You are on page 1of 3

Систем е дел од природата кој го проучуваме.За тој систем точно знаеме кои му се границите т.е.

каде
почнува и каде завршува. Во зависност од тоа какви се границите (ѕидовите) т.е. што пропуштаат , а
што не пропуштаат системите се делат на :изолирани ,затворени ,oтворени .
Изолираните системи имаат ѕидови што не дозволуваат низ нив да поминува ниту енергија , ниту
супстанца. Затворените системи овозможуваат да се разменува енергија , но не дозволуваат
супстанца да се внесува и изнесува од системот.Отворените системи овозможуваат размена и на
енергија и на супстанца.
Секоја хемиска реакција се одвива како резултат на намалување на количествата на реактантите и
зголемување на количествата на продуктите, а крајниот резултат на секоја реакција е постигнување на
состојба на хемиска рамнотежа.
Посебно кај повратните реакции, воспоставувањето на рамнотежа во системот, не значи и престанок
на трансформацијата на реактанти во продукти. Реакцијата и понатаму се одвива,само што колку што
честички од реактанти се трансформираат во продукти, толку во исто време честички од продукти се
трансформираат во реактанти.ХЕМИСКАТА РАМНОТЕЖА ИМА ДИНАМИЧЕН КАРАКТЕР.
Рамнотежата ќе се воспостави во моментот кога Гибсовата енергија ќе достигне најмала можна
вредност.Покрај Гибсовата енергија, како мерка за воспоставување на рамнотежата во системот е и
реакционата Гибсова енергија која се пресметува како однос помеѓу промената Гибсовата енергија
и промената на досегот на реакцијата. Кога Гибсовата енергија ќе добие најмала вредност, тогаш
реакционата Гибсова енергија е еднаква на нула и тоа е ″крај″ на реакцијата

∆rG = ∆G / ∆ξ

∆rG – реакциона Гибсова енергија

∆G – промена на Гибсова енергија

∆ξ – промена на досег на реакција

Значи, повратната реакција е истовремено протекување на две реакции : директна реакција и обратна
реакција и рамнотежата се постигнува во моментот кога брзините на овие две реакции се исти.
Константата на хемиската рамнотежа се пресметува како однос помеѓу производот на концентрациите
од продуктите степенувани на соодветните стехеометриски коефициенти и производот на
концентрациите од реактантите исто така степенувани на соодветните стехеометриски коефициенти .
Таа може да биде бездимензионална или да има единица мерка.

Реакционен количник (Q) е израз идентичен на изразот за константа на рамнотежа, но концентрациите


не мора да одговараат на рамнотежните вредности.

Ако Q = Kc системот е во рамнотежа

Ако Q > Kc - Односот на почетните концентрации на продуктите и реактантите е голем. За системот да


постигне рамнотежа од продуктите мора да се добиваат реактанти ( се трошат продуктите , се
добиваат реактанти ) и тогаш реакцијата ќе тече од продукти кон реактанти (од десно кон лево).

Ако Q ˂ Kc - Односот на почетните концентрации на продуктите и реактантите е мал . За да се


постигне рамнотежа во системот од реактантите мора да се добиваат продукти ( се трошат
реактантите , се добиваат продукти) и тогаш реакцијата ќе тече од реактанти кон продукти ( од лево
кон десно) .
Ако концентрацијата се зголеми системот се менува така што троши дел од додаденото количество
Ако се намали концентрацијата системот се менува така што ја надополнува компонентата која се
намалила .

Изменувањето на притисокот ќе влијае на поместувањето на рамнотежата кај реакции кои се одвиваат


во гасна фаза или кај оние кај кои барем еден од учесниците е гасовит .Влијанието ќе биде
забележливо кога збирот на стехиометриските коефициенти на гасовитите реактанти е различен од
збирот на стехиометриските коефициенти на гасовитите продукти.Значи , ако стехиометриските
коефициенти на реактантите и продуктите се еднакви – притисокот нема влијание .

Промената на температурата доведува до промена на константата на рамнотежа. Зголемувањето на


температурата ја фаворизира ендотермната реакција, а намалувањето на температурата
егзотермната реакција.

Егзотермна реакција
Ако се зголемува температурата тоа ќе предизвика образување на помалку продукти и рамнотежата ќе
се помести кон лево(во обратната насока),односно ќе тече како ендотермна реакција
Ако се намалува температурата тоа оди во прилог на ладењето на системот ,реакцијата ќе тече како
егзотермна во насока на добивање повеќе продукти

Ендотермна реакција-Ако се зголемува температурата тоа оди во прилог на загревањето на


системот и ќе предизвика образување на повеќе продукти, реакцијата ќе тече како ендотермна

Ако се намалува температурата тоа ќе предизвика образување на помалку продукти и рамнотежата ќе


се помести кон лево(во обратната насока),односно ќе тече како егзотермна реакција

You might also like