You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

ПРЕДМЕТ

ТРГОВСКО ПРАВО

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ДОГОВОР ЗА ФРАНШИЗИНГ

Ментор: Кандидат:

_____________ _______________

Професор/Доктор редовен студент

Кочани, Мај, 2012 година


Семинарска работа: Договор за франшизинг

СОДРЖИНА:

ВОВЕД (INTRODUCTION)------------------------------------------------------------------------------3

1. ПОИМ ЗА ФРАНШИЗА-------------------------------------------------------------------------5
2. ИСТОРИЈАТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ФРАНШИЗАТА И ДОГОВОРОТ ЗА
ФРАНШИЗИНГ-------------------------------------------------------------------------------------6
3. ПОИМ ЗА ФРАНШИЗЕН СИСТЕМ ИЛИ ФРАНШИЗНА МРЕЖА---------------8
4. ВИДОВИ НА ФРАНШИЗА---------------------------------------------------------------------
10
5. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ФРАНШИЗИНГ-----------------------12

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)-----------------------------------------------------------13

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFFERENCESS)-----------------------------------------------14

2
Семинарска работа: Договор за франшизинг

ВОВЕД (INTRODUCTION)

Ако размислувате за сопствен работен потфат, а се плашите од


зборувањето за промашените новопокренати работни потфати,тогаш франшизата
е прав одговор за вас. Тоа е работна стратегија која на сите учесници (и на
давателот и на примателот на франшизата) донесува добри работни
резултати. Спрема британските податоци, корисниците на франшиза во 96%
случаеви успешно работат и после пет години делување, во споредба со
процентите “преживеани“, самостално покренати работни потфати од околу
60% после три години постигнуваат завидни резултати.

Таа разлика во успешноста на франшизата во работата е резултат на


постоење на добар производ/ услуга, добар и вносен модел на работа,
вклучително и организирана работна операција и маркетиншки приспат, и со
многу работа на корисникот на франшизата. Тогаш се мисли и на добра
припрема на потенцијалниот корисник на франшизата, а тоа е пред се
запознавање на франшизниот модел на работа.

Франшизата претставува популарен начин да се отпочне бизнис бидејќи


нуди поголема сигурност во работењето. Кога ќе се купи франшиза се станува дел
од голема организација со сите предности што одат со неа. Успехот на
франшизата повикува на континуиран однос помеѓу продавачот и купувачот на
истата.

Договорот за франшизинг претставува нов правен институт, кој го создаде


деловното право. Договорот за франшизинг спаѓа во неименувани договори,
формални, двострано- образувачки, товарни договори, комутативни и итн.
Франшизингот се заснова на висок степен на взаемна доверба на деловните
партнери. Без доверба не можат да се остварат очекуваните пазарни погодности
во интеграциониот деловен систем.

Франшизниот систем го сочинуваат давателот на франшизата и сите


приматели на франшизата.

3
Семинарска работа: Договор за франшизинг

Овој договор е посебно значаен за малите и средни услужни и трговски


претпријатија, бидејќи давателот на франшизата со свое знаење и искуство,
испораки и услуги ги оспособува во конкуренцијата спрема големите услужни и
трговски друштва.

4
Семинарска работа: Договор за франшизинг

1. ПОИМ ЗА ФРАНШИЗА

Франшизата претставува модел на работа во кој некоја фирма го продава


правото на користење на своето трговско име и начин на работа на друга фирма
која за возврат плаќа франшизна “такса” и процент од одствaрената месечна
продажба на производот и услугата. Техничкиот договор кој ги спојува двете
страни е франшиза, но тој поим често се користи како би се дефинирала
стварната работа под која примателот на франшизата работи. Постојат неколку
модели и врсти на франшизно работење.

Франшизата во работен формат е се почест начин (тип) на франшизно


работење во кој потенцијалните приматели на франшизата се сосретнуваат и кој
ги привлекува првенствено поради добивање на проверен и воспоставен работен
концепт, пренесување на знаење и know-how давателот и други советнички услуги
пред и во текот на работењето.

