You are on page 1of 133

Moj начин на пчеларње

Презентер:
МАРЈАН ПЕТРОВСКИ
Мојот начин на пчеларење се темели на:

 Работи кои се прават за успешно зазимување на пчелните семејства


 Работи за успешен пролетен развој на пчелните семејства
 Производство на матици и роеви
 Селидба на пчелните семејства на медоносни паши
 Вадење на медот
 Третирање на пчелните семејства против вароа

ЗАЗИМУВАЊЕ НА ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА

 Како почеток на пчеларската сезона се смета месец Август. За таа цел е


потребно да се направaт некои работи пчелните семејства успешно да се
зазимат.
 Една од главните работи за успешно зазимување на пчелните семејства е
замената на старите матици , односно почетокот на сезоната на
пчеларење да се почне со млада матица.
 За таа цел од 25 Јули до почетокот на Август пристапувам кон замена на
сите двогодишни матици. Еден од условите за успешно презимување на
пчелното семејство, во пролет да не се рои и пчелните семејства новата
сезона да ја почнат со млада матица.
Испитување на процент на инволвираност на ВАРОА
- Работи кои се потребни за извршување на оваа
проверка
 - Во тегличка земам 35 до 50 грама пчели и ги ставам во теглата на која има
сито
 - Ставам во теглата 35 грама шеќер во прав
 - 3 минути ја вртам теглата во која има пчели и шеќер во прав и ги тресам
во ситото за брашно а потоа го ситото го сеам и на мрежата остануваат
крлежите , потоа ги истурам на бела хартија и ја бројам вароата
 - и ја применувам формулата ...
 Број вароа / тежина на пчелите x 10 = % инволвираност на вароа
5 % е долна граница каде пчелното семејство може
да се спаси со третирање против вароа

8% е граница каде не се знае дали пчелното


семејство ќе може да се спаси со третман

Над 8% пчелното семејство сигурно ќе угине во


текот на зимата
● Замената на матица се врши на следниот начин:

► Пчелното семејство го обезматичувам, ја вадим старата матица

и го оставам една ноќ е без матица.


► Работи кои се потребни за замена на матица: кафез, шеќерно
медно тесто и прскалка во кој има сируп кој мириса на маточина
или лимон :
Треба и да ги знаеме правилата за внесување на матицата во кафезот

♦ Овој начин на внесување во кафезот е погрешен и така може само


матицата да ја повредиме. Немојте никако вака да ја внесувате
матицата во оваа позиција ...
► Знаеме дека матицата се стреми да се движи само нагоре. Затоа и отворот

на кафезот го поставувам соодветно за да матицата без проблем влезе.

► Матицата треба да се држи само за крилцата, а главата да се пикне во


отворот и да се пушти. На овој начин матицата без проблем ќе влезе во
кафезот.
♦ Матицата успешно е внесена во кафезот
♦ Отворот го затворам со шеќерно медно тесто
► Кафезот го поставувам во обезматиченото семејство, премачкан со
мед од истото семејство, со отворот нагоре, никако на страна или
отворот
- да биде надолу.
► Обезматиченото пчелно семејство го попрскувам со шеќерен сируп
кој треба да мириса на маточина или лимон.
♦ За кратко време пчелите примамени од намачканиот мед на кафезот и
шекерно медното тесто почнуваат со гоштевање, a матицата со својот
феромон ги опива пчелите
♦ Следниот ден матицата е ослободена, односно излезена од кафезот
♦ Проверувам дали матицата е успешно прифатена
правам со крајните рамки со мед отварајки ги делумно и поставувајки
ги
над поклопна даска во збегот, или во празно тело. На овој начин пчелите

