You are on page 1of 10

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ФИЗИКА II

ТЕМА:

НУКЛЕАРНАТА ХАВАРИЈА ВО ЧЕРНОБИЛ


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Содржина :

 Вовед – стр. 3
 Експлозија на нуклеарниот реактор бр.4 – стр. 4-5
 Состојбата за време на експлозијата – стр. 6
 Можни причини за несреќата – стр. 7
 Чернобил денес – стр. 8
 Заклучок – стр. 9
 Користена литература – стр. 10

Вовед

Виктор Петровски Страна 2


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Чернобил е мал град во Украина (сл.1), сместен на самата граница помеѓу Украина и
Белорусија кој се до 26ти април 1986 година беше потполно непознат во светски
рамки, а подоца означува синоним за најголемата нуклаерна катастрофа предизвикана
од човечки фактор. Самата нуклаерна електрана се наоѓала 18км северозападно од
градот Чернобил, и била составена од четири реактори од типот RBMK-1000, од кои
првиот е ставен во погон во 1977 година, а кобниот четврти реактор во 1983 година.
Чернобилската нуклеарна електрана во својот полн капацитет на работа, обезбедувала
10% од вкупната електрична енергија на Украина. Експлозијата на четвртиот реактор
глобално одекнала во сите светски медиуми и тоа предизвикала загриженост за
безбедноста на другите советски нуклеарни централи. Како последица на оваа
експлозија, радиоактивниот облак кој се создал се проширил во поголемиот дел на
источна, западна и северна Европа, па дури и во некои источни делови на северна
Америка.

Слика 1: Локација на Чернобил во Украина

Експлозија на нуклеарниот реактор бр.4


Виктор Петровски Страна 3
Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Еден ден пред кобната експлозија, односно на 25ти април 1986 година, биле вршени
тестирања за испитување на способноста на турбините да генерираат доволна
количина енергија за користење на сигурносниот систем на реакторот. Бидејќи за
континуирана работа на реакторот RBMK-1000 е потребна вода која непрестано
циркулира низ јадрото кое има нуклеарно гориво, цел на тестот било да испита дали
реакторот во фаза на гасење е способен да генерира доволно енергија за работа на
водните пумпи од кои зависи самата работа на реакторот. Откако сите подготовки биле
завршени, започнало постепено намалување на производството на електрична енергија
до 50% од капацитетот на реакторот. Неочекувано регионалната електрана која го
снабдувала реагионот со енергија, се исклучила. Од страна на контролата во Киев била
дадена наредба постепеното намалување на производството на реакторот да се
стопира, бидејќи во вечерните часови имало поголема потреба од електрична енергија.
Поради тие околности, тестирањето е запрено и е доверено во рацете на ноќната смена
во нуклеарната централа, која имала многу мало искуство, бидејќи поголемиот дел од
нив биле доведени на работа од термоцентрали. Околу 23 часот таа вечер, контролорот
дал одобрение за продолжение на тестирањето и со тоа моќноста на реакторот од
3.2 GW би требало да се намали на 0.7-1.0 GW како би можело да се тестира долната
граница на моќност на реакторот. Но проблемот настанал бидејќи новата смена на
работници не знаеле дека првата смена веќе го направила намалувањето на моќноста,
па заради тоа настанало пребрзо опаѓање на моќноста на реакторот. Работниците
верувале дека причината за тоа е дефект во еден од автоматските регулатори на
моќноста, што било погрешен заклучок. Со забрзаното опаѓање на моќноста на
реакторот, тој произведува повеќе од нормалното отровни продукти како ксенон-135, а
моќноста опадала на 30MW што претставува 5% од онаа моќност што требало да биде
постигана. Работниците во електраната пристапиле со отстранување на контролните
прачки од нуклеарниот реактор, со што моќноста се покачила на 200МW, но таа
моќност сеуште била премала. Точно во 01:23:04 започнал фаталниот експеримент. Во
контролната соба на електраната, не постоел никаков знак кој би ги предупредил
работниците од опасноста која им се заканува. Пумпите за вода биле исклучени, а
турбината била одвоена од реакторот, па заради тоа настанало зголемување на
количината на пареа во средината на реакторот, а со тоа нагло се покачувала и
температурата.
Во 01:23:40 часот операторите во контролната соба го притиснале копчето AZ-5 кое се