Франшизата претставува континуирано сродство помеѓу продавачот на


франшизата (франшизерот) и купувачот на франшизата (франшизистот) во
коешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарни техники на
продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на
франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
Франшизата е деловен брак помеѓу два субјекта кои остануваат правно
независни. Практично со франшизата се врши трансфер на технологија на
работењето.

Купувачот на франшизата плаќа договорена сума, а за возврат добива


право да :

 продава извесен производ или услуга


 користи некое заштитно име
 користи заштитни знаци
 техника на операција или технолошки процес којшто го поседува
продавачот на франшизата.

5
Семинарска работа: Договор за франшизинг

2. ИСТОРИЈАТ НА ФРАНШИЗАТА И ДОГОВОРОТ ЗА ФРАНШИЗИНГ

Зборот франшиза1 потекнува од стариот францускиот јазик и значи


привилегија или слобода. Во средниот век франшизата била привилегија или
право. Во тие денови локалните владетели или господари издавале дазволи за
стопанисување со пазарите или панаѓурите, раковаодење со локалниот превоз
или за лов на нивната земја. Овој концепт се проширил на доделување на
франшиза за секаков вид на комерцијални активности, како градење на патишта, и
друго. Со тек на време франшизинг концептот се развил исто како што се
развивала економијата во светот. Во 1840 година во Германија одредени
производители на пиво издале франшиза на неколку гостилници да го служат
нивното пиво и ексклузивно право да го продаваат.

Договорот за франшиза за прв пат се појавил во САД кон крајот на XIX во


областа на производство на нафти и нафтени деривати и автомобили. Покасно се
јавува и во другите стопански дејности, угостителство и туризам и во
индустриското производство на пример, Singer- company како прва компанија во
која се склучил овој договор. Договорот за франшизинг добива се поголемо
значење во современата трговска работа затоа во повеќе европски држави се
формираа национални здруженија за франшизинг (Германија, Франција, Англија,
Италија и други).

Во 1960 година во САД е основано меѓународно здружение на франшизинг


со седиште во Чикаго, кое во деловниот свет е познато како IFA (Internacional
Franchise Association).

Давателот на франшизата е правна особа (поретко физичка особа) која


допушта на примателот на франшизата право на работа под неговото трговско
име. За возврат давателот на франшизата од примателот добива надокнада.
Давателот на франшиза даоѓа со сите величини и разни искуства. Тие можат да
бидат власници на големи јавни и приватни компании, бивши приматели на

1
Franchise- изворно значи разни видови привилегии, ослободувања, одобрувања.

6
Семинарска работа: Договор за франшизинг

франшиза кои ги прераснале своите даватели и купиле компанија, големи


мултинационални компании, итн.

Приматели на франшизата можат да бидат сите фирми (правни и физички


лица) кои сакаат да имат сигурна работна иднина. Примателот на франшизата е
независен трговец кој работи во свое име и за своја сметка и не представува ни
агентот ни представништво на давателот на франшизата.

Обврски на договорните страни

a) обврските на давателот на франшизата, конкретно се специфицираат во


договорот за франшизинг. Основни обврски се: да го отстапи правото на
продажба на стоки и услуги; отстапување на правото на употреба на
стоковиот и услужниот жиг; отстапување на правото да ја користи
фирмата; меморандуми и други деловни знаци; отстапување на know-
how (знаење и умеење); вршење на надзор; и давање на повеќе
дополнителни услуги со цел да се олесни почетокот на работата.
b) Обврски на примателот на фрашизата се: да ги примени сите упатства
за работење и стандардите за работа (организација, продажба); обврска
за набавка на стоки од давателот на франшизата или лица кои тој ќе ги
назначи; обврска за одредено инвестирање; чување на деловната тајна;
и обврска за плаќање на надоместок.

Надоместокот се плаќа како паушален (fee) или како франшизинг


надоместок (royalty). Паушалниот надоместок се плаќа до склучување на
договорот и правно претставува пазарна вредност на правото од франшизингот и
стварните трошоци. Франшизинг надоместокот се плаќа за време на траење на
договорот и претставува надоместок за користење на жиг, фирма и сл. Овој
надоместок е вообичаен да се договара во проценти од вкупниот промет.

