You are on page 1of 1

Херман Хесе е роден во Германија и бил поет, новелист, писател и сликар.

Добитник е и на
Нобелова награда за литература. Во неговите дела преовладува егзистенцијализмот,
мистицизмот, психоанализата, будистичката и хинду митологија и др.

Најпознати дела се Демијан, Степскиот волк, Сидарта, Игра со стаклените перли, Нарцис и
Златоуст, Кнулп.

Како што реков тој се обидува да извлече сознанија за човекот и неговото спознавање преку
психоанализата, теологијата, митологијата и др.дисциплини

Во Демијан е опишана потрагата по себеси и својата смисла на младото момче Емил Синклер, кој
е под големо влијание на својот школски другар, кој му станува и своевиден ментор
контроверзниот- Макс Демијан. Тука Демијан говори и за богот Абраксас, како хармонична унија
на доброто и злото во светот и често го напаѓа хрисијанскиот бог како недоволен. Од ова дело е
мислата „Она што го сака природата од човекот стои напишано во поединците„.

Во Степскиот волк се говори за двојната природа на човекот онаа вишата, која се стреми кон
духовното и ниската или анималната природа олицетворена преку степскиот волк. Од оваа книга
би го издвоила овој цитат „Повеќето луѓе не сакаат да пливаат пред да научат. Зарем тоа не е
шеговито? Се разбира дека не сакаат да пливаат! Родени се за тло, а не за вода. И се разбира, не
сакаат да мислат, створени се да зивеат, а не да мислат! Да, оној кој мисли, на кого главно му е да
мисли, мозе да стигне далеку, но сепак го заменил тлото со вода и еднаш ќе се удави„.

Во Нарцис и Златоуст е опишано другарството меѓу талентираниот млад уметник и неговиот


учител кој има практичен, рационален разум на мислител и оваа книга е околу спротивностите кои
постојат за да би се надополнувале, а не спротивставувале меѓусебно. Како што ќе рече и Хесе се‘
почива на двојство не се постигнува истовремено вдишување и издишување, машкост и
зенственост, слобода и поредок, нагон и дух, едното се плаќа со губењето на другото и исто така
се посакува како и другото!

Од многумина осудуван и напаѓан, Хесе е еден и единствен и иако во целост не се согласувам со


се‘ што напишал, човеков ги поттикнува дефинитивно нашите вијуги да размислуваме надвор од
рамките и за мене е еден од највпечатливите и најдостојни за восхит автори и мислители.

You might also like