преку отворот на хранилката го враќаат медот во плодиштето таму каде


што им е најпотребен а воедно и ги збогатуваат медните венци .
 Крајните рамки со мед можат да се постават и во долното тело
(така наречено автоматско прихранување), пчелите го качуваат
медот горе во плодиштето.
Добрите страни на овој начин на прихрана:
1. Пчелите квалитетно се прихрануваат збогатувајќи
го и масното ткиво.
2. Не преработуваат сируп и не се трошат бидејќи се
стимулирани со вистински мед.
3. Со оваа операција матицата се стимулира за носење
на зимско легло.
Мојата цел за успешно зазимување на пчелните
семејства е да ги збијам на мал простор соодветно
према јачината на улиците со пчели, клубето да не
остане без додир со медот, и по потреба да го
пренесуваат.
● Во зависност од локацијата каде се наоѓаат пчелните семејства, кон
крајот на септември и почеток на октомври јас ги сведувам да
зимуваат на едно тело со отворен кружен отвор со дијаметар ф 25 мм
до 30 мм.
Предност на зазимување со ГОРНО
ЛЕТО:
- Пчелите постојано добиваат свеж воздух
- Кондензацијата, вишокот на влага излага низ
горното лето, при што не се појавува буѓавост на
крајните рамки
- Пчелите имаа повеќе прочистни излети во зима
што влијае против НОЗЕМА АПИС
- Во зима кога долното лето е затрпано со снег,
горното лето секогаш е отворено...
- При враќање на пчелите во кошницата тие
веднаш влагаат во горното лето директно во
клубето и се затоплуваат,.
Bo текот на пред зазимувањето на пчелните семејства во мсеците Август,
Септембар и Октомври, сум се соочил со проблеми каде што во долното тело
има раширено легло без никакви венци со мед, а во вториот наставак да
има полни рамки со мед без легло. Таквата состојба е мошне неповолна кога
пчелите ќе влезат во зимо, поради така наречен смртен простор кој го има
меѓу рамките од првиот и вториот наставак, во кој пчелите поради ниската
температура неможат да се движат и неможат да го совладаат празниот
така наречен смртен простор , односно да го дофатат медот кој се наоѓа во
вториот наставак и умираат од глад.
Во тој случај ја правам следната операција:

► Земам една или по потреба две полни рамки со мед каде имало легло од неколку
генерации, обично тоа се двете средни рамки од второто тело.
► Исцртувам линија во вид на парабола, и го отварам медот од долната летвичка до
линијата, а од линијата до сатоношата медот е затворен. Оваа рамка може да се постави
над поклопната даска во празно тело каде пчелите преку отворот од поклопната даска
ќе го повлечат отворениот мед , а ќе остане само затворениот мед во вид на богат меден
венец, или рамката се сава во врцалка и полека се врти каде ќе испадне отворениот мед,
а затворениот мед ќе се задржи во вид на меден венец.
♦ Рамките со вештачки меден венец ги поставувам наизменично меѓу
рамките со отворено легло, во горниот наставoк, но никако не ги
поставувам една до друга, туку рамка со вештачки венец, па рамка
со легло без венец.
Бидејќи испод вештачкиот венец има слободни ќелии, матицата
тука го нанесува и своето легло, и на горниот наставак се зазимува
целата пчела.
 Во долниот наставoк ги поставувам рамките со најстаро - затворено
легло, и пчелите кога ќе излезат ,се насочуваат примамени од
отвореното легло кoе ќе биде само во горниот наставoк. Ако се
вметнат две вакви рамки со вештачки меден венец ,обезбедени се 5
улици пчела со додир на меден венец.
 Поради отворениот мед кој може да доведе до опасност од грабеж,
рамките со вештачки медни венци се поставуваат доцна попладне
во пчелното семејството,каде пчелите одма преку ноќ ќе го разнесат
отворениот мед и ќе остане затворениот меден венец, а покасно
слободните ќелии ќе бидат нанесени и со легло .
 Доколку оваа операција се изврши во месец Август обавезно
матицата тука ќе го нанесе и своето легло.
 Оваа операција се врши само касно попладне за да не дојде до
опасност од грабеж.
Примери за пчелни семејства кои се зазимени во
едно тело и опфатеноста на улиците со пчели
Прихрана со погачи на јаките пчелни
семејства вршам со почеток на
поленската паша од лешникот, додека
прихраната на нуклеусите со погачи ја
вршам уште од Ноември
ОКТОМВРИ
Третирање на пчелите со мравја киселина.....
► Температура испод 25 степени. Се аплицира 65 % МК по 25мл на јаки
семејства, а 15 мл на нуклеуси .
► Со 85% МК се аплицира 15 мл на јако семејство, а 10 мл на нуклеус.
► Обавезно е отварање ширум на летото да може пареата слободно да
излегува за да не се таложи бидејќи од преголема концентрација на
парата пчелите не ја препознаваат матицата, ја уклупчуваат и ја убиваат.
ДЕКЕМВРИ- третирање со оксална киселина, потребно е зголемена
влажност на воздухот

