ;
- По ослободувањето повеќе оворени седишта на мисии во Скопје.
VI. Коституирање на македонската држава
1. Создавање на први органи на народната власт
- Се создаваат со почеток на НОВ под името НОО (народноослободителни органи) со цел
обезбедување оружје, муниција, опрема…;
- На почеток на окупирани територии, а во 1943 и на слободната;
2. Улогата на ИО за свикување на АСНОМ
- На Преспанското советување (02.08.1944) на ЦК на КПМ се говорело за свикување на
АСНОМ, создавање нови НОО и создавање на АНОК;
- Во ноември 1943 АНОК се преименува во ИО за свикување на АСНОМ; на чело со
Методија Андонов - Ченто;
- На почеток има 9 а потоа 22 членови;
- Подготвува созддавање нови НОО, делегати и документи за АСНОМ.
3. Прво заседание на АСНОМ
- 2 август 1944 во Св. Прохор Пчински;
- Учествувале 116 делегати, а отварањето го извршил најстариот Панко Брашнаров (од
Велес);
- Писмо од Тито;
- Ченто направил извештај за работата на ИО, и биле донесени повеќе акти.
4. Законски акти од АСНОМ
- АСНОМ е прогласено за највисоко законодавно, извршно и претставничко тело на
државната власт во ДФМ;
- Избор на президиум со улога на влада, на чело со Ченто;
- Донесена декларација за основни права на граѓаните;
- Создавање законодавна комисија при Президиумот на АНСОМ;
- Комисија за утврдување и казнување на престапи од окупаторот;
- Избор на 40 делегати за АВНОЈ;
- Илинедн е државен празник, а НОВ добива признание.
5. Придонесот на Македонците во антифашистичката војна и осбодување на Југославија
- До 1944 учество зеле 100000 борци кои се координирале со оние од Косово и Србија;
- Учество на Сремскиот фронт;
- На 15 мај 1945 Југославија била ослободена со учество на 15 корпус.
VII. НОБ и НОД во Егејска и Вардарска Македонија
1. Пиринска Македонија во II светска војна
- 96% македонско население поради денационализација и асимилација;
- Во јуни 1941 учествувале во НОБ преку обласниот комитет на БКП за Пиринскиот дел на
чело со Гроздан Николов;
- Никола Парапунов и Никола Калапчиев се залагаат за активно учество во вооружена
борба;
- На 27 јуни 1941 Иван Козаров создава прва партизанска група;
- Партизански групи создаваат и Парапунов и Константин Кантарџиев;
- Масовен прогонна Македонци;
2. Создавање на први чети и ПО
- Во 1942 партизанските групи стануваат ПО;
- Се создаваат чети во Горна Џумаја, Неврокоп, Петрич и др.;
- Во 1943 се создаваат први ПО „Јане сандански“ и „Никола Калапчиев“ (починал 1942);
- Во декември 1943 е убиен секретарот на обласниот комитет Парапунов;
- Во 1944 се создаваат нови ПО во Св. Врач, Петрич…;
- На 9 септември учествуваат во превратот за пад на фашистите.
3. Егејски дел во II светска војна
- На 6 април навлегуваат германски војски, а на 20 април бугарски, а западниот дел е
окупиран од италијански војски;
- Македонците се антифашистички настроени и соработуваат со КПГ, БКП, ЕАМ и ЕЛАС;
- Цел е минимална (малцински права) или максимална (приклучување на териториите)
програма за Македонците, но се прифаќа само минималната од КПГ, ЕАМ и ЕЛАС;
4. Создавање воено-политички организации
- 1942 - МАО во Воденско (македонска антифашистичка организација);
- 1942 - СНОФ во Костурско (славјано македонски народно ослободителен фронт);
- 1943 - прв ПО „Лазо Трповски“;
- 1944 - прва бригада „Гоце“;
- Издавање македонски весници - Победа и Слобода;
- Настава, драми, ора и песни на македонски.
5. Соработка меѓу Пиринските и Егејските борци
- Заедничка цел: обединување на Македонија;
- Заедничко дејствување на гранични области;
- Избор на делегати за АСНОМ.

You might also like