You are on page 1of 9

Франшиза Видови на

франшиза
за т а
нши
ф р а Недос
ј а на та т о ци
на фр
о ри аншиз
И ст Што претс
а та
тавува фра
ншиза та ?
д н о с т и н а
Пре
а н ш и з ат а НШ ИЗ АТА
фр А НА ФРА
ИСТОРИЈ
Вовед

Франшизата претставува популарен начин да се отпочне бизнис,


бидејќи нуди поголема сигурност во работењето. Кога ќе се купи
франшиза, се станува дел од голема организација со сите предности
што одат со неа. Рекламирањето на поширок регион со реклами
подготвени од централата е само дел од предностите.
Купувачот на франшизата плаќа договорена сума, а за возврат добива
право да:

* Продава извесен производ или услуга.


* Користи некое заштитно име.
* Користи заштитни знаци.
* Техника на операција или технолошки процес којшто го поседува
продавачот на франшизата.
Историја на франшизата
Зборот франшза потекнува од стариот францускиот јазик и значи
привилегија или слобода. Во средниот век локалните владетели или
господари издавале дозволи за стопанисување со пазарите и панаѓурите.
Овој концепт се проширил на доделување франшиза за секаков вид на
комерцијални активности како градење на патишта, варење на пиво и др.
Во 1840 год. во Германија одредени производители на пиво издале
франшиза на неколку гостилници да го служат нивното пиво, и
ексклузивно право да го продава. Ова се почетоците на концептот на
франшизинг каков што го знаеме сега.
Што претставува франшизата?
Франшизата претставува континуирано сродство помеѓу продавачот на
франшизата (франшизерот) и купувачот на франшизата (франшизистот),
во коешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните
техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на
купувачот на франшизата, во замена за определен процент од
остварената продажба. Франшизата е деловен брак помеѓу два субјекта
кои остануваат правно независни.
Видови на франшиза

Во практиката, како и во литературата за франшиза постојат неколку


видови на франшизи кои претставуваат начин на започнување со мал
бизнис, а тоа се следните:

- Франшиза за производство,
- Франшиза за дистрибуција,
- Франшиза по име
- Франшиза по трговска марка.
Предности на франшизата
1. Помал е ризикот од евентуален неуспех на новите претпријатија;
2. Сите клучни операции претставуваат разработен систем на работа;
3. Претприемачот има пристап до сите техники;
4. Шпекулациите и манипулациите во работењето се минимални;
5. Можност да се привлечат поголем број потрошувачи;
6. Можност за добивање финансиска помош
7. Продавачот на франшиза помага при изборот на адекватни локации;
8. Од страната на франшизерот предности на франшизингот во однос на
отварање на сопствена фирма се: помали капитални вложувања, зголемена
мотивација на менаџментот и брза експанзија на бизнисит многу побрза
доколку би се користел сопствени ресурси.
Негативности на франшизата

1. Нерамноправност при донесување одлуки;


2. Договорот често го ограничува трансферот на сопственоста;
3. Купувачот на франшизата може да биде оштетен;
4. Лошото работење на купувачот ќе му се наштети на угледот на продавачот;
5. Корисникот плаќа одреден процент од годишниот профит
6. Недостатоци за франшизерот се: намалената контрола, делењето на
профитот и зголемената оперативна помош што ја пружа на франшизистот.
Заклучок
За многу луѓе сонот за вработување и финансиска независност се реализирал
со купување франшиза. За многу други тоа купување донело тага и
финансиска пропаст. Да се купи франшиза е потег кој мора темелно да се
испита. Иако постои правна заштита во развиените земји, најдобра стратегија
за превентива од овој проблем е исцрпното прибирање информации и
стриктно водење на евиденција за секоја точка од договорот, бидејќи
непочитување на некоја клаузула може да значи и крај на франшизата. Од
друга страна со манипулативно однесување можно е одделни точки од
договорот да се искористат за да се одземе франшиза, за некој друг да
профитира или да заземе поволна локација.

You might also like