You are on page 1of 3

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“, Скопје


Машински факултет

НАСЛОВ НА ПРЕДМЕТОТ:
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА КОНВЕРЗИЈА (6 кредити)

СТУДИСКА ПРОГРАМА:
ЕНЕРГЕТИКА И ЕКОЛОГИЈА

МАТИЧЕН ИНСТИТУТ:
ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО

НАСТАВНИК:
Проф. Д-Р Ристо В. ФИЛКОСКИ (Каб. 105)

ТЕРМИНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ:
- вторник 13.00-14.30
- среда 10.00-11.30

ТЕРМИНИ ЗА ПРЕДАВАЊА И ВЕЖБИ:


- понеделник 09.00-13.00

ОПШТО ЗА ПРЕДМЕТОТ
Цели на предметната програма
Запознавање со принципите, основните процеси на енергетска конверзија и ефикасност на
енергетската конверзија; конструктивни изведби на котелски постројки; горива и согорување;
енергетски биланс и ефикасност на парни и водогрејни котли; топлиноизменувачки површини и
пренос на топлина кај котелските постројки; термичка, аеродинамичка и јакосна прeсметка;
парно-кондензни системи; експлоатациски проблеми и влијание на работата на котелските
постројки врз околината; напредни процеси и системи за енергетска конверзија

Компетенции
Оценка на ефикасноста на процесите на енергетска претворба; оценка на ефикасноста на
котелските постројки (парни и водогрејни котли и пратечка опрема); енергетски биланс на парни и
водогрејни котли, термичка пресметка, анализа на ефикасноста и влијанието врз околината на
котелските постројки

Основна литература
1) Р. В. Филкоски; Технологии за енергетска конверзија, интерна скрипта - работна верзија,
Машински факултет, Скопје, 2019

0-1
2) И. Ј. Петровски, Парни котли, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2009
3) Р. В. Филкоски, Пресметки во котелска техника, скрипта со решени примери, Машински
факултет, Скопје, 2018
4) S.C. Stultz, J.B. Kitto (editors): Steam, its generation and use, 41th edition, Babcock & Wilcox – a
McDermott Company, 2005
5) H. Pozar, Energetika, 3 dio, Skolska knjiga, Zagreb, 1995
6) Kenneth C. Weston, Energy Conversion, University of Tulsa, 2000
7) M. O. Abdullah, Applied Energy - An Introduction, CRC Press, Taylor & Francis Group, 2013

Начин на полагање
 Тестови – 2, вкупно 80-85 поени. Тестовите се состојат од прашања и задачи, а задачите се
решаваат со користење литература
 ппрограмски задачи – 2, вкупно 10-15 поени
 Присуство на предавања и вежби – 5 поени
 Услов за потпис – изработени, позитивно оценети и успешно одбранети програмски задачи

ПРЕГЛЕД НА НАСТАВНИ ЦЕЛИНИ

1. Вовед
1.1. Поим за енергија
1.2. Енергија и одржлив развој
1.3. Потекло и извори на енергија
2. Принципи на енергетска конверзија (според „Енергетика и ресурси“ и „Енергетика и
екологија“)
2.1. Класификација на формите на енергија
2.2. Поим за енергетска конверзија (Енергетска конверзија, физички/термодинамички
принципи, начини на реализација, енергетска ефикасност)
2.3. Енергетска ефикасност (дали да стои како посебна подглава?)
2.4. Конверзија на енергијата од фосилните горива во попогодни форми (Преработка на
фосилни горива; согорување, пиролиза, гасификација)
2.5. Претворба на нуклеарна енергија во внатрешна топлинска енергија
2.6. Конверзија на внатрешна топлинска енергија во механичка енергија (парнотурбински и
гаснотурбински постројки, мотори СВС)
2.7. Конверзија на потенцијалната енергија на водата во механичка работа
2.8. Конверзија на кинетичката енергија на воздушното струење во механичка енергија
2.9. Непосредна трансформација на некои форми на енергија во електрична енергија
2.9.1. Непосредна конверзија на топлинска во електрична енергија (термоелектрична
постапка, термојонска постапка, магнетно-хидродинамички реактори)
2.9.2. Непосредна конверзија на Сончева во електрична енергија (фотоелектрична
претворба)
2.9.3. Непосредна конверзија на хемиска во електрична енергија (горивни елементи,
горивни ќелии)
2.9.4. Комбинирана фотоелектрична и хемиска конверзија (фотоелектрохемиска
претворба)
2.10. Напредни трендови и процеси во енергетиката: комбинирани циклуси,
когенерација, складирање на енергија; Алтернативни енергетски системи

0-2
3. Котелски постројки
3.1. Основни поими за парни и водогрејни котли
3.2. Основни компоненти и работни процеси
3.3. Помошни системи кај котелските постројки
4. Преглед на котелски конструкции (значаен дел треба да се однесува на водогрејни котли,
котли на пелети, котли на природен гас со мал капацитет и кондензациски котли) (од
материјалот за обука за енергетски контролори)
5. Горива и согорување
5.1. Горива за котелски постројки
5.2. Подготовка на горивата (подготовка на цврсти, течни и гасни горива)
5.3. Согорување
5.3.1. Стехиометрија на согорувањето
5.3.2. Основи на кинетика и динамика на согорувањето
5.4. Системи и уреди за согорување
5.4.1. Ложишта и комори за согорување
5.4.2. Горилници
5.5. Ефикасност на согорувањето, оптимизација на процесот (VVV - Session 1. Combustion and
Optimisation)
6. Енергетски биланс и ефикасност на парни и водогрејни котли
7. Топлиноизменувачки површини и пренос на топлина кај котелските постројки
8. Аеродинамика на воздушниот и гасниот тракт на парните и водогрејните котли
9. Парно-кондензни системи (Steam Boilers - Technical Guide)
9.1. Општо за парно-кондензните системи
9.2. Компоненти на парно-кондензните системи
9.3. Енергетска ефикасност на парно-кондензните системи и на нивните компоненти
9.3.1. Ефикасност на котелските постројки
9.3.2. Ефикасност на системите за дистрибуција на пареа и враќање на кондензат
9.3.3. Мерки за ефикасност кај крајните корисници
10. Постројки за согорување и влијание врз околината
11. Напредни процеси на енергетска конверзија: комбинирани циклуси, когенерација,
складирање на енергија; Алтернативни енергетски системи

0-3

You might also like