You are on page 1of 2

Нуклеарни реактори

Запомни

1.Нуклеарниот процес кој самиот се одржува ,при што бројот на секундарните неутрони
прогресивно се зголемува се вика верижна ( синџиреста) реакција.

2.За да настане верижна реакција потребно е да бидат исполнети неколку услови:

-Прво –бројот на неутроните што се емитираат при секое наредно цепење на јадрата на
уранот (наредната генерација),треба да биде поголем од бројот на емитираните неутрони во
предходното цепење(предходната генерација)

-Второ –фисиониот материјал да има маса поголема од критичната

-Трето –Формата на фисиониот материјал треба да биде таква што бројот на секундарните
неутрони што ја напуштаат површината на фисиониот материјал да биде помал од бројот на
секундарните неутрони што остануваат во неговиот волумен (форма на топка)

3.Количникот меѓу бројот на неутроните во моменталната генерација Ni и бројот на


неутроните во предходната генерација Ni-1 се вика коефициент на размножување
(мултипликација) на неутроните К .
K= Ni / Ni-1

*Ако К˃1 верижната реакција е неконтролирана.Таа се развива лавинообразно и доведува


до јадрена експлозија.Тоа е искористено кај атомската бомба.

** Ако К=1 верижната реакција е контролирана.Таа се одвива со постојан


интензитет.Искористена е кај нуклеарниот реактор.

*** Ако К˂1 верижната реакција брзо се губи.

4.Фисијата на јадрата на 92235 U настанува со бавни (термални ) неутрони.

-Супстанциите кои се употребуват за забавување на неутроните се викаат модератори .

5.Супстанциите кај кои е можно да се одвиваат верижни реакции се викаат нуклеарни


горива.

6.Најмалата маса на нуклеарното гориво(фисиониот материјал) во која е можно развивање


на верижна реакција со коефициент на размножување на неутроните еднаков на единица се
вика критична маса.

7.Уредот во кој се остварува контролирана верижна реакција на тешките елементи се вика


нуклеарен реактор.

8.Нуклеарниот реактор се состои од следните делови:


-нуклеарно гориво
-модератор
-контролни прачки
-рефлектор
-систем за ладење
-систем за заштита
9. Нуклеарните реактори според нивната намена се делат на
-експериментални
-производствени или оплодувачки и
-енергетски.

You might also like