Температура

Влажност на воздухот
Апликација на ОК со
накапување со помош на
шприц, по 5 мл на улица
со пчели, крајните улици
по 3 мл

600 мл вода , 600 гр


шеќер, 35 гр оксална
киселина
ПРВ ПРОЛЕТЕН ПРЕГЛЕД
Месец Март, 10.03.2013 година, град Скопје,
просечна надморска висина 250 метри,
температура на воздухот 20 степени

Убав пријатен сончев ден, ливадите почнуваат да


се будат со своите прекрасни цветови...
Леската е прецветана...

Цветањето на врбата е на почеток, а


пчелите тоа масовно го
искористуваат ...
…а тоа е знак дека можам да го започнам првиот
пролетен преглед ...

За пчелните семејства да имаат правилен развој,


должноста на пчеларот е да го изврши првиот
пролетен преглед, како би се утврдила состојбата
на пчелните семејства врз основа на што ќе се
превземат неопходните работи.

Првиот пролетен преглед се врши кога


временските услови го дозволуваат тоа како не би
дошло до настинување на леглото.
Работи што треба да ги извршиме и констатираме
на првиот пролетен преглед се:

• Здравствената состојба на пчелните семејства,


• Оценка на нивната јачина,
• Со колку улици пчели располагаат,
• Колку рамови на легло имаат,
• Залихата на храна,
• Присутноста на матицата,
• Каде е концентрирано друштвото (лево-централен дел-
десно) итн.

Јас ќе се осврнам на мојот начин на работа, односно како го


вршам првиот пролетен преглед зависно од условите кој ги
дозволува природата и јачината на пчелните семејства.
 Прво вршам визуелен преглед на пчелните семејства,односно ја
гледам нивната полеталка и нивното однесување.
 Гледам дали пчелите излетници носат полен, a тоа е знак дека во
пчелното семејство има легло.
 Групирањето на пчелите пред летото, значи дека матицата е
присутна и со добар феромон.
 Пчелите излетници имаат одлучен лет и при враќањето во
кошницата со директен лет влагаат во отворот што претставува
добра особина и нема задржување пред летото, односно летот е
одлучен и имаат континуирана работа ...
... се гледа дека во пролет масовно го употребуваат
горното лето и со директен лет влагаат во отворот,
што е карактеристика за присутност на матица и
добри пчелни семејства...
Една од главните работи во пролет е чистење и
дезинфекција на подниците за да се олесни на
пчелите да не се задржуват на овие работни
активности...
... ја активирам на хигиенска поилка...

Но и ги намамувам пчелите да ја лоцираат поилката, со што


слетувалиштето ќе го намачкаме со разблажен мед или ќе
посипеме малце шеќер ...
Тука ќе направам и еден мал експеримент, така што во друг сад со
вода ќе додадам малце сол и шеќер ...

И за два часа пчелите ја лоцираат поилката со вода...


Но што се случува тука..., се гледа дека на садот во
кој додадовме само шеќер нема ниедна пчелка

... а додека кај садот во кој


што има сол и шеќер бојот на
пчели посетителки постепено
се зголемува...
И сликата на кој може да се видат двата сада еден до
друг...

Од ова доаѓаме до заклучок дека солта е многу битна за правилен


равој на пчелите. Дозирањето на сол во поилката е 30 грама на 10
литра вода
За првиот пролетен преглед е многу важно да се види и
внатрешноста на кошницата, односно како што предмалку
кажав: јачината на друштвото, на колку улици е пчелното
семејство, состојбата со храна ,колку рамки со
легло, здравствената состојба, позицираност на семејството
(лево –центар - десно), квалитетот на леглото –шарено легло
и др...
За таа цел го отварам
пчелното семејство...

