You are on page 1of 1

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

Во функција на следење и оценување на напредокот на ученицитеод


,II,III,IV,V,VII,IX одделение во учебната 2020/2021 година

1.Цели на соработката:
 Да се создадат поволни околности за да дојде до израз грижата на наставникот и на
родителите за сестран развој на ученикот;
 Да се воспостават односи на доверба меѓу родителите и наставникот (училиштето)-
релаксирана клима, партнерски односи и меѓусебно почитување;
 Да се подобри квалитетот на животот на детето(ученикот)преку процесот на
меѓусебно дополнување на придонесот на училиштето и на семејството во
воспитувањето и образованието на децата.
2.Форми и методи на соработка
 Родителски состаноци- Он лајн кои ќе се одржуваат на почетокот на
наставната година, на крајот на секое тромесечие и на крајот од
наставната година, кои ќе се јават во овие периоди и постигнување
договор за следните активности, на кои ако има потреба ќе
присуствува наставникот по англиски јазик.
 Индивидуални средби- Ќе се закажуваат со одделни родители чии деца
имаат проблеми во текот на остварување на воспитно – образовните
цели предвидени со програмата, по потреба во текот на цела наставна
година.
 Телефонски разговори- по потреба и врз основа на обострана
согласност.
3.Спознавање на состојбата
Активностите на наставникот и родителите ќе бидат насочени кон спознавање
на:
 Средината(условите) во кои живее ученикот
 Личноста на ученикот
 Интересите на ученикот, и
 Способностите на ученикот.
4.Подрачја на анализирање и опишување:
 Организација на работата( учењето) на ученикот
 Мотивација за учење
 Постигнати резултати според планираните цели
 Домашни работи на ученикот
 Посебни интереси на ученикот(откривање на надареност и талент)

наставник:
____________________________
Александра.С.Нечовска

Битола, 2020

You might also like