You are on page 1of 2

1.

Стартер друштвото се формира 9 дена пред да се вметнат во него ларвите произведени со


помош на никот апаратот.
2. Припремаме една празна комплетна кошница со сите делови (подница, еден наставок,
поклопна даска, збег и капак). Истовремено припремаме 4 матични решетки и 8 изградени
рамки или пак рамки со сатни основи.
3. Одбираме 4 најјаки друштва (друштва со најмногу пчели).
4. Леглото со матицата треба да е во првиот наставок, одма над подницата. Доколку не е така
ги ротираме наставците. Вадиме две рамки со легло (по можност да е што повеќе
затворено легло) и не ја бараме матицата туку едноставно ги тресиме сите пчели од
рамката во наставокот. На местото од извадените рамки вметнуваме две рамки од горниот
наставок, а на нивно место ги ставаме рамките со легло. Ја местиме матичната решетка и
над неа го враќаме горниот наставок во кој ги имаме двете рамки со легло. Го враќаме
капакот назад (сандакот е вратен во првобитна состојба, затворен е). За половина час сите
млади пчели од кошницата ќе се префрлат во горниот наставок, на рамките со легло. Ова
го правиме со сите 4 кошници кои претходно ги одбравме.
5. По половина час во претходно припремената празна кошница преместуваме 4 од 8-те
рамки од претходно одбраните 4 кошници комплетно (заедно) со младите пчели од сите 8
рамки. Значи преместуваме 4 рамки, а ги тресиме пчелите и од останатите 4 рамки.
Додаваме уште 4 рамки со храна и полен. Ја затвораме кошницата. На овој начин
формиравме стартер друштво за одгледување на матичњаци, кое има изобиле на млада
пчела, храна и полен (сите предуслови за производство на квалитетни матици). Се
додаваат две рамки со сатни основи со цел младата пчела да е запослена и да гради ново
саќе (младите пчели лачат восок и истиот мора некаде да го употребат).
6. Стартер друштвото се остава така и не се вознемирува наредните 9 дена со тоа што истото
интензивно се прихранува со инвертен сируп збогатен со полен.
7. Во периодот од овие 9 дена потребно е со помош на никот апаратот да се произведат
еднодневни, а најмногу дводневни ларви. Истите треба да бидат спремни за пресадување
точно 9-тиот ден од денот на формирање на стартер друштвото.
8. Исто така потребно е за секое стартер друштво да се спремни по две рамки каде ќе се
насадат ларвите. Овие рамки добро е претходно два три дена да се стават во некое
друштво (можи и во самиот стартер со цел да бидат исполирани и прифатени од пчелите.
Пред да се вметнат во било кое друштво истите е потребно да бидат премачкани со мед.
9. 9-тиот ден се отвара стартер друштвото и се прегледуваат сите рамки една по една
внимателно. Доколку се забележат матичњаци истите се уништуваат.
10. На местото од двете рамки со сатни основи кои ги ставивме да се градат се вметнуваат
рамките на кои ќе се насадат ларвите. Истите се премачкуваат со мед со цел пчелите
побрзо и полесно да ги прифатат и да ги исполираат.
11. При пресадувањето на ларвите на овие две рамки треба да се внимава ќелиите со јајца да
не се исложени на сонце. Исто така доколку времето е ладно истото треба да се прави во
затворена просторија или во кола. Пресадувањето на ларвите (јајцата) треба да се прави
максимално брзо. Времетраењето на овој процес е еден од клучните фактори за што
поголем процент на прифатени ларви од кои ќе се изведат матици.
12. Друштвото се затвора и истото интензивно се прихранува наредните 14 дена. Може да се
провери 4 ден колку матичњаци се прифатени и изградени. Друго нема потреба и не треба
да се отвара и вознемирува.
13. На 14 ден се отвора друштвото и на секој матичњак му се поставува кафез. Ова мора да
биде 14 ден затоа што од 15 веќе може да почнат да се изведуваат матиците.
14. 16-тиот ден веќе матиците се изведедни и истите се спремни да се преместат во дворамни
оплодњаци, кои се спремни од претходно.
15. Оплодњаците се носат на одвоено место, настрана од пчеларникот и истите не се отвараат
наредните 8 дена. Во секој оплодњак на горниот дел му се става мал дел погача со цел
пчелите да се хранат. Оплодњаците се отвараат 8-миот ден и се проверува дали матицата
е оплодена. Доказ за оплодена матица и младо легло и изградено работничко саќе.
16. Со ова матиците се спремни за натамошна употреба.

You might also like