На сликата се гледа
дека додадената погача
одлично ја земаат, што е
прв знак дека се работи
за здраво пчелно
семејство.
Полека ја вадам погачата......

Чистите рамки, укажуваат на тоа дека пчелното семејство добро ја


поминало зимата односно нема знаци на пролив - нозема,
семејството правилно е раширено на 7 улици пчела,позицирано во
централниот дел и пчелите се мирни, по удар на сандакот пчелите
нагло престануваат со бучењето што укажува на присутност на
матица...
Да ја погледнеме и состојбата со храна и легло...

Првата рамка е со мед ...


Втората рамка е со мед и малце полен...
Третата рамка е со полен и мед...
На четвртата рамка има присутно легло, полен и во
задниот дел мед...
На петтата рамка има легло ,полен и мед...
Шестата рамка е со легло, полен и мед...
Седмата рамка е со полен и мед, но на внатрешниот
дел кај поленот се гледа присутно и легло ...
Осмата рамка е со полен и мед...
Подигнатите рамки се со легло...
Констатирав дека ова пчелно семејство има 7 улици со пчела и
3 рамки со легло, со започнато легло на четврттата рамка,
друштвото е правилно распоредено во централниот дел,
локацијата на леглото се наоѓа пред летото, леглото е
компактно односно нема шарено легло, рамките се чисти,
однесувањето на пчелите укажува дека матицата е со добар
квалитет и феромон и дека присутна во пчелното семејство.

Овие забелшки ги впишувам во дневникот за водење на


евиденција.

По констатирање на состојбата на пчелните семејства,


пристапувам кон работитте кои се неопходни за правилен
развој на пчелното семејство .
Врз основа на условите кои ги диктира природата
и состојбата на пчелното семејство, а со оглед
дека внесот на полен во овој период е голем и со
тоа што уште не е расцветана сливата джанка,
може да дојде до опасност од блокирање на
матицата, а пак тоа може да доведе до успорување
на развојот, но во подоцнесниот период на месец
Март може да започне и нагонот за роење кој
завршува во месец Мај со излагање на ројот.
За да не дојде до наведените последици, а пчелното
семејство да има континуиран развој, а и наведениот
показател ме наведува на тоа , односно цветањето на
кајсијата...

ќе ја извршам следната операција...


1. Бидејќи внесот на полен е доста голем, а со цел да
не би дошло до блокирање на матицата, меѓу
рамката со полен и рамката со легло ставам кафеав
рам попрскан со шербет во кој има повидон јод...
2.Од многу битно значење за пчелното семејство во
овој период е да биде во режим на стална работа,
затоа на пчелното семејство треба да се изврши
стимулативна прихрана, и за таа цел ја вадам
крајната рамка со мед, го отварам медот...
...и ја поставувам на крај, односно одалечена за една
рамка, овозможуваќи со тоа слободен простор, при
што пчелите ќе го повлечат медот односно ќе го
искористат како стимулативна исхрана...
Откога пчелите ќе го повлечат медот од стимулативната
рамка, оваа рамка подоцна се додава за проширување,
но од дргата страна до леглото.
... во слободниот простор ја ставам и тест рамката за
контрола на работата на пчелите градителки...

... која подоцна може да биде искористена како рамка


за биолошка метода за борба против вароата.
Слободниот простор е многу битен да го осетат
пчелите градежници кои се стари од 12 до 18
ден, како би се ослободиле од восочните
кристалчиња, а тоа е еден од условите да не
започне роидбениот нагон.

На ова пчелно семејство е извршена и ротација


за 180 степени за медот да дојде во положба
пред летото, каде што пчелите брзо ќе го
отклопуваат и ќе го пренесуваат на
страничните позиции овозможувајќи
слободни ќелии во кои матицата ќе ги
положува јајцата.
Со оваа операција извршивме проширување на
леглото, додадовме стимулативна прихрана со
мед, овозможен е слободен простор кој е многу
битен да го осетат пчелите градежници и многу
важно е што пчелиото семејство го доведовме
на 7 рамки, не сметајќи ја тест рамката и
рамката за стимулативна прихрана.

