You are on page 1of 2

ПРЕПОРАКИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Почитувани родители и ученици,

Како одговорни наставници на групата и искуството кое го имаме од досегашните патувања


препорачуваме:

- Ученикот да внимава на багажот (да го чува од евентуални криминални дејствија од


други лица)
- Да носи хигиенски марамчиња за дезинфекција на раце,
- Да носи соодветна, удобна облека и обувки прилагодливи на временските услови и за
долго пешачење,
- Во багажот да има мала аптека и прва помош при евентуални незгоди, витаминска
поддршка и потребни лекови кои евентуално ги зема како терапија,
- Да се грижи за парите, личните документи за идентификација и др. документи
поврзани со патувањето. Добро е да има торбичка околу врат или појас каде ќе може
да ги носи постојано со себе,
- Учеството и работата на проектите како за наставниците, учениците, така и за
родителите значи исполнување на работните задачи кои одат во насока на
исполнување на целите на проектот.

Обврски на ученикот

- Да има искрен однос и почит кон одговорниот/те наставници, да ги почитува одлуките


и заеднички договорените работи,
- Да го почитува договореното време и место на сите активности и прошетки.
- Да не се одделува од групата за свои лични интереси и/или самостојни прошетки без
знаење на одговорниот наставник
- Со своето однесување да покаже зрелост, сериозност и одговорност секаде и во секоја
ситуација
- Грижата за својот и туѓиот имот (пасош, пари, лични како и докумети поврзани со
патувањето, багаж и сл.) се во надлежност на ученикот .
- Максимално да се вложува за исполнување на дадените задачи, обврски и активности
за време на целиот престој во странската држава со што целосно ќе одговори на
предизвиците и достојно ќе ја претстави својата земја, училиштето и семејството од кое
доаѓа
- Да го почитува куќниот ред во хотелот каде ќе престојува. Уверени сме дека обврските
на учениците Ви се јасни и доколку сте согласни со истите, потпишувањето на
долунаведената изјава ќе значи дека ги прифаќате истите.

За секое непочитување на договорените обврски ќе се постапи според одредбите предвидени


во Статутот на училиштето.

Благодариме на соработката

ИЗЈАВА
Јас, родител/старател ______________________________________ на ученикот/чката
_____________________________________________________ од ________________ клас
изјавувам дека ги разбрав обврските на ученикот, истите во целост ги прифаќам и согласен/на
сум да се постапи според Статутот на училиштето доколку дојде до непочитување на истите.

Адреса и место на живеење:_______________________________________

Тел:_____________________________________

Датум Своерачен потпис

You might also like