7
Семинарска работа: Договор за франшизинг

3. ПОИМ ЗА ФРАНШИЗЕН СИСТЕМ ИЛИ ФРАНШИНА МРЕЖА

Фрашизниот систем го сочинуваат давателот на франшизата и сите


приматели на франшизата. На давателот на франшизата е да осигура
работа и пораст на системот на препознатливост и квалитет на марката.
Благодарение на заедничката марка, франшизниот систем гради идентитет и
репутација во очите на своите купувачи. Главен чувар на репутацијата,
препознатливост и вредност е давателот на франшизата.

Важно е да се разбере дека ниту еден франшизен систем не е еднаков така


ниту еден однос помеѓу давателот и корисникот на франшиза во секој систем не е
ист. На тој однос влијае и промената во условите на работата.

Главни предности на фрашизниг- системот

1) Со користење на фрашизинг-системот се намалува ризикот од евентуален


неуспех на новите претпријатија, бидејќи веќе развиените и стабилни
претријатија им продаваат франшиза на други новоотворени претпријатија.
2) Сите клучни операции во процесот на производството и продажбата
(дизајнот и стандардизираноста на производите и нивниот квалитет,
заштитниот знак, рекламата итн.) претставуваат разработен систем на
работа. Ова влева надеж за успешноста на работењето на новото
претпријатие во франшзинг- системот.
3) Претприемачот има пристап до сите техники, па не му треба големо
искуство во работењето, односно тој може веднаш да започне со работата.
4) Шпекулациите и манипулациите во работењето се минимални, бидејќи
постои систем на финасиска и сметководствена контрола од страна на
продавачите на фрашизата, така што купувачот на франшизата е сигурен
во исправноста на своето работење.
5) Предноста на франшизинг- системот се состои и во можноста да се
привлечат поголем број потрошувачи отколку што се тоа одделните
претприемачи и да се борат во конкуренцијата со останатите големи
претпријатија.

8
Семинарска работа: Договор за франшизинг

6) Продавачите на франшиза овозможуваат добивање различни консултански


услуги, реклама, обука на менаџерите, маркетинг итн. што е многу корисно
за самостојните претприемачи, особено на почетокот на нивната работа.
7) Голема предност за купувачот на франшиза е можноста за добивање
финансиска помош, преку финансирање на почетните активности во
работењето, при купување на опрема и сл.
8) Продавачот на франшиза обично помага при изборот на адекватни
локации, со што се зголемува можноста за поголем успех, што
индивидуалните претприемачи често пати не можат да го обезбедат.
9) Од страната франшизерот предности на франшизингот во однос на
отварање на сопствена фирма се: помали капитални вложувања, зголемена
мотивација на менаџментот и брза експанзија на бизнис многу побрза
доколку би се користеле сопствените ресурси.

Главни неповолности на франшизинг- системот

1) продавачот на франшиза диктира темпо и поставува правила на


однесување кои мораат строго да се почитуваат. Претприемачите
стануваат зависни.
2) бидејќи условите за работење ги поставува продавачот на франшизата
очигледно се јавува нерамноправност при донесувањето одлуки.
3) Договорт често пати го ограничува трансферот на сопственоста, што значи
дека корисникот на франшизата не може секому да ја пренесе својата
сопственост над одредена франшиза.
4) купувачот на франшиза може да биде оштетен бидејќи согласно со
договорот опремата и суровините мора да ги купува само од фирми
одобрени од давателот на франшизата, иако можеби на пазарот има
поевтина набавна цена.
5) проблемите во франшизинг- системот се заемни и за купувачот и за
продавачот, бидејќи се поврзани во еден единствен систем на работа и
дејствување.

9
Семинарска работа: Договор за франшизинг

4. ВИДОВИ НА ФРАНШИЗА

Основни типа на франшиза со кои се сретнуваме во светот на бизнисот се:

- Франшиза на дистрибуција на производи


- Франшиза во работна форма

При франшиза на дистрибуција на производот примателот на франшиза


обично го продава производот кој е произведен од страна на давателот на
франшиза. Она што купувачот на франшиза во овој случај плаќа е име односно
бренд и во колку се одлучува за оваа врста франшиза мора да бидете сигурни во
силата на името- брендот кое го плаќате на својата територија.