Виктор Петровски Страна 4


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

користи за исклучување на реакторот во случај на опасност (сл.2). Исто така биле


вратени и контролните прачки во јадрото кои претходно биле извадени. Но бавниот
механизам на ставање на контролните прачки кој трае од 18-20 секунди заради лошиот
дизајн на прачките, го имал спротивниот ефект и ја забрзал реакцијата. Во таква
состојба на зголемено производство на електрична енергија, настанала деформација на
работата на механизмот на контролни прачки бидејќи тие застанале на 1/3 од полн
циклус, и не биле во можност да ја запрат реакцијата. Седум секунди подоцна во
01:23:47 часот, моќноста на реакторот пораснала на 30GW, односно десет пати повеќе
од вообичаеното. Поради тоа почнале да паѓаат цевките за гориво и рапидно се
зголемувал притисокот на пареата, а сето тоа резултирало со огромна експлозија на
пареа која го уништила покривот на реакторот, и направила огромна дупка на кровот.
Заради тоа дошло до реакција помеѓу кислородот од воздухот и графитните
модератори на краевите на контролните прачки, настанувајќи т.н ,,графитен пламен”
кој најповеќе придонесол во ширење на радиоактивниот облак на подалечни подрачја.

Слика 2: Контролната соба на електранта

Состојбата за време на несреќата


Виктор Петровски Страна 5
Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Состојбата за време на несреќата била многу лоша,а тоа се должи првенствено на два
фактори : недоволната спремност за ваков тип на несреќа, односно недостигот на
опрема што довело до голем број на негативни последици, и погрешните проценки што
да се направи за да се спречи ваква несреќа. Стапките на радијација во најзагрозените
подрачја изнесувале 20.000 рентгени/час. Во споредба, смртоносната доза на
радијација изнесува околу 500 рентгени/час. Поради тоа некои од незаштитените
работници само за неколку минути се здобиле со смртоносна доза на радијација.
Негативна околност било што работниците ги немале соодветните инструменти за
мерење на толкав степен на радијација, бидејќи главниот уред за мерење настрадал за
време на експлозијата. Тие измериле околку 3.6 R/h, но вистинската бројка била 5600
пати повисока. Главниот шеф на смената Александар Акимов, воден од овие бројки
проценил дека јадрото на реакторот е целосно и не се случила никаква експлозија,
тотално игнорирајќи ги парчињата графит и нуклеарно гориво околу зградата. Акимов
со работниците се до утрото продолжиле да пумпаат вода во реакторот, никој од нив
неносејќи заштитна облека. Во рок од три недели Акимов и сите останати работници
починале од смртносна доза на радијација, но и голем број на пожарникари кои
учествувале во гасење на пожарот (сл.3) без да знаат во каква средина се наоѓаат. Ден
по несреќата на 27ми април реагирала и советската влада, евакурајќи го блискиот град
Припјат (сл.4) и околу 350.000 жители кои живееле во близина на реакторот. Спрема
ООН висината на радијацијата била колку 400 атомски бомби од оние фрлени на
Хирошима и Нагасаки.