Во оваа операција е многу важно леглото да не


се разделува, односно да остане компактно.
На 23.03.2013 година,контрола на извршената работа...
Поставената тест рамка, пчелите градежници
почнуваат да ја влечат...
Поставената рамка за проширување е нанесена целата со легло, од
кое на предниот дел е затворено, а на задниот дел има дводневни
јајца ...
Медот од стимулативната рамка е целосно одземен
од страна на пчелите, односно рамката е сува и по
потреба може да се стави меѓу поленот и леглото за
проширување односно деблокирање на матицата...
Ден 07.04.2013 година
Контрола на развојот на пчелните заедници и
контрола на тест рамките...

...се гледа дека пчелите градителки кои се стари од 12-тиот до 18-


тиот ден се многу вредни, односно се ослободиле од своите
восочни кристалчиња, а со тоа обезбедиле на матицата да го шири
слободно своето легло, а останатите пчели да имаат континуирана
работа без застој, што се гледа од сликата...
...се гледа дека тест рамката има трутовски ќелии и е
нанесен со легло...
Проверка на уште една пчелна заедница...

... се гледа дека трутоските ќелии се занесени со легло, а ова покажува


дека пчелките градителки биле цело време ангажирани во текот на
месец Март, кој претставува еден од главните фактори пчелната
заедница да не влезе во роев нагон, но сега тест рамката ќе ни
послужи како рам градежник за биолошка борба против вароата што
на овој начин може да се уништи и до 30%.

Со ова се потврдува дека борбата против роевиот нагон и биолошката


борба против вароата треба да почне да се води уште во месец Март.
Контрола на рамка градежник
Следат неколку фотографии на кои може да се види
вароата во ќелиите на рамката градежник, со цел да се
види колку вреди оваа биолошка метода во борбата
против вароата.
А сега да ја видиме позицијата на тест рамката и
јачината на пчелното семејство со легло...

...се гледа дека тест рамката се наоѓа на крајот, а како втора е рамката
со полен на кој се наоѓа легло. Од дргата страна ја покажувам рамката
која е додадена за проширување и на која има тридневни јаца, така
што ова пчелно семејство е со 9 рамки легло сметајќи ја и тест
рамката.
На основа на наведеното, утврдувам дека ова пчелно семејство е
многу јако, а до главната паша има уште многу време, затоа морам да
превземам итни мерки да обезбедам пчелната заедница да има
постојано работа, да има работно расположение, а со тоа да не доје до
роидбен нагон. Затоа следната многу важна операција која треба да се
направи е изедначување на пчелните семејства.
Изедначувањето на пчелните семејства представува важна
операција со која се намалува јачината на јаките пчелни
семејства кои имаат брз предвремен развој, со цел да не
добијат роево расположение пред или во текот на главната
паша.
Со оваа операција се појачуваат оние пчелни семејства кои
заостануваат малку зад семејствата кои се средни по јачина.
Треба да се внимава пчелните семејства кои се појачуваат со
легло, да се способни да го негуваат, опфатат целокупното
легло, како не би дошло до преладување на леглото.
Кај овие пчелни семејства обавезно да се додаде и храна
поради новоизлезените пчели од леглото, како не би дошле до
состојба на гладување кое може да настане поради лоши
временски услови, но и матицата да осеќа внес на храна и
слободно да може да го положува своето легло.
Целта на ова изедначување е сите пчелни семејства да
дбијат средна јачина како би ја искористиле главната паша.
Проширување на полдиштето
Месецот Април е многу битен за нас пчеларите, овошките цветаат ...

И ливадите почнуваат да ја покажуваат својата убавина...


Но за нас пчеларите најбитно е цветањето на
јаболката...