Најзначајна разлика во франшиза дистрибуција на производите е во тоа


што давателот на франшиза продава право на користење на своето трговско име
и лого тип на корисникот на франшиза, но не осигурува систем на работа.

Кај франшиза во работна форма купувач, освен право на користење на


нечие име/ бренд, купува работен модел односно рецепт како да работи во таа
дејност. Во случај на купување на ваква врста на франшиза, не е потребно да
името/ брендот кое го купувате да е познато на вашиот пазар2.

Препораки кои требаат да се земат во предвид во купувањето на


франшиза

При купување на франшиза треба да се внимава на следното:

 Износот кој се плаќа на давателот на франшизата


 Висината на износот на средтствата да се оспособи франшизната единица
за работа
 Искуството на давателот на франшизата во работата за која дава
франшиза
 услугата која давателот ја осигурува во почетокот на користење на
франшизата во почетокот на работењето
2
Пазарот претставува институција т.е. механизам кој воспоставува врска помеѓу купувачите и продавачите
на различни добра и услуги.

10
Семинарска работа: Договор за франшизинг

- задоволството на моменталниот корисник на франшизата и внатрешната


положба на франшизната мрежа
- договорите под кои франшизниот однос може да се раскине и обнови

Важно е да се работи со правник кој се разбира во франшизното


работење, посебно во законите против монополот, закон за заштита на
интелектуалната сопственост, франшизни правила и останати применувани
државни закони.

5. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ФРАНШИЗИНГ

Можни се три односи помеѓу корисникот и давателот на франшизата:

11
Семинарска работа: Договор за франшизинг

 партнерство
 родителство и
 диктатура.

Поим и значење на договорот за франшизинг

Договорот за франшизинг претставува нов правен институт, кој го создаде


деловното право. Договорот за франшизинг е таков договор со кој едната
договорена страна- давател на франшизата, се обврзува да врши периодични
испораки и поединечни трговски услуги како и да го пренесе своето знаење и
искуство во производството и работењето на другата договорена страна-
примател на франшизата, а оваа страна се обврзува за извршените услуги да
исплати надомест и да се придржува на договорените обврски во работењето.

Договорот за франшизинг е договор за трајна деловна соработка и затоа се


склучува во писмена форма.

Успехот на основа договорот за франшизинг зависи од единственото


деловно работење и управување со целиот систем како и ефикасна контрола.
Франшизингот е можен единствено како единствен производен прометен сиситем
кој е ефикасено раководен и контролиран.

Франшизингот се заснова на висок степен на взаемна доверба на


деловните партнери. Без доверба не можат да се остварат очекуваните пазарни
погодности во интеграциониот деловен систем.

Карактеристики на договорот

Договорот за франшизинг спаѓа во неименуваните договори, формални,


двострано- образувачки, товарни договори, со трајни престации, комутативни ,
договори intuiti personae и фидуцијални (доверливи) договори, оттука за пренос на
договорот на трети лица потребна е согласност од давателот на франшизата.

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)

12
Семинарска работа: Договор за франшизинг

Договорот за франшизинг е сложен договор, односно содржи елементи од


повеќето други договори: договорот за лиценца, договорот за know- how,
договорот за застапување, договорот за дело, договорот за продажба, договорот
за основање на друштвото, договор за услуги и договор за закуп.

Договорот за франшизинг нема ништо заедничко со договорот за лиценца,


договорот за патенти, бидејќи за испорака на производи од давателот на
франшизата на примателот не е потребно отстапување на лиценцата.

За многу луѓе сонот за вработување и финасиска независност се


реализирал со купување франшиза. Да се купи франшиза е потек кој мора
темелно да се испита.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

13
Семинарска работа: Договор за франшизинг

 Илиески, М. (2008). Економски факултет Трговско право,Универзитет

„ Гоце Делчев’’- Штип

 Николовски, Александар., Плавшиќ, Снежана. (2005). Економски факултет

Трговско право, Скопје.

14

You might also like