Слика 3: Пожарот во реакторот бр.4

Виктор Петровски Страна 6


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Слика 4: Припјат, 30 години подоцна

Можни причини за несреќата


Постојат две основни теории за тоа зошто настанала несреќата. Првата теорија за
главни виновници ги смета работниците кои во тоа време работеле во електрантам
додека другата теорија за несреќата смета дека е виновен самиот дизајн на реакторот
RBMK-1000. Постои и теорија на заговор според која од почетокот се знаеле
недостатоците на реакторот и дека сите тие информации биле сокриени од
работниците, кои по некоја ,,случајност” биле работници со многу мало знаење на
работата на нуклеарните централи. Лошиот дизајн на реакторот, неговата мала заштита
од контаминација, како и самиот дизајн на контролните прачки го прават овој тип на
реактор да предизвика неконтролирана реакција која без надворешна помош е тешка да
се контролира. За реакцијата исто така придонесле и нуспродуктите на фисија кои се
таложеле на реакторот во последните две години на неговото функционирање. Како
главни официјални причини за несреќата се набројуваат неспособноста на работниците
да се држат до пропишаните правила и прописи за работа на нуклеарната централа,
нивното неискуство и незнаење, лошата комуникација помеѓу главните оператори и
работниците. Исто така ноќната смена на работници не била запозната со тестирањето
кое веќе било започната од првата смена на работници.

Виктор Петровски Страна 7


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Чернобил денес
Пред експлозијата било планирано проширување на нуклеарната електрана со уште
два реактори, но по несреќата била прекината работата на реакторите пет и шест.
Оштетениот реактор четири бил затворен и измеѓу неговото јадро и операционите
згради било поставено 200 метри бетон. Првите три реактори продолжиле со работа
поради недостигот на електрична енергија во Украина. Но по пожарот во реакторот
број два тој бил затворен во 1991 година, реакторот број еден во 1996 и реакторот број
три престанал со работа во 2000 година. Но опасноста сеуште постои во ,,бетонскиот
сакрофаг” (сл.5) на реакторот број 4, односно неговата способност за задржување на
радијацијата не претставува долготрајно решение. Според проценките и мал земјотрес
би бил доволен да го сруши бетонскиот сакрофаг, а проблем претставува и водата која
навлегува во него.

Слика 5: Саркофагот на реакторот бр.4

Украинската влада во септември 2007 година го усвои предлогот за изградба на


челично куќиште (сл.6) околку реакторот кое би чинело 1.4 милијарди долари. Самото
куќиште ќе биди долго 200м и широко 190м. Неговата изградба е завршена во 2012
година. Како резултат на ова куќиште би започнало и расклопувањето на реакторот.

Виктор Петровски Страна 8


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Слика 6: Челичното куќиште над реакторот бр.4

Заклучок
Чернобилската нуклеарна катастрофа е најлошата нуклеарна несреќа во човечката
историја која и докажа на светската јавност за потенцијалните опасности на употребата
на нуклеарна енергија, и покажа колку скапи можат да бидат грешките при работата со
ваков тип на енергија. Со растот на светскта популација, се зголемува и побаравачката
на енергија, па така расти и потребата за нуклеарна енергија. За разлика од
традиционалните видови на енергија овој тип не испушта стаклени гасови во
атмосферата, а ново изградените нуклеарни електрани се докажаја како многу
побезбедни и еколошки прифатливи. Моментално околу 16% од вкупната произведена
енергија во светски рамки доаѓа од нуклеарните централи. Од Чернобилскиот пример
може многу да се научи : нукларните централи се места во кои треба да се работи со
максимална претпазливост, треба да се почитуваат безбедносните правила и прописи,
потребен е кадар со соодветно образование и реактори со соодветна заштита од можна
контаминација. Сеуште не е решен и проблемот со отстранување на радиоактивниот
отпад, на кој проблем сеуште се бара глобално решение без да се предивикува штета на
животната средина.

Виктор Петровски Страна 9


Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Користена литература

 en.wikipedia.org/wiki/Chernobyl_disaster
 world-nuclear.org/information-library/safety-and-security/safety-of-
plants/chernobyl-accident.aspx
 izvorienergije.com/cernobil_katastrofa
 history.com/news/chernobyl-disaster-timeline

Виктор Петровски Страна 10

You might also like