кое нешто претставува многу битен показател за


јачината на пчелните семејства и време кога треба да ги
извршиме неопходните работи во пчеларникот, а тоа е:
додавање второ тело, или ротација на телата со
превешување на рамки и додавање на сатни основи.
Јас наведените работи ги работам на следниот начин:
● Главен услов да пчелните семејства ја искористат главната
паша, во приодот на цветањето на јаболката,треба да имаат
8-9 рамки со легло и 10 запоседнати улици со пчела, што
претставува мерило дека пчелните семејствата ќе ја
искористат главната паша, затоа почнувам со работа и
проверивам визуелно...

гледам дека во
пчелното семејство и
крајните рамки се
исполнети со пчела.
Го проверувам условот - јачината со легло во овој
период (цветањето на јаболка) односно вршам
проверка на јачината со легло,подигнувајќи ги само
претпоследните рамки ...

...и констатирам дека


се со легло.
Останатите рамки кон
средина не ги
проверувам бидејки
се знае дека се со
легло, а се со цел да
не го вознемирувам
пчелното семејство
На слката подигнатите рамки се легло

со што констатирам дека пчелното семејство е со 8 рамки со легло


Додавање втор наставак, прва ротација со
додавање на сатни основи
Условот за проширување на пчелното семејство е исполнет (8
рамки со легло и 10 улици пчела) и пристапувам кон додавање
на второ тело
Од пчелното семејство земам 2 рамки со легло, по можност да
бидат со отворено легло и ги ставам во новто тело, обавезно
споени бидејки има големи временски варијации во ова време од
годината, а со цел и да се задржи компактноста на леглото...
Од двете страни до рамките со легло, за побрз
развој на семејството ставам извлечени кафеави
рамки предходно испрскани со сируп во кој има
малку повидон јод ...

И ги ставам до
рамките со легло...
Потоа следат и сатните основи од двете страни,
попрскани со сируп и ги ставам од едната и другата
страна.

И така наизменично го пополнувам


целото телото, сатна основа па
извлечена рамка...
Така вкупно ставам 4 - 5 сатни основи за да младите пчели восочарки
се испразнат (ослободат) од восочните кристалчиња
Во плодиштето од каде што ги земав рамките за
превешување, исклучиво до леглото ставам кафејави
рамки, за матицата побрзо да ги заанесе, се разбира
предходно испрскани со сируп...
Го поставувам второто тело...
На тие пчелни семејства што се на две тела се
врши ротација на наставците - леглото се
спушта во телото на подница и се врши
наведената операција на превешување. Исто
така сега е моментот да се извадат црните,
старите и деформисани рамки, а на нивно
место да се стават сатни основи.

Во наведената операција од многу битно


значење е леглото да остане копактно односно
да не се врши раздвојување на леглото.
На сликата е прикажано пчелно семејство кое има
екстремен развој, а претходно споменатата
операција е изршена на 10 Април
Се гледа дека пчелите се качени горе и правилно
распоредени така што во горниот наставак (второ
тело) веќе на 22 Април има 5 рамки со легло

Со ова се потврдува успешноста на


операцијата
 После превешувањето, кога во месец Мај пчелните
семејства ќе имаат од 14 до 16 рамки со легло
вршам ротирање на наставците, поставување на
трето тело од 17 см. и ограничување на матицата.
Ограничувањето на матицата го вршам со
изолатор, или пак поставување на матични
решетки.
Ограничувањето на матицата го вршам на околу 8
до 9 дена пред настапување на главната паша.
Сето ова го работам со цел да во медоберот
пчелите не се трошат на одгледување премногу
легло, да се насочат на извршување други работи, а
со тоа и добивање на поголеми приноси.
ПPОИЗВОДСТВО НА МАТИЦИ
При производство на матици го користам следниот календарот за матици
и кои работи се извршуваат
Матични почетоци и алат за правење на истите
Летвички на кои ги поставувам матичните почетоци
За одредување на староста на ларвите користам
изолатор, но во овој случај ларвите ги одбирам по
искуство, односно како показател на најмлада ларва
ми се ларвите што се наоѓаат околу тродневното
залегнато јајце и бистриот млеч околу ларвата
На овој рам односно станици, се наоѓаат група на старосни
ларви кои се погодни за пресадување односно стари од 7 до
12 часа. Пчелите кои се наоѓаат на овој рам се старосна група
на пчели од 8 до 12 дена и кои имаат развиено млечни
жлезди и ги хранат најмладите ларви кои се стари од еден до
22 часа. Со оваа старосна структура на пчели, се обогатува
стартерот кога се формира, или кога треба таа старосна група
на пчели да се обнови ако се работи во повеќе турнуси,
бидејќи старосната структура на пчели кои се способни да
лачат млеч застарува.
Еднодневна ларва која е на подлога на чепче на од ЈЕНТЕР
АПАРАТ која е стара само 2 часа и од кој многу лесно со
кинеска игла се земаат ларвите да се пресадуваат.
Пресадувањето го вршам со кинеска игла, зафаќајки
ја ларвата од надворешната страна (грбот) и дел од
млечот и нежно ја спуштам во основата на
матичниот почеток (восочнита чаура)
Пресадувањето е готово и летвичките носачи на
матичници ги поставувам на рамка носач на
летвички со матичниците
Предходниот ден формирам јак стартер со мноштво
млади пчели кои ќе ги хранат ларвите (полнат
матичниците со млеч) 4 , 5 , 6 ден
Рамката со пресадените ларви во матичните
почетоци го спуштам во стартерот
Додека ја местам втората рамка со пресаден материјал,
веќе на предходно поставената рамка, на долна летвичка
пчелите ги осеќаат ларвите и одма почнуваат да ги
негуваат
И повторно после 10 минути ја подигам рамката каде се
гледа дека пчелите ги прифатиле ларвите...
После 16 до 24 часа додавање во финишер
Резултати од работата
Матичниците ги обезбедувам (ставам во кафези) како не
би пропаднал целиот труд и работата, односно да не
имало некоја постара ларва (5 и 6 ден) која се наоѓа на
другите рамки, од кој ќе се изведе матица и ќе ги
уништи сите матичници
Неоплодени матици во кафез..
Добар знак на прием на неоплодена матица....
Неколку фотографии на созреани матичници
ОПЛОДНИЦИ
Оплодници со 2 ЛР рамки
Предности на овие оплодници...

► Нема тресење на пчелите и нивно вознемирување, нема


населување со помошна кутлача и инка

► Матиците се тестираат за својот квалитет на носење на леглото,


односно дали истото е компактно или се работи за шарено легло

► Матицата не се воздржува во своето носење во однос на малите


оплодници, не се блокира, и не мора да се брза со нејзиното
вадење

► Добри се за транспорт и брзо се работи

► После одземање на оплодената матица, содржината на леглото


може да се спои со друг оплодник со оплодена матица и да се
добие, односно формира јак нуклеус
Формирање, населување на оплодникот
Се населува со 1 рамка затворено - најстаро легло на кое пчелите
почнале да излагаат од ќелиите или ќе излезат за 2 - 3 дена, а се со цел
пчелите да не се трошат за греење на леглото.
Ако оплодникот се поставува во матичниот пчаларник се стресува и
една рамка со отворено - младо легло бидејки старите пчели ќе се
вратат во матичните кошници.
Покрај рамката со зрело легло се додава и 1 сатна основа или
извлечена кафеава рамка.
Најдобро е оплодниците да се транспортират 5км
подалеку од матичниот пчеларник
После неколку часа, или следниот ден во оплодникот се
става матичник намачкан со мед од рамката која се наоѓа
во оплодникот, а се додава исклучиво цврста храна -
погача
Една моја грешка при формирање на оплодњак...
Следна работа која треба да се изврши е
обележувањето на Младите матици со соодветна
боја према годината, јас обележувањето на
матиците го вршам на следниот начин......
Матицата ја фаќам за крилца......
Ја фаќам за градниот кош......
Нежно ја допирам со обелезувачот.....
Матицата е обележена......
Ја ставам во штипката .......
Ја пуштам во семејството......
Младата матица е прифатена од семејството...
Друженјето и соработката меѓу пчеларите е
многу битно за успешно пчеларење за доброто
на пчелите и нас ...., со Славчо Ристов и Драги
Николоски
Медобер и приноси
БЛАГОДАРАМ
ЗА
ВНИМАНИЕТО

You might also like